IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што претставува монаштвото?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што претставува монаштвото?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2223242526 97>
Автор
Порака
ggstefan Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 266
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ggstefan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 09:50
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Или штом се православни, мора да се грешни и мора тие да направиле беља, а?


ne znam od kade ovaa paranoja - bas obratnoto e vistina. celo vreme povtoruvam ima i VAKVI i TAKVI monasi, ama izgleda za vas vazi nekoe slepo pravilo deka ako e pravoslaven, pa uste i monah ne smee da se kritikuva nisto. nikako ne e mozno pravoslaven da e kriminalec, razveden, bludnik, srebroljubec, itn.

this is Houston calling, earth to pravoslavie, do you read?
Кон врв
ggstefan Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 266
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ggstefan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 09:50
Originally posted by Опитен Опитен напиша:



Реков да се помоилите за мене оти сум грешен, за Господ да се смилува и на мене грешниот, а посебни желби од Бога немам. а за советите благодарам, си имам свој духовен Отец кого многу го сакам и почитувам и на кого му го отварам моето срце, се исповедами и советувам, но секако ако дека сум отворен и за секого за духовен разговор но не од ваков тип кој го водиме овде на форумов, со обвинување, противење, клеветење, осудување и уште што не само, за жал, ништо христијанско и тоа за уште поголемо жалење, се во името на Бога и љубовта

Мислам дека треба да се надминеме и во христијански дух да си простиме и ако имаме некое спорно прашање, без гнев и осуда да го подискутираме за спознавање на Вистината и за слава Божја,а ако неможеме, тогаш да го напуштиме форумот и да се покриеме и плачеме за својата гореливост и нељубов.

Простете ми и молете се за мене грешниот.


ubav post na opiten.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 12:57

zidarski, изгледа не се разбираме и за едно исто збориме. Јас воопшто немам замерка против овие библиски "монаси" кои што всушност претставуаат верници кои се воздржале од брак заради поголема посветеност на христијанската служба, кои се движат меѓу народот во градовите и селата, кои помагаат во службата на Црквата, кои ревносно ОДАТ и го проповедаат евангелието итн. Само потенцирав дека вакви библиски "монаси" воопшто не се некој новитет во православието и дека многу повеќе сум сретнал такви "монаси"(и мажи и жени) меѓу библиските христијани.

 
Јас имам замерка против оние, според мене, православни монаси кои излегуваат од грешниот свет и се замонашуваат во некој манастир на некоја планина/пештера или се пикаат во сув бунар за да бдеат се додека не пцовисаат таму. Јас имам замерка против оние, според мене, православни монаси кои НЕ ОДАТ кон грешниот човек за да му ја покажат Христовата спасителна рака, туку си чучат во манастирите, си бдеат, си црткаат икончиња, си плетат бројаници, си прават мед, темјан, си шеткаат по природа и уво го заболе за луѓето што умираат во своите гревови по урбаните средини.
Се надевам сега се разбравме големо%20гушкање
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 13:44
Господ определил седумдесет апостоли кои ги испратил да го проповедаат Евангелието, тие седумдесет апостоли поставиле други луѓе кои го продолжиле тоа секој во својот град – апостол Павле го поставува Тимотеј, на пример, исто така и Тит, а Тит и Тимотеј поставувале свештеници каде што имало потреба. Откако ќе поставеле свештеници и епископи, епископите го продолжувале делото во местото, градот во кој биле поставени. Една работа тука е дека откако се поставиле проповедници по тие места немало потреба тие да шетаат низ Азија, затоа што каде и да оделе веќе имало поставен(и) проповедник(ци) на одреден регион. Тит бил оставен од апостол Павле на Крит со цел таму да постави презвитери. Евентуалното доаѓање на апостолите на места каде имало веќе поставени свештеници било за да ги поучат како да раководат со стадото Христово, а потоа тие свештеници тоа го пренесувале на народот. А друга работа е дека само епископите преку преемство имале власт да постават некој кој ќе го продолжи делото започнато од Христа, продолжено од апостолите, та потоа од презвитерите и епископите, за до ден денес тоа континуирано да се пренесува и на таков начин по Божји благослов да постои некој кој го проповеда Евангелитето. Така и монасите се поставени од епископите, за што сведочи нашата црковна пракса. А кој ги праќа оние кои на своја глава почнуваат да проповедаат? Дали може некој кој штотуку го започнал првото одделение да оди и да поучува, или тоа треба да е таков човек кој веќе ги завршил сите 8 одделенија, средно училиште, факултет, та на крај да оди и да биде асистент, а потоа и професор на учениците? Така е со монасите, се искачуваат по духовното училиште, за кога ќе се научат да ги совладуваат сите искушенија, да одат и да го поучуваат народот како и тој да го прави тоа. Искусниот му го предава своето знаење на неискусниот. А доколку се нема искуство, односно пракса во духовниот живот, работата ќе биде според *слеп слепец води и обајцата ќе паднат во јама*. А кој веќе самоволно запнал да проповеда, нека го прави тоа на островите низ Австралија, каде има луѓе човекојадци – таму сеуште не е проповедано, додека пак, во Македонија, познато ни е дека најпрво проповедал апостол Павле, а потоа му се придружиле и другите апостоли како св.ап.Андреј, Марко, Лука, Урбан, Силуан, Гај, Аристарх.

