![]() |
|
Писмени состави,семинарски... |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 979899100101 113> |
Автор | |
Mindy ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14599 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Хмммм, биди малку попрецизен кога бараш нешто за да може оној кој ке сака да те посочи и помогне на некој начин , да знае конктетно што бараш.
![]() Ај види го линков СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИЕве и дел од тоа што има внатре во линкотВо пофалните слова, Климентовиот стил се возви- шува, зашто пишува искрени беседи, пофалби, за знаменити луѓе, како што се неговите учители Кирил и Методиј, за Исус Христос, за Богородица, за Свети Јован Крстител, за четвородневниот Лазар, за бес- телесните Михаил и Гаврил. Во нив неговиот стил е возвишен, авторот е вистински лирски поет, а упот- ребува сликовити стилски изрази, особено епитети, компарации, хиперболи, метафори, итн. |
|
![]() |
|
![]() |
|
bellucci95 ![]() Нов член ![]() Регистриран: 20.Мај.2011 Статус: Офлајн Поени: 6 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ми треба некој да ми каже состав за Пофалното слово...ама одма,оти итно е...
![]() |
|
![]() |
|
Mindy ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14599 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Абе мислам дека имаше пишувано за оваа тема, ама во случај да нема, еве прочитај Печалбари-Антон Панов Печалбари“ е драма во која ни се презентира љубовна приказна меѓу двајца млади(Констадин и Симка) кои се лудо влубени , но припаѓаат на различни сталежи, тој е сиромашен – а таа богата. Оваа противречност му била потребна на авторот за да го развие драмското дејство. Љубовта ќе биде главен двигател во драмското дејство, но и кочничар во развојот на љубовта меѓу младите. На нивната голема ќе влијаат непишаните правила според кои двајца млади од различни класи не си припаѓаат еден на друг. Панов тука го вметнал и бунтот како средство со кое ќе се искаже незадоволството и ќе се постигне бунтот. Љубовта е таа што двајцата влубени ѓе ги води напред. Но за жал, нивната среќа нема да биде целосна бидејќи посегнувањето по парите и стремежот за исконската печалба трајно ќе уништи едно семејство. Во оваа драма Панов ги запазува драмските фази и класичното драмско дејство. При преминот од чин во чин, од појавата од појава во појава авторот не води низ дејство за да го доведе читателот до кулминација на случувањата каде зетот заминува на печалба. Јордан во печалбари е лик кој најмногу ги сака парите. Претставен е како чорбаџија кој е мек на зборови но тврдоглав на дела, среброљубец кој гледа низ призмата на парите. Секогаш бил загрижен за мислењето на другите луѓе, а тоа најмногу се гледа кога ја “продал“ својата ќерка, сметајќи оти таков бил адетот. Но бидејќи Симка се заљубила во сиромашниот Констадин, се договориле да му ја даде ќерка си поставувајќи му услов да замине на печалба, туркајќи го во смрт. Јордан стапува на сцена во оној момент кога младите очекуваат принова и кога за нив започнуваат новите обврски. Но, тој е бескорисен, не знае да ги покаже чуствата бидејќи за него пред се се парите. Јордан донесува одлука која ќе ја плати прескапо, можеби не со својот, но се нечиј друг живот. Наспроти ликот на Јордан, стои Констадин, прикажен као млад човек кој има многу напредни сфаќања во споредба со времето во кое живеел. Како бунтовник, со своите постапки сакал да уништи дел од напишаните правила, како што била печалбарската традиција „ ...Ех црна и крвава е нашата печалба, мајко! Уште покрвава е сиромаштијата што не гони тамо!“ Сфајќајќи ги причините за тоа општествено зло, цврство стоел на ставот дека печалбата носи и несреќа и смрт. Божана, мајка на Констадин, е жена која робува на патријахалните традиции. Таа е жена која останала млада вдовица. Но, сепак знаејќи дека печалбата е несреќа, го наговара синот и тој да биде печалбар. Таа знае како е да се живее без пари, да се одгледува дете без татко, но воедно справува и страмува што ќе рече светот и како ќе излезе пред другите со крената глава. Велејќи му на Констадин дека мора поради Јордан да оди на печалба, Констадин враќа со зборовите: Дали чорбаџи Јордан ќе чуе таму во туѓина? Далеку, може дури преку море...На секого си туѓ...Нема со кого збор да промениш, солза да размениш! И не година, не две. Години, години да изврват, скотски да живееш, пари да збереш, додека да имаш лице дома да си дојдеш!... Ако паднам болен дали чорбаџи Јордан ќе праша за мене? Дали ќе има кој потта да ми ја избрише, кошула дами размени, јорган да ми фрли?... Ех, црна и крвава е нашата печалба, мајко? Уште покрвава е сиромаштијата, што не гони тамо! Проклет да и е коренот!... И големо има лечко нишан носи од неа за цел век!... Гледај, што направи од нас таа пуста печалба! Маж – роб! Жена – роб! Син - роб! Ќерка – роб! А мајките, само за солзи се родени!... Овие се најтажните зборови што ги проговорил некој печалбар во македонската драма. Во овој цитат Констадин ја насетува својата судбина. Можеби Панов намерно ова го направил се со цел да го стави читателот на размислување, каков е животот на печалбарите и низ каков тежок период поминуваат на печалба за да заработат парче леб. Кога Констадин мислел дека ја остварил својата цел, кога со Симка живееле убав живот и чекале принова, иднината ја нарушува Јордан кој доаѓа по своите пари. Нивната средба не е нималку пријатна бидејќи меѓу нив двајца доаѓа до конфликт. И покрај тоа што Констадин го моли Јордана да го остави барем уште една година да се порадува со својот пород, да сети таткова радост, тој немилосрден велејќи дека не е негово да мисли на пелени, туку на пари. Констадин заминува на печалба, но не по своја желба. (Надвор од селото. Во природата. Големо старо дрво. Планинска патека води на печалбарската чешма. Тоа е место на печалбарската разделба. Кога завесата се крева, десно веќе седнала мала група печалбари, прва пристигната на местото на разделбата; седам, пијам и замислено пеам. Во наредниот чин Констадин веќе се спрема за на печалба. Се збогува со Симка и со Божана. Прима од нив совети, но и ги прекорува и остава аманет детето што ќе се роди да го носи името на неговиот татко. Испратен е со песна впрочена како што тоа бидува со традицијата. За традиционалното испраќање на печалбарот поканува и моментот кога `рснува тапанот и зурлата, кога се прават и последните адети пред тргнувањето Тука е и размислувањето на Корама Атенас кој најубаво ја пишува тежината на печалбата. “...Разделба е разделба!...И камен на шијата полесно се носи од пустата печалба!“ Четвртиот чин дава најдобра слика на печалба кога веќе Констадин е во Белград. Таму болен од туберкулоза небаре од црна чума. Со пот и мака спечалил парите, но платил. со сопствениот живот. Печалбата за него била многу кобна, тој не успева да го издржи товарот на тешката работа, но желбата да го види Коле, неговиот син е поголема од се. Тажи за својата мајка, за Симка. Свесен е дека ја доживува судбината на татка си, кого никогаш и не го видел. Судбината се повторува со него и тој повеќе никогаш нема да се врати дома. Овде смртата е нормална последица. Но дали вреди по секоја цена да се оди на печалба, да се жртвува сопствениот живот и животот на тие што чекаат дома, да се вратат печалбарите. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Mindy ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14599 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Линкот ќе ти помогне околу анализата ![]() http://makedonskijazikiliteratura.blogspot.com/2010/05/blog-post_30.html |
|
![]() |
|
![]() |
|
loren ![]() Нов член ![]() Регистриран: 02.Април.2011 Статус: Офлајн Поени: 1 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ми треба анализа на песната од ГЛАС од Рајко Жинзифов
|
|
![]() |
|
steff ![]() Нов член ![]() Регистриран: 17.Мај.2011 Статус: Офлајн Поени: 1 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
mi treba sostav za "mojot patopis"za pismena rababota po makednoski ve molam nekoja neka mi napisi....vi blagodaram :S
![]() |
|
![]() |
|
Mindy ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14599 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
КЛИКНИ ТУКА И ЧИТАЈ ЗА СЕРДАРОТ Еве ти нешто и за Т'га за југ Во копнежот по родниот крај, по идиличната среќа во минатото, неоднесено од горчливите прашања во секојдневниот живот, се раѓа најсилната и најубава песна “Т’га за југ”.Како и во повеќето него ви песни,така и во оваа доминантни се чувствата на откорнатост од родниот крај,силната емотивност и израз на највжештени чувства и јасно видливата поврзаност со народната поезија и нејзините начини на пеење. Миладинов иако нема големо поетско творештво, неговата “T’га за југ” денес е дел од секоја антологија на македонската поезија. Мотивот во песната е патриотски, родољубив,во духот на романтичарскиот занес. Составена е од 5 строфи, 4 шестишја и 1 десетишје. Песната започнува со омиленото сретство на Миладинов – реторското прашање: “Орелски крилја кај да си метнех и в наши ст’рни да си прелетнех!” Поетот ја започнува својата песна со голема носталгичност, чувства на восклик, силна желба, копнеж да е на друго место, дома. Сака да дојде да ги види Стамбол и Кукуш и со тоа на желбата и дава пошироки размери. Не само да ги види градовите, туку и нешто посуштествено. “Ако как овде с’нце ме сретит, ако пак мрачно с’нцето светит, на п’т далечни ја ќе се стегнам и в други с’трни ке си побегнам...” Оваа строфа е израз на чувството сомнежи како што се забележува може да се нарече “потрага по светлината” бидејќи тој е подготвен да замине во нови и не познати простори, доколку и дома го сретне истото како во студената Москва. Во следната строфа поетот води разговор со самиот себе во кој бара крилја за да прелета во родниот крај. “Дајте ми крилја ја да си метнам и в наши ст’рни да си прелетнам на наши места ја да си идам да видам Охрид, Струга да видам...” Тој всушност ја повторува својата желба да се врати во родниот крај со што е постигната кулминација. “Тамо зората греит душата и с‘нце светло зајдвит в гората...” Во оваа строфа Миладинов ја претставува сликата на татковината со светли тонови и бои, во овие делови преовладуваат чувствата на патриотизам, среќа, радост и исполнетост. А пак својата последна желба со која упште еднаш ја потврдува безграничната љубов кон татковината ја кажува во послените два стиха: “Тамо по срце в кавал да свирам с’нце да зајдвит ја да уморам.” Во своите дела Миладинов изобилува со богатсво стилски фигури и со стилскиот емотивен однос кон мотивите за кои пее со што е претставена чистата роматичарска лирика. Иако скромна е оставнината на Миладинов, во македонската литература има значајно место, а со своето дело си изгради светлозрачен споменик на кој ќе му се поклонуваат уште многу генерации. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Mindy ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14599 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
....затоа што сакате да седете на фејсбук и да играте онлајн игри, наместо да седнете да прочитате некоја добра книга од библиотека Дали ви е јасно дека прашина фатија книгите во бибилиотеките од стоење ? Кој ќе ги чита ? а ? |
|
![]() |
|
![]() |
|
Mindy ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14599 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
На форумот има отворена цела тема за Кирил и Методиј, 22 испишани страници , еве ти линк
http://www.forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=7624&PN=1 Еве ти директен линк на страната со информации за Кирил и Методиј http://www.kirilimetodije.org.rs/Sv._Kiril_i_Metodij.m.html И еве уште еден линк за нив и плус за глаголицата и за моравската мисија http://www.makedonijaese.com/sv.%20kiril%20i%20metodij.htm Изменето од Mindy - 17.Мај.2011 во 17:22 |
|
![]() |
|
![]() |
|
Bad... BoY ![]() Нов член ![]() Регистриран: 17.Мај.2011 Статус: Офлајн Поени: 1 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Писмена
Ми треба напишана писмена или пример на тема "Нашите патрони СВ. кирил и методиј" за седмо одделение. |
|
![]() |
|
kic94 ![]() Нов член ![]() Регистриран: 19.Ноември.2010 Статус: Офлајн Поени: 4 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Здраво на сите.
Ми треба состав за Сердарот или ЗА Т'ГА ЗА ЈУГ. ОДНАПРЕД ФАЛА МНОГУ!! |
|
![]() |
|
AnnA1994 ![]() Нов член ![]() Регистриран: 17.Мај.2011 Статус: Офлајн Поени: 1 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
da mi najdete sostav za pismena "Stilski osobenosti vo Serdarot","Penite na Miladinov-pesni za tagata i ljubovta" za Zbornikot nesh i za Retrospekcijata vo serdarot MI TREBA ITNOOO..! za koi bilo od ovie ako imete plss napishete... VI BLAGODARAM odnapred
|
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еве ти една идеја.
![]() Замисли еден град што би сакал да го посетиш а не си бил тамо до сега. Потоа земи гуглај на нет за истиот град и научи се за него,научи ги сите поважни историски споменици,архитектура,музеи или било што по што е карактеристичен тој град. Потоа почни да пишуваш ![]() Почетокот нека ти биде опишан низ желбата да го посетиш тој град и почни со патувањето,замисли го и замисли се што би посетил за градот,опиши ја добро твојата виртуелна посета на истиот и сигурен сум дека добро ќе испадне,и обавезно спомни една малечка романса ![]() ![]() |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
Vlado Tas ![]() Нов член ![]() Регистриран: 15.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
mmi trebaa sostavv za "mojot patopis"za pismena rab mi ee ve molammm napisete mi ili sl...vi blagodaram odnapred:))))
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 979899100101 113> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |