IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 99100101102103 113>
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
s1a1n1d1r1a1 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Мај.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај s1a1n1d1r1a1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2011 во 12:02
Животот и делото на Јане Сандански


    Јане Сандански како македонски револуционер претставува една од клучните фигури на македонското културно движење. Тој во историјата на македонското национално ослободително движење оставил богато револуционерно наследство. Се стремел за создавање македонска држава и меѓу другото бил бескомпромисен борец за развој, одбрана и афирмација на националната самобитност на македонскиот народ. Сандански не оставал простор за пропагандни манипулации со неговото име и дело во негирањето на македонскиот етнокултурен и политички идентитет. Искрено верувал дека иднината на македонската држава лежи во нејзиното демократско организирање во кое сите нејзини жители без оглед на етничката и верска припадност се рамноправни во правата и обврските.
   Борејќи се за она во што верувал Јане Сандански постепено се покажувал во неговиот вистински лик, дури тогаш кога некои тешки одлуки биле оставени во негови раце. Револуционер каков што бил, со автократски инстинкти и оригинална решителност и упорност е запишан во македонската историја како еден од најистакнатите револуционери. Според него, живеењето претставува борба без разлика за што се бориш, докажано според една негова мисла која гласи: „Да живееш значи да се бориш: робот за слобода, а слободниот - за совршенство“, која се наоѓа и на неговата надгробна плоча. Токму борбеноста била верната карактеристика која го красела низ целиот негов живот, се до кобната 1915 година, годината кога бил убиен.
Сандански верувал дека пред се најважно е да се подигне свеста на жителите на Македонија, да им се даде до знаење дека тие се самостоен народ кој не потекнува ни од Бугарија, ни од Србија, ни од Грција туку дека како самостоен слободен народ треба да се избори за своето место во Европа. На ова верување тој останал верен се до неговата смрт, и го проповедал на сите можни начини. Мислел дека треба сами како засебен народ да извојуваме победа без надежи за помош од другите народи. Тоа и го кажал на Рилскиот конгрес во 1905 година- " Mакедонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот и затоа треба да се борат за издвојување на својата слобода без да се надеваат на туѓа помош, зошто оние кои ќе дојдат да ги ослободат, всушност ќе дојдат да не заробат.“   Јане Сандански е најпознатиот револуционерен лидер во Македонија, чија храброст, борбеност, упорност и желба да ја види Македонија слободна го водеа низ животот и како таков вечно ќе остане запишан во историјата на Македонија.
Кон врв
s1a1n1d1r1a1 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Мај.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај s1a1n1d1r1a1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2011 во 12:01
Зборникот
Во овој Зборник на 538 страници голем формат се објавени вкупно 660 песни, од кои 584 македонски и 76 бугарски. Покрај тоа, во книгата се приклучени уште и свадбени обичаи од Струга и Кукуш, годишни обичаи од Струга, верувања, игри, преданија, сопствени народни имиња, пословици, гатанки и мал македонско-хрватски речник.
Предговорот кон Зборникот на народни песни е приредувачки и толковен коментар кон неговите содржини. Приредувачкиот коментар, најпрвин, прецизно ги изложува податоците за соработувачкиот тим на кажувачките од една страна, и запишувачите, од друга.
Наведени се имињата на кажувачките на македонските народни песни од кои се чуени најмногу песни (Деча Кавајова од Струга и Ѓурѓа Котева од Прилеп), а искажана им е благодарност и на Рајко Жинзифов, кој ќе им помогне на браќата во запишувањето на народните песни од Македонија, како и на Васил Чолаков, со чие посредство ќе бидат вметнати седумдесет бугарски народни песни (согласно барањето на ѓаковскиот бискуп).
Константин го споменува изоставањето на Богослужбените слова и нотните записи на песните во изданието, кои ќе ги изработи третиот брат, првиот македонски музиколог, Наум Миладинов, чиешто неспоменување ќе му помогне да ја избегне трагичната судбина на своите двајца браќа.Во продолжение, Константин ги изложува правописните принципи на запишувањето, кои се во функција на изворниот изговор на чуените песни, што е особено значајно за огласувањето на македонската изворна народна реч во овој зборник на македонската преродба.Независно што македонската народна песна е далеку помногубројна, таа е насловно наведена под името "бугарска" и сосема независно од тоа што во своите писма од Русија, Константин Миладинов забележува дека има намера да испечати македонски народни песни. фонетски доследното бележење на песните и овозможи на македонската песна да се огласи во својата акустичка самобитност.
                               
