![]() |
|
Македонскиот јазик и македонската азбука |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5051525354 146> |
Автор | |||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Јас никаде не го негирав неговото национално чувство. Напишал - во ред е. Повели, најди карактеристични црти во бугарскиот стандарден јазик во костурскиот дијалект во писмото, па може и ќе бидеш во право. А такви има во македонските дијалекти, колку и да сакаш. Особено во битолскиот говор, кој пак е речиси идентичен со леринските говори. |
|||
![]() |
|||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Jас можам со истата категоричност да кажам дека е поблизу до бугарскиот, коj ке биде во право?
Човекот jасно си напишал за што се смета без значение каков е неговиот диалект. |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Азбуката е плод на неговото образование во бугарско училиште. Има и ваши текстови пишувани на бугарски јазик, со грчко писмо. Ваши се, грчки, или заеднички? Костурскиот дијалект го разбирам добро, од тоа што го причитав приметив и бугаризми, секако повторно плод на неговото образование. Писмото нека остане, но да се говори дека немало врска со македонскиот јазик е невистинито, затоа што сепак,јазикот е многу поблиску до македонскиот стандарден јазик отколку до бугарскиот стандарден јазик. |
|||
![]() |
|||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Да, освем азбуката и подредбата на речениците нема ништо општо со бугарскиот, ама ич.
И како тоа го разбра од еден поглед? Ако сметаш дека нема врска писмото, бриши ги постовите. |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Дијалектот не е поразличен од остаатите македонски дијалекти, а ако говориме дека е различен со македонскиот јазик тогаш не може да говориме дека е сличен ниту со бугарскиот стандарден јазик, напротив никаква сличност нема, освен азбуката, што секако е плод на образовниот процес на човекот во периодот во кој живеел. |
|||
![]() |
|||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Писмото е напишано на костурски диалект, мислам има врска со темата за македонскиот jазик. Изгледа доста поразлично од стандартниот македонски, и буквите исто. |
|||
![]() |
|||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
am gledam nikva vrzka nema |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
А каква врска има писмото со македонскиот јазик и азбуката ? ![]() |
|||
![]() |
|||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Eве и од мене едно писмо од 1949, од Спиро Иванов Хаџиев од костурското село Вишени, коj опишува неволите, кои преживеал, кога се вратил во родното село после 1913 да донесе фамилиjата во Бугариjа:
![]() "...Тоа беше едно време. Сега Грци, Срби, Бугари сме сите на едно, нема што да ме е страв. И јас не одев на некое друго село да убивам Грци, тие дојдоа да не убиваат, да го горат селото, се разбира дека јас ќе се бранам! Сега, ако дојде грчкиот старши да ме тепа, ќе стојам ли пак- ќе се биjам, му велам. Но, сега нема таква работа, сите сме браќа - Грци, Срби, Бугари - наедно ќе ра- ботиме да ослободиме Македонија! " ![]() ![]() ![]() Изменето од lav4eto - 19.Август.2010 во 17:44 |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Не се говори за јазик, се говори за бугарски јазичен идиом. Не се споменува македонски јазик, затоа што за Грците тој јазик е бугарски идиом. А еве и како народот си го нарекувал јазикот, без да има потреба од прогласи на Грците или нешто слично ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() |
|||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Битно е како се подменува терминот бугарски со македонски; во документот македонски jазик не се споменува.
|
|||
![]() |
|||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Но на нив не им е битно како народот се викала самиот и како народот зборувал,на нив им е битна пропагандата - се убаво наведов во темата за Берлинскиот и Бук*решкиот договор,од таму се тоа и почна
![]() |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ако прочита подобро, не се говори за бугарски јазик, туку за бугарски јазичен идиом, а не бугарски јазик. А во тој период Грците говореле за македонскиот јазик како за бугарски јазичен идиом, а населението го нарекувале бугарско, иако има доста документи, дел од тие и нотарски, во кои е објаснето како народот го нарекувал својот јазик. Изменето од Македон - 19.Август.2010 во 15:41 |
|||
![]() |
|||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Народни песни запишани од Ѓорѓи Киселинов Какво момче сакам Дај ми, Боже, крила лабудови, леле, леле, дај ми, Боже, очи соколови. Да прелетам Сава ем Дунава, да отидам во Немечка земја. Да отидам во Немечка земја, леле, леле, да изберам момче спроти мене. Да изберам момче спроти мене, леле, леле, шчо не пијат вино ем раќија. Шчо не пијат вино ем раќија, леле, леле, шчо не пијат кафе ем дувана,. Од дувана куќа попљукана, леле, леле, од раќија срце изгорено. Од раќија срце изгорено, леле, леле, а от кафе заби поцрнати. От кафето заби поцрнати леле, леле а од вино моме нељубено. Пеел Пр. Ст. од Охрид. Девојче танко високо Девојче танко високо, не оди ситно пред мене, не кревај магли праои.Доста се мојве дертои. Земи си и кључоите, отвори шарени кофчек, извади скута флорини, појди си Стамбол-чаршија, купи си ѕевгар волои изорај рамни дворои, посади секакво цвеќе, да видиш што ќе изникнит: Ако изникнит босиљок, боса ќе трчаш по мене, ако изникнит џунџуле, џужна ќе бидиш по мене, ало изникнит лобода, јас ќе те носам пот пола, ако изникнит аргаван, јас ќе те скријам под јорган. Пеел Пр. Ст. од Охрид. Фиљџанот со раќија Девојче моме убаво, шчо ти је бело грлото, како на фиљџан доното, фиљџанот полн со раќија, дај ми го да се напијам, да пијам да се опијам, на скутот да ти заспијам, на аленото скутниче, на шареното фустанче. Пеел Р. Илинчевски од Охрид Келеш боја Ај ти Боје, калеш Боје, доста реде туртулици по твоето рамно чело, го запале с’то село, мажи, жени патосаја, кој на претек да те земит, кој за сина, кој за мнука, стар војвода сам за себе. Пеел Никола Низамовски од с. Јанковец во Преспа. Да не се вршиш Да знаиш, моме, да знаиш, да знаиш, да се не вршиш, вршало, пусто црнало, ерѓенлок, је баш пашалок. Да знаиш, моме, да знаиш, да знаиш да се не мажиш, мажало, пусто бесило, ерѓенлок је баш пашалок. Как растит цвеќе в’градина, така и мома при мајка, как’ жолтит дуна в’ градина, така и мома при момка. Пеел Симо Војдановски од Охрид. Сејмени бирет војвода Сејмени, верна дружина, стегнете пинци ремејна, и на пушќите кремејна, да си одиме планина, да си фрлиме на нишан, кој ќе ми нишан погодит, тој ќе ми бидит војвода на седумдесет сејмени. Сите на нишан фрлија, никој нишан не погоди, кога ми мома помина мома ми нишан погоди, та ќе ми бидит војвода, на седумдесет сејмени. Пеел Пр. Ст. од Охрид. Од книгата „Охридско-преспанска лира, 100 народних женских песама из Охрида и Преспе“, скупио и уредио Ѓ. Ј. Киселиновиќ, професор, Битољ, 1926. |
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5051525354 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |