Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
mungos80
Модератор
АНАРХИСТ
Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Септември.2010 во 22:02 |
Каснакоски напиша:
Среда, 15 Септември 2010 PDF Печати Е-пошта
Македонскиот јазик во речениците од 16 и 17 век на Хиеронимус Мегисер
Споделете ја веста66
hieronymus-megiser-1Hieronymus Megiser (Хиеронимус Мегисер) (1554/55 – 1618) - е германски учител, филолог, картограф и историчар. Познат во книжевната историја на Словенија и Хрватска како прв кој напишал речник каде нивните јазици се споменуваат заедно со латинскиот, германскиот и италијанскиот. Х. Мегисер е роден кон крајот на 1554 или 1555 во Штутгарт. Од 1571 до 1577 тој студира во Тубинген, кај познатиот хуманист и филолог Никодим Фришлин. За време на студирањето станува близок пријател со Јуриј Далматин. Во 1581, по залудно пребарување за наставна позиција во својата татковина, со помош на Питагорини Далматин тој добива работа како тутор, приватен учител во Фужине во близина на Љубљана. Во 1582, Мегисер студира право во Падова, а од 1584 до 1588, тој повторно станува приватен учител на младите благородници, Јакоб и Карл Шисел и Јуриј Хартман фон Штатенберг. По интензивните истражувачки патувања во 1588 и 1589 година во Италија и Малта, тој се населил во Грац. Набргу потоа, во 1591 патува во Англија, Холандија и Германија. За време на своите патувања ја проучува историјата на народите, картографијата и астрономијата, а за своите достигнувања на ова поле назначен е за „професор по историографија“. Се запознава со со познатиот астроном Јохан Кеплер, а научниот интерес ги зближува и стануваат добри пријатели. За време на своето патување во Германија, околу 1593 година се оженил со ќерката на Јохан Спаис кој имал своја печатница во Франкфурт на Мајна, каде извесно време и живее. Потоа следните години, од 1593 до 1601 година, ги поминал во Целовец (Клагенфурт) како директор на протестантско училиште. По заострување на односите со католичката црква, како протестант Мегисер бил принуден да го напушти Целовец и се вратил во Франкфурт на Мајна. Работел како професор по историја на Универзитетот во Лајпциг. Поради потребите на Горна Австрија, на нивно барање, во 1613 година тој се преселил во Линц, каде што како професионален историчар работел како директор на градската библиотека. Во периодот кога заострувањето на Католичката црква и протестантите го доживува својот врв, Хиеронимус Мегисер умира во 1619 година.
Хиеронимус Мегисер живее и работи во исклучително бурно време кога под влијание на италијанскиот хуманизам од 15 и 16 век, интелектуалните сили во Западна и Средна Европа се бунат против средновековните догми и духовната сиромаштија која ја донело средновековното христијанство и бараат црковни реформи во Католичката црква. Протестантизмот како движење за реформа на црквата, периферно ги зафатил Балканските народи што биле под Австриската империја. Во овој период протестантите од Хрватска и Словенија морале да бегаат во Германија. Истовремено во Германија пребегнуваат и многу лица од териториите кои се под турска окупација, меѓу кои и Македонци.
Сите овие пребегнати лица кои нашле заштита, како туѓинци во Германија, се чувствувале како синови на еден Балкански народ. За да можат да го ослободат Балканот од средновековната зачмаеност под стегите на католичкото свештенство, како и од турското роство, на балканските бунтовници им била потребна поткрепа од широките народни маси. Меѓу нив се развива илирската идеја за формирање на еден општобалкански јазик „илирски литературен јазик", што требало да биде разбирлив за сите балкански народи, и основа за нивно поврзување, како и за создавање на еден единствен Илирски народ. За таа цел во Urach близу Tubingen основале илирска печатница, каде што печателе протестантски книги наменети за целото балканско подрачје од Трст до Црно Море. Книгите биле печатени со кирилица, латиница и глаголица. Идејата за балканско културно-политичко единство никогаш дототаш не била поставена врз така јасна, конкретна и цврста акциона програма. Мегисер како интелектуалец, филолог и протестант, уште за време на своите студии во Тубинген, а подоцна за време на својот престој и работа во Фужине и Грац добро се запознава со балканските јазици.
