IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - КУЛТОТ ЗА МАРИЈА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КУЛТОТ ЗА МАРИЈА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 57585960>
Автор
Порака
sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 515
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2010 во 16:14
Eve shto ke kazam za coveckata kreacija koja ti ja narekuvash ikona:

"„Речи им вака на Израелевите синови: ‘Кога ќе поминете преку Јордан во Ханаанската Земја,

52 изгонете ги пред себе сите жители на земјата, уништете ги сите нивни слики; уништете ги сите нивни одлеани идоли и разурнете ги сите нивни високи места." - Broevi 33:51.52

"Немој да им се клањаш на нивните идоли ниту им искажувај почитување; не постапувај како што прават тие, туку сруши им ги нивните идоли и искрши им ги столбовите." - Izlez 23:24

"Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја.

5 Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение,

6 а покажувам милости на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди." - Izlez 20:4-6


"„Самите знаете како престојувавме во Египетската Земја и како поминавме среде народите низ кои требаше да пропатуваме.

17 Ги видовме: нивните расипаности, нивните идоли од дрво и камен, од сребро и злато, што ги имаа.

18 Нека нема меѓу вас маж ни жена, род ни племе, чие срце би се одвратило од Господа, нашиот Бог, па да оди и да им служи на боговите на оние народи. Нека нема меѓу вас корен што ќе раѓа отров и пелин." - Vtorozakonie 29:16-18
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2010 во 16:51
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Originally posted by Македон Македон напиша:

Никој не ја обожува Мајката Божја, ниту мисли дека Богородица е Спасителот или Посредник
А што ќе кажеш за православната икона: Пресвета богородице - спаси не!


Знам за која икона говориш, ја имам тука, а никаде не успеав да ја најдам на интернет за да ја поставам овде, знам и за натписот под неа, таа икона колку што се сеќавам ја делеа и свештениците. Исто како и ти, јас се заинтересирав за натписот, бидејќи сакав да знам на што се мисли, па се обратив каде што требаше, а истотака тоа прашање се постави и во една емисија, иако не се сеќавам кој свештеник одговараше тогаш и првото нешто што го објаснија во врска со тао беше дека никако не смее да се мисли дека тоа се однесува на спасението на човештвото, односно дека тоа е спасението донесено од Единствениот Спасител Исус Христос. Спасувањето споменато под иконата, се однесува на спасение од овоземни зла. Бидејќи Пресвета Богородица се моли за сите, тоа се однесува за спасението со помош на молитвите од Мајката Божја, односно за спасување од неволји благодарение на нејзините молитви.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Или пак за православната молитва кон пресвета богородица каде што, меѓу другите богохулства, се вели:„Ти си лекарка на болните и спасение на светот.Радувај се, избавителке моја од погубна смрт!Радувај се, карпо на верните и спасение на сите луѓе!Радувај се, застапничке моја во денот на Судот!Радувај се, најопеана наша заштитничке и покровителке!Пресвета Владичице, под твоја заштита припаѓаме сите,Владетелке на светот и Господарке на сите,

Од врв на водно се гледа култивизирањето на блажената Марија во православните цркви.


Оддавањето почит кон светителите, уште од најраната Црква е пропратено со химни, така и ова, кое чинам е дел од Акатист е химна со која се воспева Мајката Божја и и се благодари за нејзините застапнички (не посреднички- да нема забуна, во Православното Христијанство, Дева Марија не е Посредник) молитви. Инаку пофалните титули не се карактеристика само за Дева Марија, туку и за други светители. На пример, св.Василиј Велики е наречен светлина небеска, св. Спиридон е наречен во пофалбите кон него богоносец, св. Наум е наречен преблажен, а има и многу други такви примери.

Тие титули во тоа што си го приложил не значи дека Марија Дева е еднаква со Бога, дека има Божја природа или нешто такво, ниту пак дека е Спасител или Посредник како Христа.

А ова кое си го постирал, не ми личи на молитва, повеќе ме потсетува на акатист, a акатистот претставува химна која се пее стоејќи. Значи сепак е химна.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2010 во 00:58
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2010 во 01:06
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

[COLOR="#0000ff">Култот на блажената Марија[/COLOR">


Oд страната:

Цитирај
Освен Библијата, интересно е да се забележи и дека раните христијани не и придавале никакво посебно место на Марија.


На пример, нема никаква потврда од најраните историски записи, дека со телото на Марија се случило било што мистериозно. Нејзиниот гроб (иако не е научно верифициран) најверојатно се наоѓа во Ерусалим, спротивно на тврдењата дека живеела и умрела во Ефес (денешен Измир, некои 1500 км подалеку). За тоа време, нечуено е мртво тело да се пренесува на толкава огромна оддалеченост пред да биде закопано.


Кој ли е тој кој тврди дека умрела во Ефес? Во преданието е јасно наведено дека умрела во Ерусалим, иако определен период се наоѓала во Ефес? Тие кои го пишувале ова да не заборават и за писанијата на Игнатиј, а и на другите Отци во тоа време.

Цитирај
Се започнува со дебатата на Третиот Вселенски Собор (431 г.) околу тоа како да се нарече Марија: Христородица или Богородица? Во таа дебата, во која христијаните биле остро поделени, преовладува мислењето дека зборот Христородица може да имплицира дека Христос не е Бог и затоа е подобро да се каже Богородица. Забележително е од документите на овој Вселенски Собор, дека темата не била Марија, туку Исус.


Некој заборавил да истакне, случајно, дека Црквата каде што се одвивал Соборот била изградена стотина години порано и била посветена на Мајката Божја. Секако, ако го истакнел тоа, ќе требало дел од напишаното да признае дека е неточно.

Цитирај
Заради почитта кон божественоста на Исус, христијаните од 5-тиот век не сакале да остават никаков сомнеж дека тој навистина е Бог. Кирил Александриски кој го застапувал гледиштето дека треба да се користи терминот „Богородица“, јасно истакнува дека овој збор не имплицира ништо за природата на Марија, туку единствено имплицира нешто за природата на Исус.


Никој и не мисли или верува дека Дева Марија имала божествена природа.

Цитирај
Зачудува фактот што се до 6-8 век, немаме никакви записи за наводното чудесно раѓање на Марија, за нејзиното наводно вознесение, ниту за нејзините чуда. Зар е можно во првите 6 векови (оние кои биле најблиску до самите случувања) никој од раните христијани да не запишал дека Марија имала безгрешно зачнување, дека имала чудотворна моќ, дека не умрела туку се вознела на небото? Зошто ова не го наоѓаме ниту во списите на Иринеј, ниту Тертулијан, ниту Августин, ниту Ориген, ниту Јован Златоуст, ниту Јероним, ниту во ниту еден од раните црковни мислители?


Дали навистина тој што го пишувал ова го мислел напишаново, или пак станува збор за страна посветена на научна фантастика?


Некој сериозно треба да посвети време на историјата повеќе, пред да се зафати со вакви текстови, затоа текстов, ваков каков што е, нема историска поткрепа, а и многу работи се премолчуваат, што секако, од историски аспект го прави непрецизен и неточен.

Изменето од Македон - 14.Октомври.2010 во 01:07
Кон врв
teodul Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 190
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај teodul Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 22:24
Боговдахновените книги на Стариот и Новиот завет нѐ учат дека, Синот Божји прими на себе човечка природа и се роди од пресвета дева Марија за да го спаси човештвото.
Пророкот Исаија многу време пред раѓањето Христово го претскажа ова: ете, Девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе Му го дадат името Емануил (Иса. 7,14), а ова име преведено од еврејски, значи: Со нас е Бог. Свети апостол Павле вели: Бог го испрати Својот Син, Кој се роди од жена (Гал. 4, 4) и Својот Син, по тело роден од семето Давидово (Рим. 1, 3). Ваквото чудно појавување на земјата на Синот Божји, преку секогаш девствената Мајка, мораше без секаков сомнеж да ја издигне и Богомајката до надземна слава. Таа навистина стана Божја Мајка, како што јавно исповеда нејзината роднина Елисавета, според вдахновението на Светиот Дух, која вака ја поздрави: Од каде ова, при мене да дојде Мајката на мојот Господ? (Лука 1, 43). И станувајќи Мајка на Исуса Христа, таа го зачувала своето девство како што вели евангелистот Матеј: и не се доближи до неа (Јосиф), додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус (Мат. 1,25). И на неа, секогаш девствената Богомајка и припаѓа висока слава, неа ја прославуваат и величаат сите што веруваат во Исуса Христа, а за што и самата пороече: Отсега ќе ме ублажуваат сите родови (Лука 1,48).
Кој има уши нека чуе кој има очи нека виде.
Кон врв
teodul Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 190
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај teodul Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 22:32
Дека пресвета дева Марија навистина е мајка на Господа Исуса Христа потврдуваат и апостолите и сите Православни христијани од сите векови и сите народи. Ова го докажуваат и сведоштвата на светите отци и црковните учители, го докажуваат песните и молитвите, кои секогаш се читаат и пеат во црквите и неодречно го докажуваат и делата на вселенските собри.
Блажениот Теодорит вели: Старите и новите проповедници на православната вера според апостолското предание учеа: „да се нарекува и да се почитува мајката Господова како Богородица“ (ерес. IV 12). А Јован, патријархот Антиохиски пишува: "Овој назив и писмено и усно го употребуваа светите отци и тој назив никој од црковните учители не го отфрлаше, туку многумина и уште од најзначајните се служеа со него."
Оној што не ја признава света дева за Богородица, не е христијанин. Ако некој се смета себеси за христијанин, а не и го признава на пресветата дева достоинството и називот Богородица, тој залудно се кити со името - вели свети Теодот епископ Анкирски. И според изразот на свети Григориј Богослов - кој не ја признава Марија за Богородица - тој е отфрлен од Бога.
Втората вистина, дека Богородица е секогаш дева, Православната црква исто така, јасно и одлучно ја исповеда. Сите стари црковни отци и црковните учители едногласно потврдуваат дека пресвета Богородица била дева до раѓањето, при раѓањето и по раѓањето на Господа Исуса Христа. Оваа карактеристика на секогашното девство е важна своина на достоинството на Богородица. И ние кога ја исповедаме пресвета Марија за Богородица, според науката на светите отци, во исто време ја исповедаме и како дева. Најраните свети отци на христијанството постојано докажуваа дека Богомајката е приснодева.
Свети Григориј Неокесариски молејќи се на Господа вака велеше: "Ти се роди од дева Марија како што самиот благоизволеше, и како што ти единствен знаеш, се роди, а не го наруши нејзиното девство; туку и тоа го зачува и неа ја удостои со името мајка. Направи така, девството да не му пречи на твоето раѓање, а и твоето раѓање да не го расипе девството, се согласија и се соединија сосема спротивни работи - раѓањето и девството, затоа што тоа е лесно и возможно за тебе, кој си творец на природата".
Третата вистина, како последица на претходните, го изнесува величеството на мајката Божја, кое ги надминува сите луѓе и сите ангелски чинови. Светите отци и црковните учители ја слават пресветата дева со највозвишени пофалби. "О, чудо, кое е поголемо од сите чуда, воскликнува свети Дамаскин, жена стана поголема од серафимите поради тоа, што Бог се појави нешто помалку намален пред ангелите. Таа е Госпоѓа и Владичица над сите созданија". На Седмиот вселенски собор беше читано писмото на светиот патријарх Герман, што му го пишувал на епископот Јован, во кое стоеше ова: „ние ја почитуваме и ја величаме дева Марија како вистинска мајка на вистинскиот Бог и ја признаваме како поголема од сите видливи и невидливи созданија.“