Тогаш Павле застана среде Ареопагот и рече: „Луѓе Атињани! "(Дела 17:22)

Во аеропагот тие го викнале затоа што проповедал нешто ново за нивните уши и атињаните сами посакале да го чујат тоа, зашто тие биле научени само да седат по пазариштата и да зборуваат. Повторно нема досадување.


"А во саботата излеговме надвор од градската врата, кон реката, каде што имаа обичај да се молат. И седнавме и им зборувавме на собраните жени." (Дела 16:13)
Во овој цитат воопшто не гледам дека апостолите им додевале на луѓето. Доколку Библијата е едиствената книга на која треба да се верува, и ако нема Св.Предание, тогаш се што се случило и се што било потребно е запишано, така што не треба да се мудрува дали авторот сакал да каже ова или она. Доколку нема Св.Предание, нема ни толкување на Библијските цитати и треба да се сфатат во буквална смисла – отсечи си ја раката ако те соблазнува или извади си го окото ако те соблазнува.



Изменето од Maran Ata - 22.Септември.2008 во 15:45
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 19:46
Евангелос, дали некаде реков дека монаштвото е привилегија само на Православието?! Го има во сите култури и во сите религии, во различни форми.
Веќе објаснив претходно во еден пост - не секој човек е способен да проповеда, затоа што не секој има ораторски способности. Не секој е способен да пишува. Но - секој си има свој позив во животот и свој начин на кој допринесува кон верата и помага на оние кои можат да проповедаат, пишуваат итн... Секој монах во манастирот има свој удел во тоа дело.
А колку до оние кои се изолирале - со оглед на тоа што не ги знаеш нивните причини, повик, повод - зошто ги судиш? Замисли некој од нив да почувствувал повик од Бога или директно обраќање од Него за да направи нешто? Зошто тоа да не е можно? Затоа што ти решаваш дека не е и затоа што се коси со твоето разбирање за верата? Зарем ќе го ограничиш Бог само во рамките на твоето разбирање?!
Do what is right, come what may...
Кон врв
majmunce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Септември.2008
Локација: Somalia
Статус: Офлајн
Поени: 154
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majmunce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 21:22
Маран Ата, да речеме некој ти згрешил, никој од неговото семејство не си видел да прави добро. дали ќе имаш добро мислење за нив? не можам јас да ги подржувам монасите кога НЕМАМ видено да прават добро! ок?
не се плашам, стори се чучулига
Кон врв
icxcnika Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 23
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај icxcnika Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 21:52
Монасите
Светите отци велат дека како што ангелите се светлина за монасите така и вистинските монаси се светлина за луѓето.
Што значи овде зборот „светлина’?
Дека монасите се тие коишто го одржуваат високиот критериум, или маченички етос, на христијанскиот подвиг и живот во Црквата. И уште, дека тие треба да бидат патеводители, да им го покажуваат патот на духовното растење на луѓето со своето постоење, со своите дела, со својот збор, со целиот свој живот. Значи, монасите треба да се светлина за мирјаните, за луѓето кои што христијански живеат во светот. На свој начин тоа го поставува монашкиот чин во Црквата на место на пророчка служба: како што Пророците во Стариот Завет го објавувале доаѓањето на Христа и им го покажувале патот на луѓето како постојано да бидат во заедница со Бога и никогаш да не се оддалечуваат од Него така и монасите денес ја имаат таа улога во животот на Црквата. И навистина, доколку монасите ја исполнуваат својата назначеност, тие стануваат светлина и поткрепа за сите кои се надеваат во Бога.
Вистински монах е тој што го поминал патот на очистување на срцето од страстите и од гревот и што се искачил на вториот степен на духовниот развој, а тоа е просветлувањето на умот. На тоа духовно ниво умот на монахот, заради отвореноста на срцето, може да се симне во самото срце и таму да ја твори молитвата. Престојувајќи молитвено во срцето, умот се причестува со Божествената благодат којашто секој човек ја добива при Светото Крштение. Тука, внатре, умот на монахот се просветлува преобразен од оваа благодат и заради тоа овој степен од духовното растење се нарекува просветлување на умот. Преку оваа просветленост на умот монахот ги спознава тајните на животот воопшто, тајните на Бога и на Светото Писмо, тајната на Црквата. Затоа тој и може својот пат и своето достигнување да им ги покаже на другите луѓе и да ги води по овој пат бидејќи самиот го има поминато и го познава...
...Љубовта кон луѓето ни е наједноставниот показател за тоа како растеме во Христа.

(Митрополит Наум Струмички, извадок од есејот „За содржината на монашкиот живот“)
Кон врв
icxcnika Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 23
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај icxcnika Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 21:53
Mонаштвото и бракот

Бог го благословил бракот, најпрво во Рајот, а потоа на свадбата во Кана Галилејска. Во бракот две души се едно, две тела се едно, „неразделно и слиено“. Бракот го скротува сладострастието, а со умножувањето на човечкиот род се умножува и бројот на оние кои можат да го примат Христовото Евангелие и да се спасат. Затоа, бракот е символ на врската помеѓу Христа и Црквата. Освен брачната, сопружничка врска, постои и друг пат кон Царството Божјо – тоа е патот на монаштвото. Монахот се откажува од бракот не затоа што го презира, туку затоа што сака со сето срце, со сета душа, со сето свое битие да Му служи и угодува единствено на Христа. Негова сопруга е покајанието, а деца му се молитвите и воздишките за Царството Небесно. Меѓутоа, и монасите и брачниците имаат исти христијански идеали, од кои највозвишениот е задобивање на Светиот Дух и вечно заедничарење со Светата Троица. И монасите и мирјаните мораат да го сочуваат целомудрието: монасите воздржувајќи се од брачните прегратки, а мирјаните-сопружници, останувајќи си верни еден на друг и воздржувајќи се од тие прегратки по договор во текот на посрдечен и позасилен пост и молитва. И жителите на манастирите и брачниците треба, чистејќи го своето срце и измивајќи го од се што е грешно, да напредуваат кон очистувањето од страстите. Бракот мора да биде чесен, а брачната постела непорочна (Евр. 1, 4 ). Ревнителите на монаштвото, каков што бил Св. Атанасиј Велики, во исто време се и бранители на бракот: „Блазе му на оној кој во младоста, слободно избирајќи си себеси брачен другар, ја употребува природата за раѓање на деца“. Црковните канони се јасни: „Кој води девствен живот заради Господа, па поради тоа се вознесува пред оние кои се во брак, нека е анатема“, вели 10 Правило на VI Вселенски Собор. Според тоа, патиштата се различни, но целта е иста. Епископот будимски Данило преку споредба ја објаснува целта кон која се оди до врвот на планина, на која верните ги чека Христос. Откажувајќи се од бракот и избирајќи го манастирот, монахот е сличен на планинарот кој до врвот стигнува по покусиот пат, по пострмниот и поопасниот, качувајќи се по карпите и бездните. Оженетиот човек оди по заобиколениот пат, возејќи автомобил; крај него се жената и децата. Оженетиот му се восхитува на монахот, на храбриот планинар кој го ризикува животот по карпите на осамеништвото и одрекувањето; монахот пак, му оддава почит на оженетиот, зашто знае дека ако домаќинот ја изгуби контролата над својот дом, ако го испушти духовниот волан во себе, целото семејство ќе биде повредено. Тоа значи дека домаќинот одговара и за својата сопруга и за своето потомство, додека тој, монахот, одговара само за себе. И едниот и другиот на врвот ги чека Господ, помагајќи им да ги совладаат искушенијата и да влезат во Рајот.

Како што рече свети Макариј Велики: „Не бара Господ ниту девојка, ниту мажена, ниту монах, ниту мирјанин, туку бара добра волја и намера, и неа ја прима исто како и делото. По волјата на секој, Он Го дава Светиот Дух, Кој дејствува и управува со животот на секој што сака да се спаси.
Кон врв
rabani Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 02.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rabani Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 21:59
monasite pribiraat pari za crkvata preku:
izrabotka na ikoni
izrabotka na brojanici
chuvaat ovci i ptodavaat sirejne i jagnina
sobiraat pari od prenokishta za posetiteli vo manastirite(inaku vo posledno vreme mladite chesto odat da se sexaat po manastiri, vo moda e )
nekoi manastiri imaat rasadnici i prodavaat ovoshje
ima i tekvi koi imaat vino za potrebite na crkvata
zenskite manastiri pravat pletenici
shalovi
i slichno
monasite sobiraat maslo koe sluzi vo liturgiite(im go ostavat vernicite koga odat na manastir)
inaku parite chesto odat vo crkvata, a kolku od parite se troshat za siromavite, e pa toa e druga rabota
zatoa malkumina mozat da sfatat na koj nachin monasite pravat dobri dela ako ne bile i ne porazgovarale so niv
a megu niv ima i teolozi i intelektualci od razni branchi, pa so niv mozi da razgovarash i za sex i za sport i za zivot i za se
nikogash nema da ti sudat i da zgreshish
postov mi e od lichno iskustvo
primer: manastirot vo zrze
chesto e i posertuvan od stranski diplomati
ima sobrano mnogu donacii
DOAGA ISUS SO 200000 SVETII
ZA DA IM STAVI KRAJ NA SITE PROKLETII
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 22:09
Мајмунче, јас немам видено ти да направиш нешто добро, дали треба да имам лошо мислење за тебе и за целото твое семејство?
Што е со идејата дека луѓето се створени добри?
Што е со десетиците примери кои ги наведовме тука (доста конкретно опишани при тоа)?
Do what is right, come what may...
Кон врв
icxcnika Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 23
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај icxcnika Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 22:10
35. А *утредента, во темни зори, стана, излезе и отиде во пусто место, и таму се молеше.
*Лука 4,42;


Кон врв
icxcnika Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 23
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај icxcnika Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 22:17
31. *И дојдоа мајка Му и браќата Негови, па, стоејќи надвор, порачаа да Го викнат.
*Мат.12,46; *Лука 8,19;
32.
А околу Него седеше народ. И Му рекоа: <Ете, мајка Ти и браќата Твои, и сестрите Твои, надвор се и Те бараат.”

33. А Он им одговори, велејќи: <Која е мојата мајка, или кои се браќата Мои?”
34. Па, како ги погледна оние
што седеа околу Него, рече: <Еве ги Мојата мајка и Моите браќа.

35. Зашто оној, кој ја исполнува волјата Божја, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.”

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 03:29
Originally posted by icxcnika icxcnika напиша:

35. А *утредента, во темни зори, стана, излезе и отиде во пусто место, и таму се молеше.
*Лука 4,42;
 
Ти се восхитувам на храброста да си додаваш на Божјиот Збор. Не се сомневам дека Христос се молел кога бил Сам, ама сепак немам толкава храброст како тебе да допишувам врз Божјиот Збор за да го "дообјаснувам".
 
"Кога се раздени, Он излезе и отиде на осамено место, а луѓето Го бараа па, кога дојдоа при Него, Го задржуваа да не си оди од нив. А он им рече: "И на другите градови треба да им соопштам радосна вест за царството Божјо, оти за тоа сум пратен." И пороповедаше по синагогите галилејски"
(Лука 2:42-44)
 
 
Originally posted by icxcnika icxcnika напиша:


35. Зашто оној, кој ја исполнува волјата Божја, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.”

 
А ха! Значи Марија не била единствената мајка на Исус голема%20насмевка
Па не е ни чудно зошто Тој никаде во евангелијата ексклузивно не ја нарекол неа "мајко", туку цело време и се обраќал со "жено" намигнување
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 03:31
Велите дека монаштвото е неоправдливо затоа што тие се повлекуваат во манастир е безделнчење и не помагање на лугето но сега јас би ве прашал, што подразбирате овде во помагање и правење добро. Само Харитативната дејност? Значи грижата само за телото, а што бива со душата? И кој може да и помогне на душата и колку „школо“, како што Маран Ата вели, треба за тоа? И нели е поважна поважна душата од телото и Царството Небесно од царството земно?
А ако е така тогаш зошто лично Господ Исус Христос ја укорува Марта која се беше зафатила со многу работи, а ја оправда Марија која го избра подобриот дела да седи пред нозете Исусови и го слуша словото Божјо. Нели Марта работела и помагала, а Марија само седела и ништо не правела? И зошто тогаш ГИХ го опоменува Јуда кој се грижел за сиромасите и ја укорил жената која го растурала тоа скапоцено миро по нозете Исусови. Нели и во овој случај едното е грижа (без разлика каков бил Јуда, сега дискуираме за размислувањата) и што значат Неговите зборови дека сиромасите ги имаме постојано покрај себе а Синот Човечки не. И уште, зошто, повторно Самиот Господ Исус Христос, откако на богатиот младич му рекол дека за да наследи живот вечен е доволно да ги исполнува заповедите и откако овој побарал нешто повеке му одговара дека ако сака да биде совршен треба да остави се продаде на сиромаси и врви по Него?
Внимавајте само да не се противеме на Божјите зборови и постанеме Богоборци, оти проблемот не е во Него туку во нас. Во тоа што за жал ние како луге, и како цивилизација имаме многу отстапено од Него и вистината и во нас се испревртило гносеолошкото сетило за познанието на доброто и лошото. И да не порекнеме една плејада монаси и свети отци, кои својот живот го положиле за Христа и своите ближни , правеле и до ден денес со силата на Божјата благодат, прават добро на луѓето кои молитвено и се обракаат. Ова е сведоштво. И те молам Евангелисе, не го споменувај повеке тој екстремен и единствен пример, туку отвори го твојот видик пошироко а и за тоа има одговор. Одговорот би го поставил најпрво во вид на прашање. Дали некој од нас ке издржи еден час затворен во бунар а да не прашувам за денови, месеци или 10 години како овој свет Отец на кој и Господ му го потвдил неговото дело и го примил како Богоугодно давајки му неговите мошти да не бидат распадливи и смрдливи, кави што нашите ке бидат, туку непаспадливи и миризливи. И познавам еден монах кој порано многу сакаше да шета и кога овој на својот татко му рече „ Ке одам в манстир“, татко му му одговори “ каде може тебе да те задржи едно место? Тебе Македонија ти е мала, сега ќе еден манастир ќе те задржи“, но подоцна кога виде дека овој ес ериозен и седи в манастир се убеди и самиот. Тој исти монах сега е веке повеке од 10 години во манастир. Значи, работите не треба да ѓи гледаме надворешно. Ако е тоа факт, тогаш мора да има некоја „сила“ која го задржува монахот на едно место. Тоа не е разочараност од љубовта, тоа не е неуспех, или се што е привремено и еден ден ке помине, тоа Госпосд. Љубовта кон Него и ќе казам, љубовта и кон бложните.
Простете и помолете се за мене грешниот и преостете ако некој се најде повреден (Евангелисе), немам нижто протин никого, туку само си го кажувам моето мислење и не се сложувам или се сложувам со тушото мислење а секого се трудам да го сакам.

Со почит,
(Не)опитен

п.с. подоцна ке се обидам да внесам текст од некој вистина опитен во областа на монаштвото
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2223242526 97>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.