Од годината на првообјавата на Зборникот на Миладиновци, науката за литература кај Македонците и Бугарите се уште не се одважила да го употребува компромисното име на насловот: "Македонски и бугарски народни песни", па до денес, книгата е преиздадена во повеќе од десет изданија.
Бидеjќи во средината на ХІХ век не се правела разлика помеѓу Македонци и Бугари самите Миладиновци кога ги собирале песните пишувале дека ги собираат бугарски песни.Без оглед што оваа епохална книга на Браќата Миладиновци се јавува по изданието на Стефан Верковиќ (Народни песни на македонските бугари, 1860 година), таа во историјата на македонската литература и култура воопшто си го зазема првото, водечкото место во презентацијата на македонското усно народно творештво.
Кон врв
s1a1n1d1r1a1 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Мај.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај s1a1n1d1r1a1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2011 во 12:01
          Димитар Миладинов е роден во Струга во 1810 година, а починал во Цариград во 1862 година.
        Тој е македонски народен преродбеник, поет, учител, публицист, собирач на народни умотворби, основач на македонската етнографија. Неговата поезија е со изразит лирски темперамент, а неговото творештво се состои од неколку лирски целини. Заедно со својот помлад брат Константин водеше организирана борба против денационализаторството, пенелизмот и практиката на грчката влада на македонските подрачја. Основно училиште завршил во родната Струга, а гимназија во Јанина, Грција. Во училиштето во Охрид, Димитар Миладинов се сретнал со познатиот руски научник, славистот Виктор Иванович Григорович. Оваа средба била пресудна Миладиновци да почнат да се занимаваат и со собирачката дејност-собирање и запишување на македонски народни песни и други умотворби, кои подоцна ги отпечатиле во Зборникот.
Во таа дејност се вклучил и средниот брат Наум Миладинов. Тој ја завршил Духовната академија на патријаршискиот универзитет "Халки" во Цариград и дипломирал на отсекот музика и граматика. Во 1843 година напишал учебник по музика, прв од таков вид во Македониjа, додека при собирањето на народните песни истите ги запишувал со нотни записи, ги мелографирал, па така тој е нашиот прв музичар и мелограф.
Димитар Миладинов, кој бил целосно прословенски ориентиран, често доаѓал во судир со гркоманите во Битола, а по еден таков судир со битолскиот митрополит Венедикт, тој ја напуштил Битола и Македонија. Во Сремски Карловци и Нови Сад имал прилика да се запознае со животот на Србите под Австро-унгарска власт, каде уживале потполна културна автономија.
Подоцна заминал во Белград. При престојот во овие краишта, тој се запознал со идеите на Пансловенизмот и Илирското движење, кои во потполност ги прифатил како свои. При крајот на 1856 година, Димитар Миладинов се вратил во Струга и го испратил братот Константин во Русија да студира словенска филологија на Филозофскиот факултет при Императорскиот универзитет во Москва.   
Кон врв
s1a1n1d1r1a1 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Мај.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај s1a1n1d1r1a1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2011 во 12:00
          Браќата Миладиновци се родиле во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговара сопруга Султана Миладнинова. Од осум деца, имале шест машки деца и две ќерки.
          Константин Миладинов е роден во Струга во 1810 година, а починал на 23 јануари во 1862.Тој е македонски собирач на народни умотворби и поет.
Основно учичиште завршил во Струга, а подоцна и гимназија во Јанина, Грција. Се запишал на филозофскиот факултет во Атина, и во 1852 година завршил на отсек грчка филозофија. По враќањето во Струга станал учител во битолското село Магарево, а потоа се запишач и студирал словенска филологија во Москва, каде што членувал во Словенскиот кружок и соработувал со два весници: „Братски труд“, како и во весникот „Дунавски лебед“.
Во време на неговиот престој во Русија го обзема длабока осаменост и жал по родниот крај. Имајќи го собраниот материјал од народни умотворби, Константин целосно се ангажирал во реализирање на идејата за нивно печатење. Работејќи на редактирање на песните и другите народни умотворби и нивно подготвување за Зборникот, Константин и самиот почнал да пишува поезија. Поетското творештво на Константин Миладинов, иако скромно, само петнаесет песни, го става на пиедесталот на македонската нова литература како основоположник на македонската уметничка поезија.
Суровата руска зима и бедниот живот штетно се одразиле врз здравјето на Константин, па во 1859 година тој заболел од туберкулоза. Покрај подмолната и тешка болест, Константин го разочарал и неуспехот во настојувањата да се испечати Зборникот од народни умотворби. Основната причина за непечатењето на Зборникот во Москва е судирот на Миладиновци со Цариградската патријаршија во екот на преродбенската борба.
Во јуни 1860 година, не довршувајќи ги студиите, Константин Миладинов ја напуштил Москва. На пат за дома, во Виена, се сретнал со хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер, поглаварот на Хрватската католичка црква, со кого контактирал уште од Москва, пишувајќи му за намерите за печатење на Зборникот. При оваа средба, бискупот Штросмаер прифатил да го финансира печатењето на Зборникот. На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци - „Бугарски народни песни, собрани од браќа Миладиновци“, дело со речиси 600 македонски народни песни и точно 77 бугарски (отстапени од бугарскиот фолклорист Васили Чолаков).Константин бил пресреќен заради тоа што му се остварила целта , зел неколку примероци од Зборникот и тргнал накај дома.По патот дознал дека неговиот брат Димитар веќе половина година е во турските затвори , и надевајќи се дека ќе успее да го спаси наместо за Струга тргнал за Цариград. Набрзо по пристигнувањето таму и тој бил затворен и никогаш повеќе не го видел својот роден крај. Починал во затворот во 1862 под неразјаснети околности. Негово најпознато дело е песната „Т’га за југ“, напишана во копнеж за родниот крај. Негови други попознати дела се : „Бисера“, „Голапче“, „Желание“, „Шупељка“, „Клетва“, „Думание“, „Сираче“ итн.
Кон врв
s1a1n1d1r1a1 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Мај.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај s1a1n1d1r1a1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2011 во 11:57
http://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80:%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%9A%D1%80%D0%B2%D0%B0%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BE%D1%88%D1%83%D0%BB%D0%B0

