IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Современ (Динамичен) Нов Завет
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Современ (Динамичен) Нов Завет

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 22>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Современ (Динамичен) Нов Завет
    Испратена: 03.Октомври.2008 во 03:13
 
Современ (Динамичен) превод на Новиот Завет
 
 
При преведувањето на било кој текст, па и на Новиот Завет, можни се три пристапи.
 
1. Буквален превод. Таквиот пристап настојува да го преведе секој збор од изворниот јазик на најбуквален можен начин. Иако овој вид на преведување има и свои предности, продуктот е најчесто тежок за разбирање, а понекогаш може и да ги заведе читателите поради разликите во изразувањето на изворниот јазик и на јазикот на кој се преведува.
Најдобар пример за ова е часот кога Исус бил распнат. Во буквалниот превод пишува дека Христос бил распнат во третиот час.
 
"Беше третиот час кога го распнаа."
(Марко 15:25 - буквален превод).
 
Кога читателите го читаат ова најчесто заклучуваат дека Христос бил распнат ноќно време во 3 часот после полноќ. Но ако се земе превид дека евреите го броеле поинаку времето отколку ние денес, и дека тие ги броеле часовите од изгревот на сонцето т.е. од 6 саатот по наше врме (а не од полноќ), следува дека 3 часот по тогашно еврејско време е 9 часот по денешно време. Значи не било ноќ кога Христос го распнале, туку сонцето 3 саати веќе било изгреано. Затоа во следниот (динамичен) превод тој стих гласи вака:
 
"Беше околу девет часот претпладне кога Го распнаа Исуса."
(Марко 15:25 - динамичен превод)
 
Многу поразбирливо, верувам ќе се сложите.
Сепак, како што реков, и овој превод има свои предности. Тој е покорисен за теолозите за студиозни проучувања на Библијата и за доктринални егзегези. Тие веќе ги знаат временско-културолошките разлики меѓи 1 век Палестина и 21 век Македонија, така што ним не им претставува проблем буквалноста на текстот и не се заведуваат од примери како што наведовме погоре.
 
2. Парафразиран превод. Во овој пристап повеќе станува збор за прераскажување , отколку за преведување. Иако таквиот пристап е разбирлив за читателот, тој сепак не ги содржи сите елементи на оригиналниот текст и не е погоден за сериозно проучување. Но затоа пак него малите деца најмногу го сакаат и е погоден за детски, илустрирани Библии чии раскази децата уживаат да ги слушаат пред спиење. среќа
 
 
3. Динаминеч превод или поточно превод на динамична еквиваленција.
 
Ова е најсовремениот пристап при преведувањето на Светото Писмо. Ваквиот превод се темели врз тезата: "превод мисла по мисла". Целта е веродостојно да се пренесе значењето на секоја мисла, така што ќе има исто значење за денешниот читател, какво што имала за првобитните слушатели или читатели. Притоа, мислата се составува согласно важечките граматички и синтаксички правила на јазикот на кој се преведува, со настојување секоја реченица да звучи сосема природно за денешниот читател. .
 
 
Ваков превод на Новиот Завет постои на македонски јазик (уште од 1999 година) и е направаен од Д-р Иван Грозданов.
 
 
Особености на овој превод.
 
1. Основна грижа при изготвувањето на овој превод беше текстот да биде верен на изворниот, имајќи го предвид усвоениот пристап точно да се преведе мислата, а не првенствено буквалното значење на секој збор. Сепак, таму каде што се сметало дека е релевантно да се посочи и буквалниот збор или израз, тие се дадени во фуснота.
 
2. Користен е едноставен јазик и начин на изразување, разбирлив за секој човек со просечни јазични способности. За истата цел, долгите состави се расчленети на пократки реченици.
 
3. Растојанијата, мерите и искажувањето на часовите на денот и ноќта се преведени на соодветните денешни начини на мерења и изразувања, иако во фуснотите се посочени и изворните растојанија, мери и часови на денот и ноќта.
 
4. Пред секоја Новозаветна книга е даден краток вовед за самата книга: кој е писателот на таа книга, период на пишувањето, кому била наменета пораката, поважни мисли од таа книга, преглед на поважните теми и сл.
 
5. Личните имиња, географските поими и некои поважни изрази се фонетички пренесени согласно со нивната изворфна форма (хебрејски или старогрчки), колку што тоа е објективно возможно. Напуштена е практиката еврејските имиња и изрази да се превземаат од грчката транслитерација. На тој начин, запазено е значењето на зборовите или изразите во изворниот јазик. На пример, во ова издание ќе прочитате "Барнаба", а не "Варнава" - име кое е добиено од грчката транслитерација затоа што грците ја немаат буквата "б", а наместо неа велат "в". Но бидејќи ние имаме буква "б", затоа и тоа име е преведено од изворниот арамејски јазик, а не од посредничкиот грчки јазик.
Варнава не значи ништо, но Барнаба на арамејски значи "син (бар) на утехата (наба)".
Слично се пренесени и имињата што го содржат зборот Ел = Бог, како префикс или суфикс (Гавриел, Имануел, Даниел, итн). На ист начин е постапено и со некои изрази, додека за оние еврејските имиња и изрази кои се длабоко навлезени во нашиот јазик преку грчката транслитерација, поточниот фонетски израз е посочен во фуснота. Значи задржани се во употреба: Исус, Савле, Гетсемани, Сион, Самоил... наместо поточните кои се забележани во фуснотите: Јешуа, Шаул, Гатш'маним, Цион, Ш'муел итн.
 
6. Со оглед на тоа што и Исус и апостолите честопати цитирале делови од Стариот завет, ова издание, во фусноти, ги посочува местата каде што се наоѓаат цитираните зборови. Ова има и практично и теолошко значење. Фусноти се ползувани и за други цели, како, на пример, да се информира читателот за евентуалните разлики меѓу изворните ракописи, да се појасни значењето на некој збор или израз, да се посочи алтернативното значење на зборот или изразот и друго.
 
7. Во ова издание ќе забележите скицирани географски карти кои ќе ви овозможат да добиете и географска претстава за местото на кое се одвива дејството. Поместени се во близина на библискиот текст во кој се спомнуваат соодветните локалитети.
 
8. Понатаму, ова издание содржи голем број кратки мисли или написи сместени во посебни линиски рамки. Наменети му се како помагала на читателот, со цел да се појаснат некои важни доктрини, историски, етнички или верски специфичности, итн.
 
9. На крајот, ова издание содржи уште два прилога: регистар на поважните имиња и содржина по предмет, за поважните интересни теми.
 
Овој превод чини само 100 ден. и можете да го набавите во книжарницата "Откровение" која што се наоѓа во подвозникот кај хотел Континентал (спроти фотокопир Тони) или пак во Христијанскиот Центар - ХБЦ "Радосна Вест" која пак се наоѓа близу слаткарница "Апче", на улица "Благој Давков" бр. 10.
За повеќе информации обратете се на: http://crkva.org.mk/katalog.htm
 
Maranata, дали доволно ти дадов информации за динамичниот превод на Новиот Завет? трепкање


Изменето од EvAngelos - 03.Октомври.2008 во 03:40
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2008 во 03:18
Reklama, ubava reklama ......
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2008 во 03:25
Еве еден пример за илустрација како одреден текст е преведен во буквалниот, а како во динамичниот превод:
 
"И така, ако вие со Христа умревте за световните стихии, тогаш зошто се препирате, како уште да живеете во светот: “не се фаќај, не вкусувај, не пипај!” Сите тие се определени на пропаѓање - кога се управуваат според човечките заповеди и учења..."
(Колошаните 2:20-23 - буквален превод)
 
"Вие умревте со Христос и ослободени сте од начинот на кој живеат световните луѓе. Зошто тогаш дозволувате да ви наметнуваат вакви догми: „Тоа не смее да се фаќа!“, „Тоа не смее да се јаде!“, или „Тоа не смее ни да се допре!“? Тоа се само уредби и учења наметнати од луѓе..."
(Колошаните 2:20-23 - динамичен превод)
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2008 во 04:28
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

 
Современ (Динамичен) превод на Новиот Завет
 
 
При преведувањето на било кој текст, па и на Новиот Завет, можни се три пристапи.
 
1. Буквален превод. Таквиот пристап настојува да го преведе секој збор од изворниот јазик на најбуквален можен начин. Иако овој вид на преведување има и свои предности, продуктот е најчесто тежок за разбирање, а понекогаш може и да ги заведе читателите поради разликите во изразувањето на изворниот јазик и на јазикот на кој се преведува.
Најдобар пример за ова е часот кога Исус бил распнат. Во буквалниот превод пишува дека Христос бил распнат во третиот час.
 
"Беше третиот час кога го распнаа."
(Марко 15:25 - буквален превод).
 
Кога читателите го читаат ова најчесто заклучуваат дека Христос бил распнат ноќно време во 3 часот после полноќ. Но ако се земе превид дека евреите го броеле поинаку времето отколку ние денес, и дека тие ги броеле часовите од изгревот на сонцето т.е. од 6 саатот по наше врме (а не од полноќ), следува дека 3 часот по тогашно еврејско време е 9 часот по денешно време. Значи не било ноќ кога Христос го распнале, туку сонцето 3 саати веќе било изгреано. Затоа во следниот (динамичен) превод тој стих гласи вака:
 
"Беше околу девет часот претпладне кога Го распнаа Исуса."
(Марко 15:25 - динамичен превод)
 
Многу поразбирливо, верувам ќе се сложите.
Сепак, како што реков, и овој превод има свои предности. Тој е покорисен за теолозите за студиозни проучувања на Библијата и за доктринални егзегези. Тие веќе ги знаат временско-културолошките разлики меѓи 1 век Палестина и 21 век Македонија, така што ним не им претставува проблем буквалноста на текстот и не се заведуваат од примери како што наведовме погоре.
 
2. Парафразиран превод. Во овој пристап повеќе станува збор за прераскажување , отколку за преведување. Иако таквиот пристап е разбирлив за читателот, тој сепак не ги содржи сите елементи на оригиналниот текст и не е погоден за сериозно проучување. Но затоа пак него малите деца најмногу го сакаат и е погоден за детски, илустрирани Библии чии раскази децата уживаат да ги слушаат пред спиење. среќа
 
 
3. Динаминеч превод или поточно превод на динамична еквиваленција.
 
Ова е најсовремениот пристап при преведувањето на Светото Писмо. Ваквиот превод се темели врз тезата: "превод мисла по мисла". Целта е веродостојно да се пренесе значењето на секоја мисла, така што ќе има исто значење за денешниот читател, какво што имала за првобитните слушатели или читатели. Притоа, мислата се составува согласно важечките граматички и синтаксички правила на јазикот на кој се преведува, со настојување секоја реченица да звучи сосема природно за денешниот читател. .
 
 
Ваков превод на Новиот Завет постои на македонски јазик (уште од 1999 година) и е направаен од Д-р Иван Грозданов.
 
 
Особености на овој превод.
 
1. Основна грижа при изготвувањето на овој превод беше текстот да биде верен на изворниот, имајќи го предвид усвоениот пристап точно да се преведе мислата, а не првенствено буквалното значење на секој збор. Сепак, таму каде што се сметало дека е релевантно да се посочи и буквалниот збор или израз, тие се дадени во фуснота.
 
2. Користен е едноставен јазик и начин на изразување, разбирлив за секој човек со просечни јазични способности. За истата цел, долгите состави се расчленети на пократки реченици.
 
3. Растојанијата, мерите и искажувањето на часовите на денот и ноќта се преведени на соодветните денешни начини на мерења и изразувања, иако во фуснотите се посочени и изворните растојанија, мери и часови на денот и ноќта.
 
4. Пред секоја Новозаветна книга е даден краток вовед за самата книга: кој е писателот на таа книга, период на пишувањето, кому била наменета пораката, поважни мисли од таа книга, преглед на поважните теми и сл.
 
5. Личните имиња, географските поими и некои поважни изрази се фонетички пренесени согласно со нивната изворфна форма (хебрејски или старогрчки), колку што тоа е објективно возможно. Напуштена е практиката еврејските имиња и изрази да се превземаат од грчката транслитерација. На тој начин, запазено е значењето на зборовите или изразите во изворниот јазик. На пример, во ова издание ќе прочитате "Барнаба", а не "Варнава" - име кое е добиено од грчката транслитерација затоа што грците ја немаат буквата "б", а наместо неа велат "в". Но бидејќи ние имаме буква "б", затоа и тоа име е преведено од изворниот арамејски јазик, а не од посредничкиот грчки јазик.
Варнава не значи ништо, но Барнаба на арамејски значи "син (бар) на утехата (наба)".
Слично се пренесени и имињата што го содржат зборот Ел = Бог, како префикс или суфикс (Гавриел, Имануел, Даниел, итн). На ист начин е постапено и со некои изрази, додека за оние еврејските имиња и изрази кои се длабоко навлезени во нашиот јазик преку грчката транслитерација, поточниот фонетски израз е посочен во фуснота. Значи задржани се во употреба: Исус, Савле, Гетсемани, Сион, Самоил... наместо поточните кои се забележани во фуснотите: Јешуа, Шаул, Гатш'маним, Цион, Ш'муел итн.
 
6. Со оглед на тоа што и Исус и апостолите честопати цитирале делови од Стариот завет, ова издание, во фусноти, ги посочува местата каде што се наоѓаат цитираните зборови. Ова има и практично и теолошко значење. Фусноти се ползувани и за други цели, како, на пример, да се информира читателот за евентуалните разлики меѓу изворните ракописи, да се појасни значењето на некој збор или израз, да се посочи алтернативното значење на зборот или изразот и друго.
 
7. Во ова издание ќе забележите скицирани географски карти кои ќе ви овозможат да добиете и географска претстава за местото на кое се одвива дејството. Поместени се во близина на библискиот текст во кој се спомнуваат соодветните локалитети.
 
8. Понатаму, ова издание содржи голем број кратки мисли или написи сместени во посебни линиски рамки. Наменети му се како помагала на читателот, со цел да се појаснат некои важни доктрини, историски, етнички или верски специфичности, итн.
 
9. На крајот, ова издание содржи уште два прилога: регистар на поважните имиња и содржина по предмет, за поважните интересни теми.
 
Овој превод чини само 100 ден. и можете да го набавите во книжарницата "Откровение" која што се наоѓа во подвозникот кај хотел Континентал (спроти фотокопир Тони) или пак во Христијанскиот Центар - ХБЦ "Радосна Вест" која пак се наоѓа близу слаткарница "Апче", на улица "Благој Давков" бр. 10.
За повеќе информации обратете се на: http://crkva.org.mk/katalog.htm
 
Maranata, дали доволно ти дадов информации за динамичниот превод на Новиот Завет? трепкање
 
 
 
АБЕ МНОГУ ИНТЕРЕСЕН ПРЕВОД !!!!!!!
 
ПИШУВА 3-ТИ ЧАС  А ВИЕ СТЕ ПРЕВЕЛЕ 9-ТИ
 
А СЕ РАСШПРАВАШ ЗА “СВЕШТЕНИК“ - “ЕРЕЈ“
 
ПА И МАЛИТЕ ДЕЦА - КАКО ШТО КАЖА КЕ СЕ СМЕАТ НА ОВА ....
АЛАЛ ДА ВИ Е
 
ОД УТРЕ КЕ ПОЧНАМ ТОА ДА ГО ЧИТАМ -
СЕГА МЕ УБЕДИВТЕ - СИГУРНО ОД “КУМРАНСКИ“ Е ПРЕВЕДЕНО  - А Н.З.?
 
ЈАВНО ПРИЗНАВАМ - ЈА СУМ БИЛ У ЗАБЛУДА - И ЦЕЛАТА ЦРКВА 2000 ГОДИНИ ...
 
СЛАВА ТИ “БОЖЕ“ ШТО НИ ДАДЕ ДИНАМИЧЕН ПРЕВОД  - ЗА ДА ИЗЛЕЗЕМЕ ОД НАШАТА “ЗАБЛУДА“ ...
 
големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање                                        големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
 
 
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2008 во 04:33
Kako sto mi izgleda mene, ovoj takanarechen "dinamichen" prevod, sodrzhi potencijal za poinformativno preveduvanje, no toa samoto po sebe ne podrazbira i podosledno preveduvanje na originalot. Stom avtorot si dava za sloboda da go vidoizmenuva originalniot tekst, toj praktichno si dava za sloboda da go intrepretira originalot i da dava svoj pogled i razbiranje na istiot pod izgovor deka ima za cel da go doobjasni originalniot avtor i da go priblizhi na moderniot chitach.

Jas bi go podrzhuval takvoto delo samo kako edna mozhna interpretacija na originalot, no ne bi mozhel da go prifatam kako original.

Pretpochitam originalot da e preveden kako sto e napishan originalno (neli toa znachi original?), a da se stavat fusnoti so objasnuvanje za onie koi sakaat da dobijat povekje informacija za soodvetni delovi od nego.

Neli taka e podosledno i poednostavno? Neli taka sekogash ke se znae sto bilo originalno napishano i deka toa nema so vreme da ischezne vo pregolemata zhelba da mu se servira na chitachot, sakal toj ili ne, verzija koja e "podobra" od prvichnata?

Vakviot nachin na "preveduvanje" otvora vrata za, svesno ili nesvesno, falsificiranje na svetite dela onaka kako sto mu prilega na onoj sto go pravi takviot prevod. Toa e preveduvanje so odnapred usvoena ideja sto sakal originalniot avtor da kazhe so svoeto delo. Toa e prevod so koj na originalniot avtor mu se impliciraat ubeduvanjata na preveduvachot.

Ne ste svesni kolku e opasna ova rabota.

Изменето од Messenger - 03.Октомври.2008 во 04:41
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2008 во 04:58
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Kako sto mi izgleda mene, ovoj takanarechen "dinamichen" prevod, sodrzhi potencijal za poinformativno preveduvanje, no toa samoto po sebe ne podrazbira i podosledno preveduvanje na originalot. Stom avtorot si dava za sloboda da go vidoizmenuva originalniot tekst, toj praktichno si dava za sloboda da go intrepretira originalot i da dava svoj pogled i razbiranje na istiot pod izgovor deka ima za cel da go doobjasni originalniot avtor i da go priblizhi na moderniot chitach.


Pretpochitam originalot da e preveden kako sto e napishan originalno (neli toa znachi original?), a da se stavat fusnoti so objasnuvanje za onie koi sakaat da dobijat povekje informacija za soodvetni delovi od nego.

Neli taka e podosledno i poednostavno? Neli taka sekogash ke se znae sto bilo originalno napishano i deka toa nema so vreme da ischezne vo pregolemata zhelba da mu se servira na chitachot, sakal toj ili ne, verzija koja e "podobra" od prvichnata?

Vakviot nachin na "preveduvanje" otvora vrata za, svesno ili nesvesno, falsificiranje na svetite dela onaka kako sto mu prilega na onoj sto go pravi takviot prevod. Toa e preveduvanje so odnapred usvoena ideja sto sakal originalniot avtor da kazhe so svoeto delo. Toa e prevod so koj na originalniot avtor mu se impliciraat ubeduvanjata na preveduvachot.

Ne ste svesni kolku e opasna ova rabota.
 
