|
Писмени состави,семинарски... |
Внеси реплика | страница <1 1112131415 113> |
Автор | |
Gianluigi
Нов член Регистриран: 10.Мај.2011 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zdravo,
Jac studiram makedonski jazik vo Češka. Ama potrebuvam, dali nekoj može da napiše sodržina na delo Krvava košula od Žinzifov. Netreba da bide dolgu, sredno. Blagodaram. Izvinite moj lošo makedonski jazik. |
|
s1a1n1d1r1a1
Нов член Регистриран: 11.Мај.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80:%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%9A%D1%80%D0%B2%D0%B0%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BE%D1%88%D1%83%D0%BB%D0%B0
еве линк со Крвава Кошула :) прочитај ја не е многу долга, а е прекрасна ! |
|
s1a1n1d1r1a1
Нов член Регистриран: 11.Мај.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Браќата Миладиновци се родиле во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговара сопруга Султана Миладнинова. Од осум деца, имале шест машки деца и две ќерки.
Константин Миладинов е роден во Струга во 1810 година, а починал на 23 јануари во 1862.Тој е македонски собирач на народни умотворби и поет. Основно учичиште завршил во Струга, а подоцна и гимназија во Јанина, Грција. Се запишал на филозофскиот факултет во Атина, и во 1852 година завршил на отсек грчка филозофија. По враќањето во Струга станал учител во битолското село Магарево, а потоа се запишач и студирал словенска филологија во Москва, каде што членувал во Словенскиот кружок и соработувал со два весници: „Братски труд“, како и во весникот „Дунавски лебед“. Во време на неговиот престој во Русија го обзема длабока осаменост и жал по родниот крај. Имајќи го собраниот материјал од народни умотворби, Константин целосно се ангажирал во реализирање на идејата за нивно печатење. Работејќи на редактирање на песните и другите народни умотворби и нивно подготвување за Зборникот, Константин и самиот почнал да пишува поезија. Поетското творештво на Константин Миладинов, иако скромно, само петнаесет песни, го става на пиедесталот на македонската нова литература како основоположник на македонската уметничка поезија. Суровата руска зима и бедниот живот штетно се одразиле врз здравјето на Константин, па во 1859 година тој заболел од туберкулоза. Покрај подмолната и тешка болест, Константин го разочарал и неуспехот во настојувањата да се испечати Зборникот од народни умотворби. Основната причина за непечатењето на Зборникот во Москва е судирот на Миладиновци со Цариградската патријаршија во екот на преродбенската борба. Во јуни 1860 година, не довршувајќи ги студиите, Константин Миладинов ја напуштил Москва. На пат за дома, во Виена, се сретнал со хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер, поглаварот на Хрватската католичка црква, со кого контактирал уште од Москва, пишувајќи му за намерите за печатење на Зборникот. При оваа средба, бискупот Штросмаер прифатил да го финансира печатењето на Зборникот. На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци - „Бугарски народни песни, собрани од браќа Миладиновци“, дело со речиси 600 македонски народни песни и точно 77 бугарски (отстапени од бугарскиот фолклорист Васили Чолаков).Константин бил пресреќен заради тоа што му се остварила целта , зел неколку примероци од Зборникот и тргнал накај дома.По патот дознал дека неговиот брат Димитар веќе половина година е во турските затвори , и надевајќи се дека ќе успее да го спаси наместо за Струга тргнал за Цариград. Набрзо по пристигнувањето таму и тој бил затворен и никогаш повеќе не го видел својот роден крај. Починал во затворот во 1862 под неразјаснети околности. Негово најпознато дело е песната „Т’га за југ“, напишана во копнеж за родниот крај. Негови други попознати дела се : „Бисера“, „Голапче“, „Желание“, „Шупељка“, „Клетва“, „Думание“, „Сираче“ итн. |
|
s1a1n1d1r1a1
Нов член Регистриран: 11.Мај.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Димитар Миладинов е роден во Струга во 1810 година, а починал во Цариград во 1862 година.
