IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што претставува монаштвото?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што претставува монаштвото?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 97>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2008 во 23:15
Maran Ata, залудно е веќе да се прави дијалог со тебе. Ти воопшто не ги читаш моите коментари. Цело време водиш празен монолог. Јас зборам едно, ти одговараш на друго. Јас ти пишувам што вели Исус, што вели Светото Писмо, што вели Господ лично, а ти цело време зборуваш за мене каков верник сум бил јас, какви карактеристики сум имал бла бла притоа заборавајќи дека јас и ти воопшто не се познаваме среќа
Ме потсети на онаа предизборна дебата меѓу Бранко Црвенковски и Љубчо Ѓорѓиевски, каде Бранко му дојде преку глава од тоа што Љубчо воопшто не збори за својата кампања, својата програма и сл. туку цело време го напаѓа него, и му вели: "Ок, вие зборувајте за мене, а јас ќе зборувам за Македонија!"
Истото ти го велам и јас сега тебе Мараната, ти зборувај за мене, ако сакаш и отвори си тема "Еретикот EvAngelos", а јас упорно и доследно ќе зборувам во името на Божјиот Збор.
Но нема потреба повеќе и библиски стихови да ти наведувам, затоа што оние погоре сметам дека беа доволни да го разобличат митот на монаштвото во Библијата и да докажат дека монаштвото нема свои корени во Новиот Завет и во изворното христијанство.
 
Ти докажав дека еден дел од апостолите биле женети, со тоа ти го разбив митот дека тие биле монаси.
 
"Немаме ли право да водиме жена од сестрите, како и другите апостоли и Господовите браќа, и Кифа?"
(1 Коринтјаните 8:5)
 
Ти докажав дека Петар 30 години после повикот од Христос сеуште си бил со детето, значи го побив митот дека апостолите ги напуштале своите жени.
 
"Ве поздравуваат со вас избраната црква во Вавилон и мојот син Марко."
(1 Петрово 5:13)
 
Ти докажав исто така и дека лично Господ забранува напуштање на жената во Библијата (освен ако таа не изврши прељуба!)
 
"Сврзан ли си со жена? Не барај развод! "
(1 Коринтјаните 7:27)
 
"Зашто Јас го мразам напуштањето на жената - зборува Господ, Израелевиот Бог"
(Малахија 2:16)
 
Ти докажав сум многу цитати дека Христос секогш заповедувал активно евангелизирање т.е. да одиме, а не да седиме и да чекаме да ни дојдат.
 
"Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици"
(Исус во евангелие по Матеј 28:19)
 
Значи Христос тука вели "одејќи", а не "седејќи", а не "бдеејќи" голема%20насмевка
 
"И им рече: „Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание! "
(Исус во евангелие по Марко 16:15)
 
одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно. "
(Исус во евангелие по Матеј 10:7)
 
"Излезе сејач да сее свое семе... семето е Божјото слово."
(Исус во евангелие по Лука 8:5,11)
 
"Ете, Јас ве испраќам како овци меѓу волци; затоа бидете мудри како змии и безопасни како гулаби!"
(Исус во евангелие по Матеј 10:16)
 
"Врвете по Мене и Јас ќе направам да станете рибари на луѓе!"
(Исус во евангелие по Марко 1:17)
 
Што уште да ти докажам? Ако имаш уши за слушање слушај, а ако не, продолжи си да збориш за мене мечтаење
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2008 во 00:54
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА
Глава  18
 
29 Тој им рече: „Вистина ви велам, нема никој што заради Божјото Царство оставил: куќа или жена или браќа, или родители или деца,
 
30 а кој не ќе прими многу повеќе во ова време, а во идниот век - вечен живот.”
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2008 во 01:27
Православие, со сета почит кон тебе, но доколку буквално ги сфатиме овие стихови и потоа ги споредиме со погоре наведените стихови (во постот на ЕвАнгелос) ќе дојдеме до една неточна констатација. Некој отстрана ако не следи ќе помисли дека Библијата е контрадикторна, т.е. дека на едно место вели едно а на друго место вели нешто сосема друго. Дајте како Христијани да си ги усогласиме нашите ставови.
Конкретно за стихот кој ти го наведе, се прашувам: дали Исус навистина би сакал јас да ги оставам моите најблиски на улица и да тргнам по Него? Каде е овде љубовта? Зар Тој не ги напушти небесата за да дојде овде меѓу нас? Тоа е вистинска љубов! Да се лишиш самиот себе од нешто заради некој друг. Така и јас би го жртвувал духовниот мир кој (можеби) би го добил во некој манастир за да можам овде да работам меѓу луѓето. Патем тоа не е моја одлука туку таква е Божјата волја. Тој така ни заповеда! Не сакам себично да го чувам своето знаење и би го употребил за да му помогнам на секој кој сака да дознае повеќе. Бесплатно добив- бесплатно ќе давам.
патем зошто Бог рече:,,И Господ, Бог, рече: „Не е добро човекот да биде сам, ќе му направам помошник соодветен нему.”(Битие 2:18) а потоа и ,,Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си, и ќе се прилепи кон својата жена; и тие ќе станат едно тело.’’(Битие 2:24).

Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2008 во 01:41
Nekoja strana ako ne sledi slatko ce se iznasmee na nashata glupost i nashiot cinizam koj sakajci da se napravime pametni go prezentirame ovdeka HRISTIJANIN toe e onaa sto se broi i zatoa prestanete da se..te kako nekoja od hristijsnkite religii e podobra a drugata ne so samo toa se pobivame edni drugi a najpovece trpi Hristijanstvoto...ovaa vazi za site
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2008 во 01:58
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

... Конкретно за стихот кој ти го наведе, се прашувам: дали Исус навистина би сакал јас да ги оставам моите најблиски на улица и да тргнам по Него?
Кажи ми, те молам, каде е кажано: “...Оставете ги на улица...“ ? Јас воопшто ниту кажав, ниту цитирав, ниту подразбрав такво нешто, само ги исцитирав Божјите Зборови, кои според моето сфаќање НИ ОДДАЛЕКУ не го велат тоа.
 
А кажи ми, те молам, како ти го разбираш кажаното од Господ во приложените стихови? Што значи тоа да се остави куќа, жена... ?
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2008 во 02:31
АлДра, мислам дека треба да се навратите на мојот претходен коментар каде ги пранесувам во вистинска смисла толкувањата на тие стихови. Таму е многу убаво напишано како може да стане некој монах доколку претходно бил женет.
ЕвАнгелос, брат, читај внимателно. Ти не убедуваш нас дека твоето верување е точното, ама дај кажи ми како сакаш јас да ти поверувам кога цело време со гнев објаснуваш, циничен си и ироничен. Не можам на тоа да верувам зашто Господ вели дека по љубовта ќе ве познаат дека сте Мои ученици. Затоа ги сакам монасите, затоа што имаат љубов како доказ на тоа дека се Христови.
А на сите твои цитати имам веќе доставено објаснение. Зарем не знаеш дека постои тумачење на Библијата? Зарем мислиш дека се е во буквална смисла кажано?? Ако е така, според тебе, тогаш секој кој го соблазнува окото треба да си го извади, или раката треба да си ја отсече...
п.с. по не знам кој пат те повикувам да ми кажеш зошто работите според предание не ги почитуваш, и покрај тоа што е кажано и во Светото Писмо дека преданието го има и треба да се запази?

И пак, прости ми ако се најде навреден, воопшто не ми беше тоа намерата. Сакав само да ти посочам дека не си на прав пат кога во твојот гнев заоѓа сонцето.

ПРОСТИ, брат!
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2008 во 03:28
Пак таа за мене збори голема%20насмевка Абе откачи се од мене, не те сакам свати веќе еднаш, еве официјално ти раскинувам, не те сакам повеќе плазење ајде бега бега метро, оди грчка море плива халкидики малага... еее више среќа
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


п.с. по не знам кој пат те повикувам да ми кажеш зошто работите според предание не ги почитуваш, и покрај тоа што е кажано и во Светото Писмо дека преданието го има и треба да се запази?
 
Не знам по кој пат ме повикуваш, ама јас прв пат те читам. Сеедно. Ајде да ти начкрабам некој стих и за ова.
 
"А Тој (Исус) во одговор им рече: „Зошто и вие ја престапувате Божјата заповед, заради вашето предание?"
(Исус во евангелие по Матеј 15:3)
 
"А Тој им рече: „Добро пророкуваше Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‘Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене; напразно Ме почитуваат, учејќи науки, што се човечки повелби.’ Вие ја оставате Божјата заповед, а го држите човечкото предание.  Вие добро ја укинувате - продолжи Тој - Божјата заповед, за да го држите вашето предание!” "
(Исус во евангелие по Марко 7:6-9)
 
"И така го укинувате Божјото слово со своето предание, што вие го воспоставивте, и правите многу други работи слични на ова."
(Исус во евангелие по Марко 7:13)
 
"Пазете да не ве зароби некој со философија и со суетна измама по човечко предание, според стихиите на светот, а не според Христа"
(Колошаните 2:8)
 
Ајде да ти начкрабам нешто и од раните црковни "отци", да видиш што велат тие...
 