Покрај тоа, соборот нареди да се почитуваат иконите на нашиот Господ Бог и Спасител Исус Христос и на пресвета Богородица, исто така и иконите на светите ангели и на сите светители (кн. прав.). Од тоа време, во Православната црква, многу вешти и мудри писатели напишаа богослужбени песни, во кои огнено се прославува Богомајката, која според чест е поголема од херувимите и серафимите. И во секоја богомолитва, а особено во деветтата песна од каноните, секогаш се велича и слави Божјата Мајка.
Четвртата вистина му е многу драга на човештвото; зашто во многу незгоди и жалости во земниот живот можеме да побараме помош и застапништво од милостивата Богородица.
Пресвета Богородица и Вселенските собори
Вселенските собори се потполно согласни со светото предание што го искажуваат светите отци во своите списи. Тие востановиле секогаш да се нарекува и почитува пресвета дева Марија со името Богородица. Третиот вселенски Ефески собор ја осуди Несториевата ерес и нареди да се почитува Богородица. Во делата на овој собор наоѓаме многу сведоштва на старите отци, кои се претставници и чувари на вистинската наука за Господа Исуса Христа и за Неговата пречиста Богомајка. Овие сведоштва им заповедаат на сите верни да веруваат во Господа Исуса Христа, а и пречистата и секогашдева, Неговата мајка да ја почитуваат како вистинска Богородица. Шестиот вселенски собор во првото правило, меѓу другото вели: "Изложената наука од двеста богоносни отци (од III вселенски Собор), како тврда држава на благочестие согласно ја признаваме и потврдуваме, проповедајќи Го едниот Христос Син Божји, Кој се воплоти, и онаа, што бессемено Го роди, а тоа е пречистата секогашдева која ја признаваме за вистинска Богородица".
Светите отци на Седмиот вселенски Никејски втор собор ги ислушале, ги одобриле и со својата согласност ги потврдиле сите оние места во писмата на светиот цариградски патријарх Тарасиј и ерусалимскиот патријарх Теодор, во кои се исповеда пресветата дева за Богородица. Теодор вели: Ја почитувам и се поклонувам на иконата на пречистата мајка на Господа Исуса Христа, света Богородица и Владичица наша. Свети Јован Дамаскин од осмиот век, можеше сосема јасно да каже во науката на православната вера: „Ние ја признаваме света дева Богородица во вистинска смисла; зашто како што е вистински Бог, Кој од неа се роди, така е вистинска и Богородица која го роди вистинскиот и воплотен Бог“. И уште, донесено е следното правило: „ ...Оној што не верува со чиста еднодушност и со мсето свое срце во Спасителот, нашиот Бог и во Пречистата Негова Мајка, Владичица и наша Богородица, како и во сите светии, а ги отфрла и не ги прима прекрасните чуда, кои се посведочени со премудри докази или по свој разум ги толкува поинаку, да биде проклет... “
Несторијанска ерес
Свети Василиј Велики, Григориј Богослов, Јован Златоуст, Атанасиј Велики и многу други посебно го спомнуваат зборот - Богородица. А кога се појавила Несториевата ерес во петтиот век, александрискиот патријарх Кирил многу силно ја бранел православната наука за Богородица.
Еретикот Несториј мислел дека Мајката по тело, пресветата дева, не го родила Господа Исуса Христа, Синот божји и затоа не треба ни да се нарекува Богородица. Свети Кирил одговарајќи на оваа лажна наука, секаде во своите списи ја исповеда пресветаta дева за вистинска Богородица. Мислејќи на воплотувањето на Синот Божји, овој свет отец вели: Браќа, ние исповедаме дека од света дева и Богородица Марија се роди едниот ист: и совршен Бог и совршен човек со разумна душа; затоа и ја признаваме светата дева и ја нарекуваме Богородица: Бог Син, беше во неа не привидно, туку целосно, вистинито. А на еретикот му вели: Господ го зеде на себе нашето сопствено тело и стана човек од жена, а не престана да биде Бог и роден од (Бога) Отецот; туку и тогаш кога го прими човештвото остана Оној Кој беше; на тоа секаде учи словото на вистинската вера; ние се уверуваме дека така мислеле светите отци, па и пресвета дева ја нарекле Богородица.
Кој има уши нека чуе кој има очи нека виде.
Кон врв
teodul Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 190
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај teodul Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 22:37
Originally posted by sk sk напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by sk sk напиша:

A kako ke gi protolkuvash faktite za deteto i majkata kako sveti figuri koi vodat poteklo od paganizmot, preku istocnite religii, pa do hristijanstvoto?


Како ти ќе ги протолкуваш фактите што дури и Божјите заповеди, иако не целосно и во тој вид, може да се видат и во други религии? Дали тоа значи дека тие заповеди имаат паганско потекло?

фигурите во паганските религии го немаат истото значење како и во Христијанството. Во паганските религии постои обожуваwе на мајката и детето, освен можеби во будизмот, тоа не знам како е регулирано таму. Дали знаеш дека во речиси сите икони на Мајката Божја и Исус, Мајката божја покажува кон Исус? Погледни ги овие икони









Никој не ја обожува Мајката Божја, ниту мисли дека Богородица е Спасителот или Посредник, покрај Христос, единствен Спасител и Посредник.



Jas ne zbiram slikicki pa ne se trudi da mi prakash. Ako ona pokazuvala kon toa dete, shto tolku pak vie i ja digate cenata? Toa shto ima meshavina na vistina so laga vo religiite, ne znaci deka doagja od Boga, tuku od onoj drugiot koj bil isfrlen na zemjata. Taka da i on raboti i se trudi da gi zamae lugjeto.

Razlikata megju vistinata i lagate a kako temno sivo i svetlo sivo, no rezultatite se crno beli.
















Ako ona pokazuvala kon toa dete, shto tolku pak vie i ja digate cenata? Toa shto ima meshavina na vistina so laga vo religiite, ne znaci deka doagja od Boga, tuku od onoj drugiot koj bil isfrlen na zemjata. Taka da i on raboti i se trudi da gi zamae lugjeto.



Еееее Ск па како може да речеш такво нешто за жената која го родила Христа Спасителот наш??

Изменето од teodul - 15.Октомври.2010 во 22:40
Кој има уши нека чуе кој има очи нека виде.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 23:58
Originally posted by teodul teodul напиша:

... И станувајќи Мајка на Исуса Христа, таа го зачувала своето девство како што вели евангелистот Матеј: и не се доближи до неа (Јосиф), додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус (Мат. 1,25) ...







Марија Дева - најчестната и најверната жена во безкрајниот БОЖЈИ универзум - дури и кога би имала понатамошни телесни деца од Св. Јосив, таа во Исус е’ и ќе е’ секогаш Дева !



Погоре цитираната реченица од постот на Теодул ја прочитав на глас, додека мојата жена седеше на креветот покрај мене и прашувајќи рече: како ... “таа го зачувала своето девство“ ...? Мојта жена мислеше на тоа дека Света Дева Марија морала да Го роди отелотворението на Словото БОЖЈЕ и со тоа да го изгуби девството, но и на она што е пишано во Списите дека Исус имал браќа и сестри.

Навистина не е лесно за човечкиот разум веднаш да разбере некои работи! Јас тоа од сопствено искуство го знам.

Пред околу 3 децении, човекот (атеист) што можеби најмногу ми значел во мојот живот, правеше шеги со тоа дека девица може да зачне.

После околу 2 и пол децении го подсетив на неговиот став и го запрашав дали е возможно девица да зачне? Неговите шеги веќе не ја доминираја атмосверата, бидејќи беше станал свестен за тоа дека денес (по медицински пат) дури и за човекот тоа е можно.

Овој човек - но и слични - во животот честопати ми служеле како пројекциона површина на мојот неверен дел. Така пред известно време јас “верникот“ кој што верува дека е можно девица да зачне, неверував (и незнаев) - слично на женами вечерва - дека е можно и после пораѓајот да се остане девица, се’ додека Живиот ГОСПОД не ми ги отвори очите.
Додека еднаш патувавме со автомобил (а женами мирно си дремеше покрај мене) во мојата внатрешност (местото кадешто се одвива внатрешниот диалог и кадешто неверував дека рационално е можно после пораѓајот да се остане девица) како да слушнав едно прашање: - Како се родени твоите две дечиња?
- Со Царски рез! ... беше мојот зачуден одговор, кој ми ги отвори очите дека за БОГА е се’ можно!




Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, лубовта не завидува, не се фали, не се вообразува; не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло; не и се радува на неправдата, а и се радува на вистината; сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи    (1 Kop. 13:4-7)





   
       

Изменето од spiros - 16.Октомври.2010 во 00:00
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2010 во 01:04
Originally posted by spiros spiros напиша:

Навистина не е лесно за човечкиот разум веднаш да разбере некои работи!
Зошто нè дарувал Бог тогаш со здрав разум?
Originally posted by spiros spiros напиша:

Погоре цитираната реченица од постот на Теодул ја прочитав на глас, додека мојата жена седеше на креветот покрај мене и прашувајќи рече: како ... “таа го зачувала своето девство“ ...? Мојта жена мислеше на тоа дека Света Дева Марија морала да Го роди отелотворението на Словото БОЖЈЕ и со тоа да го изгуби девството, но и на она што е пишано во Списите дека Исус имал браќа и сестри.
Секоја чест што имаш таква жена која поставува аналитички прашања

Бог ни дарувал со здрав разум кој ни вели дека такво нешто не е можно. Марија била верна и честита жена, мошне продуховена, но кога бил зачнат Исус таа веќе не била тнр. девица. Исус телесно гледано е син на Јосиф и Марија, со гените од родот Давидов. Но сетоа тоа се случува по Божја волја и мисија па во преносна смисла Марија била зачната од Св.Дух.

Митот за девственоста го вовеле дел од свештениците кои на зачнувањето преку секс гледале како на нешто грешно бидејќи самите тие беа грешници. А бидејќи Исус беше некој кој го донесува Спасението не би стоело убаво во приказната да го родила жена на „грешен„ начин па го измислиле митот за девтсвеноста на Марија. Но зачнувањето само по себе не е грешно. Да беше грешно зачнувањето, не ќе порачаше Бог „Плодете се и множете се и наполнете ја Земјата....„
Oсобено пак нема логика да биде грешно кога е производ на взаемна несебична љубов помеѓу мажот и жената со цел да се овозможи отелотворување на светла душа. А Исус беше уште повеќе од тоа...
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2010 во 01:10
Originally posted by Majkl Majkl напиша:



Митот за девственоста го вовеле дел од свештениците кои на зачнувањето преку секс гледале како на нешто грешно бидејќи самите тие беа грешници. А бидејќи Исус беше некој кој го донесува Спасението не би стоело убаво во приказната да го родила жена на „грешен„ начин па го измислиле митот за девтсвеноста на Марија. Но зачнувањето само по себе не е грешно. Да беше грешно зачнувањето, не ќе порачаше Бог „Плодете се и множете се и наполнете ја Земјата....„
Oсобено пак нема логика да биде грешно кога е производ на взаемна несебична љубов помеѓу мажот и жената со цел да се овозможи отелотворување на светла душа. А Исус беше уште повеќе од тоа...


Има ли доказ дека тој мит го вовеле свештениците?! Истотака се прашувам, како ли го вовеле свештениците тој мит во времето на пророкот Исаија, кој прорекол дека девица ќе зачне, а не мажена жена, по пат на односи со мажот, кога Црквата во тој период не постоела.

П.С. Пред да почнеш да се повикуваш на фабрикување на Светото Писмо, да те потсетам дека дури и постарите записи од пророкот Исаија, се идентични со оние какви што ги познаваме ние, тоа го потврдија сите историски пронајдоци, а со тоа теоријата за промена на списите на протокот Исаија не може да биде одговор на поставеното прашање.

Изменето од Македон - 16.Октомври.2010 во 01:10
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2010 во 01:23

teodul, da se kazhe deka deva Marija ima takov status kakov shto ima vo pravoslavieto i katolicizmot poradi usvoenata doktrina koja ubavo ja prezentirash vo nejzinoto hronoloshko razvivanje e sosema vo red. Toa si e doktrina, kako sekoja doktrina vo drugite religii i nema nikoj da prigovara za toa. Vo religiijskite dogmi e taka - prifati ili ostavi, diskutiranje i revizija nema!

No koga kje pochnat da se pravat obidi za "dokazhuvanje" na "vistini" preku teoloshki konstrukcii, apologetiki, ovoj blazhen rekol ova, onoj svetec rekol ona... samite apologeti stapnuvaat na tenok mraz koj ne mozhe da ja izdrzhi nivnata tezhina...


Originally posted by teodul teodul напиша:

Дека пресвета дева Марија навистина е мајка на Господа Исуса Христа потврдуваат и апостолите и сите Православни христијани од сите векови и сите народи. Ова го докажуваат и сведоштвата на светите отци и црковните учители, го докажуваат песните и молитвите, кои секогаш се читаат и пеат во црквите и неодречно го докажуваат и делата на вселенските собри.


