![]() |
|
Македонскиот јазик и македонската азбука |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5152535455 146> |
Автор | ||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Полемика - Атанас Вангелов
Сунѓерот на Стојана Кога човек упорно сака, преку своите збркани истапи во јавноста, да заборави нешто (општопознато и непобитно), тој само дава непобитни докази дека, всушност, само и на тоа - мисли. Што сака Стојан Киселиновски сосема да заборави во својата "Кодификација на македонскиот литературен јазик" ("Дневник", 26.8.2000 г., стр. 11)? Што сака, со посредство на неговиот наметлив заборав, да заборавиме и сите ние, како Македонци? Стојан Киселиновски сака да заборави (и ние заедно се него!) дека неговиот "љубим" Ѓорги Киселинов станал шеф на женска гимназија по "налог" од Софија со специјална задача: да организира "фашистка" младеж во Скопје како поддршка на фашистот цар Борис ИИИ ослободител, кој го плаќал за тоа во Скопје. Сака да заборави, исто така, дека истиот Киселинов ја убедувал таа скопска младеж и како лектор по руски јазик на тогашниот б’лгарски универзитет во Скопје, а ја убедувал вака: не била таа младеж од словенски, туку од татарски "происход". Тој "происход" и давал право на таа младеж да "тржествува" кога удрил Хитлер по валканите руски Словени на исток. Требало да исчезнат тие Словени од лицето на земјата, само затоа што не биле од чиста татарска крв, како македонските "б’лгари", на пример, чиста варијанта на "б’лгарите" од Копривштица или Враца. Сака Стојан сега да се заборави и тоа дека - истиот тој Киселинов (краткотелно и кусоумно човече со "чатма веѓи", како што сликовито ни го опишува една негова тогашна ученичка) до ноември 1944 г. грмел во "Целокупна Б’лгарија", онака како што му суфлирал "мајмуната Филов" (израз на Венко Марковски) од Софија, а потоа - токму од Ченто, Панко или Гигов добил шанса да спасува газ и образ, како член на Првата комисија за кодификација на македонскиот литературен јазик. Што, потоа, сака да заборави (и ние заедно со него!) преку своите "слатки думи", скиснатото писмо на Стојан Киселиновски? Сака да заборави еднаш засекогаш дека, на пример, со царски указ номер 70 од 12.10.1943 г. на цар Борис ИИИ ослободител, романистот Ѓорѓи Шоптрајнов станува "фашистки" доцент на тогашниот "Историско-филолошки факултет" во Скопје. Можеби морал да стане за да спаси глава, како што и - спасил? Можеби мислел тој романист дека главата е поважна од образот и честа? Можеби мислел, исто така, дека неговата глава повеќе вреди од главите на сите оние антифашисти што ги делкала, како зелки, тогашната фашистичка орда на цар Борис ИИИ ослободител и Богдан Филов "мајмуната"? Можеби мислел дека седум илјади еврејски глави не значат многу во споредба со една шопска и, уште, романистичка, па затоа не кренал ниту глава, а ниту глас на протест, како што кренаа глава и храбро протестираа: Т. Г. Влајков, Елин-Пелин, С. Чилингиров, К. Константинов, Никола Филипов, Христо Цанков-Дерижан, Људмил Стојанов, Гр. Чешмиџиев, Минко Генов, Трифун Кунев, Е. Баг’рјана, Младен Исаев, П. Горјански, Николај Лилиев, Мирослав Минев, Вл. Русалиев, Ј. Волен, Д. Б. Митов, Н. Џеров, Н. П. Икономов и Ана Каменова, за спас на бугарските Евреи, но не и на - македонските? Можеби, најпосле, тој тогашен фашист бил прикриен и таен антифашист што се вртка, како сулфурно ветре, во саксонските тиролки на цар Борис ИИИ осободител, со 50% поголема плата дури и од универзитетската плата на Емил Георгиев, славен софиски професор, кому и тогаш (како и сега) можел нашиот Шоп да му се фати само за - консеквенцата. Што и да било, смислено било да се спасува и да се спаси - глава. Се спасила по цена од еден "фашистки" образ, кој не ќе може да го пребрише дури ни грандиозниот историски сунѓер на Стојан Киселиновски. Што, уште, сака да заборави (и ние заедно со него!) Стојан Киселиновски во своите "дијалактични" думи за Венко Марковски? Стојан сака да се заборави, на пример, дека Венко Марковски успева да дојде до македонските партизани откако му го средува тоа, на свој начин, бај Тодор Павлов, кој во 1939 г. напиша цела книга за неговите стихови, во која рече дека е тоа почеток на една нова, "македонска литература". Така пишуваше тогаш бај Тодор Павлов, но затоа пак, кога во 1943 година Венко ја напиша Орлицата на бугарски јазик, а по директна порачка на Георги Димитров (така објасни самиот Венко во 1979 г.), бај Тодор Павлов