IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - КУЛТОТ ЗА МАРИЈА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КУЛТОТ ЗА МАРИЈА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3637383940 60>
Автор
Порака
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2008 во 19:14
Прво - не култивизираме (како што велиш, иако не е правилен термин) никого. Не е тоа култ кон Богородица, туку почит кон неа.
Како е грешно или спротивно на Библијата, тоа што оддаваме почит на неа - па макар и да не било тоа сторено ни од Исус, ни од Апостолите? Зарем не смееме да изразиме восхит од нејзината чистота и од подвигот кој таа го направила - го родила Бог Исус Христос и потоа гледала како нејзиното чедо умира за нашите гревови?
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2008 во 19:50

Не е тоа почит, туку култивизирање. Почит кон Марија се изразува со зборвите блажена и благословена, а не и со зборовите: "пречиста, пресвета, најголема, пославна од херувими и серафими, спасителка, владичица" итн. Ова е идолопоклонство, а не почит. Самата Марија ќе ве искара еден ден што сте ја поистоветувале со Бог!

И зошто вака не го почитувате и Јован Крстителот? Зошто него не го нарекувате пресвет, пречист, најголем, владетел, пославен и почесен од херувими серафими итн? Зошто него не го величате така? Па нели самиот Христос го потврди него како најголем меѓу луѓето (поголем и од Марија), зарем Самиот Христос не го нарече него "повеќе и од Пророк"?
Култ! Култ! Култ!
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
bile_teo Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 23.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bile_teo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2008 во 21:33
[QUOTE=EvAngelos]

Не е тоа почит, туку култивизирање. Почит кон Марија се изразува со зборвите блажена и благословена, а не и со зборовите: "пречиста, пресвета, најголема, пославна од херувими и серафими, спасителка, владичица" итн. Ова е идолопоклонство, а не почит. Самата Марија ќе ве искара еден ден што сте ја поистоветувале со Бог!






А што означува самото име на Пресвета Богородица? Марија? Што значи? Пречиста, Предивна, Преблагословена. Не ја сметаме за идол и не врши ерес. Еве ти нешто за тебе.
Приснодева Богородица

Сето догматско учење за Владичица наша е искажано во две Нејзини имиња: Богородица (Theotokos) и Приснодева (aiparthenos). Двете имиња се католично признати, и двете се прифатени од Вселенската Црква. За девственото Рождество на Спасителот директно говори Новиот Завет; тој догмат е неодвоив дел од црковното Предание. „...Кој се воплоти од Дух Свети и Дева Марија“ – се вели во Символот на верата. И тоа не е проста констатација на историски факт. Тоа е вероучително тврдење, исповедање на верата. Името „Приснодева“ формално е прифатено на Петтиот Вселенски Собор (553 г.). „Богородица“ е нешто повеќе од име или пофално величање. Тоа е догматска определба во еден збор.


Богомајчинство и Богочовештво

Името „Богородица“ истакнува дека Родениот од Марија не е „обичен човек“, не е човечка личност, туку е Единороден Син Божји, Еден од Света Троица. Тоа е аголен камен на христијанската вера. Да се потсетиме на халкидонската формула: „... верувам во едниот Господ Исус Христос, Синот Божји Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови..., Кој заради нас луѓето, и заради нашето спасение слезе од небесата, и се воплоти од Светиот Дух и Дева Марија, и стана човек“. И така, нагласката се става на целосната идентичност на личностите


Учењето за ипостасното единство меѓу Синот Божји, роден од Отецот пред сите векови, и Родениот од Дева Марија ја вклучува во себе и концепцијата за Богомајчинството. За голема жал. Во наше време тајната на Воплотувањето премногу често се толкува апстрактно, како некаков апстрактен метафизички проблем или дијалектичка загатка. Богослов којшто зборува за Воплотувањето, со необична леснотија влегува во лавиринтите на расудувањето за конечното и за бесконечното, за вечното и за временското, означувајќи ги со тие зборови само логичките и метафизичките односи и, занесен со дијалектиката, заборава на главното. Тој заборава дека Воплотувањето, пред сè, е дејствување на Живиот Бог, негово личносно проникнување во тварното битие, „нисходење“ на Божествената Личност, на личносниот Бог. Во голем број денешни обиди да се изложи верата на Преданието на современ јазик, се чувствува суптилен, но забележлив мирис на докетизам. Современиот богослов толку енергично ја нагласува Божественоста на Воплотениот, што Неговиот земен живот останува во некоја сенка, претворајќи се во „Инкогнито на Синот Божји“. Очигледно е дека за тие автори не постои апсолутен идентитет меѓу Синот Божји и историскиот Христос. Сето воплотување се сведува на символи: Воплотениот Господ се разгледува како инкарнација на некаков Божествен принцип или идеја (Гнев Божји или Љубов, Одмазда или Милост, Суд или Проштевање), но не како Жива Личност. Личносниот аспект се измолкнува или намерно се игнорира, зашто идејата – дури и идејата за Љубов или Милосрдие – не може да му обезбеди на човекот синовство Божјо: тоа може да го направи само Воплотениот Господ. Нешто реално и мошне важно се случило со човекот и заради човекот, кога Словото Божјо „станало тело и пребивало со нас“, или, поточно, „се вселило во нас“, eskinosen en imin, - според живописниот израз на апостолот Јован (Јован 1:14).