Dobro, nikoj ne mozhe da negira deka apostolite lichno mozhele da potvrdat neshto shto se sluchuvalo vo nivno vreme, neshto za shto bile ochevidci, no da se povikuvaat SITE pravoslavni hrisitijani od SITE vekovi i SITE narodi kako svedoci i potvrduvachi na neshto shto se zbidnalo pred dva milenijuma na edno katche na svetov... pa zgora na toa za DOKAZI da se zemaat PESNI i MOLITVI...

Nie gi kritkuvame muslimanskite fundamentalisti koga na slichen nachin ja "dokazhuvaat" verodostojnosta na k*ranot koj navodno ja sodrzhi seta vistina na svetot, celata nauka, istorija, znaenje, mudrost Alahova i ne znam ushte shto... zatoa shto seto toa e zapishano vo knigata, zatoa shto brojot na vernicite postojano im se zgolemuva, zatoa shto Tolstoj stanal musliman i poslednata kniga mu ja sokrile, zatoa shto vo isecheniot domat pishuva "Alah e najgolem", zatoa shto i na Mesechinata go pishuva toa, bidejki vernicite se raznesuvaat so ekspozivi od vistinska ljubov kon Alah...

Razbiram deka chovek mozhe da bide vosh*ten i potpolno oddaden na verata, no toa ne znachi zboguvanje so razumot i nihiliranje na site kriterijumi .


Originally posted by teodul teodul напиша:

Втората вистина, дека Богородица е секогаш дева, Православната црква исто така, јасно и одлучно ја исповеда. Сите стари црковни отци и црковните учители едногласно потврдуваат дека пресвета Богородица била дева до раѓањето, при раѓањето и по раѓањето на Господа Исуса Христа.


Site crkovni otci i crkovni uchiteli ednoglasno potvrduvaat deka presvetla Bogorodica bila deva do ragjanjeto, bila deva pri ragajanjeto i ostanala deva i po ragjanjeto... ??? Toa e dokazot ? Tie se svedocite oti presvetla Bogorodica bila deva dodeka se poragjala i ostanala deva i posle poragjanjeto?

Pa ako neshtata odea taka, togash zoshto voopshto bila potrebna zhena za Isusovoto ragjanje? Toa chudo bilo od takvi proporcii shto pomalo chudo kje bilo ako Bog go materijaliziral Isus na starost od 30 godini.

Od respekt prema Bogorodica kako zhena i Isusova majka, kako i prema chuvstvata na vernicite koi doagjaat na forumov, ne bi komentiral ponatamu, no samo kje kazham deka tokmu "tvrdenjata" i "dokazite" od vakva priroda gi brkaat onie koi bi posakuvaat da se zapoznaat so Hristijanstvoto i sozdavaat razdor megju vernicite koi potoa se delat na bezbroj denominacii.

I da ne bidam pogreshno razbran, ova go velam po osnov na fizichko devstvo, onaka kako shto mozhev da razberam spored tvojot komentar. Ako si mislel na duhovno (spiritualno), togash toa e druga rabota.


Originally posted by teodul teodul напиша:

Третата вистина, како последица на претходните, го изнесува величеството на мајката Божја, кое ги надминува сите луѓе и сите ангелски чинови.


Tretata vistina ne e vistina bidejki prethodno ne bea dokazhani nikakvi dve drugi vistini.

Kako mozhesh da tvrdish deka taa gi nadminuva SITE lugje i SITE ANGELSKI chinovi ??? Ti gi znaesh SITE dosega rodeni lugje, SITE lugje koi kje se rodat i zapoznaen si so SITE angeli ? Kako samo na brzina ja dokazha ovaa "vistina"? Vakvo neshto ne mozhe da mu bide poznato, niti osoznaneno, na nitu eden smrtnik, osven lichno na Boga. Ako imash citat vo koj Bog go tvrdi ova togash navedi go.

Originally posted by teodul teodul напиша:

Четвртата вистина му е многу драга на човештвото; зашто во многу незгоди и жалости во земниот живот можеме да побараме помош и застапништво од милостивата Богородица.


Ova e vistina... navistina lugjeto vo ochajanie se molat na sekoj i sekomu za da bidat izbaveni od maki i problemi. Mu se molat na Boga, na Isus, na Marija, na sveti Nikola, na sveti ovoj, sveti onoj... se molat na sekogo oti mislat deka na kolku povekje kje im se molat tolku povekje shansi imaat molbata da im bide uslishana od Boga.

