IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 113>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
miSsFreaKy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Март.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај miSsFreaKy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 23:20
Гилгамеш владател, јунак и човек

     Големата сила, моќ, надваласт не е се во животот. Пријателството и љубовта се оние кои ни го прават секој ден весел и поисполнет со среќа. Па дури и еден полубог како што е Гилгамеш има потреба од некој кој ќе биде постојано со него во добро и во лошо, а тоа е секако неговиот најдобар пријател Енкиду.

     Откако Енкиду ќе се појави, животот на Гилгамеш целосно ќе се промени. Најпрво гледаме еден горд полубог кој буди стравопочит кај луѓето, кој има бескрајна сила и моќ. Истовремено бил и тиранин, страсник и насилник, човек јунак, непокорник, но и злоделец. Нешто што ќе го идигне човечкото над божеството. Наеднаш како да гледаме друга личност, личност која чувствува љубов, среќа и болка, која би го дала својот живот за едно суштество кое што така ненадејно се појави и му стана пројател.
Гилгамеи Енкиду се претвараат во непобедливи јунаци кои се борат за доброто и среќата на народот. Со заеднички сили го убиваат митолошкото чудовиште Хумбаба, грозниот чувар на Кедровата гора, чудовиште кое не само на народот, туку и на боговите им носел неволји. Храброста која што ја поседувале им дозволила да се спротивстават и на боговите, кои одлучуваат за нивната судбина. Гилгамеш ја одбива љубовта на Иштар.Таа го испраќа болшебниот небесен бик како казна. Јуначки со Енкиду повторно победуваат. Поминувајќи го целото време заедно со Енкиду, ги делат моментите на борба и слава, едноставно не можат еден без друг.
Енкиду е смртник, еден ден ќе пристигне и неговата смрт... Ден на разделба кога Гилгамеш ќе остане сам. Тој не може да ја поднесе огроманата болка. Човечкото во него се бунтува и неговата душа не може да ја поднесе загубата, на некој кој оставил толку длабока трага во неговото срце.
Неговите чувства на очај и тага ја достигнуваат кулминацијата, посилни од него и воден од истите тој тргнува во потрага по бесмртноста.
Неможејќи да трпи тага и болка тој го минува целиот свет за да ја пронајде тајната со која ќе му помогне да стане бесмртен.

Неможејќи да се помири со својата следна загуба, тој ја сфатил целта на животот, односно зборовите на богињата Иштар:

„... Што ќе ти е тревката на бесмртноста?
Врати се дома кај жената и децата.
Направи ги задоволни
и ти биди задоволен.
Оди кај пријателите и направи ги среќни
и ти биди среќен.
А бесмртноста остави им ја на боговите...“


*Најдов нешто дома
Кон врв
miSsFreaKy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Март.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај miSsFreaKy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 23:22
Јунаците во Илијадата – Ахил наспроти Агамемнон

     Илијадата е најсовремената епопеја на сите времиња, за сите народи. Во неа се обработува еден единствен настан – Тројанската војна, односно борбите околу градот Илиј. Илијада претставува бесмртно дело на Хомер каде што гневот на Ахил се провлекува како црвена нишка нишка низ целото дело, од самиот почеток па се до неговиот крај.
Слепиот Хомер пред себе имал мноштво на личности, кои имале една желба и цел, да победат и да се прослават. Тој ја покажува својата величина во сликањето на многу различни карактери, во изнесувањето на нивните добри и лоши страни. Секој карактер во Илијада се одликува со нешто свое, индивидуално.

     Двигател на дејството во „Илијада“ е гневот на Ахил. Тој е главен војсководец, јунак на страстите кој оди во крајности. Ахил претставува литерарен лик, создаден од авторот, лик кој има божествени особини – идеали.
     Главната причина за тој гнев и таа омраза да се појави кај Ахил е грабнувањето на неговата робинка Брисеида од страна на Агамемнон. Тој е лик во кој покрај храброста се слеле себичноста и неразумноста, а сето тоа е доволно за Ахил да се навреди и да престане да се бори за Ахајците. Сакајќи да ја докаже вистината, за тоа колку е тој важен за нив и дека без негово учество нема да ја добијат борбата. Престојува во бродовите и покрај сите молби да се врати на бојното поле тој не сака да попушти, ги остава Ахајците полека да ја губат борбата. Кога веке Тројанците ќе стигнат и до самите бродови за Ахил не е доволно извинувањето на Агамемнон и молбите од неговиот најдобар пријател Патрокло. За тој повторно да настапи во борба, Партокло земајќи ја облеката и оружјето на Ахил оди во двобој со најголемиот тројански јунак Хектор. На прв поглед Хектор е подисплашен од мислата дека Ахил се вратил во борбата, но потоа гледа дека тоа е Патрокло со Ахиловите алишта дека нема потреба од паника. Сето тоа покажува дека Ахил е оној кој може да даде отпор и да вллее стравопочит кај Тројанците. Двобојот завршува со убисто на Патрокле од страна на Хектор.
     Ахил дознава за смртта на својот пријател, тој е прекумерно тажен – оди во крајности. Тој кубе коси, се облекува во тажечка облека... Едвај го разубедуваат таа тага и болка да ја замени со омраза и одмазда кон непријателот. Ахил конечно тргнува да се бори.
     На тој свој пат прави ѕверска одмазда, ги убива тројанските војници, а нивните тела ги фрла во реката, та место вода се излевало крв од мртвите тројански војници. Се судира и со Хектор, воден од гневот и желбата за одмазда, поради загубениот пријател и него го убива.
     За тоа колку Ахил може да биде гневен и крајно суров покажува мигот и по убивањето на Хектор. Неговиот гнев не се стишува, го врзува за својата двоколка и го влече телото на Хектор седум дена околу градот, и сето тоа предизвикало потресни сцени во Троја.
     Силата што конечно ќе го смекне неговото тврдо срце е љубовта кон својот татко, поточно плачот на хекторовиот татко – Пријам, кој го потетува на неговиот сакан татко. Заедно Ахил и Пријам плачат и жалат, војната престанува за одредено време за сите да му одадат почит на Хектор.