Единствена врска

„Но кога се исполни времето, Бог го испрати Својот Син, Кој се роди од жена“ (Галатјаните 4:4). Така Писмото ја потврдува онаа вистина за која се бореле отците на Црквата во Халкидон. Но, кое е точното значење и смислата на тие зборови: „се роди од жена?“ Мајчинството – дури и чисто човечко – не се исцрпува само со фактот на физичкото раѓање. Само оној што пребива во целосна заслепеност не може да го забележи духовното значење на раѓањето. Самото раѓање воспоставува особена духовна врска меѓу мајката и детето. Таа врска е единствена и неповторлива. Нејзина основа е – приврзаноста и љубовта. Можеме ли, говорејќи дека нашиот Господ е „роден од Дева Марија“, да заборавиме на таа љубов? Во ова прашање, како и во христологијата воопшто, не се дозволени никакви докетски отстапувања. Се разбира, Исус бил (и останува) Вечен Бог, но Тој се воплотил, и Марија е – Негова Мајка во целосна смисла на тој збор. Во спротивно, воплотувањето би било лажно. Но, тоа значи дека едно човечко битие е поврзано со Господа со особени и мошне тесни врски: говорејќи директно, за тоа човечко битие Исус е не само Господ и Спасите, туку и Син.
Од друга страна, Марија била вистинска Мајка на своето Дете, и тоа што е Таа Мајка и на човек, не е помалку важно од тоа што е Таа Мајка на Бог. Детето на Марија било Бог. Но, исклучителноста на ситуацијата не ја намалило духовната страна на Нејзиното мајчинство, исто како што и Божеството на Исус не Му пречело да биде вистински човек и да ги доживува синовските чувства како одговор на Нејзината мајчинска љубов. И тоа не се бесмислени расудувања. Недозволено е да се проникнува во светата тајна на единствените, неискажани релации на Марија со Нејзиниот Божествен Син. Но, уште помалку е дозволено да се прескокнува таа тајна со апсолутно молчење. Како и да е, би било крајно осакатено во Мајката на Господа да се гледа само физички инструмент за Негово облекување во плот. Таквиот поглед не само што е ограничен и богохулен, тој уште од најраните времиња е формално отфрлен од страна на Црквата. Богомајката не е „канал“ преку кој Господ се појавил во светот, туку вистинска Мајка од Која Тој ја добива Својата човечка природа.


Предвечен избор

Марија „нашла милост пред Бога“ (Лука 1:30). Таа била избрана да послужи за тајната на Воплотувањето. Со тој предвечен избор и предназначеност, Таа во извесна мера била одвоена од човештвото, издвоена од созданието. Може да се каже дека Таа е поставена над сета твар. Таа е претставничка на човечкиот род, но во исто време и го превасходи. Во тој Божествен избор се содржи противречност. Марија е издвоена од човештвото. Уште пред Воплотувањето, како идна Мајка на Воплотениот Господ, Таа се наоѓа во особени и неповторливи релации со Бога, со Света Троица, зашто тоа што се случувало со Неа не е само обичен историски настан, туку исполнување на предвечната Божја одлука. Во Божествената икономија на Спасението Таа има Свое особено место. Преку Воплотувањето човекот повторно го стекнува единството со Бога, разурнато и уништео со падот во грев. Осветеното човештво на Исус станало мост преку гревовната шир. А човештвото Му ја дало Дева Марија. Самото Воплотување му открило нов пат на човештвото, означило почеток на ново човештво.   