еве линк со Крвава Кошула :) прочитај ја не е многу долга, а е прекрасна !
Кон врв
Gianluigi Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 10.Мај.2011
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gianluigi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2011 во 21:20
Zdravo,
Jac studiram makedonski jazik vo Češka. Ama potrebuvam, dali nekoj može da napiše sodržina na delo Krvava košula od Žinzifov. Netreba da bide dolgu, sredno. Blagodaram. Izvinite moj lošo makedonski jazik.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2011 во 18:58
jas bi gi ukinal ovie temi... najseriozno.

Se slozhuvam so upatuvanje na mesta kade shto chlenovite bi nashle potrebni informacii, no da im se nudat gotovi napishani materijali... toa e pravenje mechkina usluga i na onie koi baraat neshto takvo i na nasheto opshtestvo koe vo idnina kje treba da se potpira na vaka oformenite lugje.










Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2011 во 15:26
Мислиш на ова ???? збунетост

Литературната дејност на Жинзифов е разновидна и, сепак, не толку скромна.
Тој се јавува како поет, раскажувач, публицист, собирач на народни умотворби,
преведувач од руски, украински и чешки јазик и т.н.
Жинзифов напишал 39 песни, една поема, Крвава кошуља, расказот
Прошедба и повеќе препеви. Иако песните немаат еднаква уметничка вредност,
сите имаат еднаков емотивен и родољубив набој, почнувајќи од првата Питање
и одговор.
Во многу од нив се пее за тешката положба на нашите селани, подеднакво
експлоатирани од турските поробувачи и грчките фанариоти:
„Кому он дават свој имот?
На агата и в Царев град
и на хитар, зол фанариот“.
Љубовта кон родната земја е опеана во песните Охрид, Сон. Во песните
Бессоница, На чуждина, го искажува немирот и страдањето во бессоните ноќи,
затоа што не може да му помогне на својот народ:
...„Што ви направихте книги многубројни?
Ви каков донесохте плод?
Усмалихте ли м9ки безбројни
На горкијѓт тој ми народ“...
Со таква интонација е испеана и песната Глас. Нејзината содржина можеме да
ја поделиме на два дела: во првиот дел ја опишува својата душевна состојба, а
во вториот слуша повик (глас) од татковината да не се разочарува, туку да се
врати и да се бори за нејзиното ослободување:
...„Безумец, безумец, душа ти ленива, -
Јас чух невиден и таен глас“-...
Народниот глас го повикува:
„Истреби трнје, исчисти троскот,
изорај бесплодна нива да дадит плод“.
Во случајов бесплодната нива е поробената татковина, трњето и троскотот
турскиот поробувач и фанариотите.
Во расказот Прошедба, Жинзифов дава верна слика на положбата на
македонското село од средината на 19. век. Иако ги нема сите елементи на
расказ ( повеќе прилега на репортажа), во Прошедба преку интересни дијалози
Жинзифов ги прикажува односите меѓу селаните и свештениците (владиците).
Повод била венчавањето на последниот син на дедо Стојан, кој морал да плати
и натплати, зашто синот донел дома бегалка! Женидбата го чинела 3000 гроша
иако владиката (Грк) барал многу повеќе.
Темата во расказов е прошетката до едно македонско село, а пораката се
открива преку поговорката: На зол трн, зла копачка. Односно, само со борба
народот може да се ослободи од тиранијата и ропските пранги.
Творештвото на Жинзифов го одразува настроението на страдалник, кој се
прекорува самиот, кој е далеку од татковината и кој сака да се стави на
располагање на својот народ.
Што се однесува до јазикот во неговите дела, тој е народен македонски. Но, во
него има многу примеси од бугарскиот и од рускиот јазик. Самиот Жинзифов го
нагласува бугарофилството во многу творби. Но, тоа не може да биде пречка да не
се почитува и сака човекот што страдал и што ја делел судбината со својот народ.
Кон врв
Kres Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 10.Мај.2011
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kres Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2011 во 15:06
veke cel den baram i nemozam da najdam nisto za Rajko Zinzifov!!!Ke ve zamolam da mi napravite sostav mi treba za utre!!!

Tema:
Rajko Zinzifov(Literaturnite obidi)potocno za tvorestvoto,samo da ne pisuvate za negovata biografija

vi blagodaram !!!
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2011 во 21:19
Originally posted by ucenik23 ucenik23 напиша:

mi treba sostav za serdrot ke ve molam ako imate
 
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
leonnche Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 09.Мај.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај leonnche Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2011 во 19:35
Го најдов ова,ако ти помогне ..

Појавата на првиот и единствен расказ “Прошедба“ од Рајко Жинзифов во 1862 година (Братски труд, Москва, кн. 2) отвора нова страница во расказите на македонскиот 19 век. Моделот на поуката како суштинска назнака на првите творби во новата македонска книжевност, нераскинливо поврзана со традиците и идеите на просветителството и уверливо одразени во раскажувачките постапки на Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ, творбата на Жинзифов уверливо го бара сопственото место во уметничкиот систем. И во расказот “Прошедба“ и во “стихотворниот расказ“ поемата “Крвава кошула“, авторот работи на органзирање на раскажувањето, употребува различни раскажувачки техники со кои се стреми за ново толкување на темите, мотивите и ликовите.
Во ретките толкувања за неговата проза во македонската книжевна наука, Христо Зографов во анализата кон “Прошедба“ заклучува: “Така овој расказ на Жинзифов, иако остана извесно време осамен во нашата литература, одбележува со својата тематика и со природниот, народски начин на раскажување една определна етапа во раскажувачката техника, која нема денес многу следбеници и усовршувачи; а со своите тенденции доста полно ни го открива духот на своето време“. И прозата на Жинзифов иако запоставена и подзаборавена наспрема неговата поезија, ќе го надживее своето време, токму од прчината зашто нему му припаѓа.
Темата на фанариотското угнетување во “Прошедба“ и на турските злосторства во “Крвава кошула“ го имаат истото композициско решение на “расказ во расказ“. Двете творби го имаат истото мото од народната поговорка “Зол трн, зла копачка“. Во расказот кој му го посветува на својот учител Димитар Миладинов, народната мудрост е дополнета со стиховите: “Как ет драго, како ет мило / все, што блгарско, народно, / а што грчко, пусто било, / недостојно и противно“. Него го изнесуваат, го раскажуваат двајца раскажувачи: првиот раскажувач е патникот, а вториот раскажувач е старецот Стојан. Раѓањето на новиот ден, утрото е онаа прва слика во која ги откриваме двајцата патници, раскажувачот и неговиот пријател и сопатник Здраве. Утрото како знак на еден нов ден, го идентификува и новиот свет со патниците, западната поразија како посебна тема, кои во рацете држат и пушат француски цигари...
... Протекува животот како река, низ мудроста на безимениот народен гениј кој авторот посебно го користи со вградувањето на кратките фолклорни жанри, и тие имаат релевантна текстуална функција, употребени како крај/поука во дијалогот меѓу дедо Стојан и Зраве: “-Трпение-спасение, дедо Стојан!-рече Здраве./-Така,така, “трпение-спасение“, а кожата на греди. /- Здравје, дедо Стојан, здравеј! / -А голо здравје-готова треска,чеда.“ Нова сцена со народната песна која доаѓа однадвор. На гумното излегуваат сите. Се собираат девојките и момчињата. Селскиот празник е повод патникот-раскажувач да ја изнесе сопствената филозофија за менталитетот на народот во градовите и селата, за наводното јунаштво уништувано системно од грцизмот и сега новата поразија од просветената Европа. Авторот притоа одново вметнува нов поетски текст чија тема е навлегувањето на европската поразија во македонските градови. Притоа раскажувачот прави директно обраќање кон читателите на зададената тема, со цел, како што вели, да му “олесни на душата“. И ново враќање на гумното, сега со тенденција кон чистотата и изворноста на народниот менталитет. Дообјаснувањето со фолклорен поетски текст, со песната на танчарката, трет таков обид за вградување во прозната постапка, пак не враќа на почетокот не само како исказ, туку и како книжевен настан. Пренокувајќи во домот на старецот, утрото, со едно утро и почна приказната, двајцата патници се збогуваат со домаќинот и ја продолжуваат својата “прошедба“. Ироничната поента е финале на расказот; патниците едноставно прелетуваат едниот со “бон жур“, другиот со “гутен таг“, за да ги донаучат “сите европејски чудесија“.
Отворајќи ја новата страница на македонскиот расказ во 19 век, Рајко Жинзифов и ги воведува и ги востановува импулсите на новите раскажувачки техники и стратегии. И во “Прошедба“ и во “Крвава кошула“ се обединуваат во еден и ист текст расказот, коментарите, полемичките и публицистичките, лирските дополнувања со целосно исполнување на двата типа раскажување: раскажување-случка и раскажување-коментар. Во првиот тип се фолклорната традиција, раскажувачката постапка од средновековието и од романот на просветителството, до искуствата на популарните европски романи. Вториот тип на раскажување, исто така, ја актуелизира традицијата, но е поврзан и со проповедничката традиција, со усната книжевна традиција, како и со модерниот, современ тип на раскажување. Жинзифов во сопствената раскажувачка постапка го користи раскажувањето и со фабула и без фабула, односно и со случка и со коментар кои во друга прилика се тема на коментар за односот и статусот поединечно на двата типа раскажување во текстот.