hieronymus-megiser-3Времето на студиите на Хиеронимус Мегисер во Падова, како и неговите истражувачки патувања низ Италија, Малта, Западна Европа, како филолог, историчар, картограф и астроном, се совпаѓа со период кога под влијанието на италијанскиот хуманизам, се повеќе се шират класичните науки и се враќаат античките вредности, се проучува античката историја и филозофија, грчкиот јазик и сл. Во овој период кога Хиеронимус Мегисер ја истражува историјата на Римската империја се повеќе оживуваат спомените за силното старо царство на Александар Македонски, а се појавуваат заборавените антички имиња на Македонија и Илирија. Се печатат картите на александрискиот географ и астроном К. Птоломеј (II век), во кои границите на Македонија биле прилично точно одбележани. Подоцна и основачот на модерната научна картографија Герардус Меркатор (1512—1594) ја изработил и првата карта на Македонија, која била испечатена во Дуизбург во 1589. Во овој период, меѓу 1584 и 1594, во балканската хералдика се појавува и првиот грбовник на Петар Охмучевиќ, во кој се појавуваат и грбовите на Македонија и Илирија, чии имиња не само што се споменуваат, туку се истакнуваат на видно место. Во овој период името на Македонија станува популарно не само за учените луѓе од Западна Европа воопшто, така и за учените луѓе од Хрватска, Босна, Далмација и Дубровничката Република посебно.
Хиеронимус Мегисер е непосреден сведок на времето, кога се работи на обединување и создавање на движење на балканските христијани против Турците. Папата Климент VIII во 1592 година сакал да создаде сојуз против Турција, во кој би влегле Шпанија, Австрија, Полска и Русија. Во овој период Петар Ангел, од Солун, кој бил протеран од Турците, бара од германскиот владател, Рудолф да го застапува кај Папата за да го заштити, потоа христијанска помош од надвојводата Фердинанд Хабзбуршки и Папата бара Охридскиот архиепископ и патријарх Гаврил, како и охридокиот патријарх Атанасија кој стапува во врска со Шпанците и со други европски владетели и им нуди да ги подигне балканските христијани. Во јули 1593 година албанските старешини му пишале на папата Климент VIII дека ќе ги побунат сите Албанци против Турците. На тоа писмо бил удрен печат со следниов напис: „Ѕigillum Regni Macediniae еt Albaniae”.
hieronymus-megiser-2Целокупното знаење Хиеронимус Мегисер, собрано за време на неговата истражувачка работа подоцна ќе се најде во неговите дела. Издава повеќе дела од кои за балканските народи се посебно значајни речниците. Како филолог кој добро владее со германскиот, италијанскиот, латинскиот, јазиците на словените и други, тој ги издава двата речника: „Dictionarium quatuor linguarum“ - Грац, 1592 г. и „Thesaurus Polyglottus / Dictionarium Multilingue“ – Франкфурт, 1603 г., Во своите речници, Магисер за првпат го третира словенскиот јазик, под името илирски, подеднакво со германскиот, латинскиот, италијанскиот јазик и т.н. Овие речници, кога се работи за балканските народи се од ислучително значење посебно за Словенечкиот и Хрватскиот народ, но не помалку и за македонскиот јазик. Во обидите за создавање на општ балкански јазик под општо име илирски јазик покрај словенечки и хрватски, често пати се сретнуваат и македонски зборови.
Така во своето своето дело „Thesaurus Polyglottus / Dictionarium Multilingue“, кое е со многу различен формат од првиот, а каде главниот збор во секој случај е германскиот и латински јазик, а потоа вертикално со зборови во асортиман на јазици, за проблемите на толкувањето на зборовите во различен стил ("Prob einer Verdolmetschung in funfizig unteschiedlichen Spraechen"), прави дистинкција на четирите главни јазични матрици како: BOGE еквивалент на Бог, Боже (на словенски), GODT на германски, DEUS на латински и THEUS на грчки. На пример hieronymus-megiser-4на почетната страна каде го има Давидов псалм XXI кој гласи : „Боже мој ,зошто ме остави„ и е преведено на 21 јазик од кој еден од тие јазици е и македонски јазик или поточно makedonisch на германски и makedonise на латин ски, се вели: "Boge Boge moi vienimi,vesniu me ostavi".