     Со оплакување на закопот на големиот Хектор се завршува прекрасното дело. Ахил сепак останува феномен како помеѓу луѓето така и помеѓу боговите, а Илијада останува извор на мотиви и карактери, како пример за создавање епска поезија.
Кон врв
elenaeci Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај elenaeci Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2010 во 00:42
Originally posted by гјувеза гјувеза напиша:

DOBRO SE PREVRTEV AMA SOSTAV ZA SMRTA NA IVAN IILIC I NESTO ZA RASKAZI OD GOGOLJ NIGDE NEMA ILJADA PRASANJA I MOLBI A NIKOJ NE NAPISA NISTO.PA GI MOLAM ONIE KOI MOLEA PREDHODNO I IMALE PISMENA VO DEKEMVRI I FEVRUAR NEKA GI STAVAT SVOITE SOSTAVI OVDE ,PA I NA NAS DA NI POMOGNAT.BLAGODARAM


       eve ti kratka sodrzina za smrtta na ivan ili4 se nadevam ke ti pomogne nesto,zosto pismena seuste nemame praveno za niedno delo,ni dade nekoi opsti temi,a gogolj seuste go nemame raboteno...

knigata zapocnuva koga vo apelacioniot sud se sobiraat nekoi cinovnici o doznavaat za smrtta na ivan ilic. prvoto sto ke im padne na pamet e deka sega nego go nema i tie ke mozat da go zazemat negovoto mesto ili da napreduvaat za edno mesto. vsusnost tie mu se prijateli, ama samo od korist. vtorata pomisla ke im bide kako toj umrel i koj da otide na pogrebot. najposle se dogovaraat da otidat 2 od niv (ama na mi teknuva na iminjata). koga ke otidat kaj nego doma ke vidat deka na negoviot pogreb dosle mnogu malku luge. zenata na ivan ilic ke go odnese edniot od prijatelite(mislam deka se vikase pjotor ivanovic) vo trpezarijata za da razgovaraat. taa ke pocne da place i ke mu raskazuva za smrtta na maz i deka bila mnogu bolna, deka dolgo vreme imal bolki i deka pokraj nego se macela i taa. potoa ke mu kaze deka mnogu pari dala za pogrebot, a deka od drzavata ne dobila ni paricka i ke go prasa dali znae nekoj nacin kako da zeme poveke pari od drzavata. potoa nezz tocno so ke se desava samo znam deka ovoj pjotor ke go gleda iva ilic kako lezi i ke mu se zgrozi (poso ovoj ke bide bled, modar nikakov) i ke razmisluva za toa kakva ke bide negovata smrtpotoa se spomnuva za toa kako toj resil da se ozeni. kako ja zapoznal paraskovja fjodorovna. deka taa bila dama, nezna, kulturna, obrazovana i deka ne bi smeel da propusti takva sansa. tie se zemaat i prvite meseci od brakot im se odlicni se dodeka taa ne zabremenila. potoa imala sekakvi baranja, se izzivuvala so maz i, go maltretirala. toj ponekogas i vrakal(ama nezz kako poso ne ja docitav). potoa im se rodilo deteto, bilo kerka. pa potoa imale uste 2 ili 3 deca sto im pocinale i potoa imale uste 1 sin. ivan bil mnogu radosen za raganeto na sin mu i sakal toj da go vospituva, ama zena mu ne mu dozvoluvala. koga trebalo da odlucat kade da uci sin im ivan sakal da uci pravo, a zena mu za inaet go zapisala vo gimnazija. no, sepak sin mu poveke go sakal nego, a kerka mu poveke ja sakala majka im. no, sepak i dvete deca bile poprivrzani za majka im. potoa tie ke go preureduvaat stanot(ili ke kupat nov nezz) i ke otidat za toa vreme da sedat akj nekoi rodnini. ivan se trudi da go napravi sto poubav, no ne im kazuva kakov e za da gi iznenadi. im kazuva deka izgleda pogrdo od toa sto toj planira da go napravi. potoa toj sakajki da gi namesti ili da objasni nesto okolu tapetite ke padne od skala i ke si ja povredi polovinata. ke otide na lekar ama nema da mu najdat nisto ke mu recat deka e zdrav. potoa ke se vselat vo stanot, ama zena mu pak ke naoga nekoi mani. ke se dogovorat da napravat zabava za novoto vseluvanje. ke povikaat gosti i paraskovja ke saka tie da kupat ogromna kolicina na kolaci a ivan ke i rece deka ne se potrebni tolku kolaci i ke se skaraat okolu toa. ama na kraj ke pobedi paraskovja i ke kupat mnogu kolaci pa mnogu i ke im ostanat i ke gi frlat. i nataka nezz so tocno se desava samo znam deka ke umre ivan i deka ke ima ogromni bolki.vo psolednite 2-3 raskaza se zbori za negovata bolest kako e neizlecliva kako ne saka da vidi nikoj bara da go ostavat site na mira,da mure vo mir...tolku e knigata... :))) se nadevam ke ti posluzi nesto :))) so sreka...
Кон врв
elenaeci Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај elenaeci Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2010 во 18:27
    eve kratka sodrzina se nadevam ke ti pomogne nesto, drugo nemam...pozzz ;)

Чорбаџи Теодос        - кратка содржина


Станува збор   за класична комедија на интригата , што ќе ја инсценира итроманот Арсо за да го исмее градскиот угледник, чорбаџи Теодос со тоа што ке го стори цигански кум . Комедијата е составена од три чина . Првиот чин е остварен како експозиција на драмското дејство и се случува во домот на чорбаџи Теодос. Вториот чин го донесува заплетот на интригата на Арсо и се случува на патот кон лозјата   на Водно. Третиот чин ја достасува својата кулминација   и комедиографскиот расплет   со интригата на Арсо . Во експозицијата чорбаџи Теодос се опишува како лик пред кого сите домашни живеат во страв , и кој ќе биде пречка за бракот помеѓу неговиот син Томче и самарџиската ќерка Стојанка ( бидејќи на девојката и видел кал под ноктите ) . Токму тука се открива господска напернатост   во однос на
    помалите   луѓе од него. Тој исто така е опседнат со помислата дека н екој или нешто може да го сивалка него или дел од неговата облека . Токму затоа , авторот   во третиот чин , под стапица на интрига на Арсо и народните обичаји, го претставува чорбаџи Теодос одеднаш наспроти својата волја и притиснат од народните обичаји да биде цогански кум во семејството на Циганот Поцко. Како што се обичајите , првиот што ќе ги пресретне циганите излезени на патот со бебето во раце - тој ќе биде кумот , а Арсо и семејството се договориле тоа да биде чорбаџи Теодос . Арсо го доведува комедиографскиот расплет и го ослободува чорбаџи Теодос од обврската на кум. Кумството го презема неговиот син Томче , а за возврат добива благослов од татка си да ја побара Стојанка за жена . Исто така и итроманот Арсо е ослободен од својот долг кон чорбаџи Теодос .
Кон врв
opasna_mala Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 01.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 9
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај opasna_mala Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2010 во 22:54
[QUOTE=Viktorijaa16] Писатели..имам една молба до вас.Имам мака со пишувнје .Па ако имате нешто напишете.Вака се темите:

1.,,Слово за празниците" - Кирил Пејчиновиќ
-вовед:Нешто за К. П.
-главен дел:Опис на делото..што се зборува,карактеристики
-завршен дел:што го навел авторот да го напише делото

Кирил Пејчиновиќ - Тетоец (1771 - 1845) е просветителски автор кој сите свои дела ги напишал на народен јазик и заедно со Јоаким Крчовски ја претставуваат првата генерација писатели на современата македонска книжевност. Пејчиновиќ исто така се смета за дел од бугарската книжевност, иако пишувал на македонски, тетовски говор.

Биографија
Пејчиновиќ е роден во тетовското село Теарце во 1771 година. Првите почетоци од неговото образование биле во селото Лешок, а потоа продолжил во Дебарскиот манастир "Свети Јован Бигорски". Меѓутоа, потоа татко му решава да го продаде имотот во Теарце и со него и со неговиот чичко одат во Света Гора каде се замонашуваат. По извесно време Кирил се вратил во Тетово, а оттаму заминува во Кичевскиот манастир "Света Богородица Пречиста".

Во 1801 година Пејчиновиќ станал игумен на Марковиот манастир, кој решил да го обнови. Манастирот бил речиси уништен, меѓутоа Кирил успеал да издејствува помош од верниците, па конаците и манастирот биле обновени. Во наредните 17 години (до 1818 година), тој се занимавал со обновувањето и истовремено оформил манастирска библиотека од собраните ракописи од претходниот век. Додека престојувал во Марковиот манастир ја напишал неговата прва книга Книга сија глаголемаја Огледало, која била отпечатена во 1816 година во Будим. По дваесет години минати во манастирот, под притисок на грчкиот владика од Скопје, го напуштил Марков манастир и се вратил во родното Теарце. Го обновил Лешочкиот манастир со помош на богатите верници и отворил училиште во кое ги подучувал младите и старите. Патувал и како проповедник собирајќи книги и пишувајќи сопствени текстови. Кирил Пејчиновиќ умрел на 12 март 1845 година во Лешочкиот манастир и е погребан во црковниот двор.

    Значењето на "Слово на празниците" на Пејчиновиќ
Оригиналната проповед Слово на празниците на Кирил Пејчиновиќ најсилно ни ги претставува неговите погледи. Оваа проповед се отклонува од традицијата со тоа што проповедите обично поаѓаат од "книшки" (од Библијата), пример кој потоа може да се догради со примери од животот. Оваа проповед своите примери ги зема од животот, па често пати неговите повикувања на одредена ситуација ни откриваат некое конкретно однесување на нашиот народ од почетокот на минатиот век. Всушност во текстовите на Пејчиновиќ се согледуваат болните вистини за заостанатоста на народот во неговото време.

Кирил Пејчиновиќ во своето дело, со воведување на народниот јазик, но и со животот во кој доследно живеел живот на народен учител кој подучува, оставил скапоцен придонес во македонска култура. Со просветителските идеи за собирање книжно наследство, за пишување и печатење книги на јазик кој ке биде разбирлив станува голем културен деец на македонското просветителство.


    Извадоци од „Слово за празниците“ („Огледало“) Кирил Пејчиновиќ
Ако мије не исполниме закон Христов, не смо ни христијани. Пошто не смо христијани, а заошто сме? Пошто не сме Христосови људи, при Христа во рај не можемо да идемо. Пошто не ќе идемо у царство небесное, а зашто се мучимо на овој век, зашто постимо, зашто се крштеамо, зашто се закопуемо, зашто за душа давамо, зашто од други вери мучени биднуемо, зашто од калдрма долу слезуемо, зашто зелено не носимо, зашто од Турци помало зборимо, зашто, каде нè јахат и газат, трпимо, зашто? Не ли за Христа?
Пошто за Христа трпимо, баре да го слушаме што ни вели. Он не ни вели нешто тешко, токо лесно. Он ни вели да лубимо еден другого, да се проштааме, да се жалиме, да седимо мудро, да не збесуемо како малии деца, да не се опијаме, да не блудуаме, да не пиемо вино без мера, да не скакамо хоро како безумни што скакат.
А мије и празникот што го служиме една у годината, и него непристојно го служиме, а не побожно. Баш на денот вардимо да се опиемо, да скакамо, да збесуамо. Сва ноќ седите, пеете и збесуете, не го молите светецот, токо го наљутуете, и тој не ве измолует пред Бога и не ви поможует, и нафиле си арчите арчот.
Ако сакаш да ти се фати што го служиш, што го молиш, слушај да ти кажем како да чиниш. Спроти ден отиди у црква, узми свеќа, темјан и масло за кандилата, запали и помоли му се Богу со молитвата от светецот што го служиш, со негоата молитва да ти прости. Ама ти да простиш свакому кои што ти досади, иди прости се со него, зере и Бог не ти проштаа; ако служиш светца, - и светецот нема што да чинит от када имаш лошо срдце. И опрости се и помоли се за себе и за него, пак дојди дома, помисли имаш ли некој преател или непреател, има ли некои хапс, има ли неко болен, има ли некои гол, има ли некои гладен, и иди види га, отнеси му или заире, или дрва, или штогод, и речи му: „На ти брате за утрешен, или денешен, за негоо имја“. И вечерта седни вечерај мирно, не пој песни раскошни, не седи до полноќ, легни порано стани порано, узми просфора и свеќа, иди у црква на славословие и на божественаја служба, сиреч на литурѓија, и дури седиш у црква не мисли за на дрва, за дома или за трговина, баш и некоја наволја ако имаш, пак да не мислиш и за њу, токо оставија на Господа, и Господ похубаво ќе ти ја расправи от тебе, ти ништо не можеш без Бога.
Пак у јутру ашче излезеш от црква, сиромаси просјаци што са пред црковна врата дади им по нешто мало на свакого милостиња, ќи Бог и тебе да те помилува, зашто така вели Христос:„Кој дава ним, мене дава, и ја ќе му вратим отвише и на овој свет и на второ пришествие мое во царство небесное.“
........................................
А вије се надеате на к*рбани што колете на Атанасов ден, со тоа да угодите Богу. А не знаете еле тија к*рбани идолска жертва, еврејска жертва, а не христијанска. Тој христијанин што коле к*рбан не ест христијанин, токо ест евреин или идолопоклонник, и тој свешеник што поет на глава на овенот со свеќа запаљена лаже за добитка, за пара, за месо, а у закон христијанскиј немат писно поп да чати на овен а христијани да колет к*рбан.
........................................
Затоа сакат и требет у празник, зашто се велит да си празен от работа, пак да се соберет у црква и поп да ви кажует што видел у писание и вије да слушате. Зашто велит Бог: „Приидите, чеда, послушајте мене,“ и паки на Богојавление у тропарите Дух Свјатиј велит: „Глас господен на водах вопиет глагоља: приидите, приимите вси духа премудрости, духа разума, духа страха божија.“ Викат Дух Свјатиј за наше добро, а вије ѓоа сте дошле у црква, ама со све срдце не стоиш ли во неа, токо срама ради си дошол колку за закон, да не речат: онсица го немат у црква, и ти си дошол, и мислиш от црква излагаиќи кого да избањаш у вода, да досадиш на празникот, а да не угодиш; и пак велиш: пречинихме Водици, учинихме закон, и за многу години да бидет.
Поклади идет, се чудиш колку манџи да напраиш. Пак се берете по две куќи по три на едно да покладите, да разлагуете, да поете песни соблазнителни, да јадете до ден, да се опиете и скверна безделија да чините за три дни. Немојте христијани, не губете си душите, не празнујте погански. Сам поклади си со својата челад, штогодер јади, помало пии, поскоро стани, метание чини, зашто утре велик пост. Зашто го велат велик, голем? Зашто голем колку божиќниј пост и он. Зашто го велат великиј пост? Зашто голем захмет требе да тегнеме во него, многу метание, многу богомолство, непиење, нејадење, нелутење се, некарање се, со жена си у постела неспиење, крштење, сриг и сваќи и гозби нечинење, непцуење се, неврежуење се, опростуење се, сиромаа пригледуење, утро вечер, на полдне, три пути денес када се крстиш, метание да чиниш. Бога да молиш да ти прости што си чинил сва година. И зашто го викаат великиј пост? Зашто ест десеток он. Демек, на годината имат 366 дни, от десет еден да дадеме Богу, другите нам 9 дена. Што си грешуал срдце, да ти простит и да те помилуват во тија дни. Десетоците собрани на куп во великиј пост, от субота и недела башка, чинат 36 и пол со велика субота и со ноќта спроти велик ден. До полноќ све се постит, никоа суббота не се постит, салт велика суббота се постит и спроти неделата до полноќ. Така се плаќа десеток Богу, така се измолует Бога.
..................................
Ете тако се празнует великиј ден, кој ест христијанин и кој ест радлив за своја душа. А како гледам во едни села, да чува Господ, дип грубо. Ни христијани можем да ги наречем ни пак неверници. Велики петок и велика суббота јадат и пијат, у великиј пост хора играат, со жена у постеља спијат, на забита се клеветат, давиа чинат, се пцуат, се тепаат, на сам ден велик ден причешна чекаат. А, попот узел, осум села попуат, каде понапред да стасат, трчат от село на село, со меинзил носит свјатиј тајн. А едни сиромаси христијани, дури ги жалим, зашто до само полдне чекаат попа, на сам царскиј велики ден гладнии стоат и чекаат попа да му донесат причесна и викаат: „Се забави попот, тоа му било, она му било!“ Дргии пак велит: „Хајде да му се натепамо, ќи уште еднаш да не забават!“ А еднии чорбаџие што сет, мало позенгини, како кметинке, пак тије велат: „Не така. Да го тепамо ќе не глобит забитот. Токо мије, ка што сме се собрале в куп, да идемо да однесемо овен на агата или на пашата, да му аливерисамо ќутек, ем да го напудимо, да земемо друготого попа, ако е подалеко со куќата.“ Пак другиј кмет велит за друготого попа: „Каков глобар ест и тој поп многу земат, махни го тамо. Овој поп се забават ама баре помало земат, ем вересие пеет, чекат за паре со години, а другиот поп со Турци си земат хакот, ако му не платиш.“
.................................
Вије сиромаси, честите човека више од Бога и затова не чува Бог, и град биет и друго нешто. А богатите честат цревото свое, а не Бога, велат: „Овоа похубаво нека стоит да го јадеме не тој ден, на оној, кога ќе имамо гости.“ Да, затоа христијани паѓат град, зашто сте едни человекоугодници, а не богоугодници, а не познаете свој грех, свој кабает, свое безумие, токо велите: „Не држиме четврци затова паѓат град“, попотого го карате зашто работит во четврток, што не сте достојни да го учите а дила да го карате. Затова паѓат град и заради други поганштие што се чинат: или скришом се фрлило копиле, или скришом се отепал некои некого, ем не знает кои, или се клеветите меѓу себе, или гараз држите, не се проштавате, или причесна не исповедани земате, или у црква унутра мирски песни пеете, или сиромаху, или сакатому, пелтеку, шушкавому, муткавому, гушавому, халосаному, хулавому, будалому, грешному се смеете, шегате го, пудите го, задирате го, со него егленче чините, и за други грехови таквија, затова идет гнев Божји на сини непокоривија.


Епитафот на Пејчиновиќ
во 1835, Пејчиновиќ за себе составил надгробен натпис (епитаф) во облик на стихотворба. Ова е најраниот познат авторски пример на пишување стихови на народен говор во развитокот на македонскиот јазик. Епитафот гласи:

Теарце му негово рождение
Пречиста и Хилендар пострижение
Лешок му е негоо воспитание
Под плочава негоо почивание
От негово свое отшествие
До Христово второ пришествие
Молит вас бракя негои любимия
Хотящия прочитати сия
Да речете Бог да би го простил
Зере у гроб цръвите ги гостил

Овде лежи
Кирилово
У манастир
и у Лешок село
да Бог да
за доброе дело

П.С:се надевам ова ќе ти помогни.позз



Изменето од opasna_mala - 13.Април.2010 во 22:57
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2010 во 23:35
Originally posted by Emmah15 Emmah15 напиша:

здраво.. ви пишувам прв пат но многу е итно.. ако има некој есеј, состав, реферат, што и да е на тема КРВ, КРВНИ ГРУПИ, ТРАНСФУЗИЈА нека пише.. итно ми треба за во школо проект ми е за на крај на година! може и нешто во врска со тоа, али најважен е воведот.. нешто општо за ова.. ве молам!   


Крвта е течно ткиво кое се наоќа во крвните жили и со помош на срцевата работа без прекин циркулира низ целото тело со што го овозможува животот на клетките. Таа има повеќе функции: респираторна, нутритивна, екскреторна, регулаторна, одбранбена. Крвта се состои од крвни клетки: еритроцити, леукоцити и тромбоцити, како и од крвна плазма. Една дванаесетина од телесната тежина отпаѓа на крв, што значи дека човек со просечна тежина од 70 килограми има околу 5 и пол литри крв. Ако на кој било начин човекот загуби големо количество на крв тешко може да ја надомести. Неговиот живот е загрозен. Загубената крв може да се надомести само од друг човек. Давање на крв од еден на друг човек се вика трансфузија на крв. Обиди за трансфузија на крв се правеле и многу одамна, но настанувале многу инциденти, честопати со фатален крај се` до оној момент кога се дошло до сознание дека луѓето немаат ист вид на крв и дека не е така безопасно да се внесува крв од еден на друг човек. Откривањето на крвните групи и разработката на безбедни методи за трансфузија на крв е најголемото достигнување на медицината.
Ланштајнер ги открива крвните групи во АБО системот.
Трансфузијата на крв може да биде директна - кога со специјална направа се дава крв директно од човек на човек - од циркулацијата на дарителот во циркулацијата на примачот и индиректна трансфузија - давање на конзервирана крв. Конзервираната крв доаѓа во посебни кеси на кои е залепена етикета со крвната група Рх - факторот како и датум кога е земена крвта од дарителот.
Разликуваме четири крвни групи: А, Б, АБ и О. Секоја крвна група може да биде Рх позитивна и Рх негативна.
Кога некој треба да прими крв, неопходно е да прими крв од истата крвна група затоа што може да дојде до аглутинација на еритроцитите и примателот на крв да почине. Аглутинацијата е реакција која што настанува помечу аглутиногенот што се наоѓа во еритроцитите и кој ја одредува крвната група и аглутининот кој се наоѓа во плазмата.
Во човечката крв постојат два аглутиногени; Аглутиноген А и аглутиноген Б и два типа аглутинини: аглутинин анти А или алфа и а аглутинин анти Б или бета. Крвната група е карактериситчна за секој човек, се наследува од родителите и не претрпува никакви промени во текот на животот.
Карактеристики на крвните групи:
- Крвна група А: - во еритроцитите има аглутиноген А, а во серумот ( плазмата ) има аглутинин анти Б или бета
- Крвна група Б: - во еритроцитите има аглутиноген Б, а во серумот ( плазмата ) има аглутинин анти А или алфа
- Крвна група АБ: - во еритроцитите има аглутиноген А и аглутиноген Б, додека во серумот ( плазмата ) нема аглутинини
- Крвна група О ( нулта ) : - во еритроцитите нема аглутиногени, но затоа во серумот ( плазмата ) има и аглутинин анти А или алфа и аглутинин анти Б или бета.
Прикажано на слика би изгледало вака, за да ти биде појасно:
http://blogsci.com/images/ABO_blood_type.jpg
Поради овој однос на аглутиногени и аглутинини, на пример, крвните групи А и Б не се поднесуваат меѓу себе, така да човек со крвна група А не смее да прими крв од човек ос крвна група Б или обратно, поради реакцијата која што настанува меѓу аглутиногенот Б од крвта на давачот ( во еритроцитите ) и аглутининот анти Б или бета во плазмата на приамачот. Неподнесувањето на две крвни групи се нарекува инкопатибилитет.

Оваа тема е доста обемна, имаш Рх фактор, начини на одредување на крвна група, реакција меѓу Рх негативна мајка со Рх позитивен плод, па потоа реакции, компликации, припрема при трансфузија, ама мислам дека е доволно ова, сигурно не ти треба да навлегуваш многу во оваа тема. Поздрав

You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2010 во 23:51
Дечки ај би ве замолил доколку некој има добар препев на Албатрос од Бодлер,на Македонски секако да го постира тука?

Благодарамсреќа
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
computer Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Патриот

Регистриран: 25.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 504
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај computer Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2010 во 00:42
Чест случај е морнари за забава да ловат
албатроси, птици во бескрајната шир сами,
додека со големи крилја рамнодушно пловат
над лаѓата в поревање сред горчливи јами.

Но кога ќе се најдат врз палубните штици
тие кралеви на ширта, до пред малку сјајни,
ќе станат одеднаш смешни и несмасни птици
а крилјата бели жално ќе се влечат крај нив.

Тој крилатa патник сега колку станал беден!
Тој, некогаш толку убав, колку грд е вака!
Со своето луле клунот му го дразни еден,
куцајќи, друг летачот го подражава сакат!

Како принц на облаците поетот се крева,
се подбива со стрелецот и низ луња броди,
но штом е спуштен на земја, среде џган и врева,
неговите крилја на џин му пречат да оди.

Ете ја фикс среќаголемо%20гушкање
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2010 во 14:10
Originally posted by ma4ence_92 ma4ence_92 напиша:

Ми треба некој филм прераскажан но да е на англиски фала однапред


The notebook од Википедија, добро е прераскажан

In a modern-day nursing home, an elderly man named Duke begins to read a love story to his elderly woman companion from a book he carries.

In 1940, at a carnival in Seabrook Island, South Carolina, local country boy Noah Calhoun sees 17-year-old heiress Allie Hamilton for the first time and is immediately smitten. She continuously refuses his persistent advances until their well-meaning friends lure them together. Noah and Allie spend an idyllic summer together, though her wealthy parents are less than enthusiastic about their summer romance. Allie is forbidden by her parents from seeing Noah again. Noah tells Allie he believes her parents are right and that he is not good enough for her, she yells at him and the two break up. Allie immediately regrets the decision but Noah drives away. Noah, devastated by their separation, writes her one letter every day for a year, with no replies. On the 365th day, he writes her a goodbye letter and decides to let her go. Noah and Allie move on with their lives; Allie attends Sarah Lawrence College, while Noah enlists to fight in World War II.

While in college, Allie volunteers as a nurse's aide for wounded soldiers and meets the injured Lon Hammond, Jr., a wealthy and well-connected young lawyer who is handsome, sophisticated, charming, and comes from an old Southern family. The two eventually become engaged, to the joy of Allie's parents, although Allie wonders why she is reminded of Noah's face when Lon asks her to marry him. Noah returns home. While visiting Charleston to file some paperwork, Noah witnesses Allie and Lon kissing at a restaurant. Devastated, Noah is consumed with restoring an old plantation from their summer together, wanting to believe that if he keeps his promise to her and fixes it up, Allie will come back to him. Finished, Noah tries to sell the plantation, but finds he cannot part with it. While trying on her wedding dress, Allie spots an article about Noah's renovation on the Windsor Plantation in a newspaper. She decides to visit Noah in Seabrook and he invites her to dinner, during which Allie tells Noah about her engagement. Later in the evening, Noah asks Allie to come back the next day so he can show her something.

In the present, it is made evident that the elderly woman is suffering from dementia, which has stolen her memories - and that Duke is her husband. She does not recognize their children and grandchildren, who beg Duke to come home with them. Duke insists on staying with his wife, refusing to abandon her.

Back in 1947, Noah takes Allie out on a small row boat and shows her a flock of swans sitting on the water. It starts to rain and they have to go back. While he is tying up the boat, Allie demands to know why Noah never wrote to her. Noah tells her he wrote to her every day for one year. They begin kissing, then they make love to each other. The next day, Allie’s mother appears on Noah’s doorstep while Noah is out, telling Allie that Lon has followed her to Seabrook after Allie's father told him about Noah. Allie's mother takes Allie for a drive and explains how she too once had a summer romance, and that she still drives by to watch him sometimes. They drive back to Noah's house and he is sitting on the porch. She hands her daughter the bundle of 365 letters that Noah had written to her, saying that she hopes Allie makes the right choice. She drives away and Allie goes to sit on the porch with Noah. She explains how Lon is in town and how the past few days had been wonderful, but very irresponsible. Noah is furious, asking her if she knew what would happen if she came there. He accuses her of only loving Lon for his money, and says that if she leaves, he will hate her forever. She storms toward her car, and Noah yells after her that she's bored with her life, and if she wasn't she wouldn't have come. He begs her to stay with him, saying that he knows they fight and is willing to work it out every day if that's what it takes. He tells her that if she really wants to be with Lon, then she should go, because he lost her once and he could do it again. Confused and upset as ever, Allie drives off to find Lon.

Distraught, she stops her car on the side of the road and reads one of Noah's letters, though she continues on to find Lon. Lon says that he has three choices: Kill Noah, beat Noah, or leave Allie. But he says that none of them make him end up with Allie, and that he loves her. She says she loves him too, but that she feels like two different people when she's with Lon and when she's with Noah. She says she knows she should be with Lon, but realizing that she can not live without Noah, Allie appears at Noah's doorstep. They embrace in reunion.

Present day, Duke's elderly companion suddenly realizes that she is Allie. She remembers her past, and that Duke is Noah. After finding out about her impending illness, she had herself written their story in the notebook years before with instructions for Noah inside: "The story of our lives, by Allie Calhoun. Read this to me, and I'll come back to you." But soon Allie relapses, and she finds herself in, to her, a stranger's arms. She yells for help, and nurses come to calm her down.

The next morning, Noah is found unconscious in bed and he is rushed to the hospital; he later returns to the nursing home's intensive care ward. He goes to Allie's room later that night, and Allie remembers their love again. She asks him if he thinks their love can make miracles, and he says that miracles are what brought her back to him every time. She then asks him if he thinks their love can take them away together, and he replies, "I think our love can do anything we want it to." Noah's last words before falling asleep are "I'll be seeing you." The next morning, a nurse finds them in bed together, holding each other, dead.

The credits roll with a shot of the swans flying away.


Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2010 во 15:28
ЗБОГУМ УЧИЛИШТЕ МОЕ

Образованието на еден човек е едно од најважните нешта, поточно права кој секој од нас го има и доколку знае правилно да го искористи може многу да постигне во неговиот живот. Тоа не е нешто што се стекнува веднаш, тоа се стекнува во текот на подолг временски период, се надоградува континуирано со огромен труд и работа. Сето тоа образование ние го добиваме пред се` во училиштата, од луѓе кои се образовани и имаат желба нивното знаење да ни го пренесат и нам.
Во текот на изминатото мое 8 годишно основно школување јас научив многу. Во првите години од школувањето научив да читам,  да пишувам, ги научив основните математички операции. Со текот на времето учењето стануваше се` поинтересно, осознавав се повеќе и повеќе за светот околу мене, за животот, за луѓето...сето тоа ми помогна на еден начин да формирам слика за моето општество и како тоа функционирало порано и како функционира денес. Покрај учењето тука неминовни беа и детските игри со моите соученици, радостите и тагата што ја споделувавме заедно. Сето тоа е само еден период од животот, само еден дел од школувањето. Со завршувањето на 8 то одделение завршува и тој период, а започнува еден нов, еден нов почеток а тоа е средното образование. Започнуваат нови пријателства, се запознаваат нови нешта, се добива ново искуство кое никогаш нема да се заборави....Сето тоа ме очекува за неколку месеци, поточно откако ќе заврши летниот распуст....
Затоа збогум училиште мое....збогум за прекрасните денови поминати во твоите клупи, во твојот двор....збогум за твоето училишно ѕвонче кое што понекогаш со нетрпение го очекувавме....нема никогаш да те заборавиме...намигнување
Кон врв
гоcтин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин


Регистриран: 24.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1797
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гоcтин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2010 во 22:54
ако ти заврши работа еве нешто за зборникот...

Зборник

Зборникот на Миладиновци, насловен како "Бѫлгарски народни песни", излегува од печат во Загреб, во текот на јуни 1861 година. Македонската наука за литература го избегнува терминот "Б‘лгарски народни песни" од причини што со едно интервентно вклучување на 70 бугарски народни песни од страна на менторот на изданието, хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер и бугарскиот преродбеник Васил Чолаков, наспроти бројката од шестотини македонски народни песни.
Без оглед што оваа епохална книга на Браќата Миладиновци се јавува по изданието на Стефан Верковиќ (Народни песни на македонските бугари, 1860 година), таа во историјата на македонската литература и култура воопшто си го зазема првото, водечкото место во презентацијата на македонското усно народно творештво.
Од годината на првообјавата на Зборникот на Миладиновци, науката за литература кај Македонците и Бугарите се уште не се одважила да го употребува компромисното име на насловот: "Македонски и бугарски народни песни", па до денес, книгата е преиздадена во повеќе од десет изданија. Бидеjќи во средината на ХІХ век не се правела разлика помеѓу Македонци и Бугари самите Миладиновци кога ги собирале песните пишувале дека ги собираат бугарски песни.
Во овој Зборник на 538 страници голем формат се објавени вкупно 660 песни, од кои 584 македонски и 76 бугарски. Покрај тоа, во книгата се приклучени уште и свадбени обичаи од Струга и Кукуш, годишни обичаи од Струга, верувања, игри, преданија, сопствени народни имиња, пословици, гатанки и мал македонско-хрватски речник.
Предговорот кон Зборникот на народни песни е приредувачки и толковен коментар кон неговите содржини. Приредувачкиот коментар, најпрвин, прецизно ги изложува податоците за соработувачкиот тим на кажувачките од една страна, и запишувачите, од друга. Наведени се имињата на кажувачките на македонските народни песни од кои се чуени најмногу песни (Деча Кавајова од Струга и Ѓурѓа Котева од Прилеп), а искажана им е благодарност и на Рајко Жинзифов, кој ќе им помогне на браќата во запишувањето на народните песни од Македонија, како и на Васил Чолаков, со чие посредство ќе бидат вметнати седумдесет бугарски народни песни (согласно барањето на ѓаковскиот бискуп). Константин го споменува изоставањето на Богослужбените слова и нотните записи на песните во изданието, кои ќе ги изработи третиот брат, првиот македонски музиколог, Наум Миладинов, чиешто неспоменување ќе му помогне да ја избегне трагичната судбина на своите двајца браќа. Во продолжение, Константин ги изложува правописните принципи на запишувањето, кои се во функција на изворниот изговор на чуените песни, што е особено значајно за огласувањето на македонската изворна народна реч во овој зборник на македонската преродба. Независно што македонската народна песна е далеку помногубројна, таа е насловно наведена под името "бугарска" и сосема независно од тоа што во своите писма од Русија, Константин Миладинов забележува дека има намера да испечати македонски народни песни. фонетски доследното бележење на песните и овозможи на македонската песна да се огласи во својата акустичка самобитност.
Кон врв
computer Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Патриот

Регистриран: 25.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 504
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај computer Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2010 во 23:55
Originally posted by viktorzzz viktorzzz напиша:

zdravoo na site :D ovde sum po potreba :D ccc mi treba neso za Gligor Prlicev kratko za nego i analiza na serdarot
ima neso ili jok :D falaaa odnapred


Григор Прличев (1830-1893) бил поет, преведувач, беседник, хроничар, прозаист, просветител, народен деец, борец, јазикознаец и еден од најголемите творечки гении од Македонија во 19 век. Автор е на неколу дела, меѓу кои Сердарот, Скендербег, Автобиографија, препев на Хомеровата Илијада и многу други.

На 25 мај 1960, Григор Прличев со поемата Сердарот ја однел првата награда за најдобра поема на традиционалниот книжевен конк*рс што се одржувал секоја година во Атина. Тој станал овенчан поет и бил наречен Втор Хомер подвиг кој дотогаш никој не го направил. Наградата не останува долго во негови раце, затоа што одбива да се изјасни како Грк, и да ја прифати стипендијата за студии во Берлин или Оксфорд.

Во основа, во Сердарот се раскажува за смртта на македонскиот херој Кузман кој ги заштитувал селаните од бандите на Гегите. Дејството во оваа поема се случува кон средината на 19 век, во Западна Македонија.

Поемата е составена од стихови во јамбови петнаесетерци што се заменуваат со осмерци. Поради тоа заменување по ред на бројот на слоговите (15 и 8) и на местото на метричкиот акцент, кој во непарните стихови паѓа на претпоследниот слог, додека пак на парните паѓа на последниот слог и со тоа Прличев успеал да ја избегне монотонијата во ритмот. Други два елемента што внесуваат варијаци се трохејските стопи со кои започнуваат многу стихови како и пречекорувањата што ја менуваат строгата звучна шема на стиховите. Последен важен елемент за одбележување на стихотворната способност на поетот е квалитетот на римата. Зборовите со еднаков звук на крајот, ретко спаѓаат во истиот граматички вид на зборови. По правило тие се од разни зборови и во различни падаежи, што е мошне тешко да се постигне.

Структурата на оваа поема е навистина структура на угледно уметничко дело. Прличев успеал на еден драматичен начин да ги кондезира сите детали од поемата во еден чуствителен момент, потчинувајќи го вистинското време, на барањето на уметничката инспирација. Сета поема се движи во рамките на едно попладне, но Прличев успева во тие рамки да вклучи се што му претходело, достигнувајќи до претците ан херојот, и уште се што престои да се случи, благодарение на заклетвата што мајката на херојот им ја наложува на албанските напаѓачи, а исто така и благодарение на овековечувањето на неговиот спомен што го прикажува како личен план (со секојдневната посета на свршеницата на гробот на херојот), така и на општествен план (со годишната процесија на девојките од Река, кои се собираат околу гробот за да ги воспеваат и прославуваат неговите подвизи, и уште на духовен план, со народниот пеач, кој е слеп и ја пее епиката, одејќи низ разни краишта.

Базирана врз мотивот на народната песна за Кузман Капидан, темата на поемата се развива во девет делови. Првиот дел, од девет четиристишија, со рима по двоики (по два стиха) е веста. Известува за смрта на херојот и битката. Во вториот дел се јавува мјката на Кузман Капидан и таа очекува да се врати нејзиниот син. Таа е вознемирена, зашто сонувала како и се руши куќата. Во третиот дел, непријателите ги носат посмртните на херојот и започнува плачот и се слушаат пискотници од Галичник во Река (алузија на жалоста на народот):

Пискотници се слушаат од Галичник во Река.
Што тешка несреќа ги збра,
и мажите и жените та гласи тажна ека
и навева сал коб и зла?