Во македонскиот расказ на 19 век Рајко Жинзифов само ја подотвори вратата за неговото книжевно конституирање и афирмирање. Извирајќи длабоко од животот, редовно именувани како “слики од Македонија“ или како “слики од животот на народот“, македонскиот расказ доживува убава сатисфакција низ книгите и текстовите низ страниците на периодиката со имињата на Коста Шахов, Спиро Гулапчев, Ефрем Каранов, Димитар Г. Молеров, Васил Пасков, Арсени Костенцев, Михаил К. Шатоев, Петар Стојков, Атанас Раздолов, Кочо Г. Молеров, Никифор Поп Филипов, Стојан Божов, Христо Калчев, Стојан Иванов. Тоа ќе рече за среќа на македонската литература, Жинзифов како раскажувач ниту беше, ниту остана сам и осамен.
Кон врв
anna94 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 09.Мај.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anna94 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2011 во 19:23
Најголем проблем ми се да ги анализирам расказот „прошедба“ и поемата крвава кошула “ на Рајко Жинзифов
дај некако помогнете ми
Кон врв
anna94 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 09.Мај.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anna94 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2011 во 18:32
Јас за Сердарот го напишав ова
Сердарот“ е историско-јуначка поема; историска балада.
Темата е борбата на Македонците против насилствата на Гегите, или поопшто, борбата за слобода.
Идејата - да го прикаже макотрпното минато на својот народ и стремежот за слобода.
Поемата е напишана на грчки јазик (бидејќи се пријавил на конк*рсот за поема во Атина).
Мотивот, Прличев го зел од народната песна за Кузман Капидан, а бил инспириран од тешкиот живот на Македонците од западните делови на Македонија кои биле изложени на терор од страна на Гегите. Па дури и турската власт за да го заштити населението од грабежи, за да може после да им земе даноци, морала да организира заштитнички единици. Кузман Капидан бил водач, сердар на една таква единица.
Поемата е сочинета од 228 строфи со по четири стиха (катрени), од кои првиот и третиот стих се петнаесетерци, а вториот и четвртиот осмерци. Во неа мотивот и версификацијата (градбата на стиховите) се под влијание на народната македонска поезија, додека стилските особености - сложените епитети, мотивите и ликовите од грчката митологија, опширната епска нарација, описот на оружјето, на двобоите и градењето на ликовите се под влијание на Хомер.
„Сердарот“ започнува со потресна слика за положбата на македонското население во Галичник и Река, каде е лоцирано дејствието на поемата.
о познатата словенска антитеза, карактеристична за нашето народно творештво (но и за Хомер, види го извадокот за разделбата на Хектор и Андромаха - употребена е истата стилска фигура), Прличев нè воведува во понатамошниот тек на поемата.
Гласот за смртта на јунакот се шири со голема брзина и тој предизвикува болка и страв кај населението, зашто ќе нема кој да го заштитува.
Од тој ужас и немир што се шири меѓу селаните, Прличев се префрла на тивкиот и мирен дом во кој мајката на Кузман - Неда е осамена и во исчекување да се врати синот. Таа претчувствува нешто страшно, бидејќи сонувала како се руши куќата и потпорната греда (Кузман) не издржува. Со смирен тон и многу сликовито, Прличев ја опишува мајката:
Од голема почит, тој ќе вети дека Гегите никогаш нема да ја нападнат и навредат мајката на јунакот, дека таа секогаш ќе биде заштитена. Но, храбрата Неда не прифаќа да ја заштитат само неа, таа сака заштита за сите Македонци.
Прличев потоа го опишува ритуалот на капењето на мртовецот, тажачката на Неда, како и историјата на семејството, дека и Кузмановиот татко исто така се борел и храбро загинал.
На крајот од поемата, сосема кратко, но многу сугестивно е прикажана Марија, свршеницата на Кузман, која од силна љубов знае само за верност до гроб. Таа го презира својот убав лик, ги распушта косите и фрла пепел врз нив, сосема се отуѓува од животот и убавините што може да и ги донесе, па затоа се закалуѓерува.