Во Воплотувањето е роден „Последниот Адам“ – навистина, Човек, но сепак повеќе од само човек: „Втор човек – Господ од небото“ (1 Коринтјаните 15:47). И Марија, како Мајка на тој „Втор Човек“, непосредно учествува во таинството на искупителното пресоздавање на светот. Се разбира, Таа влегува во групата искупени, Таа пред сите други го добива Спасението. Нејзиниот Син е Нејзин Искупител и Спасител, како и Искупител на целиот свет. Но, само за Дева Марија Искупителот на светот е – Нејзин Син, Дете коешто таа Го носела и Го родила. Исус е роден „не од крв, ни од похот машка, а од Бога“ (Јован 1:13) – (овој стих се однесува и на Воплотувањето, и на преродбата на човекот во крштевањето) – но со тоа Тој, во најдиректна смисла на зборот, не е ништо помалку „плод на утробата“ на Марија. Неговото натприродно раѓање е образ и извор на ново постоење, ново, духовно раѓање на сите верници, коешто, всушност, е посинување од Бога – учествување (во Неговиот живот) на осветеното човештво, на „Вториот Човек“, на „Последниот Адам“.


Мајката на „Вториот Човек“, несомнено, влегува во новиот живот на Свој, особен начин. И нема да биде премногу смело ако кажеме дака за Неа Искупувањето било на некаков начин предвестено во самото Воплотување. „Светиот Дух ќе слегне на Тебе, и силата на Севишниот ќе те осени“ (Лука 1:35). Ова е вистинско „богојавление“ во полнотата на Духот и на благодатта. „Осенувањето“ е теофаниски израз и теофаниски символ. И Марија навистина е благодатна, исполнета со благодат. Благовештение за Неа е предвестување на Педесетницата. Непојмливата логика на Божествениот избор нè поттикнува на ова смела споредба. Ние не можеме да го разгледуваме Воплотувањето како некаков метафизички трик кој немал никакво влијание врз судбината на луѓето коишто на еден или друг начин учествувале во него. Бог никогаш не го користи човекот како што тоа го прави некој мајстор со своето орудие. Секој човек е жива личност. Света Дева не се претворила во „инструмент“ кога била осенета со силата на Севишниот. Се разбира, особената положба на Светата Дева не е Нејзино лично „достигнување“, не е награда за „заслуги“ и не е „аванс“ во предвидувањето на Нејзините идни заслуги и добродетели. Тоа е слободен дар Божји, во директна смисла. Тој избор е превечен и апсолутен, макар што не е и безусловен – тој е обусловен со тајната на Воплотувањето. Марија зазема особено место во светот не просто како Дева, туку како Дева-мајка - parthenomitir, Мајка на Господа. Нејзината улога во Воплотувањето е двојна. Од една страна, Таа ја обезбедува непрекинатоста на човечкиот род. Нејзниот Син по Своето „второ раѓање“ е – Син Давидов, Син Авраамов и на сите „праотци“ (тоа е нагласено во сите варијанти на родословот).


Воплотувањето е слободно Божјо дејствување, но тоа ја открива не само Божјата семоќност, туку, пред сè, и Неговата татковска љубов. Бог уште еднаш се повикува на човечката слобода – како што се повикал на неа во почетокот на времето, создавајќи разумни битија. Иницијативата, се разбира, Му припаѓа на Бога. Меѓутоа, бидејќи начинот на спасението, избран од Бога, се состои во соединувањето на Божествената личност со човековата природа, човекот не може да остане пасивен набљудувач во тоа таинство. Преку устата на Марија, преставничката на сето човештво, сиот човечки род се одзвал на искупителната одлука на Божествената љубов. Зашто, во Себе, во Својата личност, Марија го претставува сето човештво. Покорното и радосно прифаќање на Искупувањето било слободно. Се разбира, таа слобода не претпоставува иницијатива – но сепак е тоа вистинска слобода, слобода на љубов и на поклонување, на смирение и на доверба, слобода на соработување – тоа, всушност, и е човекова слобода. Благодатта Божја не може да му биде, така да се каже, механички наложена на човекот. Таа треба да биде слободно примена во смирение и послушание.


И Дева Марија е ќерка на Ева

Марија е избрана за да стане Мајка на Воплотениот Господ. Ние треба да претпоставиме дека Таа била подготвена за тоа необично служење – подготвена од Самиот Бог. Можеме ли да утврдиме во што е суштината и карактерот на таа поготовка? Тука се судруваме со една антиномија, за која веќе спомнавме. Пресвета Дева е претставничка на сиот човечки род, односно на паднатото човештво, на „Стариот Адам“. Но, таа, исто така, е и „Втора Ева“. Со неа започнува ново поколение. На предвечниот Божји совет таа е издвоена од човештвото, но тоа „издвојување“ не ја раскинува Нејзината суштинска врска со човечкиот род. Може ли да се вклопи овааа таинствена противречност во логична шема? Римокатоличката догма за непорочното зачнување на Дева Мерија (т.е., за Нејзино непорочно зачнување од Нејзините родители; забел. на прев.) претсваува смел и благороден обид да се најде решение. Но таквото решение има смисла само во контекстот на особено и, во корен, невистинито поимање за првородниот грев кај католиците. Строго говорејќи, оваа „догма“ претставува само непотребно усложнување, а нејзината неуспешна терминологија ја затемнува неспорната вистина на католичката вера. „Привилегијата“ на Богомајчинството не се гради на „ослободеноста од првородниот грев“.


Навистина, на Пресвета Дева ì е дадена полнотата на благодатта, и Нејзината лична чистота се задржала под раководство на Светиот Дух. Но самото тоа не избавува од грев. Гревот е уништен дури на Крсното Дрво, а до Крстот тој бил обична и сеопшта состојба на човештвото, и не можело да стане збор на никаква „ослободеност“ од него. Гревот не бил уништен дури ни со Воплотувањето, макар што тоа само по себе претставува манифестација на ново Создавање. Воплотувањето бикло само основа, „појдовна точка“ за искупителното дело на Господ. И самиот „Втор Човек“ влегува во полнотата на Својата слава низ вратата на смртта. Искупувањето е сложен чин, во кој мора да разликуваме одделни елементи, макар што на предвечниот Божји совет тоа било замислено и решено во сета полнота. Проектирано на временската оска, искупителното дело се раздвојува на одделни стадиуми, коишто се отсликуваат еден во друг, а конечното извршување се навестува и се предобразува во секој од нив. Во Искупувањето постои една историја, и таа се движи кон напред. Марија како Мајка на Воплотениот ја стекнала благодатта на Воплотувањето, но тоа не е апсолутна полнота на благодатта, зашто усште не се исполнило Искупувањето. Но, личната праведност е можна и во неискупен свет, а уште повеќе во свет во кој се извршува Искупувањето. Вистинскиот богословски проблем е проблемот на Богоизбраноста. Во Воплотувањето Мајка и Дева нераскинливо се поврзани. Воплотувањето е – пресвртница на историјата, а секоја пресвртница неизбежно е противречна: во неа се соединети старото и новото. Понатаму е – молчење. Да го оставиме расудувањето и да го созерцуваме со трепет пројавувањето на Тајната.


Моралното совршенство на Дева Марија

Внатрешното искуство на Марија е сокриено од нас. Според самата природа на тоа искуство, тоа не му е достапно на никој друг. Тоа е – тајна на личноста на Пресвета Дева. И Црквата, говорејќи за Марија, избегнува догматски дефиниции. Таа прибегнува кон јазикот на молитвената пеозија, јазикот на антиномиски образи и метафори. Нема ниту причина, ниту потреба да се претпоставува дека Пресвета Дева наеднаш ја реализирала сета полнота, сето богатсво на благодатта, што ì беше дадена од Господа. Нема ни потреба, ни причина да се смета дека „полнотата“ на благодатта во дадениот случај се прима аритметички и означува собирање на сите можни совршенства и на сето многуобразие на духовните дарови. Зборот „полнота“ се однесува на Марија: тоа била полнота за Неа; Таа била полна со благодат. И тоа била лична, особена благодат, благодат на Божјата Мајка, на Девомајка, на „Невеста Неневеснаја“. Се разбира, Таа има и Свој духовен пат, личен раст во благодатта. Нејзе сето значење на тајната на Спасението ì се открива постепено. И Таа учествува во Крсната Жртва: „А и на Тебе Самата меч ќе ти ја прободе душата“ (Лука 2:35).    


Силната светлина блеснала дури во Воскресенеието. До тогаш и Христос не бил уште прославен. По Вознесението ја гледаме Пресвета Дева среде Апостолите, во центарот на растечката Црква. Несомнено е едно: впечатокот (ако можеме така да се изразиме) од ангелската посета, Благовестието за чудесната тајна и нејзиното исполнување, Пресветата Дева сиот свој живот го чувала во Своето срце. А, и можело ли да биде поинаку? Да повториме уште еднаш: суштината на Нејзиното искуство е сокриена од нас. Но ако ние сосема се откажеме од барањето на благочестивите претпоставки, нема ли тоа да биде предавство на самата тајна? „ А Марија ги пазеше сите тие зборови во Своето срце“ (Лука 2:19). Сиот нејзин внатрешен живот бил сосредоточен околу тој настан. Зашто, тајната на Воплотувањето, несомнено, е тајна на Нејзината личност. Нејзината положба во овој свет е уникална и исклучителна, и со Своите лични квалитети Таа морала да му соодветствува. Во тоа е суштината на Нејзиното лично совршенство, наречено „Приснодевственост“. Марија е – Дева. Девството тука не е просто физичка состојба. Тоа, во прв ред, е особено внатрешно чувство на светот, без кој телесната девственост не носи никаква полза. И името Приснодева, секако, се однесува не само и не толку на областа на физиологијата. Тоа се однесува не само на девственото раѓање и не го означува само тоа дека Таа и по тој настан продолжила безбрачен живот. Тоа пред сè го отфрла секој „еротски“ елемент на душевниот живот, секакви сетилни и себељубиви желби и страсти, секое расејување на срцето и на умот. Телесната девственост е само надворешнен знак на духовната целовитост и на чистотата – зашто само чистите по срце, кажано е, „ќе го видат Бога“.


Девственоста е слобода од страстите, вистинска apathia, којашто ја сочинува суштината на духовниот живот. Слободата од страстите и од „нагоните“ (epithimia) – е слобода од власта на „помислите“, несклоност кон зло. Душата на Марија е потчинета само на Бога, се стреми само кон Него. Сите Нејзини помисли и желби се насочени кон предмети достојни на посакување и на приврзаност. Таа не ги познава страстите (thimos). Таа ја запазува девственоста на умот, душата и телото. Тоа е целосно свртување кон Господа, целосно посветување на Себеси, на сиот Свој Живот на Бога. Да се биде вистинска „Слугинка Господова“ всушност и значи да се биде Приснодева, којашто нема плотски стремежи. Духовната девственост е безгрешност – но сепак не е „совршенство“ и не е солобода од соблазни. Дури и Господ наш бил во извесна смисла незаштитен од искушенијата – не случајно сатаната Го искушувал во пустината.


И нашата Владичица, веројатно, имала Свои искушенија, но Таа ги победувала со цврста вера и со верност спрема Бога. И обична, земна мајчинска љубов во својата највисока точка се претвора во духовно поистоветување со своето дете – чувство коешто во себе вклучува и самоодрекување, и жртва. А Марија, секако, го сакала Својот Син исто толку колку што и секоја обична мајка го сака обичното дете. Нејзиниот Син ќе биде голем, и ќе биде наречен Син на Севишниот (Лука 1:32). Очигледно, Тој е „Оној што треба да дојде“, Месијата (Лука 7:19). Марија не можела а да не ја разбере смислата на сето она што се случува со Неа – но, најверојатно, го разбирала тоа постепено, со тек на времето, собирајќи ги таинствените ветувања во Своето срце. За Неа спостоел само еден пат. Таа била исполнета со една мисла – за послушание спрема Бога, Кој „ја погледа смиреноста на слугинката Своја“ (Лука 1:48) и ја возвелича. Апостол Павле така и ја опишува состојбата и красотата на девственоста: „неомажената се грижи за Господови работи – како да Му угоди на Господа“ (1 Коринтјаните 7:34). Врв на тоа девствено служење е – светоста на Приснодева, Пречиста и Пренепорочна.


Изменето од bile_teo - 27.Септември.2008 во 21:37
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2008 во 23:02
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Самата Марија ќе ве искара еден ден што сте ја поистоветувале со Бог!


Прво не сме ја поистоветиле со Бог никаде и никогаш - нешто не си разбрал изгледа...
А од друга страна - во последно време нешто премногу се расфрлаш со тези кој каде ќе заврши, кој на кого ќе се искара, кој за што ќе биде осуден... Од каде знаеш ти? Ти го шепнаа ова? Од каде ти дојде тебе правото и чистотата за да судиш други? Зарем не беше самиот Бог оној кој рече дека тој без грев треба да го фрли првиот камен - а дури ни Тој не фрли камен, туку прости и помилува...? А ти изигруваш и обвинителство и судија... Помисли ти самиот малку околу карањето и опомените...
Do what is right, come what may...
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2008 во 23:02
Биле Тео - благодарам за текстот, одлична информација.
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2008 во 03:29
Originally posted by bile_teo bile_teo напиша:


А што означува самото име на Пресвета Богородица? Марија? Што значи? Пречиста, Предивна, Преблагословена.
 