 
ПА И ЈА ЗА ТОА ЗБОРУВАМ - ТОА И МАЛО ДЕТЕ МОЖЕ ДА ГО ЗАБЕЛЕЖИ - А НЕ ДА КАЖУВААТ ДЕКА ПРЕВОДОТ БИЛ “ПРИЛАГОДЕН“ И ЗА МАЛИТЕ ДЕЦА ... тага ТАЖНО ... “НО СЕПАК ИНТЕРЕСНО“ (ПРОФИТАБИЛНО)...плачење намигнување
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2008 во 05:14
А бе да ти кажам за тој ваш превод - некни го најдов на нет и ме умрел од смеење. Треба да го дочитам - интересен ми е - ептен точен превод, дури и *поточен* од оној на МПЦ.
Гледам дека преводот е кој како си сфатил така си преведувал, слободна мисла во тек.... Интересен ти е примерот што го посочи - врска нема. *Зошто се препирате* преведено во *зошто дозволувате да ви се наметнуваат вакви догми*? ДОГМИ???? *Сите тие се определени на пропаѓање кога се управуваат според човечки заповеди и учења* преведено во *Тоа се само уредби и учења наметнати од луѓе*???
Па ако читаме понатаму кој знаеш што ќе сретнеме, кој знае како *преведувачот* си го сфатил та *превел*!!!
А после ти велиш дека МПЦ сменила наместо старешни - свештеници. (А башка тоа што кај нас старешина на храмот е самиот свештеник)

Има интересни делови од типот на

Матеј 6, 17 А ти, кога постиш, дотерај си ја косата и разведри си го лицето (од каде вие сфативте дека помажи ја главата своја значи дотерај си ја?)

Потоа
Матеј 8, 4 Не кажувај никому, туку оди веднаш на преглед кај свештеникот, а потоа принеси дар како што е пропишано според Мојсеевиот Закон, за да се увери јавноста. (каков преглед - систематски? Во преводот на МПЦ убаво е кажано - *покажи им се*... која јавност да се увери кога Исус му вели да не кажува никој туку само на свештеникот? Во преводот на МПЦ јасно стои за сведоштво на свештениците, а не на јавноста.)


А за неправилностите во преводот на молитвата Оче наш, да не зборуваме, дури има и такви работи внесено што се спротивни на тоа што го вели Христос.

Матеј 6
Прво, во оргиналната молитва стои *дај ни го лебот наш насушен*, додека пак во динамичниот превод е *Дај ни ја неопходната храна*. На, праовславните, Христос не учи дека треба да се задоволуваме со тоа што ни го дава, затао доволен ни е само лебот, додека пак според овој превод доаѓа дека бараме и МекДоналс сендвич, чиз кејк, сладолед, скара... за храна.

Втора, катастрофална грешка, спротивна на ЕвАнгелието. Молитвата Оче наш е молитва која на оваа земја нема крај, повторно и повторно се актуализираат нејзините зборови и важат до крајот на времињата за секој еден од нас.

Во динамичниот превод стои *Прости ни ги нашите гревови, како што и ние веќе им простивме на оние што нам ни згрешија*, минато свршено време, додека пак, во преводот на МПЦ стои *и прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници* - несвршено време. Господ рекол да проштеваме постојано, а не еднаш и толку - тоа да остане во минато свршено време.

Сега за сега, толку, до тука сум прочитала. Ама ќе има и продолжение

А другите нека размислат кој превод е поразбирлив не во световна смисла, туку во суштинска смисла, оти јасно ни е дека сите деноминации настанале со извртување на зборовите од Светото Писмо.

п.с. Од каде пак сега си имате географска карта со локалитети, кога вие не ја признавате црковната историја? Некои од тогашните места ги нема во денешно време, од каде тогаш знаете каде се наоѓаат?

И, да... не ми е јасно оти стално се бламираш. Прво тврдеше дека немаш никва врска со динамичниот превод, а сега направи една долгометражна, како што рече Темплариус, реклама.

Изменето од Maran Ata - 03.Октомври.2008 во 05:16
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2008 во 05:15
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

 
АБЕ МНОГУ ИНТЕРЕСЕН ПРЕВОД !!!!!!!
 
ПИШУВА 3-ТИ ЧАС  А ВИЕ СТЕ ПРЕВЕЛЕ 9-ТИ
 


Не, туку пишува 3 часот ама по староеврејско време, што всушност е 9 часот по наше.намигнување
Што мислиш Tetratka, колку е оддалечена Витанија од Ерусалим, согласно следниов библиски стих:
"
А Витанија беше близу до Ерусалим, околу петнаесет стадии;
"
(Јован 11:18)

Што е поважно да му се преведе на слушателот на евангелието, буквата или суштината?

"
Кој и нè оспособи за служители на Новиот завет; не на буквата, туку на Духот, зашто буквата убива, а Духот оживува.
"
(2 Коринтјаните 3:6)

Messenger, како ќе ја преведеш следнава реченица на англиски јазик:

"Полесно е камила да се протне низ иглени уши, отколку богат да влезе во Царството Небесно"?


Ајде, ти добро знаеш англиски, повели преведи среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2008 во 05:23
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


ZE=2]"(Јован 11:18)Што е поважно да му се преведе на слушателот на евангелието, буквата или суштината?"Кој и нè оспособи за служители на Новиот завет; не на буквата, туку на Духот,
зашто буквата убива, а Духот оживува."(2 Коринтјаните 3:6)Messenger, како ќе ја преведеш следнава реченица на англиски јазик:"Полесно е камила да се протне низ иглени уши, отколку богат да влезе во Царството Небесно"?Ајде, ти добро знаеш англиски, повели преведи среќа


It is easier for a camel to go through the eye of a needle, than for a rich man to enter into the kingdom of God. еве ти го преводот на англиски.

А од кога ти се застапуваш за *духот оживува а словото убива*???????
Нели до некни се бунеше дека ние погрешно сме ги толкувале писмата и таму вака пишува така пишува??????


Ауууууу, контрадикторност!!!!!!!!!!!!!!
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2008 во 05:31
 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


како ќе ја преведеш следнава реченица на англиски јазик

"Полесно е камила да се протне низ иглени уши, отколку богат да влезе во Царството Небесно"?
среќа


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


It is easier for a camel to go through the eye of a needle, than for a rich man to enter into the kingdom of God.


Ете, штотуку ти ДИНАМИЧНО преведе газење%20од%20смеење
Молам за аплауз аплауз


Изменето од EvAngelos - 03.Октомври.2008 во 05:41
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2008 во 05:42
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

 
АБЕ МНОГУ ИНТЕРЕСЕН ПРЕВОД !!!!!!!
 
ПИШУВА 3-ТИ ЧАС  А ВИЕ СТЕ ПРЕВЕЛЕ 9-ТИ
 


Не, туку пишува 3 часот ама по староеврејско време, што всушност е 9 часот по наше.намигнување
Што мислиш Tetratka, колку е оддалечена Витанија од Ерусалим, согласно следниов библиски стих:
"
А Витанија беше близу до Ерусалим, околу петнаесет стадии;
"
(Јован 11:18)

Што е поважно да му се преведе на слушателот на евангелието, буквата или суштината?

"
Кој и нè оспособи за служители на Новиот завет; не на буквата, туку на Духот, зашто буквата убива, а Духот оживува."
(2 Коринтјаните 3:6)

 среќа
 
ТАКА ЗНАЧИ - “ НЕ НА БУКВАТА“, АМА ДА НА БУКВАТА - КОГА ПРАШУВАШ КАДЕ ГО ИМА ТОА У БИБЛИЈАТА - НЕ СЛУЖИШ НА БУКВАТА?
 
А КОГА ПРЕВЕДУВАШ СЛУЖИШ?!!
 
И ТУКА 2000 ГОДИНИ ПРЕДАНИЕТО ГО НЕМА ДА НАПРАВИ ДИНАМИЧЕН ПРЕВОД ... НЕГО ТОЈ ЧЕКА 2000 ГОДИНИ НА ВАС????!!!!!!!!
 
А КЕ ЗАБОРАВЕВ ...
 
ЗНАЧИ ПОЧНАВТЕ И ВРЕМЕТО ДА ГО ТОЛКУВАТЕ ....
ЧУДНО 3-ТИ, 9-ТИ ...
 
прашај ги монасите по какво време служат НА СВЕТА ГОРА ?
 
п.с.
абе сите теми се поврзани ...
 
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2008 во 05:47
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


како ќе ја преведеш следнава реченица на англиски јазик"Полесно е камила да се протне низ иглени уши, отколку богат да влезе во Царството Небесно"? среќа



Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

It is easier for a camel to go through the eye of a needle, than for a rich man to enter into the kingdom of God.
Ете, штотуку ти ДИНАМИЧНО преведе газење%20од%20смеењеМолам за аплауз аплауз


Брат, читај го цело - ИГЛЕНИ УШИ има едно значење, а не само уши. Така и eye of a needle има едно единствено значење. А башка тоа што еве ти го од каде е извадено

King James Bible
It is easier for a camel to go through the eye of a needle, than for a rich man to enter into the kingdom of God.

А никаде не пишува дека е динамичен превод. Или сакаш да кажеш дека сите што ја читаат верзијата на кинг џејмс се динамичари??????
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2008 во 05:53
п.с. ова го прескокна

Матеј 6, 17 А ти, кога постиш, дотерај си ја косата и разведри си го лицето (од каде вие сфативте дека помажи ја главата своја значи дотерај си ја?)

Потоа
Матеј 8, 4 Не кажувај никому, туку оди веднаш на преглед кај свештеникот, а потоа принеси дар како што е пропишано според Мојсеевиот Закон, за да се увери јавноста. (каков преглед - систематски? Во преводот на МПЦ убаво е кажано - *покажи им се*... која јавност да се увери кога Исус му вели да не кажува никој туку само на свештеникот? Во преводот на МПЦ јасно стои за сведоштво на свештениците, а не на јавноста.)


А за неправилностите во преводот на молитвата Оче наш, да не зборуваме, дури има и такви работи внесено што се спротивни на тоа што го вели Христос.

Матеј 6
Прво, во оргиналната молитва стои *дај ни го лебот наш насушен*, додека пак во динамичниот превод е *Дај ни ја неопходната храна*. Наs, праовславните, Христос не учи дека треба да се задоволуваме со тоа што ни го дава, затоa доволен ни е само лебот, додека пак според овој превод доаѓа дека бараме и МекДоналс сендвич, чиз кејк, сладолед, скара... за храна.

Втора, катастрофална грешка, спротивна на Евaнгелието. Молитвата Оче наш е молитва која на оваа земја нема крај, повторно и повторно се актуализираат нејзините зборови и важат до крајот на времињата за секој еден од нас.

Во динамичниот превод стои *Прости ни ги нашите гревови, како што и ние веќе им простивме на оние што нам ни згрешија*, минато свршено време, додека пак, во преводот на МПЦ стои *и прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници* - несвршено време. Господ рекол да проштеваме постојано, а не еднаш и толку - тоа да остане во минато свршено време.


Изменето од Maran Ata - 03.Октомври.2008 во 05:55
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2008 во 06:02
АБЕ АЈДЕ - ПОЧНА ДА МИ СЕ СПИЕ!!!
НИВНИОТ ПРЕВОД Е ПОВЕЌЕ ОД ТРАГИКОМИЧЕН - ДЕМАГОГИЧЕН ... ШО НЕ КЕ СЕ ИЗНАСЛУШАШ
- МОЖНО Е И АПОСТОЛИТЕ ДА НОСЕЛЕ НАЈК ПАТИКИ - КОЈ ЗНАЕизненадување
 
НЕМАМ ИДЕА ШО ДА КАЖАМ ДРУГО - МАЛ МИ Е МОЗОКОВ ЗА ТАКВА РАБОТА (ДИНАМИЧНА) - УШТЕ ОВА ДА ГО РАЗБЕРЕВ И СЕГА ПРВ КЕ БЕВ ТАМУ КАЈ НИВ!!!
 
И НА ТОА ПОГОРЕ НЕ ТИ СЕ ОДГОВАРА!!!
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,515 секунди.