...Румената лика од болката свенала многу;
лицето — восок и стана...

И почна од луѓето да се отуѓува; веднаш
в мисли да потоне знае...
Си шепотеше сама...И сите ја сметаа, бедна,
за поулавена да е...

Гробот на Кузман е секогаш осветлен со кандило и на него цвеќе има, бидејќи таа не го заборава, а не треба да го заборавиме ни ние.
Ликови

Со особено мајсторство и во хомеровски дух, Прличев ги насликал ликовите во неговата поема. Сите ликови се длабоко сугестивни, силно впечатливи, носители на возвишени, но и реални особини.
Неда е централен лик во поемата. Таа е мајка на јунакот, но и самата јунак. Таа е храбра - гордо ја поднесува смртта на синот, бестрашно им се спротивставува на непријателите, подготвена е и самата да се бори и да ја поведе борбата - да стане водач. Јасно е изразена нејзината решителност и чесност. Но, освен овие возвишени атрибути, таа е сепак мајка, чувствителна, која безмерно го љуби своето единствено дете. Нејзиниот крик и плач е мајчин, зашто нема ништо пострашно од смртта на детето. Но, и во таа болка Неда не мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој останал незаштитен и кој треба да преземе дел од таа болка.
Во ликот на Неда, Прличев го насликал и ликот на својата мајка кон која чувствувал голема љубов и почит.
Кузман е загинат уште на почотокот од поемата, затоа за него дознаваме преку раскажувањата на другите ликови, ретроспективно (преку навраќања). Тој е олицетворение на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од непријателот. Силен и храбар во борбите со него. Тој е заштитник на народот и својот живот го жртвува за доброто на сите. И кај него се гледаат обичните човечки особини како - љубовта и почитта кон мајката, како и љубовта кон девојката Марија со која сакал да го минува животот и да создаде семејство.
Гегите во поемата не се негативни ликови. Тие се непријатели - пљачкаши, немилосрдни, убијци, но и тие ги носат возвишените атрибути на чесност - носејќи го со сите почести мртвото тело на Кузман во домот на Неда, ризикувајќи да бидат убиени од гневното и желно за одмазда население. Тие и самите борци, имаат респект кон борецот, така ја покажуваат својата човечност. Особено се истакнува стариот Албанец, со својата мудрост и желба да ја утеши ужалената мајка, величајќи го неговиот смртен непријател.
Марија, свршеницата на Кузман, иако е опишана сосема кратко, е исто така впечатлив лик. Таа е достојна на љубовта на големиот јунак, верна до гроб, бескрајно вљубена, тивка и искрена. По смртта на својот љубен, таа нема повеќе за што да се радува, се повлекува во калуѓерство, посветувајќи му се целосно на споменот на таа љубов.
„Сердарот“ има врвни уметнички квалитети. Поемата е симбиоза (обединување) на фолклорот, Хомеровиот стил и сопствената силна уметничка дарба на Прличев. Богатството на јазикот, стилските изразни средства, силината на претставувањето на ликовите, фабуларниот тек (со ретроспективни навраќања) ја ставаат оваа творба на највисоко место во периодот на Романтизмот, но и денеска.
Кон врв
leonnche Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 09.Мај.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај leonnche Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2011 во 18:16
Originally posted by leonagirl leonagirl напиша:

Здраво,
ве молам ако некој има состави за екологија или
за љубовта да ми прати.
итно ми треба



Најдов нешто за љубовта,се надевам дека ќе ти се допадне ..