Сепак првиот четиријазичен речник на Хиеронимус Мегисер„Dictionarium quatuor linguarum“, објавен 1592 година во Грац, станува доста поинтересен при разгледувањето од аспект на појавата на грбовите на балканските народи на самиот почеток на книгата, меѓу кои и македонскиот, како и на употребата на македонски зборови. Појавата на балканските грбови на мала минијатура, со кои го украсува речникот на самиот почеток, само најавува дека овде се работи на создавање на општ балкански јазик, што може да се види и од одбраните различни словенски зборови (најмногу словенечки и хрватски, потоа далматински, македонски и др.) како еквивалнтни на германскиот, латинскиот и италијанскиот јазик.
Овој четиријазичен речник започнува со германски збор, по што следи, латински, словенски и италијански јазик.
Ќе посочам неколку примери, каде сметам дека се употребени македонски зборови, но сепак конечниот суд треба да го дадат македонските јазични експерти, како и хералдичарите за самата минијатура. На пример: 1) superstitio – крива вера; 2) explicatio – излага; 3) vetus – стар, 4 senectus – старост< 5 vetula – стара жена, баба 6) cinis – пепел, прав
За жал кај нас многу малку се пишува или зборува на оваа тема. Се надеваме дека со ова дадовме еден мал допринос кон оваа проблематика или пак инициравме посистематично истражување во овој правец.
hieronymus-megiser-5
Автор:
Андонов Благојче
извор: Дражен Будиша „Старословенскиот наречен македонски јазик во 1603 година“ |
Mungose, kade tochno pishuva za makedonski jazik, oti se pregledav i takvo neshto ne vidov.
|
Најдобро да ги прашаш авторите на статијата,за она што тебе не ти е јасно.Јас не сум авторот за да ти објаснам.
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
 |
Каснакоски
Сениор
Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Септември.2010 во 17:08 |

Македон
Сениор
Caesar Constantinus
Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Септември.2010 во 00:28 |
Macedoniansss напиша:
ПС: Буквата Іі е кирилската, истата коіа се користи во украинскиот и е уникод. Не е латиница. |
Самиот велиш, се употребува во украинскиот јазик. Како што кажав пред малку, на форумот доколку се пишува на кирилица, задолжителна е употребата на македонското кирилско писмо, а не на другите кирилски писма.
Истотака, единствен јазик на кој може да се пишува е македонскиот јазик и неговите дијалекти. Забрането е пишување на јазик и писмо, различни од македонскиот јазик и писмо. Прочитај ги правилата повторно, а истотака и соопштението на овој подфорум.
|
 |
Macedoniansss
Нов член
Регистриран: 14.Септември.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 5
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Септември.2010 во 20:19 |
За глаголицата не наідов, но за развоіот наідов ама малку сте дискутирале. Повеќе сте се задржале за іатот, коі и не е така голем пропуст што го немаме. Добри теми се развоіот на останатите букви, особено тие кои Бугарите мислат дека се измислени во 1945, а не знаат дека кога го оставиле турскиот іазик ги изучувале буквите Діерв и Ѕіало. За глаголицата може да дискутираме, тоа е добра тема. Инаку, зборот аз нема врска со денешниот бугарски збор, прочитаі па лупаі.
ПС: Буквата Іі е кирилската, истата коіа се користи во украинскиот и е уникод. Не е латиница.
Изменето од Macedoniansss - 17.Септември.2010 во 20:25
|
... колку сме, толку сме, токму сме!
|
 |
d4 b3
Сениор
не можам да си дозволам неактуеленпотпис
Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Септември.2010 во 13:33 |
e pa eve latincite valat alfabet
od alfa beta
oti kaj vas em em
|
 |
Македон
Сениор
Caesar Constantinus
Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Септември.2010 во 13:30 |
d4 b3 напиша:
nie velime azbuka poradiazbukivediglagolidobroekaj vas e:jasbukvivediglagolidobroe
|
Глаголското писмо секаде е исто. Тоа што кај нас не се задржал зборот аз и во разговорниот јазик е друго прашање. Впрочем, ниту вие, ниту било кој друг, не го употребува старословенскиот јазик во секојдневниот живот и не пишува со глаголската азбука при комуникацијата со други луѓе.