а тоа ги потресува и непријателите. Во четвртиот дел е прикажана борбата на Кузман кој ги растераал напаѓачите и неговата смрт. Во петиот дел напаѓачите му одаваат почит на Кузман со тоа што се заколнале дека нема да го напаѓаат неговиот дом. Мајката на Кузман ја отфрла заклетвата и бара од напаѓачите да не го напаѓаат повеќе народот на Река. Непријателите се согласиле на барањето. Во шестиот дел е оплкувањето на мајката на Кузман и преку неа се дознава родословното дрво на херојот. Во овој дел се забележуве лицето на калуѓерката Цвета, која без солзи го мие и кити херојот, како спротивен елемент на ликот на мајката.

Годините не ја намалиле онаа убост;
на лице свежест се гледа,
младешката сочност
не ја беше сменила грубост.
Таа е кутрата Неда,

Во седмиот дел е мајката на Кузман нредува да се донесат и другарите на херојот и тие да се закопаат со сите почести. Во осмиот дел сцената се одвива во домот на свршеницата на Кузман. Обичаите и налагале да се воздржи од лелеци поради загинувањето на херојот пред нејзиниот татко. Но штом таа останала сама и плачот одекнува горчлив и девојката се откажува од се овоземно за да стане калуѓерка. Деветиот дел е крајот на делото, во која се истакнува овековенчената слава на Кузман во иднината, преку посетите на неговиот гроб од страна на неговата свршеница и преку пеењето на слепиот пеач.

На гусла двоструна свирејќи, покрај патот седнал,
го пее ова просјак сед;
а јас, пак, прост запишувач, минејќи тука еднаш
го запишав од ред до ред.

----------------------------------------------------------------------------------------------

Повели. Се надевам дека ти помогнав во твоето барање. среќа

Кон врв
computer Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Патриот

Регистриран: 25.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 504
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај computer Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2010 во 00:09
Originally posted by Reina Gitana Reina Gitana напиша:

Ај,ако може нешто за Панонските легенди,како и цитати од истите :):)


Панонски легенди се вид црковна литература, што се создавала во периодот на средниот век кај сите христијански народи. Тие претставуваат едно од најстарите дела на оригиналната словенска книжевност. Уметничките достоинства на Панонските легенди се состојат во мајсторската композиција, убаво насликаните ликови на личностите што се опишуваат, особено на браќата Кирил и Методиј. Панонски легенди содржат две житија. Житието на св.Кирил и Житието на Св. Методиј. Житието на Св. Кирил почнува со опис на животот на Св.Кирил од неговите детски години и неговата наклонетост кон науката и мудроста и продолжува со опис на неговото школување во Магнаурската школа, потоа како библиотекар во црквата Св. Софија. Авторот опширно ги објаснува мисите на Св. Кирил, времето на пишувањето на азбуката. Една од нивните најзначајни мисии е Моравската мисија, кога кнезот Ростислав ги повикува да проповедуваат на на словенски. Авторот ја опишува и зависта и клеветите на германските свештеници пред папата, како и борбата за одбрана на словенската писменост. Во Житието за Методи опишан е животот и делото на постариот брат Методиј. Во двете житија, односно во Панонски легенди основната идеја е да се докаже и одбрани правото на Словените на свој јазик, писменост и култура. Авторот двајцата браќа ги нарекува, раби божји, прикажувајќи ги како апостоли и светци, божји избраници за големи дела кои не сакале ништо за себе. Овие учени луѓе го одбраниле своето дело со мудрост: Зарем Сонцето не не грее сите?”. Поради тоа папата ги ослободил, а луѓето ги сакале и на секој чекор им ја искажувале својата љубов.
Кон врв
computer Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Патриот

Регистриран: 25.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 504
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај computer Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2010 во 10:50
Originally posted by viktorzzz viktorzzz напиша:


najprvo zdravo na site..... mi trebat golema pomos i toa za slednite raboti

1.Konstantin Miladiov nesto za nego kratko i posle analizirana tga za jug


Константин Миладинов е собирач на народни умотворби и поет. Тој е првиот македонски лирски поет и основоположник на македонската поезија. Со неговата песна "Т`га за Југ" која има 70 препеви на 42 јазици, секоја година се отвораат Струшките вечери на поезијата.

Роден е во Струга, во семејството на грнчарот Ристо Миладинов и неговата сопруга Султана Миладинова. Основно училиште завршил во Струга, а подоцна и гимназија во Јанина, Грција. 1849 година се запишал на Филозофскиот факултет во Атина, дипломирал 1852.

Константин заминал во Русија да студира словенска филологија на Филозофскиот факултет при Императорскиот универзитет во Москва. Во време на неговиот престој во Русија го обзема длабока осаменост и жал по родниот крај.

Суровата руска зима и бедниот живот штетно се одразиле врз здравјето на Константин, па во 1859 година тој заболел од туберколоза. Покрај подмолната и тешка болест, Константин го разочарал и неуспехот во настојувањата да се испечати Зборникот од народни умотворби. Основната причина за непечатењето на Зборникот во Москва е судирот на Миладиновци со Цариградската Патријаршија во екот на преродбенската борба.

Во јуни 1860 година, не довршувајќи ги студиите, Константин Миладинов ја напуштил Москва. На пат за дома, во Виена, се сретнал со хрватскиот бискуп Јосип Штросмаер поглаварот на Хрватската католичка црква со кого контактирал уште од Москва, пишувајќи му за намерите за печатење на Зборникот. При оваа средба, бискупот Штросмаер прифатил да го финансира печатењето на Зборникот.

На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот.

Константин, пресреќен што животната цел, негова и на неговиот брат, е исполнета, зел неколку примероци од Зборникот и во средината на јули 1861 година го напуштил Загреб, тргнувајќи за родниот крај. Патем се задржал каде дознал дека неговиот брат Димитар веќе половина година чемрее во турските затвори. Надевајќи се дека ќе успее да го ослободи својот брат, наместо за Струга, тргнал директно за Цариград и никогаш повеќе не го видел родниот крај. Набрзо по пристигнувањето во Цариград и Константин бил фатен и фрлен во цариградските зандани. Обвинети како шпиони против кои, според изјавата на официјалните турски власти, се подготвува судски процес, браќата Миладиновци умреле во цариградските затвори, во 1862 година, под досега неразјаснети околности.

Во 1861 година во Загреб излегол Зборникот на народни песни и умотворби на браќата Димитрија и Константин Миладинови.



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.