Тој е македонски народен преродбеник, поет, учител, публицист, собирач на народни умотворби, основач на македонската етнографија. Неговата поезија е со изразит лирски темперамент, а неговото творештво се состои од неколку лирски целини. Заедно со својот помлад брат Константин водеше организирана борба против денационализаторството, пенелизмот и практиката на грчката влада на македонските подрачја. Основно училиште завршил во родната Струга, а гимназија во Јанина, Грција. Во училиштето во Охрид, Димитар Миладинов се сретнал со познатиот руски научник, славистот Виктор Иванович Григорович. Оваа средба била пресудна Миладиновци да почнат да се занимаваат и со собирачката дејност-собирање и запишување на македонски народни песни и други умотворби, кои подоцна ги отпечатиле во Зборникот. Во таа дејност се вклучил и средниот брат Наум Миладинов. Тој ја завршил Духовната академија на патријаршискиот универзитет "Халки" во Цариград и дипломирал на отсекот музика и граматика. Во 1843 година напишал учебник по музика, прв од таков вид во Македониjа, додека при собирањето на народните песни истите ги запишувал со нотни записи, ги мелографирал, па така тој е нашиот прв музичар и мелограф. Димитар Миладинов, кој бил целосно прословенски ориентиран, често доаѓал во судир со гркоманите во Битола, а по еден таков судир со битолскиот митрополит Венедикт, тој ја напуштил Битола и Македонија. Во Сремски Карловци и Нови Сад имал прилика да се запознае со животот на Србите под Австро-унгарска власт, каде уживале потполна културна автономија. Подоцна заминал во Белград. При престојот во овие краишта, тој се запознал со идеите на Пансловенизмот и Илирското движење, кои во потполност ги прифатил како свои. При крајот на 1856 година, Димитар Миладинов се вратил во Струга и го испратил братот Константин во Русија да студира словенска филологија на Филозофскиот факултет при Императорскиот универзитет во Москва. |
|
s1a1n1d1r1a1
Нов член Регистриран: 11.Мај.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зборникот
Во овој Зборник на 538 страници голем формат се објавени вкупно 660 песни, од кои 584 македонски и 76 бугарски. Покрај тоа, во книгата се приклучени уште и свадбени обичаи од Струга и Кукуш, годишни обичаи од Струга, верувања, игри, преданија, сопствени народни имиња, пословици, гатанки и мал македонско-хрватски речник. Предговорот кон Зборникот на народни песни е приредувачки и толковен коментар кон неговите содржини. Приредувачкиот коментар, најпрвин, прецизно ги изложува податоците за соработувачкиот тим на кажувачките од една страна, и запишувачите, од друга. Наведени се имињата на кажувачките на македонските народни песни од кои се чуени најмногу песни (Деча Кавајова од Струга и Ѓурѓа Котева од Прилеп), а искажана им е благодарност и на Рајко Жинзифов, кој ќе им помогне на браќата во запишувањето на народните песни од Македонија, како и на Васил Чолаков, со чие посредство ќе бидат вметнати седумдесет бугарски народни песни (согласно барањето на ѓаковскиот бискуп). Константин го споменува изоставањето на Богослужбените слова и нотните записи на песните во изданието, кои ќе ги изработи третиот брат, првиот македонски музиколог, Наум Миладинов, чиешто неспоменување ќе му помогне да ја избегне трагичната судбина на своите двајца браќа.Во продолжение, Константин ги изложува правописните принципи на запишувањето, кои се во функција на изворниот изговор на чуените песни, што е особено значајно за огласувањето на македонската изворна народна реч во овој зборник на македонската преродба.Независно што македонската народна песна е далеку помногубројна, таа е насловно наведена под името "бугарска" и сосема независно од тоа што во своите писма од Русија, Константин Миладинов забележува дека има намера да испечати македонски народни песни. фонетски доследното бележење на песните и овозможи на македонската песна да се огласи во својата акустичка самобитност. Од годината на првообјавата на Зборникот на Миладиновци, науката за литература кај Македонците и Бугарите се уште не се одважила да го употребува компромисното име на насловот: "Македонски и бугарски народни песни", па до денес, книгата е преиздадена во повеќе од десет изданија. Бидеjќи во средината на ХІХ век не се правела разлика помеѓу Македонци и Бугари самите Миладиновци кога ги собирале песните пишувале дека ги собираат бугарски песни.Без оглед што оваа епохална книга на Браќата Миладиновци се јавува по изданието на Стефан Верковиќ (Народни песни на македонските бугари, 1860 година), таа во историјата на македонската литература и култура воопшто си го зазема првото, водечкото место во презентацијата на македонското усно народно творештво. |
|
s1a1n1d1r1a1
Нов член Регистриран: 11.Мај.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Животот и делото на Јане Сандански
Јане Сандански како македонски револуционер претставува една од клучните фигури на македонското културно движење. Тој во историјата на македонското национално ослободително движење оставил богато револуционерно наследство. Се стремел за создавање македонска држава и меѓу другото бил бескомпромисен борец за развој, одбрана и афирмација на националната самобитност на македонскиот народ. Сандански не оставал простор за пропагандни манипулации со неговото име и дело во негирањето на македонскиот етнокултурен и политички идентитет. Искрено верувал дека иднината на македонската држава лежи во нејзиното демократско организирање во кое сите нејзини жители без оглед на етничката и верска припадност се рамноправни во правата и обврските. Борејќи се за она во што верувал Јане Сандански постепено се покажувал во неговиот вистински лик, дури тогаш кога некои тешки одлуки биле оставени во негови раце. Револуционер каков што бил, со автократски инстинкти и оригинална решителност и упорност е запишан во македонската историја како еден од најистакнатите револуционери. Според него, живеењето претставува борба без разлика за што се бориш, докажано според една негова мисла која гласи: „Да живееш значи да се бориш: робот за слобода, а слободниот - за совршенство“, која се наоѓа и на неговата надгробна плоча. Токму борбеноста била верната карактеристика која го красела низ целиот негов живот, се до кобната 1915 година, годината кога бил убиен. Сандански верувал дека пред се најважно е да се подигне свеста на жителите на Македонија, да им се даде до знаење дека тие се самостоен народ кој не потекнува ни од Бугарија, ни од Србија, ни од Грција туку дека како самостоен слободен народ треба да се избори за своето место во Европа. На ова верување тој останал верен се до неговата смрт, и го проповедал на сите можни начини. Мислел дека треба сами како засебен народ да извојуваме победа без надежи за помош од другите народи. Тоа и го кажал на Рилскиот конгрес во 1905 година- " Mакедонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот и затоа треба да се борат за издвојување на својата слобода без да се надеваат на туѓа помош, зошто оние кои ќе дојдат да ги ослободат, всушност ќе дојдат да не заробат.“ Јане Сандански е најпознатиот револуционерен лидер во Македонија, чија храброст, борбеност, упорност и желба да ја види Македонија слободна го водеа низ животот и како таков вечно ќе остане запишан во историјата на Македонија. |
|
s1a1n1d1r1a1
Нов член Регистриран: 11.Мај.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Развојот на школството, просветата и народната култура во Македонија започнува во 30-те години на 19 век, а се засилува по Кримската војна, меѓутоа по 1870 година голем дел од училиштата се нашле во рацете на Бугарската егзархија, а истовремено дошло и до засилување странските пропаганди во Македонија со што процесот на просветата зазел поинаков правец.
Во почетокот на 19 век во Македонија единствени центри на македонско-словенската писменост биле келијните училишта при црквите и манастирите каде се подготвувал свештенички кадар.Меѓутоа со развојот на трговијата и занаетчиството се создала потреба, а и услови за создавање на училишта со световно образование кои би ги задоволиле потребите на македонското граѓанство. Меѓутоа отварањето на првите световни училишта на макеоднски народен јазик било попречено од неразвиеноста на македонското граѓанство и Цариградската патријаршија, односно грчката пропаганда во Македонија. Патријаршијата во Македонија имала разгранет школски систем каде наставата се одвивала на грчки јазик и се ширела грчката култура.Затоа процесот на создавање на македонски училишта започнал со борба за потиснување на грчкиот јазик и негово заменување со макеоднскиот народен јазик во грчките училишта. Голема улога во оваа борба имале макеоднските учители кој своето образование го стекнале во Грција и како грчки учители имале можност постепено да го истисната грчкиот јазик од наставата. Оваа борба за истиснување на грчиот јазик од наставата траела до средината на 19 век, а до тогаш наставата се одвивала според грчки образец.Во 30-те години на 19 век се започнало со отварањето на првите световни училишта при црковно - училишни општини во Македонија.Првите вакви училишта биле во: Скопје (1835 или 1836), Велес (1837), Банско (1838), Штип и Неврокоп (1840), Прилеп (1843), Куманово и Тетово (1852). Во овие училишта покрај црковните предмети биле воведени и световни предмети, голема заслуга за развој на наставата во овие училишта имал Јордан Хаџи Константинов-Џинот. Кирил Пејчиновиќ е роден во Теарце како даровито дете. Неговиот татко Пејчин најпрвин го дал да учи кај монах во разурнатиот Лешочки манастир, а потоа го продолжил образованието во манастирот Св.Пречиста Кичевска. Веке како возрасен Кирил се замонашил и сакал да служи на тетовската црква, мегутоа овде не бил прифатен па отишол во Марковиот манастир Св.Димитрија. Пред да оди во Св.Пречиста Кичевска тој го добил чинот јеремонах. По десет години поминати во Марковиот манастир, Пејчиновиќ бил прогонуван од фанариотските прогрчки свештеници бидејки неговите проповеди на населението биле пронародни и не потпагал под туѓи сугестии. Бидејки животот му бил доведен до опасност, Кирил Пејчиновиќ го напуштил Марковиот манастир и отишол во Света Гора да се посоветува со татко му и чичко му. Потоа со две натоварени мазги со икони и книги дошол во Лешок со намера да го обнови разурнатиот Лешочки манастир. Желбата му се исполнила и тој бил првиот игумен на обновениот манастир. Не само што се грижел како игумен за манастирот туку се посветил и на описменување на на донесени деца во манастирот.Таквата негова активност целосно ќе го пренасочи идниот животен пат на населението од Лешок и од полошкиот регион. Така, јеремонахот Пејчиновиќ успеал својата мечта да ја реализира преку визуелна перспектива за духовно богатство, која видно ја експонирала својата целовитост – манастирот Св.Атанасиј во Лешок го изградил на локација на свето место на жариште на просвета и култура со национално значење за Македонија. Пејчиновиќ се обидувал со критики, совети и сугестии да ја подигне верската свест кај македонскиот народ, која во тоа време е и општествена. Верувал дека со зајакнување на верата, односно со истрајување во неа, македонскиот народ ќе успее побезболно да го поднесе турското ропство и со тоа да ја запре асимилацијата. Во своите беседи ги советувал луѓето убаво да се носат, да зборуваат на пат, а со тоа ја буди националната свест кај народот, свеста за тоа дека тие постојат со тоа што тие имаат свое достоинство, свој јазик различен од турскиот. „Огледало“ е требник, прирачна книга за свештениците која ја користеле при вршењето на црковните обреди. Содржи неколку молитви и прозни текстови за различни обреди и една голома проповед - „Слово за празниците“. Молитвите и црковните текстови се напишани на црковнословенски јазик, а „Словото“ на народен јазик - тетовски говор. „Утешение грешним“ - содржински е продолжение на „Огледало“. Немал средства да ја отпечати, но на крај своите заштедени пари ги дал за обнова на печатницата на Теодосиј Синаитски во Солун, каде 1840 година е отпечатена книгата , а Синаитски напишал пригоден „Предговор“. „Житие кнеза Лазара“ е книшка за животот на кнезот Лазар, кој го сметал за оснивач на Лешочкиот манастир. „Епитаф“ - е последно негово дело, но и прв обид да се изрази во стихови. „Епитафот“ нема уметничка вредност, но тоа е првата песничка напишана на македонски народен јазик. „Слово за празниците“ е оригинален текст на Кирил Пејчиновиќ напишан на народен јазик, тетовски говор. Темата е празнувањето на христијанските празници, а идејата - како да се поправат грешките при празнувањето. За разлика од традиционалните црковни проповеди каде примерите се земени од светите книги, Пејчиновиќ примерите ги земал од секојдневниот живот на селаните. Освен тоа, во текстот има и дијалози во кои зборуваат селаните што за првпат се сретнува во нашата литература и тоа во книга наменета за црковна богослужба. Затоа овој текст дава слика за положбата и начинот на живот на нашиот народ во почетокот на XIX век. На почетокот од текстот авторот ги потсетува луѓето на нивните христијански должности и дава совети како да се празнуваат празниците: Водици, Прочка и Велигден. Всушност тој ги истакнува негативните појави: суеверието (носењето на амајлии) и к*рбанот (принесување на жртви), кои се спротивни на христијанските обичаи. Понатаму, го критикува непочитувањето на постот, прекумерното пијанчење, невоздржаноста и примитивноста на селаните. Но, не се задржува само на нив, туку ја критикува и примитивноста и неукоста на поповите кои наместо да бидат духовни водачи на народот, тие станале негови ограбувачи. Целта на Пејчиновиќ не била да им се потсмева, туку да ги насочи на вистинскиот пат и селаните и поповите: „...да живуемо како браќа, еден за другаго да се молимо, еден другаго да жалимо, еден другому да помажемо, еден другому тежина да носимо...“ Во 1835, Пејчиновиќ за себе составил надгробен натпис (епитаф) во облик на стихотворба. Ова е најраниот познат авторски пример на пишување стихови на народен говор во развитокот на македонскиот јазик. Епитафот гласи: Овде лежи Кирилово тело У манастир и у Лешок село Да бог за доброе дело Воспитаник на црквата- самиот калуѓер пишувајќи ги своите дела, Пејчиновиќ, како и Ј.Крчовски, прави еден премин од средновековната наша книжевност кон новиот начин на пишување. Во неговите дела, покрај постојано потцртуваната тенденција за чистењето на верата од разни заблуди и суеверја, се вовлекуваат и такви елементи со кои можат тие да се претставуваат и нешто како почеток на новата македонска книжевност. Пејчиновиќ пишува на народен говорен јазик и со тоа делото го прави разбирливо и блиско на македонскиот човек. Во тој поглед делото на Пејчиновиќ е израз на своето време. Покрај тоа, во делото на Пејчиновиќ има извесен број прогресивни елементи : апелиранње за просветување на народот, осудување на назадноста во животот како кај селаните, така и особено кај поповите; во неговото дело се чувствува извесен бунт против турскиот режим. Надвор од напишаните дела, Пејчиновиќ развива силна просветителска работа. Прибира стари книги и ракописи, основа школи, ја помага печатницата на Теодосија Синаитски и, на тој начин, го помага просветното издигање на македонскиот народ.Тоа се квалитети што на Пејчиновиќ му го обезбедуваат местото во македонската книжевна историја. Кога ќе се има се ова во предвид и кога ќе се земат во обзир Пејчиновиќиевите усилби за: реставрација на запустените манастири, собирање и чување на стари ракописи и книги, обновување на солунската печатница како едно многу важно средство за ширење на книгата на народен јазик, неговиот отпор и критиката на цариградската црковна власт и кога ќе се земе во обзир неговата литературна дејност, тогаш јасна ќе ни биде улогата што тој ја играл во културното и просветното идигање на нашиот народ по Македонија во првата половина на XIX век и лесно ќе ни биде да му го определиме местото во галеријата на знаменитите Македонци. Користена литература -Никулците на новата македонска книжевност од д-р Харалампие Поленакович, Мисла Скопје 1973 година. |
|
aleksandar.pope
Нов член Регистриран: 11.Мај.2011 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ve molam da mi pomognete hitno mi treba odnapred vi blagodaram
|
|
BlueOuT
Нов член Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mi treba pismena, tema: kade ponatamu fala odnapred
|
|
sani4kata
Нов член Регистриран: 06.Декември.2010 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mi treba esei na temi od Panonskite legendi "Likot na sv. Kiril kako prosvetitel i covek", od Pesnata za Sid na slobodna tema i od Slovo za pohodot Igorev istotaka na slobodna tema.Mi trebaat za vo ponedelnik. Fala odnapred
|
|
krevet
Нов член Регистриран: 13.Мај.2011 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pls odma ako moze da mi napiste mi treba denska za "Sto ponatamu" ili "Nasata Razdelba" ovaa e za osmo odelenie
|
|
krevet
Нов член Регистриран: 13.Мај.2011 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mi treba pismena za deneska "sto Ponatamu" ili "nasata razdelba" Vi blagodaram odnapred <3
|
|
cat5
Нов член Регистриран: 13.Мај.2011 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
De4ki aj ve molam pomognete mi...pravam pismena na tema: JAS GO RAZBIRAM SVETOT EDINSTVENO KAKO POLE ZA KULTURNO NATPREVARUVANJE MEGU NARODITE- G.Delcev :D aj malku inspiracija????? :)))
|
|
sweet16
Нов член Регистриран: 15.Мај.2011 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
дечки ве молам за помош, ми треба состав на тема ’парите го возвишуваат човет,а не ретко го уништуваат’
ве молам помогнете, незнам ни како да почнам, фала |
|
Внеси реплика | страница <1 1112131415 113> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |