Автор |
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Декември.2012 во 20:08 |
...Најпрво треба да се прашаме - што сакал Шекспир кога го создавал
ликот на Хамлет? Тој никогаш и ништо на пишувал без одредена замисла.
Тогаш каква замисла имал кога решил да ја напише оваа трагедија?
Изгледа, тој секогаш пред да почне да пишува, ја посматра приказната
онака како што сликарот го гледа своето платно пред да почне да слика -
како средство за изразување на своите мисли. Која е тогаш точката која
Шекспир ја насочил во Хамлет? Тој сакал да наслика таква личност за која
надворешниот свет, сите случувања би биле релативно невпечатливи и
безначајни по себе, а би почнале да го интересираат само кога би
постанале слика во огледалото на неговиот ум. Хамлет ги гледа
надворешните работи на ист начин како човек со голема фантазија. Кога ќе
ги затвори очите, пред себе го гледа она што претходно оставило печат
на неговите сетила. Тој е вистински наследник на престолот, татко му
умира на сомнителен начин, мајка му му го одзема престолот така што се
мажи за неговиот стрико. Ни тоа не е се. Дури и духот на неговиот убиен
татко се појавува, убедувајќи го синот дека него го убил сопственио
брат. А каква е реакцијата на синот? Молњевита реакција и одмазда? Не.
Бескрајно колебање, непрестанато обвинување на самиот себе за
невнимателност, се додека цела одлучна енергија не испари во тие
обвиненија. И тоа не од нехраброст, не од недостаток на премислување и
бавно сфаќање, туку само поради таа аверзија према реакцијата која
постои кој оние кои носат свет во самите себе. Па еве го ликот на
Хамлет: слаба волја, но единствено поради шокот, а не поради неговата
природа. Хамлет е по природа јак човек, неговата иронија, неговиот
моментален гнев, неговите страсни избувнувања во разговорот со мајка му,
поносен презир и голема омраза кон стрико му - сето тоа ја потврдува
енергијата и величината на неговата душа. Предодреденоста, која на
Хамлет ќе го донесе до одмазда на татко му е размената на мечовите од
кои едниот е отровен, и испивањето на чашата со отров од страна на мајка
му, наменети за него. Тој е прободен од отровниот меч, но пред да умре
го убива својот чичко. Од сите можни прогнози би изгледало дека најмалку
веројатна е таа дека Хамлет баш на тој начин ќе погине и дека на тој
начин ќе го одмазди својот татко.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Драш123
Нов член
Регистриран: 19.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 2
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Декември.2012 во 20:22 |
Ве молам кој има да напише за утре ми треба Моќта на Шагринот Не Општо за книгата само за Шагринот конкретно Фала однапред :)
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(2)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Декември.2012 во 20:32 |
Listajte malku nanazad,ima po neshto za Vash*te temi:)
Шагринска кожа - Оноре де Балзак

Фатална ноќ на незадоволство, револт и ретроспекција... млад, надежен интелект носи одлука да изврши самоубиство.
Непосредно по одлуката, едно магично парче кожа станува негова амајлија, му носи низа бенифиции низ животот, но крие една страшна компензација...
Живот на лукс ниво, благородни случувања, богат културен живот, но и полноќни посети од една бездушна жена, за сметка на наивната афекција од страна на Полина...
Будење. Со секоја желба, шагринската кожа се крати, што е метафорички симбол на животот на Рафаел... умирање, на рацете на Полина.
Балзак, преку шагринот (франц. chagrine -
тага) ги третира предностите од доброто до злото, од хармонијата до
моќта, од рајот до пеколот - сервирајќи универзална поента...
несомнено, животот е најскапоценото нешто што го поседуваме.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Драш123
Нов член
Регистриран: 19.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 2
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Декември.2012 во 20:39 |
Ова е општо за Шагринска Кожа книгата мене ми треба само Моќта на Шагринот
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Декември.2012 во 20:53 |
Zarem ne mozhesh da iskoristish neshto od gorenavedenoto?
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
gonzo
Сениор
Мачкозил
Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Декември.2012 во 00:39 |
Valerija напиша:
Zarem ne mozhesh da iskoristish neshto od gorenavedenoto?
|
Не може, да можел нема да бара тука...
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
 |
Beni97
Нов член
Регистриран: 23.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 2
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Декември.2012 во 22:12 |
Ми треба состав за:Тартиф,вечна составка на човечството :)
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Декември.2012 во 10:27 |
Eve ti Beni za Tartif:)
Со величенствен стил и поетска имагинација Молиер во Тартиф ја
предал сликата на едно буржоаско семејство, пред се карактерот на еден
општествен тип кој во тоа време имал големо политичко знаење.Дали да се
биде верен слуга на нормите и правилата што општеството ни ги поставува
или да си креираме свои макар тоа би значело јавно
понижување и расипаност?
Лицемерието, како една од најголемите етички маскаради на човекот е
добро позната и "плодна" тема, од која се црпи инспирација и се
надополнува естетската страна на човековата слабост. Еден од
најеклатантните примери на ваква драматургија, која остава неизбришлив
траг во историјата на сценската уметност, е бездруго Молиеровиот
"Тартиф". Овој лик е интересен бидејќи постоел, постои и ќе постои се
додека човековата несовршена природа е присутна во Светот. Оттаму е
сценското "сликање" на Тартиф како мотив да се "ѕирне" во човечката
несовршеност.
Самиот Тартиф останува нејасен до крајот. Неможеме да најдеме
одговор на прашањето дали е тој вистински свештеник, језуит, лаик во
калуѓерск облека, агент на тајната полиција или некој скитник- измамник.
Сепак е јасно дека тој не потекнува од високите кругови на општеството
па и затоа можеби се впуштил во ваков подвиг, изфрустриран од своето
постоење на маргините на општеството и својата сопствена беда. Притоа
тој решил да заигра на црното, единствената боја на својата епоха.
Тартиф си ја ставил набожната маска само да може на лесен начин да
дојде до богатството, а во Оргон го нашол токму она лице што му овозможи
да ја постигне својата цел. Тој успеал толку да го заслепи Оргон што
овој не само му ја отвара ширум вратата од својата кука туку му ја дава
за жена својата ќерка и му го препишува цел свој имот. Дури тогаш кога е
скриен под масата самиот ја гледа моралната нискост на Тартиф, кој сака
да ја заведе неговата жена.
Но Молиер ниту мислел да даде слика на лицемерството воопшто. Тој
всушност сакал да го стави својот прст на општествената рана што се
јавувала во тој период, а која оличена во оној тип набожник кој, имал
задача да ги води луѓето во недрата на црквата. Во најголем број случаи
овие раководители ги злоупотребувале своите функции за трупање пари од
верниците. Токму затоа Тартиф се претставува како сатира на лажната
набожност, сатира на самата религија.
Молиер ја создал реалистичната комедија која кипи од веселост и
животна радост и здрав и народен хумор. Комедиите на Молиер ги носат
најнапредните идеи на неговата епоха. Затоа се запишал во историјата до
Корнеј, Расин и Лафонтен.
Кратка содржина на драмата Тартиф од Молиер
Според видот драмата е комедија во која постојат елементи на фарса,
комедија на карактери и комедија на нарави.Комедијата "Тартиф" е сатира
насочена против религијата и лицемерството на христијанскиот морал,што
ги застапуваат луѓето и од нив прават марионетки. Ликови во комедијата
се Тартиф-лицемерен богомолец,Оргон-богат граѓанин, Елмира-негова жена,
Маријана-негова ќерка, Дамис-негов син, Клеант-брат на Елмира,
Валер-свршеник на Маријана, слугинката Дорин и г-ѓа Пернел-мајка на
Оргон. Тартиф е превеан измамник во попска мантија со сложена тактика
при измамување на луѓето, и со помош на лицемерството ги искористувал
луѓето за остварување на свои цели.Оргон го доведува Тартиф во својата
куќа и почнува слепо да му верува.Неговата лажна побожност ја откриваат
Демис и Клеант,но Оргон не им верува.За да ја докаже својата приврзаност
кон Тартиф,Оргон му ја ветува ќерка си за жена и му ја препишува
куќата, и на еден начин станува негова марионета.Во меѓувреме Тартиф и
изјавува љубов на Елмира,со чија помош Оргон го открива вистинското лице
на Тартиф.Кралот кој бил справедлив и знаел кој е добар а кој измамник
го лишил од слобода Тартиф а на Оргон му ја вратил куќата.
Во ликот на Тартиф Молиер го олицетворил лицемерството на
христијанската црква.Свештениците кои проповедале: љубов кон
ближниот,милосрдие, некористољубивост, всушност биле лицемери со ниски
користољубиви побуди.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
jonka
Нов член
Регистриран: 14.Јануари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Јануари.2013 во 07:13 |
Имам семинарска на тема Torticolis ми треба завршеток и неможам да најдам никако Ве моламм за помош....... Благодарам однапред
|
 |
kiksi96
Нов член
Регистриран: 19.Јануари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Јануари.2013 во 15:06 |
Ми треба содржината за ова дело.. го читав но неможев да разберам што точно се зборува. па ако може некој да ми го објаснии
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јануари.2013 во 09:31 |
Kiksi,za koe delo stanuva zbor?
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
monika2002
Нов член
Регистриран: 26.Јануари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Јануари.2013 во 13:19 |
Ve molam kako da napisham Esej na tema "Pripagam na odredena grupa" za V oddelenie?
Vi blagodaram odnapred !
|
 |
1803m
Нов член
Регистриран: 04.Февруари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Февруари.2013 во 19:12 |
ajde ako ima nekoj nesto za istorijata za makedosnkiot jazik i literatura mi treba za proekt matura :)
|
 |
Belata Ciganka
Нов член
Регистриран: 15.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 37
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Февруари.2013 во 21:12 |
ако има некој информации за екологија и повеќе ми треба за АНТРОПОЕКОЛОГИЈА...ве молам пишете! фала однапред
|
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
|
 |