Изменето од Македон - 17.Септември.2010 во 13:31
|
 |
d4 b3
Сениор
не можам да си дозволам неактуеленпотпис
Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Септември.2010 во 13:25 |
nie velime azbuka poradi
az buki vedi glagoli dobro e
kaj vas e:
jas bukvi vedi glagoli dobro e
|
 |
Македон
Сениор
Caesar Constantinus
Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Септември.2010 во 13:19 |
d4 b3 напиша:
ushte neznam oti kaj vas vikate "azbuka" koga trebe da vikaate "jasbuka"ova e nekoj fenomen
|
Поради почетните букви на глаголицата ние велиме азбука, тоа ти го имам кажано и другпат.
|
 |
d4 b3
Сениор
не можам да си дозволам неактуеленпотпис
Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Септември.2010 во 13:00 |
ushte neznam oti kaj vas vikate "azbuka" koga trebe da vikaate "jasbuka"
ova e nekoj fenomen
|
 |
Македон
Сениор
Caesar Constantinus
Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Септември.2010 во 12:46 |
Macedoniansss напиша:
Дали на овоі (или може на некоі друг) сте разговарале за глаголицата како прво словенско писмо? Или за самиот развој на македонскиот фонетски систем, македонската азбука и правопис? Ако не, интересна тема е тоа, особено за глаголицата и за самиот развој на азбуката. Има што да се каже за денешната азбука и неізините букви. Поздрав |
За развојот на азбуката се говори токму на оваа тема, па дури и за глаголицата, а истотака има и тема "Свети Кирил и Методиј", но таму повеќе се говори за мисиите на светите браќа.
Истотака на овој подфорум има и тема "Свети Климент Охридски", па и таму можеби ќе најдеш нешто интересно.
Во секој случај, гледам дека не ја пишуваш буквата J и наместо тоа пишуваш латинично i. Доколку пишуваш на кирилица, согласно правилата, треба да се пишува на македонското кирилско писмо.
|
 |
Macedoniansss
Нов член
Регистриран: 14.Септември.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 5
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Септември.2010 во 00:39 |
Дали на овоі (или може на некоі друг) сте разговарале за глаголицата како прво словенско писмо? Или за самиот развој на македонскиот фонетски систем, македонската азбука и правопис? Ако не, интересна тема е тоа, особено за глаголицата и за самиот развој на азбуката. Има што да се каже за денешната азбука и неізините букви. Поздрав
|
... колку сме, толку сме, токму сме!
|
 |
Македон
Сениор
Caesar Constantinus
Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Септември.2010 во 00:42 |
Macedoniansss напиша:
А што е работата во последно време не коментирате за некои интересни работи за македонскиот іазик, бидејќи денес се зачитав и видов дека баеѓи имате дискутирано за оваа тема. Баш инетересна ми е темава и многу ми е мило што некои се заинтересирале за оваа тематика. |
Добредојде на форумот, ти пожелувам пријатни мигови овде.
Не коментираме бидејќи се обидуваме да дојдеме до дополнителни материјали, за да можеме да коментираме.
|
 |
Macedoniansss
Нов член
Регистриран: 14.Септември.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 5
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Септември.2010 во 23:06 |
А што е работата во последно време не коментирате за некои интересни работи за македонскиот іазик, бидејќи денес се зачитав и видов дека баеѓи имате дискутирано за оваа тема. Баш инетересна ми е темава и многу ми е мило што некои се заинтересирале за оваа тематика.
|
... колку сме, толку сме, токму сме!
|
 |
Македон
Сениор
Caesar Constantinus
Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Септември.2010 во 18:16 |
емил напиша:
И јас имам претензиите да го зборам Македонскиот јазик правилно и највеќе литературно.Ми е направили впечаток дека во соответните области народот збори местниот диалект.Зошто е така? |
Кај нас дијалектите се почитуваат мошне многу, па сите говорат на својот дијалект, освен, секако, на официјално ниво. Дијалектите се столб на нашиот јазик, затоа таа појава е мошне нормална.
Во Скопје, речиси секој го зборува нашиот говор, а ова особено е застапено кај постарите. Сите постари говорат на скопскиот говор. Јас искрено, надвор од дома и не говорам на скопскиот говор, говорам на стандарден јазик,а дома само баба ми и татко ми го говорат карактеристичниот скопски дијалект, јас помалку, освен со нив некогаш.
П.С. Правилно се вели и јас имам претензии, а не претензиите и македонски (истото важи и за зборот македонско) јазик се пишува со мало м. Со големо М се пишува Македонец/Македонка и Македонија.
|
 |