ога Светото Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ, И НЕ ДОЗВОЛУВА ЧИТАТЕЛОТ ДА ПОГРЕШИ! Затоа ве молам и преколнувам, ДА ГИ ЗАТВОРИМЕ НАШИТЕ ОЧИ ЗА СЕ ДРУГО, И ИСКЛУЧИВО ДА ГО СЛЕДИМЕ КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО."
(Јован Златоуст: 13та Хомајлија на Битие)
 
"Нека ја покажат својата црква, ако можат, но не преку зборување и мрморење, НЕ ПРЕКУ СОБОРИТЕ НА НИВНИТЕ ЕПИСКОПИ, НИТУ ПРЕКУ ПИШУВАЊАТА НА НИВНИТЕ ХЕРОИ, НИТУ ПРЕКУ ИЗМАМНИЧКИ ЗНАЦИ И ЧУДА, бидејќи сме предупредени за вакви работи од Зборот Господов. Но нека ја докажат својата вера преку Законот (Тората), преку предвидувањата на Пророците, преку песните на Псалмите, преку самите зборови на нашиот Пастир, преку зборовите на евангелистите, ОДНОСНО ПРЕКУ КАНОНСКИОТ АВТОРИТЕТ НА СВЕТИТЕ КНИГИ!"
(Августин: За Единството на Црквата)
 
"Од кога тоа традицијата (обичаите) треба да се земат како доказ за тоа што е правилно? Ако го отфрлате ова, не сме должни да го следиме вашето учење. Затоа Боговдахнатиот ЗБОР нека ни биде судија!"
(Василиј Велики: Писмо 189)
 
"Светото и Боговдахновено Писмо е сосема ДОВОЛНО за објавување на вистината"
(Атанасије Велики: Контра Паганите I:3)
 
Мараната, ајде да те бубнам и отидов да спијам бакнеж 


Изменето од EvAngelos - 16.Септември.2008 во 03:33
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
majmunce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Септември.2008
Локација: Somalia
Статус: Офлајн
Поени: 154
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majmunce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2008 во 16:23
дали Маран Ата е монахиња/монах whatever?

Изменето од majmunce - 16.Септември.2008 во 16:23
не се плашам, стори се чучулига
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2008 во 18:37
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

 
Ајде да ти начкрабам нешто и од раните црковни "отци", да видиш што велат тие...
 
ога Светото Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ, И НЕ ДОЗВОЛУВА ЧИТАТЕЛОТ ДА ПОГРЕШИ! Затоа ве молам и преколнувам, ДА ГИ ЗАТВОРИМЕ НАШИТЕ ОЧИ ЗА СЕ ДРУГО, И ИСКЛУЧИВО ДА ГО СЛЕДИМЕ КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО."
(Јован Златоуст: 13та Хомајлија на Битие)
 
"Нека ја покажат својата црква, ако можат, но не преку зборување и мрморење, НЕ ПРЕКУ СОБОРИТЕ НА НИВНИТЕ ЕПИСКОПИ, НИТУ ПРЕКУ ПИШУВАЊАТА НА НИВНИТЕ ХЕРОИ, НИТУ ПРЕКУ ИЗМАМНИЧКИ ЗНАЦИ И ЧУДА, бидејќи сме предупредени за вакви работи од Зборот Господов. Но нека ја докажат својата вера преку Законот (Тората), преку предвидувањата на Пророците, преку песните на Псалмите, преку самите зборови на нашиот Пастир, преку зборовите на евангелистите, ОДНОСНО ПРЕКУ КАНОНСКИОТ АВТОРИТЕТ НА СВЕТИТЕ КНИГИ!"
(Августин: За Единството на Црквата)
 
"Од кога тоа традицијата (обичаите) треба да се земат како доказ за тоа што е правилно? Ако го отфрлате ова, не сме должни да го следиме вашето учење. Затоа Боговдахнатиот ЗБОР нека ни биде судија!"
(Василиј Велики: Писмо 189)
 
"Светото и Боговдахновено Писмо е сосема ДОВОЛНО за објавување на вистината"
(Атанасије Велики: Контра Паганите I:3)
 
Мараната, ајде да те бубнам и отидов да спијам бакнеж 



голема%20насмевкаpogornive site bile monasi

i samo da znaese Evangelos kako ziveel Arhiepiskopot Carigradski Svetiot Jovan Zlatoust,

Atanasij Veliki i Vasilij Veliki, Antonij Veliki  i mnogu drugi...



Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 08:59
EvAngelos, прво, во тие цитати Господ говори за човечко предание, додека пак светителите и Црквата го имаат запазено Христовото, Божјото Предание. Еве ти пример на човечко предание –апостолите не си ги имиле рацете пред да седнат на трпеза и затоа биле осудени од фарисеите. А еве ти и Божјо предание –
А има и други работи што ги изврши Исус, и кои, ако би се напишале по ред, ми се чини, не би можеле да се сместат во целиот свет напишаните книги. Амин (Јован 21:25).
Ова ти е чист доказ дека не е се запишано во Светото Писмо, и дека има Предание, а со тоа се потврдуваат и сите историски настани (неракотворниот Христов лик, иконографијата на св.ап. Лука, житијата на светите апостоли и останатите светители............................................) кои во сите претходни коментари на разни теми од форумов ти ги имам споменато.

И така, браќа, стојте и држете ги преданијате, што ги научивте било преку нашето слово, било преку нашето послание. (II Сол. 2,15)

Православната Црква го држи целокупното апостолско учење, како она кое е содржано во Светото Писмо, така и она кое до нас дошло преку усното предание и животното искуство на Црквата. Затоа треба да забележиме дека апостол Павле не рекол: Немојте да држите никакви преданија ако тие не се запишани во Светото Писмо.
Христос не ги осудил фарисеите само затоа што ги држеле преданијата; Он ги отфрлил погрешните преданија по кои фарисеите се управувале - (Марко 7: 7-9,13)
....но напразно Ме почитува, оти проповеда човечки повелби.’
Зашто, вие, оставајќи ја Божјата заповед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи.”
   И им рече: “И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го пазите вашето предание.
......престапувајќи го словото Божјо со вашето предание, што сте го предавале вие; и многу такви слични работи вршите.”
И од овие цитати, а уште подобро ако се прочита целата глава, многу лесно може да се сфати што сака Господ да каже.
Господ ги осудил фарисеите затоа што сметале дека поважно е да се држат извесни, дозволени преданија, отколку да се живее според зборот на Господа.

Матеј 23:23 - Тешко вам, книжници и фарисеи, оти давате десеток од нане, копра и кимин, а сте го оставиле најважното во Законот: праведноста, милоста и верата; ова требаше да го правите, а и она да не го оставате.

Значи, според ова, треба да го следиме Светото Писмо и Божјите заповеди, но да не го оставаме ниту преданието, а пред се, Божјото Предание.

Фарисеите били опседнати со исполнување на видливи и површни обичаи до најмали ситници, а во исто време ги запоставувале Божјите заповеди. Христос ги учел своите ученици да ги држат преднијата кои се оправдани, но да не бидат лицемери како фарисеите

Матеј 23:1-3 - Тогаш Исус им проповедаше на народот и на учениците Свои,
говорејќи: "На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите.
Затоа, се што ви кажат да правите, пазете и извршувајте; а според делата нивни не постапувајте, оти тие говорат, а не извршуваат;
Токму таков е и ставот на Православната Црква.

А оние цитати од св. Василиј Велики, Јован Златоуст, Августин и Атанасиј Велики – прочитај го целото дело, за да го сфатиш значењето во вистинска смисла, а не како и секогаш, да им ги ваѓаш зборовите од контекст. И арно кажа беличка, сите тие кои ги наброја биле монаси.

П.с. Отвори си го линков http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Bogoslovlje/Tragom/Tragom04.htm
Има еден куп работи од св. Василиј Велики за монаштвото (подвиг, молитва, осамеништво.....)





Изменето од Maran Ata - 18.Септември.2008 во 12:29
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 09:03
Свети Игнатиј Брјанчанинов - Аскетски огледи

Сите списи на светите Отци се саставени по вдахновеност или под влијание на Светиот Дух. Оној кој се раководи според нив, без сомневање, го има за раководител Светиот Дух. Светите Отци поучуваат како да му пристапиме на Евангелието, како да го читаме, како правилно да го сфатиме, шта допринесува, а шта спречува за негово разбирање.

Со скрушен дух моли му се на Бога за тој да ти ги отвори твоите очи, за да ги гледаш скриените убавини на Неговиот Закон! (Пс 119,18), а тоа е - Евангелието. (Токму така постапувале светителите)

Немој да се дрзнуваш сам да го толкуваш Евангелието и другете книги на Светото Писмо. Писмото кое е изречено преку светите пророци и апостоли, не е изречено произволно, туку по вдахновеност од Светиот Дух

2 Петар 1,21 - Зашто никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале поттикнати од Светиот Дух. (2 Пт 1,21).
Кој произволно го објаснува Евангелието и целото Писмо: тој самиот со тоа го отфрла неговото толкување од светите отци, преку Духот Свети. Кој го отфрла толкувањето на Светото Писмо преку Светиот Дух: тој, без сомневање, го отфрла и самото Свето Писмо.

И тако словото Божјо, спасителното слово, за неговите дрски толкувачи станува смртен здив, меч са две острици, со кој тие се колат сами себе за вечна погибел (2 Пт 3, 16; 2 Кор 2,15-16).

Брат, ако некој не ти објасни како треба да го разбереш Светото Писмо, тогаш ќе забегаш со свои произволни тумачења кои доаѓаат од помрачен ум од ѓаволот.
Матеј 22:29 - Исус им одговори: „Се лажете, зашто не ги познавате Писмата, ниту силата Божја;

Дела 8:30, 31 - Филип побрза, и, откако чу дека тој го чита пророк Исаија, му рече: „Го разбираш ли тоа што го читаш?” Овој одговори: „Како ќе можам да го разберам, ако некој не ме упати?”



Изменето од Maran Ata - 18.Септември.2008 во 12:19
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 09:09

2 Петар 1,21 - Зашто никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале поттикнати од Светиот Дух. (2 Пт 1,21).

Опаааааа, многу битен цитат
прво - кажува дека постојат светители - свети Божји луѓе
второ - дека ако тие, преку Светиот Дух, не ти го пренесат толкувањето на Писмата, тогаш си ја утнал работата

А овој цитат
Дела 8:30, 31 - Филип побрза, и, откако чу дека тој го чита пророк Исаија, му рече: „Го разбираш ли тоа што го читаш?” Овој одговори: „Како ќе можам да го разберам, ако некој не ме упати?”
ти дава пример како светија на лаик му го објаснувал Писмото.

Поздрав на сите.
Братче, ЕвАнгелос, ако имаш нешто нејасно, слободно не срами се да прашаш, ќе ти пренесам се што можам што кажале светите отци вдахновени од Светиот Дух.

Ве сакам сите
   

интересно за монаштвото
http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=2274

Изменето од Maran Ata - 17.Септември.2008 во 10:57
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 11:16
Марко 7,8 - ...го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи...

Размислував нешто... Ти велиш дека не го почитуваш преданието, ама овој цитат покажува нешто друго -
или воопшто не миеш дома садови и не чистиш за да не го следиш преданието, или пак, тоа што го проповедаш не е поддржано од твоите дела....

Гледаш до каде те доведе буквалното, толкувањето на своја глава на Светото Писмо!

Господ со нас +


Изменето од Maran Ata - 17.Септември.2008 во 11:19
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 11:26
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


И така, браќа, стојте и држете ги преданијате, што ги научивте било преку нашето слово, било преку вашето послание. (II Сол. 2,15)
 
Мора да си набавиш некој подобар превод на Библијата. Овој ти е катастрофа голема%20насмевка
 
"Затоа браќа, стојте цврсто и држете ги преданијата што ги научивте било преку нашето  слово, било преку нашето послание"
(2 Солунјаните 2:15)
 
Овде Павле не мисли на преданијата на Петко, Станко, Ојле, Дојле, туку на апостолските преданија (затоа вели "нашето"). Писмото до Солунјаните е едно од најраните посланија на апостол Павле, напишано е во раните 50ти години додека другите посланија и евангелија сеуште не биле напишано (напишано било само 1 Солунјаните) и нормално дека Павле тука ќе им вели да го држат преданијата затоа што Божјиот Новозаветен збор сеуште не постоел во пишана форма и тоа им било единствената вистина за евангелието на Исус Христос.
Откако се напишал и Новиот Завет, завршена е Библијата, Божјиот Збор е пишан и канонизиран и нема повеќе простор за "преданија" т.е. има, ама сето тоа би биле и СЕ човечки преданија.
 
Уште во првите векови се јавиле еретиците кои почнале да велат дека имале свои посебни објави, посебни преданија, дополнителни објави, па затоа некои од раните црковни отци почнале да реагираат на нив...
 
"Светото и Боговдахновено Писмо е сосема ДОВОЛНО за објавување на вистината"
(Атанасије Велики: Контра Паганите I:3)
А подоцна пак се јавија православните кои велат дека Светото Писмо НЕ Е ДОВОЛНО за објавување на вистината и дека се неопходни преданијата среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 97>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.