веќе го третира како - бугарски поет. И не само тоа! Во обемниот предговор кон бугарската Орлица бај Тодор Павлов соопштува дека, во 1943 г., во логорот во Ени Ќој, го задолжил и со некои конкретни "оперативни" задачи, врз основа на конкретни, нови ситуации. Накусо, и бај Тодор го менува односот кон Македонија и Македонците, онака како што го менува и БКП. Има цврста основа тоа што го мисли угледниот историчар на литературата Александар Алексиев, во врска со таа "промена". Имено, "оперативната" задача на В. Марковски се состоела во тоа да ја игра улогата на "тројански коњ" во претстојната кодификација на македонскиот литературен јазик. Кратко речено: ако не може да се спаси бугарштината во Македонија преку цар Борис ИИИ ослободител и "мајмуната Филов", кои си ги пакуваат веќе парталите, можеби би можело преку Венко, на еден индиректен начин, да се стори нешто на тоа поле. Така тој станува, кон крајот на 1944, македонски поет "номер еден" (Рацина го нема веќе), па член на главниот штаб на НОВ и ПО, па авнојски делегат, па член на Иницијативниот одбор за АСНОМ или, со еден збор, станува се што можело да се стане. Оној што ја читал Стенограмата, публикувана од Стојан Ристески, можел да прочита дека Венко бил тој што зборувал, на таа Прва комисија, дека нема што да се расправа по одделни прашања, затоа што така било "решено" - горе. Нагласувам: Венко, зборувал, а не Блаже! Оној што ги читал, исто така, Спомените на Ангел Жаров, лесно ќе дојде до заклучок дека и поетот Венко Марковски, на еден особен начин, се врткал како сулфурно ветре во саксонските тиролки на цар Борис ИИИ ослободител, кога редовно, како што пишува Жаров, коленичел пред бугарските државни и царски установи за да бара пари, без кои никако не можел, што не било случај со поезијата, совеста и татковината. Пак нагласувам: коленичел Венко, а не Вапцаров, Рацин или Блаже! Таа испробана и делотворна практика - да се вртка како сулфурно ветре било во саксонски тиролки, било во генералски чакшири, Венко ја испроба и со Сталин, и со Тито, и со Темпо, и со Ранковиќ, и со Апостолски и со многу други (детален опис и попис на чакширите може да се најде во една обемна статија на Димитар Митрев). Ете во "такви политички рамки" и во такви "политички услови" (да се послужам и јас со стилот на Стојан Киселиновски) почна да работи Првата комисија за кодификација на македонскиот литературен јазик. Венко Марковски имаше своја "оперативна" задача од бај Тодор Павлов и од БКП, на кои им должеше се. Имаше тој и свои титули, звања, чинови и слава меѓу партизаните во Македонија, а Блаже Конески - само конкретно и комплетно јазичко знаење, како ниеден во таа комисија и во тоа време. Како темелно известен лингвист што не може да верува во други ако не си верува себеси, тој бара да се дефинира (постојано го повторува тоа, а никој не го слуша!) фоносистемата на македонскиот јазик, затоа што фоносистемата е душа на јазикот, а не азбуката. Да беше поинаку, никако не ќе можеа "љубимите" Бугари на Стојана да ја заменат, во 893 година, Кириловата глаголица со тогашната грчка азбука, што и го сторија; го сторија, ама против волјата на Климента Охридски, кој одбиваше да се грцизира словенското глаголско писмо на неговите учители Константин Филозоф и Методиј. Блаже Конески бара јазички да се расправа за јазички прашања, а пак на бај/батко Ѓорѓија Киселинов и на бај/батко Ѓорѓија Шоптрајанов многу им е гајле што бара таму некојси Блаже, кој не е до - Ченто, Панко или Страхил, како Венко, на пример. И двајцата се натпреваруваат во тоа да кажат колку голем поет бил Венко Марковски, како било решено прашањето за македонскиот литературен јазик во неговата поезија на еден "дијалектичен" начин и се во тој стил. Зошто? Затоа што, во тоа време, Венко е марка, а пак тие, со својот тазе-фашистички путер врз нивните филолошки глави, бараат итна замена за изгубените саксонски тиролки, во која (=замена) пак ќе се врткаат како: комотно, безбедно, лојално, патриотско и филолошко сулфурно ветре. Да се претставуваат денес токму такви, во многу документи засведочени сулфурни ветриња, како автентични македонисти што се бореле против "пеколните" намери на Блаже Конески да го србизира македонскиот јазик е - не само древна дрскост, туку и дрско злосторство против човечноста. Се знае: злосторствата против човечноста никогаш не застаруваат. Мислам дека е време да се образува, во Македонија, Одбор за следење и јавно разобличување на злосторствата против човечноста од видот на тие што сега ги прави, јавно и дрско, Стојан Киселиновски. Упатувам, по таква причина, повик до проф. д-р Ѓорѓи Марјановиќ, во чија честитост не се сомневам, јавно да каже што мисли за тоа. (Авторот е професор на Филолошкиот факултет во Скопје) |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Една необјавена македонска граматика од 1944 година од Ѓорѓи Киселинов, Охрид, 1991, Д-р Стојан Ристески
Дали некој ја има видено оваа граматика???Јас успеав да најдам само мали делови каде се зборува за неа,и за судирот на Киселинов со Конески. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ѓорѓи Јакимов Киселинов (Охрид, 16 мај 1888 - Скопје 29 септември 1961) бил македонски славист, лингвист, преведувач, дијалектолог, граматичар, етнограф. Основното образование го добил во родниот град, а потоа завршил Битолската машка класична гимназија (1907), како и к*рс по грчки јазик. Потоа бил две години учител во Хрупишча и Костур. Завршува Историскофилолошкиот факултет во Одеса (1909–1915). Учествува во Балканските војни, а потоа е професор по старословенски јазик. По Првата светска војна се враќа во Македонија и постојано се мести како гимназиски професор во Охрид, Подгорица, Ресен, Сента, Алексинац, Бијело Поле, Плевља, Ќуприја (Србија), Скопје, Сомбор, Велика Кикинда, и пак во Бијело Поле и Подгорица (1920–1941), а за време на бугарската окупација работи во гимназиите во Скопје (1941–1944).
Неспоредно по Ослободувањето подготвува за печат „Кратка македонска граматика“ (25 октомври 1944) и учествува во првата Конференција за македонската азбука и македонскиот литературен јазик (27. XI – 4. XII 1944). Потоа работи како хонорарен преведувач во книгоиздателствата „Култура“ и „Просветно дело“ (1945–1947) и како професор во Економското (1947–1948) и во Средномедицинското училиште (1948–1950). До пензионирањето службува како библиотекар во Ректоратот и во Народната и универзитетска библиотека (1950–1961). Уште како студент во Одеса издава списание „Театръ и танцы“ (1911), а потоа станува коиздавача на „Къ Свету“ и „Славянскiй Югъ“ (1912). Тогаш бил и во блиски односи со Крсте Петков Мисирков. Подоцна објавуа бројни публикации од областа на фолклорот, лингвистиката и етнографијата, а го уредува списание „Луч“ (Скопје, 1937– 1938) и соработува во повеќе списанија, зборници и весници. Автор е и на средношколски граматики и преведувач на публикации. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Од македонската Вики- Грчко-македонска тупаница
Се е во ред, само нешто не ми се поврзува "Со прогласи ги предупредувале Македонците (од 2 до 80 години) дека е строго забрането користењето на македонскиот jазик." Гледаме го документот: Каде има овде и збор за македонски jазик? Аааа, ете видов: ![]() ![]() |
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Јас энам - сите эборови се раэбираат како денешен Македонски јаэик
![]() |
||
![]() |
||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
am ajde de
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Не знам, не сум проверил. Изменето од Македон - 06.Август.2010 во 00:03 |
||
![]() |
||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ima li gi ovie 10 zbora vo deneshniot makedonski ![]() Изменето од d4 b3 - 05.Август.2010 во 23:30 |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Не знам дали само тие, во учебниците по историја пишува дека се познати десетици такви зборови. Дали се мисли на тие, не знам. |
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Само тие од Википедијата ли? |
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
||
![]() |
||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Правам разлика, но не верувам дека во X век некој правел разлика меѓу текстовите на старословенски во Охрид и Преслав, освен секако писмото, кое ги разликувало. Текстови на античко-македонски јазик не сум сретнал, иако некаде пишува дека познати се неколку зборови. Изменето од Македон - 05.Август.2010 во 17:36 |
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
I ti pravish razlika megju bugarskiot i makedonskiot, neli? Pa denes imame i srpski i bosanski i hrvatski i crnogorski jazik. Dali ima tekstovi na antickomakedonski jazik, oti zborovite koi gi vidov si se varijanti na grckite. |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5152535455 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |