Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Јуни.2007 во 00:00 |
здраво напиша:
Неодамна, со благослов на Неговото Блаженство
Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, од печат излезе
најновиот број (16 - 18), на архиепископската периодика „Соборност“.
|
Неговото Блаженство
Архиепископот охридски и Македонски г.г. Стефан јованче
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
 |
здраво
Сениор
Регистриран: 15.Декември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 253
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Јуни.2007 во 00:05 |
samo smireno..........................bez ,,nepravoslavni,, cuvstva!
|
|
 |
аџија
Сениор
Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Јуни.2007 во 10:02 |
Трифун и Фуфо се побратимија
Во иднина,
децата на Костовски и на Николовски нема да смеат да стапат во брачни
односи, бидејќи тоа би се сметало за родосквернавање

Скопскиот градоначалник Трифун Костовски и познатиот бизнисмен Љупчо
Николовски - Фуфо се побратимиле со црковен обред, а чинот на
побратимувањето го извршил поглаварот на МПЦ, архиепископот Стефан во
манастирот „Успение на пресвета Богородица“ на Матка крај Скопје.
Дознаваме дека иницијативата за побратимувањето била на градоначалникот
Костовски, со цел да ги круниса и продлабочи добрите пријателски односи
со Љупчо Николовски - Фуфо.
Тие се и деловни партнери кои стојат зад проектот за обнова на култната скопска кафеана „Кермес“
-
Големо е чувството кога се побратимувате со човек што е подготвен со
вас, а и вие со него, да го делите доброто и злото. Роднините, браќата
и сестрите ни се дадени од Господ, а побратимите самите си ги избираме.
Затоа, несекојдневно е чувството дека добивате искрен пријател што е
подготвен во секоја ситуација да ви помогне, и вие да го чувствувате
истото за него - вели Љупчо Николовски - Фуфо.
Црковниот обред
на побратимувањето бил извршен во присуство на семејствата Костовски и
Николовски, согласно со правилата што постојат во МПЦ за овој чин.
Централниот дел од обредот претставува заколнување за побратимство што
двајцата го изговараат откако ќе ги положат рацете врз Библијата.
-
За побратимувањето не постојат строги црковни литургиски правила. Тоа е
договор меѓу двајца луѓе што решиле да ги зајакнат меѓусебните врски.
По христијанското учење, преку крштевањата и причестите, сите луѓе
стануваат браќа - вели Јован Таковски, професор на Теолошкиот факултет
„Свети Климент Охридски“ во Скопје.
На овој начин двајцата
побратими влегуваат во посебен вид лични и семејни односи, создадени
врз основа на народната традиција. Во иднина, децата на Костовски и на
Николовски нема да смеат да стапат во брачни односи, бидејќи тоа би се
сметало за родосквернавање. Секој од побратимите има обврска да се
грижи за семејството на другиот во случај едниот предвреме да го заврши
животот.
По подолг период, ова е прво побратимување во црква,
за разлика од минатото, кога тоа било многу често. Во македонската
традиција побратимувањата биле најчести во периодот на војните што се
воделе на овие простори. Луѓето што стравувале дали ќе ги преживеат
битките, решавале да се побратимат со оние што ги сметале за искрени
пријатели и имале доверба дека тие ќе се грижат за нивните семејства.
Бранко Горгевски
|
 |
аџија
Сениор
Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Јуни.2007 во 10:04 |
Каква ГЛУПОСТ!!! со што се нема да се занимаваат за да земат некоја паричка...  
|
 |
oblachinja
Сениор
Регистриран: 12.Март.2006
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 4990
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Јуни.2007 во 10:51 |
E da ti kazam koga prochitav i mene mi pukna filmot  abe crkvata samo za imotni bila   pa ushte i gospodin gospodin da gi pobratimuva  abe da ne bea bogati ke gi poratimuvashe toj
Изменето од beleg - 07.Јуни.2007 во 11:41
|
|
 |
аџија
Сениор
Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Јуни.2007 во 16:22 |
Та неа: Митрополитите во Грција сакаат скапи автомобили
Атина /07/06/ 10:46
Духовните лица во
Грција претпочитаат луксузни автомобили, пишува денеска грчкиот весник „Та
неа“.
Според информациите на весникот,
седум од десет митрополити избираат Мерцедес, а останатите претпочитаат Ауди,
Волво или Лексус.
Со својот автомобил се издвојува и
архиепископот на Атина, кој се вози со блиндирана лимузина на Фолксваген.
Најголем дел од духовните лица
сметаат дека не е луксуз возењето со скапи автомобили, бидејќи тие мора „секој
ден да бидат по патиштата, да посетуваат оддалечени места и да минуваат низ
лоши и замрзнати патишта. /крај/ф/мс
|
 |
аџија
Сениор
Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Јуни.2007 во 16:23 |
|
 |
rice
Сениор
Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Јуни.2007 во 17:37 |
dodeka pravislavnite svestenici si kupuvaat luksuzni avtomobili PROTESTANTSKITE PASTORI SE ZANIMAVAAT KAKO DA GO PRIFATAT ODNOSNO LEGALIZIRAAT HOMOSEKSUALNOTA POJAVA VO SVOITE REDOVI, PRITOA POVTORNO NIVNIOT ,,OBRAZ DA OSTANE NEPOCRVEN,,
MAK-FAX----07.06.2007
|
|
 |
Isis
Сениор
CATALYST
Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Јуни.2007 во 17:55 |
Четврток, 7.06.2007 | Занимливости
Алатки |
 |
|
Мухамед – второ најпопуларно име во Британија
07/06,
07Мухамед, по ЏОн, е второ најпопуларно име во Велика
Британија, а се очекува дека кон крајот на годината ќе го заземе и самиот врв
на популарните имиња, објави во средата Тајмс, повикувајќи се на податоци од
владата.
Минатата година 5.991 бебиња го добиле името Мухамед,
додека името Џон истата година го добиле 6.928 бебиња.
По нив следат Томас (5.921), Џошуа (5.808) и Оливер
(5.208).
Доколку зачестеноста на давањето име според муслиманскиот
пророк продолжи со ова темпо, тоа име до крајот на годината би можело да стане
најпопуларно во Велика Британија.
Во таа земја, инаку, живеат околу 1,56 милиони муслимани,
или три проценти од вкупното население. /макфакс/
|
 |
аџија
Сениор
Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Јуни.2007 во 17:56 |
|
 |
Isis
Сениор
CATALYST
Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Јуни.2007 во 18:08 |
ЗА МАКЕДОНСКАТА БИБЛИЈА
Објавено на Wednesday, June 06 @ 21:01:52 CEST од Administrator
Проф.
М-р Петко Златески, продекан на Богословскиот факултет „Св. Климент
Охридски“ во Скопје и генерален секретар на Библиско здружение на
Р.Македонија
За Македонската Библијата
Во 1990 година за првпат беше отпечатена, односно издадена Библијата на македонски јазик. Тоа беше голем настан за
Македонската Православна Црква и општо за македонскиот народ. Совршен
превод не постои. Италијаните велат: “Tradutore, traditore“, значи оној
што преведува може и да направа грешка, но секогаш од добар, може да се
направи и подобар превод.
Во
октомври 1995 година се одржа еден семинар во Струга, на кој беа
доставени многу забелешки за постоечкиот превод на македонската Библија
и затоа тогаш, на тој семинар, се разговараше за одржување на уште еден
семинар, и во пролетта 1996 година, на Семинарот во Скопје се одлучи да
се направи ревизија на постоечкиот текст на македонската Библија.
Ревизијата траеше околу три години. Но, во ревизијата на Новиот Завет
се направи пропуст, бидејќи како база-текст беше земен текстот Nesle
Alan кој за православната Црква е прифатлив. Во 1998 година се заврши
ревизијата но, кога се констатира дека за ревидирање на евангелијата е
земен неприфатлив база-текст, тогаш повторно се пријде кон ревидирање
на евангелијата и за база текст беше користен textus receptus. Тоа
ревидирање траеше многу долго, бидејќи буквално се одеше од збор до
збор, за да се најде каде се грешките и да се направи колку е можна
подобра ревизија. Освен што се вршеше ревизија на постоечкиот
текст, се направи секоја книга од Стариот и од Новиот завет да имаат и
свој Вовед, со цел читателот да добие појасна претстава за она што е
содржано во секоја од книгите. Друга новост во ревизијата е тоа што во
првото издание на Библијата имавме само теми на секој наслов од
главата, а во сегашниот ревидиран текст ја имаме секоја глава поделена
по теми и навистина читателот кога ќе отвори, гледа што е содржано во
одредена глава и тоа што него го интерестра тоа може да го чита. Во
сегашниот ревидиран текст новост е и тоа што сега имаме можеби илјада
пати повеќе референци на стиховите во споредба со претходното издание,
и референците се ставени на маргините од лева и десна страна. Така
сега, кога читателот ја чита Библијата и наиде на некој стих, тој може
да погледне лево или десно, да ги спореди паралелните места и да добие
поцелосна слика за темата за која станува збор.
Со
ревидирањето на постоечката Библија ние фактички направивме две
изданија. Едното е за потребите на Македонската православна црква и на
Римо-католичката црква кое ги содржи и дефтеро-канонските книги, а
другото издание е според канонот на Лутеровата Библија и е наменето за
потребите на протестантските верници, во кое не се сместени единаесетте
дефтер-канонските книги. Значи од овој аспект, за сега потребите се
скоро потполно задоволени и на православните и на останатите верници во
Република Македонија. Самото издание е прилично добро направено;
кориците, повезот и библиската хартија се многу добри, а текстот е
многу почиток во споредба со оној од претходното издание.
Совршено
издание не постои но, ние ќе се трудиме да изготвуваме постојано
изданија кои ќе бидат најблиски до оригиналните библиски текстови. Бидејќи
постојано се критикуваме, UBS, односно Обединетите Библиски
Здруженија, во чија асоцијација е членка и Македонското библиско
здружение, за во иднина планира од Македонија да се испратат три до
четири кандидати, познавачи на класичните јазици и да отидат на јазична
специјализација, со цел да се отпочне нов превод на Библијата на
македонски јазик, кој ќе го има за база оригиналниот еврејски текст и
Септуагинтата, односно оригиналниот Старозаветен-грчки текст.
„ Eве
oва издание излезе пред еден месец, и од она што го добивме како
критика ние навистина се радуваме, затоа што позитивната критика ни
причинува задоволство.“
ПреминПортал |
Изменето од ACELERA - 07.Јуни.2007 во 18:09
|
 |
аџија
Сениор
Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Јуни.2007 во 11:32 |
ACELERA напиша:
Со
ревидирањето на постоечката Библија ние фактички направивме две
изданија. Едното е за потребите на Македонската православна црква и на
Римо-католичката црква кое ги содржи и дефтеро-канонските книги, а
другото издание е според канонот на Лутеровата Библија и е наменето за
потребите на протестантските верници, во кое не се сместени единаесетте
дефтер-канонските книги.
|
| Петко
би требало да знае, и не се сомневам во тоа, дека Римокатолиците не ги
користат православните девтероканонски книги, и дека не постои такво
нешто како „лутеров канон“... Ама за потребите на „домашната“
пропаганда, и ваквата квази информација ќе заврши работа... 
... со цел да се отпочне нов превод на Библијата на
македонски јазик, кој ќе го има за база оригиналниот еврејски текст и
Септуагинтата, односно оригиналниот Старозаветен-грчки текст.
|
Исто така би требал да знае, и не се сомневам дека е така, дека не постои оригинален старозаветен-грчки текст... Да ни мисли дека евреите случајно пишувале на грчки?     Септуагинтата е превод од еврејски, на грчки, и уназадување би било сега кога имаме превод од еврејските ракописи, да преведуваме од грчкиот превод на тие еврејски ракописи...
Изменето од аџија - 08.Јуни.2007 во 11:34
|
 |
Реакт
Сениор
Регистриран: 22.Мај.2007
Локација: Burundi
Статус: Офлајн
Поени: 373
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Јуни.2007 во 14:46 |
|
Без коментар
|
 |
аџија
Сениор
Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Јуни.2007 во 15:41 |
|
 |