Oti Toj ne donesuva odluka pred prethodno da gi islusha site svetii... dobro, Toj e Seznaen i ne mu treba nekoj da mu kazhuva shto se sluchuva vo sekoja chovekova dusha, ama ne e na odmet , neli? Mozhebi sepak pri tolku mnogu molenja od site strani kje si go smeni umot...



Statusot na deva Marija e takov kakov shto go postavila Pravoslavno/Katolichkata doktrina i tuka nema shto da se "dokazhuva". Ne samo shto nema potreba da se dokazhuva, tuku NE MOZHE da se dokazhe. Zatoa se veli teologija, a ne nauka. I podobro e da ostane taka.




Изменето од Messenger - 16.Октомври.2010 во 02:23
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2010 во 01:24
Originally posted by Македон Македон напиша:


Има ли доказ дека тој мит го вовеле свештениците?!
Мислам и воопшто на митот за тоа дека девиците се нешто посебно. Тоа го има и во паганските религии.

Originally posted by Македон Македон напиша:

Истотака се прашувам, како ли го вовеле свештениците тој мит во времето на пророкот Исаија, кој прорекол дека девица ќе зачне, а не мажена жена, по пат на односи со мажот, кога Црквата во тој период не постоела.
Исаија бил Божји пророк и неговата книга е објава. Но како и многу други работи низ старите списи, зЗборот девица треба да се сфати по смисла. Марија била честита а не развратна. Како што реков идејата дека девиците се нешто посебно е доста стара, тој збор бил употребен бидејќи во свеста на луѓето девственоста се поврзувала со нешто чисто, возвишено - а душата на Марија навистина била таква. Од објавите за денешно време дознаваме дека таа била отелотворение на серафимот на божественото Милосрдие.

Изменето од Majkl - 16.Октомври.2010 во 01:26
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2010 во 01:48
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


Има ли доказ дека тој мит го вовеле свештениците?!
Мислам и воопшто на митот за тоа дека девиците се нешто посебно. Тоа го има и во паганските религии.


Во паганските религии има митови за се и сешто, никаде не се дава посебно значење на девственоста од аспект како што се дава во Христијанството. Додека в Грција се говори за девиците Артемида и Атина, во исто време се возвишува и развратната Афродита, зарем не?

Originally posted by Македон Македон напиша:

Истотака се прашувам, како ли го вовеле свештениците тој мит во времето на пророкот Исаија, кој прорекол дека девица ќе зачне, а не мажена жена, по пат на односи со мажот, кога Црквата во тој период не постоела.


Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Исаија бил Божји пророк и неговата книга е објава. Но како и многу други работи низ старите списи, зЗборот девица треба да се сфати по смисла. Марија била честита а не развратна. Како што реков идејата дека девиците се нешто посебно е доста стара, тој збор бил употребен бидејќи во свеста на луѓето девственоста се поврзувала со нешто чисто, возвишено - а душата на Марија навистина била таква. Од објавите за денешно време дознаваме дека таа била отелотворение на серафимот на божественото Милосрдие.


Зборот девица има јасно значење, нема потреба да бараме смисла, да толкуваме, од тоа да чиниме философија. Точно е дека Дева Марија била честита, но јасно е кажано дека девица ќе зачне. Ако некоја жена зачне по пат на однос со маж, воопшто не е нешто чудно, ниту пак е некакво чудо за Исаија да го навестува на начин на кој што го навестил.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2010 во 01:58
Originally posted by Македон Македон напиша:

Во паганските религии има митови за се и сешто, никаде не се дава посебно значење на девственоста од аспект како што се дава во Христијанството.
Тогаш то амногу кажува за тнр. Христијанство.
Originally posted by Македон Македон напиша:

Додека в Грција се говори за девиците Артемида и Атина, во исто време се возвишува и развратната Афродита, зарем не?
А во времето на Рим ги имало и Весталките девици.
Originally posted by Македон Македон напиша:

Зборот девица има јасно значење, нема потреба да бараме смисла, да толкуваме, од тоа да чиниме философија.
За тебе има значење кое го има во денешното време. Смислата на некои од зборовите низ историјата се менувала. Јазикот е жива материја.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 57585960>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.