                 Што е љубов

Да живееш… Да копнееш... Да се будиш секое утро со помислата дека си некому потребен... Најубавото чувство. Тоа што нè исполнува. Ни го прави животот посебен и единствен. Единствен, на начин на кој некогаш бил само дел од нашите сонови. Што е тоа? Кое е тоа чувство кое може да ги помине сите препреки само за да спои две срца? Да, тоа е љубовта! Љубов – толку мало зборче, а сепак исполнето со многу емоции, чувства... Исполнето со огромна светлина и радост, но понекогаш и тага. Љубовта постоела отсекогаш и претставувала чувство без кое ако размислам, човечкиот род не би можел да опстане. Без разлика на времето, местото и положбата во која се наоѓале, луѓето секогаш биле способни да дадат љубов, па дури и да го дадат својот живот за оние кои ги сакале.
Што е тоа љубов? Понекогаш ќе се прашаме. Всушност мислам дека тоа е најчесто поставувано прашање. За некого љубовта претставува само болка и страдање, додека за некого претставува најубавото и најпрекрасното нешто на светот, единствена причина за живеење. За мене љубовта е еден вид пријателство, да бидеш со тој што го сакаш во добро и во зло, да растете заедно, да плачете, да се смеете... Да ги поминувате заедно најубавите моменти. Да си верувате еден на друг, но пред се да верувате во вашата љубов. Едноставно, тогаш целиот свет е само ваш, а на него постоите само вие двајца и нормално вашата љубов.
Се уште не можам да зборувам за љубовта и нејзината убавина, но сепак мислам дека таа е дел од секого и дека nекој има право да ја почувствува. Пролетта е време за вљубување. Па затоа се вели дека на вљубените целиот живот им е пролет. Љубовта е најубавото нешто на светот. Кога сум вљубен чувствувам дека целиот свет е мој, а светот е обоен со розова боја, прекрасна волшебна боја... Љубовта знам колку е слатка, но знам и колку боли. Не се откажав од љубовта, бидејќи таа доаѓа кон оние кои веруваат во неа. И секој пат кога ќе ги осетам оние пеперутки во стомакот, ја осеќам љубовта на своја кожа, сите убави мигови, се осеќам најубаво. Па дури и кога нема љубов во мојот живот, остануваат спомените од нешто поминато, спомени кои ми го одржуваат животот. Љубовта е најсилната сила. Сила која го врти светот. Во школо не учат за гравитациона, електростатичка и други сили кои не опкружуваат, но дали се тие и најважни? Тие се сили кои ги проучуваат некои научници, кои го трошат својот живот затворени во својата работна соба, проучувајќи ги законите и она што не опкружува. Но ниту еден човек, ниту еден научник или слично не може, не е способен да ги открие сите закони на љубовта. На таа сила која според мене има најголема моќ.
Но љубовта е секогаш непредвидлива. Иако ни ја носи најголемата среќа во животот, знае да донесе и болка, тага и мнгоу солзи. Но сепак тој баланс помеѓу среќата и тагата е неопходен во нашите животи и сето тоа се надминува. Најбитна е убавината на љубовта, за која доколку е вистинска вреди да се ризикува животот. Дали само еден цвет ја прави ливадата шарена? Дали само една ѕвезда го прави небото чудесно? Само еден лебед ли ги прави водите на езерото романтични? Започнав со мелодијата на пријателството, а завршувам со песната на љубовта. Љубовта е како музичка кутија која е затворена со катанче, а клучот на тоа катанче го има тој што го сакаме. А душата, таа претставува огледало, при секој поглед во него се гледа нашата љубов. Ако си го отвориме срцето, љубовта ќе ни ја отвори душата. Кога музиката од музичката кутија допира до мојата душа, започнува љубовта. А, кога ќе запре музиката се крши огледалото и се губи клучот – тука лежат одговорите на сите прашања. Неверствата и лагите ја трујат љубовта. Помалите лаги и неверства бавно ја уништуваат љубовта. Големите лаги и неверства ја уништуваат побрзо. Љубовта не значи само болка и повредување. Љубов значи: Љубовта да ја подариш на оној што мислиш дека му е потребна и искрено и безусловно да го сакаш. Љубовта е најубавото нешто на светот, но само ако е возвратена! Секогаш носи љубов во твоето срце, затоа што само така ќе бидеш среќен и ќе те сакаат. А тоа, да бидеш сакан е најубавото нешто што може да ти се случи. Деновите потрошени без љубов, се залудно потрошени денови... Тој што те сака, и ти сакај го, но тој што те повредува, засекогаш избриши го од твојот живот. Ако си во мојот живот само за да си играш со моите чувства, не си го губи времето и оди си. Но, ако си тука да ме сакаш и да ми покажеш што е вистинска љубов, можеш да
останеш засекогаш...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 99100101102103 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,484 секунди.