Леле аргументивеее хаха, фрчат, промаја шиба, но кутрите вие, штом немате поткрепа во Библијата за нејзиниот култ, се рабзира дека ќе се фаќате и за етимологијата на името "Марија".
Прво, името Марија не значи ни пречиста, ни предивна, ни пребрагословена, туку значи: спротиставување, отпор, бунт, побуна или според друг корен на зборот: горчина т.е. море од горчина.
Второ, што и да значи зборот, не заборавај дека таа не била единствената што го носела тоа име. Името "Мариа" (Мирјам) било едно од најчестите имиња на еврејките. А сепак вие, од сите Марии, само Марија ја превозвишувате.
Трето, а што да кажеме за името "Михаел" што во превод значи "Оној што е како Бог"? Дали тоа е причина да го славиме овој како да е Бог, бидеќи тоа му значи името?  До каде ќе ве одведе оваа логикатајм%20аут
 
Другите работи ти се чиста вонбиблиска филозофија и човечки мудрувања и сувишно е да се реплицира на нив.
 
Originally posted by zidarski zidarski напиша:


Прво не сме ја поистоветиле со Бог никаде и никогаш - нешто не си разбрал изгледа...
 
Како не ја поистоветувате со Бог? Ја нарекувате пресвета? А пресвет е само Бог. Ја нарекувате пречиста? А пречист е само Бог? И се молите? Скоро секоја православна девојка што сум ја слушал како се моли вели: "пресвета богородице спаси не", "пресвета богородице чувај не" итн, а Спасител е само Христос.
Зарем не ја нарекувате "Владичица" - небаре рамо до рамо со Христос. Ја славите? Ја величате?
Ете така ја поистоветувате со Бог.
 
Но Бог промислено не ви оставил во Свеото Писмо простор за такво нешто, за да немате утре изговор на Судниот Ден. И ако мене ме прашувате зошто Исус не ја нарекол ниту еднаш "мајко", мислам дека баш затоа, за да не остави ни ронка простор за погрешно толкување на Неговите изјави дека таа Го родила Оној што постои цела вечност пред неа.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2008 во 04:55
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by bile_teo bile_teo напиша:

А што означува самото име на Пресвета Богородица? Марија? Што значи? Пречиста, Предивна, Преблагословена.

 

Леле аргументивеее хаха, фрчат, промаја шиба, но кутрите вие, штом немате поткрепа во Библијата за нејзиниот култ, се рабзира дека ќе се фаќате и за етимологијата на името "Марија".

Прво, името Марија не значи ни пречиста, ни предивна, ни пребрагословена, туку значи: спротиставување, отпор, бунт, побуна или според друг корен на зборот: горчина т.е. море од горчина.

Второ, што и да значи зборот, не заборавај дека таа не била единствената што го носела тоа име. Името "Мариа" (Мирјам) било едно од најчестите имиња на еврејките. А сепак вие, од сите Марии, само Марија ја превозвишувате.

Трето, а што да кажеме за името "Михаел" што во превод значи "Оној што е како Бог"? Дали тоа е причина да го славиме овој како да е Бог, бидеќи тоа му значи името?  До каде ќе ве одведе оваа логикатајм%20аут

 

Другите работи ти се чиста вонбиблиска филозофија и човечки мудрувања и сувишно е да се реплицира на нив.

 

Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Прво не сме ја поистоветиле со Бог никаде и никогаш - нешто не си разбрал изгледа...

 

Како не ја поистоветувате со Бог? Ја нарекувате пресвета? А пресвет е само Бог. Ја нарекувате пречиста? А пречист е само Бог? И се молите? Скоро секоја православна девојка што сум ја слушал како се моли вели: "пресвета богородице спаси не", "пресвета богородице чувај не" итн, а Спасител е само Христос.

Зарем не ја нарекувате "Владичица" - небаре рамо до рамо со Христос. Ја славите? Ја величате?

Ете така ја поистоветувате со Бог.

 

Но Бог промислено не ви оставил во Свеото Писмо простор за такво нешто, за да немате утре изговор на Судниот Ден. И ако мене ме прашувате зошто Исус не ја нарекол ниту еднаш "мајко", мислам дека баш затоа, за да не остави ни ронка простор за погрешно толкување на Неговите изјави дека таа Го родила Оној што постои цела вечност пред неа.



Kutriot ti ce pocekam uste malku da vreskas i da se falis kako ti znaes se a potoa ce ti dokazam deka sepak Biblijata veli poinaku......

Изменето од Templarius - 28.Септември.2008 во 04:57
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
bile_teo Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 23.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bile_teo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2008 во 12:14
...Родителите на своето девојче му го дале името Марија, што на еврејски значи- Возвишена, Возвеличена, Госпоѓа, онака како што им беше речено....

Еве подетaлно

Значи се е јасно, кој има уши нека слуша а не да ги затнува со раце и да ја одбива вистината. Друго се потрудив и според мои сили кажав. Но колку и да се докажува на форумот, и да се кажува вистината која води Кон царството Небесно со сила убавина не бидува. Јас не осудувам никого, и жалам ако бев погрешно разбрана. Бог ќе си суди, а јас го кажувам само она на што предупедуваат светите отци на Правславната Црква, значи ништо од мене. Жал ми е многу ако навредив некого но тоа е вистина. И јас познавав еден другар што беше во секта неправославна ама послем увиде колку бил во заблуда и послем стана најревносен православен христијанин, името не го кажувам, простете. Бог промислил за сите па и за вас. Учете се со Словото Божјо, вистинското Божјо Слово, кое ни ги отвора очите и прогледуваме и јас спознаваме вистината. Тропајте на Божјите врати и ќе ви се отвори, барате и ќе ви се даде. Ама треба да знаете кои се Божјите врати. Бог ке ви каже кои се тие врати, вие само следете го Него оти Господ е Пастир мој(наш) и ништо нема да ми недостасува...(Пс.22).

Неправославните христијани т.е секташите, секако сведувајќи се на своите умствени, ограничени, несовршени сили тие го сведуваат Бога на обичен човек и му придаваат човечки особини. Тоа и не е нешто ново. Старите грчки философи истото го правеле. Па така имаме кај нив богови што се женат, мажат, па грешат... Само тоа може да го поизведе човечкиот непросветлен и несовршен ум. Пак ке речам кој има уши нека слуша.

Бидете поздравени во Христа.

Изменето од bile_teo - 28.Септември.2008 во 12:31
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2008 во 13:47

Мислам дека го откривме и 3-от ник на, до сега, 2 пати банираната Asya газење%20од%20смеење

Отпрво претпоставував дека е она, но кога видов како немајќи контра аргументи и библиска подршка за своите православни догми веднаш посегнува по навреди притоа дрско нарекувајќи ги библиските христијани "секташи", сега сум сигурен дека е она намигнување
 
Originally posted by bile_teo bile_teo напиша:

...Родителите на своето девојче му го дале името Марија, што на еврејски значи- Возвишена, Возвеличена, Госпоѓа, онака како што им беше речено....
 
На еврејски "возвишена" се вели: масах или сагаб - што благе везе нема со Мирјам.
На еврејски "госпоѓа" се вели: г'берет - што повторно благе везе нема со Мирјам.
 
Од дргуга страна, на еврејски "горчина" се вели: мара, марах, а пак море на еврејски се вика: јам, и ако ги споиме овие два еврејски збора мара-јам (горчливо море/ море од горчина) го добиваме коренот на зборот Мирјам (Марија), токму како што наведов јас погоре намигнување
 
Еве ти и доказ дека "горчина" на еврејски се нарекува "марах".
 
"Дојдоа до Мара, но не можеа да пијат вода во Мара, зашто беше горчлива; затоа и го нерекле тоа место Мара."
(Излез 15:23)
 
Дали успешно го разбивме и култот на името "Марија"? трепкање
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2008 во 14:59
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Мислам дека го откривме и 3-от ник на, до сега, 2 пати банираната Asya газење%20од%20смеење


Отпрво претпоставував дека е она, но кога видов како немајќи контра аргументи и библиска подршка за своите православни догми веднаш посегнува по навреди притоа дрско нарекувајќи ги библиските христијани "секташи", сега сум сигурен дека е она намигнување

 

Originally posted by bile_teo bile_teo напиша:

...Родителите на своето девојче му го дале името Марија, што на еврејски значи- Возвишена, Возвеличена, Госпоѓа, онака како што им беше речено....

 

На еврејски "возвишена" се вели: масах или сагаб - што благе везе нема со Мирјам.

На еврејски "госпоѓа" се вели: г'берет - што повторно благе везе нема со Мирјам.

 

Од дргуга страна, на еврејски "горчина" се вели: мара, марах, а пак море на еврејски се вика: јам, и ако ги споиме овие два еврејски збора мара-јам (горчливо море/ море од горчина) го добиваме коренот на зборот Мирјам (Марија), токму како што наведов јас погоре намигнување

 

Еве ти и доказ дека "горчина" на еврејски се нарекува "марах".

 

"Дојдоа до Мара, но не можеа да пијат вода во Мара, зашто беше горчлива; затоа и го нерекле тоа место Мара."(Излез 15:23)

 

Дали успешно го разбивме и култот на името "Марија"? трепкање

 



ODLICEN BIBLISKI ODGOVOR.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2008 во 20:28
Oktoih Sabota na vecer

 

Dogmatik glas 6:

 

Koj nema da te narece blazena, presveta Devo?

Koj li nema da go vospee tvoeto precisto rozdestvo?

Za sto edinorodniot Sin, koj vecno svetli od Otecot, Istiot mina niz tebe, neiskazlivo (neizreceno) ovoplotuvajki se,

Koj e Bog po priroda: a zaradi nas postana i covek po priroda:

Koj ne se deli na dve lica, no se poznava neslieno vo dve prirodi:

Nego moli Go, cista, seblazena, da gi pomiluva dusite nasi.

 

 


Изменето од zidarski - 29.Септември.2008 во 01:12
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2008 во 22:37
OVIE STIHOVI MI DAVAAT MIR I SPOKOJSTVO, BEZ RAZLIKA KOLKU KE LAES.

11 Блажени сте кога ќе ве навредуваат и гонат и говорат лажно против вас, секакви лоши зборови, заради Мене.

12 Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата, зашто така ги гонеа пророците, кои беа пред вас.
(MATEJ 5:11-12)

NO JAS ZNAM VO KOGO VERUVAM
I UVEREN SUM VO SILATA MU
DA CUVA STO SUM POVERIL
DO POSLEDEN SLAVEN DEN.

Изменето од zidarski - 29.Септември.2008 во 01:12
"Be strong and courageous. Do not be terrified; do not be discouraged, for the LORD your God will be with you wherever you go." - Joshua 1:9
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2008 во 01:13
Тетратка имаш опомена за навредување на членови на форумот. Ако продолжиш така ќе те банирам!
Do what is right, come what may...
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2008 во 01:14
GOSPEL
 
'
Abe ako bobro gi tumacite 5,6,7, gl. Matej vie NOVI APOSTOLI 
 
koj si gi pordadovte vasite imoti ,
 
Koj go namrazivte tatkoto i majkata,
 
koj za po pat ne nosite nisto, a GI KRSTEVATE NARODITE vo imeto na Otecot i Sinot i Sv. Duh...
 
Koj ne ja pokazuvate vasata pravednost pred lugeto ...
 
Koi koga se molite ne ste kako licemerite - btw - se molite so GITARI, ama ne site голема%20насмевка
 
pa duri i postite neleicemerno ...
 
Ne sobirate bogatstva na zemjata ... tuku imate REZERVIRANA KARTA ZA VO RAJOT - SO TO SO STE PROPOVEDNICI ... majkata, големо%20гушкањеdaj i jas da si kupam ...
 
Ako solta ja izgubi silata ...
 
 
 
Pazete se od LAZNITE PROROCI koj doagaat vo ovca koza, a odvnatre se volci grablivi ...( Mat.7, 15)
 
Ponivnite plodovi ke gi poznaete ...
 
 
"Ne sekoj sto mi veli: Gospodi, Gospodi, ke vleze vo carstvoto nebesno, a onoj sto ja ispolnuva voljata na mojot Otec nebesen.
 
MNOZINA KE MI RECAT VO ONOJ DEN : GOSPODI, GOSPODI, NE VO TVOE LI IME PROREKUVAVME? I ZAR VO TVOE IME BESOVI NE IZGONUVAVME? I NE VO TVOE LI IME MNOGU CUDA PRAVEVME?]
 
I TOGAS JAS KE IM KAZAM: NIKOGAS NE SUM VE POZNAVAL - BEGAJTE OD MENE SITE STO PRAVITE BEZZAKONSKI DELA" (Mat. 7, 21-23)
 
sto vrsite bezzakonie
 
i gi sledite vasite misli i srca
vasiot egoizam
podobno na LUCIFER a ne ste predani i poslusni na predanieto - i PISANIETO - (APOSTOLITE)
 
 
Na strasniot sud vasite dela ke ve izoblicat i SUDOT KE BIDE STASEN OD VCASETO BEZAKONIE I HULATA NA MAJKATA BOZJA
!!!
 
APOSTOL LUKA GI NACRTAL PRVITE TRI IKONI NA BOGORODICA!!!
 
 
POZZголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3637383940 60>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,406 секунди.