|
Свето Предание пренесено преку Светите Отци |
Внеси реплика | страница 123 21> |
Автор | ||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 03.Октомври.2008 во 17:20 |
|
Оваа тема ја отворив бидејќи читав некои минати коментари, и видов дека некои на форумов се послужија со цитати од светите отци извадени од контекст, со цел да го негираат Светото Предание. А тоа нема да го дозволам ниту јас, ниту пак некој друг, кој е барем минимално запознат со учењето на Светите Отци.
За почеток ќе се осврнам на цитатот од св.Јован Златоуст (354-407) кој беше изваден од контекст Велат дека нештата околу рајот треба да ги разбереме НЕ КАКО ШТО ПИШУВА, туку на друг начин. Но кога Св. Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ, И НЕ ДОЗВОЛУВА ЧИТАТЕЛОТ ДА ПОГРЕШИ! Затоа ве молам и преколнувам, ДА ГИ ЗАТВОРИМЕ НАШИТЕ ОЧИ ЗА СЕ ДРУГО, И ИСКЛУЧИВО ДА ГО СЛЕДИМЕ КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО. (13 Омилија на Битие). Кој ќе го прочита само горецитираното, ќе си добие впечаток дека навистина св.Јован Златоус е следбеник на Sola Scriptura, меѓутоа ако се прочита целата Беседа и ако се размисли трезвено, ќе се дојде до следниов заклучок - Беседата на Битие на Св. Јован Златоуст е токму Предание, затоа што тој тука толкува дел од книгата Битие бидејќи се појавила ерес околу создавањето на светот. Затоа, покрај другото вели Така што умот им се помрачи и не тие не ја познаа вистинската смисла на Писмото… кое се однесува на еретиците. Затоа во 4 Беседа на 2 Солунјани јасно и децидно можеме да прочитаме Апостолите не ни предале се преку Писмото, туку многу работи предале непишано, но и едното, и другото се еднакво достојни за верата. Затоа ние сметаме дека достојно е да му веруваме и на Преданието. Ако има Предание - не барај ништо повеќе. Беше наведен и цитат од блажени Августин (354-430) Нека ја покажат својата црква, ако можат, но не преку зборување и мрморење, НЕ ПРЕКУ СОБОРИТЕ НА НИВНИТЕ ЕПИСКОПИ, НИТУ ПРЕКУ ПИШУВАЊАТА НА НИВНИТЕ ХЕРОИ, НИТУ ПРЕКУ ИЗМАМНИЧКИ ЗНАЦИ И ЧУДА, бидејќи сме предупредени за вакви работи од Зборот Господов. Но нека ја докажат својата вера преку Законот (Тората), преку предвидувањата на Пророците, преку песните на Псалмите, преку самите зборови на нашиот Пастир, преку зборовите на евангелистите, ОДНОСНО ПРЕКУ КАНОНСКИОТ АВТОРИТЕТ НА СВЕТИТЕ КНИГИ! (Св. Августин: За Единството на Црквата) И тука издвоеното ако се прочита во однос на Преданието, ќе се дојде до невистинит заклучок дека светителот го негира. Но ако го знаеме историскиот тек на настаните во негово време – тогаш ќе видиме на кого се однесува ова и од која причина е кажано. Имено, кога св. Августин бил епископ на Ипонија во почекот на 5-ти век, Христијаните во Северна Африка биле поделени од Донатската шизма. Донатистите, кои имале валидно ракоположени епископи, тврделе дека Католичките епископи се оскверниле поради нивното здружување со тие кои им попуштиле на Римските авторитети за време на прогонот и на тој начин си ја поништиле света тајна на светите заповеди. Тие имале паралелна хиерархија и одбивале да ја прифатат валидноста на светите тајни кои се извршувале во другите цркви. Значи, знаејќи го ова, јасно е дека гореизнесеното во прилог на Sola Scriptura – отпаѓа. Како доказ на тоа можaм да ги наведам неговите трудови за св Лаврентиј и за монаштвото, а во проповедта на тема Ги почитуваме мачениците, а не ги обожуваме, тој вели Ние, Христијанската заедница, се собравме да го прославиме споменот на мачениците со Богослужба, затоа што сакаме да се инспирираме да го подражаваме нивниот пример, да учествуваме во нивните добродетели, и да добиваме помош преку нивните молитви. Јасна потврда дека строго се држел и до Светото Апостолско Предание. Беше изваден од контекст и цитатот на св Кирил Александриски (313 - 444) "За божествените и светите верувања на нашата вера, не смееме да дадеме ниту најмала забелешка, ако таа не е потврдена од Светото Писмо... Не ми верувајте затоа што ви кажувам нешто, освен ако истото не е потврдено од Светото Писмо. Нашето спасение, кое е нашата вера не е мудро размислување, туку е докажана преку Светото Писмо.“ (Катехизам на Кирил Александриски, Лекција 4:17) А од самиот цитат гледаме дека воопшто не се однесува против Светото Предание, туку дека дури и го потврдува, затоа што самото тоа е во согласност со Светото Писмо. А останатите делови, каде св.Кирил Александриски истакнува дека го почитува Преданието предадено преку Светите Отци, и дека секој кој сака да му залепи етикета дека не е така е во заблуда, се следниве - КИРИЛОВО „ИЗЛОЖУВАЊЕ НА ВЕРАТА" 433. ГОДИНА http://www.verujem.org/sveti_oci/iiisab_iz.html Ги прочитав овие ваши свети зборови, и најдов дека и ние не мислиме подруго, зашто „еден е Господ Една е верата Едно е крштението" (Еф 4:5), ние го прославивме Бога Спасителот на сите, поздравувајќи се еден со друг, зашто верата во нашите и ваши Цркви е сагласна со боговдахновеното Свето Писмо и Преданието на нашите Свети Отци. Јас во сето тоа го следам учењето на Светите Отци , а особено меѓу нив блажениот и најславниот наш Атанасиј, со цел да не искривам нешто (од учењето на Христа)... Би можел да ти соберам многу сведоштва (Отци) кои ја потврдуваат вистинитоста на тие мои зборови... На било кој начин не можеме да трпиме некој да ни ја потресува верата, или Символот на верата, кој е издаден од нашите Свети Отци собрани во Никеа. А на тоа што некои од оние кои имаат обичај да го искривуваат она што е право, ги извртуваат моите зборови онака како ним им одговара, нека вашата светост не се чуди, знаејќи дека сите еретици во боговдахновеното Свето Писмо наоѓаат потпора на своите заблуди, извртувајќи го со своите расипани мисли она што е право (вистинито) соопштено од Духот Свет, и на таков начин собирајќи на својата глава неугаслив пламен. Имаше обид и цитат на св. Василиј Велики (330—379) да се прикаже во обратна смисла (не ми текнува кој беше, ама како доказ дека и овој Свет Отец е следбеник на Светото Предание ќе дадам негова поука) Некои од догмите и евангелските вистини (кеrygmа) кои се зачувани во Црквата, ги имаме од пишаните поуки додека пак други ги имаме примено усно од Апостолското Предание преку зачуваното наследство. Тие ја имаат истата веродостојност и сила како и пишаните текстови. Ова никој не смее да го негира, никој и никогаш, кој е барем малку упатен во Црковната практика. Ако направиме обид да ги отфрлиме таквите преданија како да немаат пишан авторитет, врз основа дека нивната важност е мала, ние ненамерно ќе му наштетиме на Евангелието или побрзо нашите заеднички толкувања ќе го сведеме само на ништожно изразување (За Светиот Дух глава 27) …………………………………………………………………. Изменето од Maran Ata - 05.Октомври.2008 во 09:49 |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Св. Иринеј Лионски (115-202)– бил ученик на св. Поликарп кој бил непосреден ученик на апостол Јован. Бидејќи има многу јасни сведоштва, не треба да ја бараме верата кај други која можеме лесно да ја примиме преку Црквата. Апостолите, како богати луѓе кои дале залог, во Црквата го даруваа сето она што и припаѓаше на вистината. Таа е влезот во животот; сите останати се разбојници и грабачи. Затоа ние треба да ги избегнуваме, а со најголема љубов да ги сакаме нештата на Црквата, затоа цврсто држете се до Преданието на вистината. Св. Иринеј Лионски (115-202) и Св. Климент Александриски (150 - 216) велат: Тие кои го толкуваат Светото Писмо без помош од Црковното Предание кратат голем дел од битната вистина. (Строматис, стр.7) Св Игнатиј Богоносец (30-106) и Св. Полкарп Смирнски (+167) биле ученици на апостолите и тие категорично верниците од нивно време ги советувале дека треба да се пазат од еретичките учења и потполно да се потпрат на Апостолското Предание (Есевиј Кесариски, Ecclesiastical History, Книга 2:36). Изменето од Maran Ata - 24.Декември.2008 во 01:33 |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Темата е Свето Предание пренесено преку Светите Отци. Држете се до темата!
Престанете со ситни препукувања, ќе почнам да банирам. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Св. Иринеј Лионски (115-202) ученик на св.Поликарп Смирнски кој бил непосреден ученик на св.Јован Богослов
Вистинско знаење се доктрините на Апостолите, и древната основа на Црквата низ целиот свет, и карактеристичната манифестација на телото Христово според наследството од епископите, преку кое тие ги предале на Цркватa која постои на секое место, и кои стигнале до нас, се чувани и запазени без никакво преправање на Писмото, со комплетен систем на доктрини, и ниту додавање ниту кратење (на вистината во која таа верува); законскo и усрдно толкување во хармонија со Писмото, двете без опасност и без хулење, и над се, тоа се согласува со презначајниот дар на љубовта, кој е подрагоцен од знаењето, пославен од пророштвата, и кој ги надминува сите други дарби од Бога. (Против ересите, книга 4, глава 33) И нешто од Катехизисот: Светото Предание и Светото Писмо се блиски и нераздвоиви едно од друго. Извирајќи од истиот Божествен извор, заедно формираат едно нешто и се движат кон иста цел. Секоја од нив ги прави присутни и плодонсони тајните на Христос во Црквата, Кој вети дека ќе биде со Своите *секогаш, до крајот на светот*. (CCC 80) Изменето од Maran Ata - 05.Октомври.2008 во 11:15 |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
stevompc
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 275 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Bi sakal da prasam, se nadevam deka e na temata, na kogo mu e dadeno Svetoto predanie koe bilo preneseno od Svetite Otci?
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Светото Апостолско Предание кое Апостолите им го пренеле на Светите Отци, кои, пак, го пренеле на нас, а и до ден денеска го пренесуваат, е дадено од Бога на сите луѓе во светот. Но, проблемот е што не сите сакаат да го прифатат тоа Предание. Господ ни го дава на сите нас, ние треба само да си го отвориме срцето и да го прифатиме како љубов која не чува од секаква ерес, која се пренесува низ генерациите, зачувана од Светиот Дух, според ветувањето на Господ дека Тој ќе биде со нас до крајот на времињата.
Имено, токму тоа предание не упатува во тајните на Светото Писмо за да можеме појасно да го разбереме, а со тоа и во Христов Дух да го исполнуваме. Кој го има зачувано до ден денеска она чисто и неосквернето Предание, ќе видиме од понатамошните образложенија и цитати од Светите Отци од древноста, па до сега. |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
stevompc
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 275 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
aha. znaci VAM vi go prenele. a kako moze nie da vi veruvame deka bas vam vi go prenele, koga istoto go tvrdat eden kup ereticki dvizenja, kultovi, nadri-lekari, papi i popovi, mesii i tn. proroci? site tie tvrdat 'ama bas nam ni go dadoa'. I bas zatoa se sumljivi, bidejki vo duhovniot elitizam lezi razoblicuvanjeto na duhovnata izmama. |
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
п.с. НАС е поим кој означува, меѓу другото, сите нам – на луѓето, како што имам потоа јасно наведено. Но, како што реков – не секој го има прифатено како Свето Предание. А за тоа кај кого лежи вистината, нагласив дека ќе биде објаснето во моите понатамошни образложенија, каде ќе има споредби на догмите од првите векови со догмите на сегашните ПРАВОславни, Протестанти и Римо-католици, и споредба на преданието на Светите Отци од ранохристијанскиот период, со она кое денеска се проповеда во Православната Црква
|
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
stevompc
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 275 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
aha znaci toa site nas bilo. epa togas vie nemate nikakov ekskluzivitet na mislata na predanieto. vie tvrdite vie ste naslednici na predanieto, drugi tvrdat oni se, treti pak deka se oni. pak e do tolkuvanjeto. i pak ke povtoram, duhovniot elitizam e prviot znak na duhovna izmama. |
||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne mi e jasno zasto ti se stavas nadvor od "VAM" toa e predadeno na site nas, na tebe na mene na trajko na petko na site .... |
||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||
stevompc
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 275 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
pa dobro, stom e taka, imate seriozen problem so navodniot duhoven elitizam, koj tvrdi deka bas vie ste cuvarskata sluzba (a la baywatch) na predanieto.
|
||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Преданието е природно дополнување кое произлегува од ставот дека за разбирање на Писмото е неопходно да се толкува. Од таму и за да се
објаснат зборовите потребно е преданието односно да бидат објаснети околностите во кои
биле кажани. Под секое ниво на разумност е да се спори дека Библијата не треба да се толкува. Доколку не е потребно толкување на Библијата тогаш луѓето со самото читање по автоматизам ќе стануваа христијани и сите исто ќе мислеа.
Библиската основа на преданието е: Евангелие по Јован 14:26 А Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, 1. Он ќе ве научи на се и 2. ќе ви напомни за се што сум ви зборувал. Она кое Духот свет учи и толкува го создава Светото Предание. Ние велиме Светото Предание на Светите Отци бидејќи Утешителот нив најмногу ги учел иако тоа предание го сочинуваат сите христијани кои Утешителот Бог Свети Дух ги учел и ги учи. А кои се тие? Тоа е правно прашање и Бог на правен начин го дал одговорот. Ако се чита внимателно ќе се види дека Бог многу често укажува на почитување на овластувањето. Отфрла можност да се работи по сопствена желба без овластување. Матеј 11:27 Се ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; 15:13 А Он, одговарајќи им, рече: “Секоја садница, што ја насадил Мојот Отец небесен, ќе се искорне; Матеј: 2:10 Но за да знаете дека Човечкиот Син има власт да ги опростува гревовите на земјата, му рече на фатениот: 3:15 и да имаат власт да ги изгонуваат бесовите. 6:7 И ги повика Дванаесетмината; почна да ги праќа по двајца, и им даде власт над нечистите духови. 10:42 Но Исус ги повика при Себе и им рече: „Знаете дека оние, кои се сметаат за владетели на народите - господарат над нив; и дека нивните големци имаат власт над нив. 11:28 и Му рекоа: „Со каква власт го правиш тоа и Кој Ти ја даде таа власт да го правиш тоа?” 11:29 А Исус им рече: „Ќе ве прашам еден збор и одговорете Ми, и ќе ви кажам со каква власт го правам ова. 11:33 Му одговорија на Исуса и рекоа: „Не знаеме!” А Исус им рече: „Ни Јас не ви кажувам, со каква власт го правам ова.” Марко: 2:10 Но за да знаете дека Човечкиот Син има власт да ги опростува гревовите на земјата, му рече на фатениот: 3:15 и да имаат власт да ги изгонуваат бесовите. 6:7 И ги повика Дванаесетмината; почна да ги праќа по двајца, и им даде власт над нечистите духови. 10:42 Но Исус ги повика при Себе и им рече: „Знаете дека оние, кои се сметаат за владетели на народите - господарат над нив; и дека нивните големци имаат власт над нив. 11:28 и Му рекоа: „Со каква власт го правиш тоа и Кој Ти ја даде таа власт да го правиш тоа?” 11:29 А Исус им рече: „Ќе ве прашам еден збор и одговорете Ми, и ќе ви кажам со каква власт го правам ова. 11:33 Му одговорија на Исуса и рекоа: „Не знаеме!” А Исус им рече: „Ни Јас не ви кажувам, со каква власт го правам ова.” Лука: 4:6 и Му рече ѓаволот: „Ќе ти ја дадам сета власт и нивната слава, зашто мене ми е предадена и јас ја давам кому што сакам. 4:36 И сите се исплашија и си велеа еден на друг: „Какво е тоа слово, да со власт и со сила им заповеда на нечистите духови и излегуваат?” 5:24 Но, да знаете дека Човечкиот Син има власт на земјата да ги опростува гревовите, му рече на фатениот: „Тебе ти велам, стани и дигни го својот одар и оди си во својот дом!” 7:8 Зашто исто и јас сум човек под власт, и имам потчинети војници; и на едниот му велам: ‘Оди!’ и тој оди; а на другиот: ‘Дојди!’ - и доаѓа; а на својот слуга: ‘Направи го тоа!’ - и го прави.” 9:1 И ги повика Дванаесетмината и им даде сила и власт, над сите нечисти духови и да лекуваат болни. 10:19 Ете, ви давам власт да газите на змии и на скорпии и над секоја непријателска сила, и ништо нема да ви напакости. 12:5 Но ќе ве предупредам од кого да се боите: бојте се од Оној, Кој - по убивањето - има власт да фрли во пеколот! Да, ви велам, бојте се од Него! 19:17 И му рече: ‘Убаво, добар слуго, зашто беше верен во нешто сосем мало, имај власт над десет градови.’ 20:2 и Му рекоа: „Кажи ни со каква власт го правиш тоа? Или, Кој е тој, што Ти ја даде таа власт?” 20:8 А Исус им рече: „Ни Јас нема да ви кажам со каква власт го вршам ова.” 22:53 Кога бев, секој ден со вас во Храмот, не кренавте рака на Мене. Но, ова е ваш час и власт на темнината!” Јован: 1:12 А на сите кои Го примија, им даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име: 10:18 Никој не Ми го одзема, туку Јас го давам Сам од Себе. Имам власт да го дадам, и имам власт да го земам пак. Оваа заповед ја примив од Мојот Татко.” 17:2 како што си му дал власт над секое тело, па да му даде на сè - што си Му дал - вечен живот. 19:11 Исус одговори: „Ти не би имал никаква власт над Мене, ако не ти беше дадено одозгора; затоа поголем грев има оној, кој Ме предаде на тебе.” Дела Ап.: 1:7 А Тој им рече: „Не е ваше да ги знаете времињата и настаните, што Таткото ги одреди со Својата власт. 5:4 Не беше ли твоја додека не беше продадена? И кога ја продаде - не беше ли во твоја власт? Зошто го науми тоа нешто во своето срце? Не ги излага луѓето, туку Бога!” 8:19 велејќи: „Дајте ми ја мене таа власт, на кого ќе ги положам рацете, да Го прими Светиот Дух!” 9:14 И тука има власт од свештеничките главатари да ги врзе сите оние, кои го повикуваат Твоето име.” 26:12 Кога за тоа патував во Дамаск со власт и налог од првосвештениците, 26:18 за да им ги отвориш очите, и да се обрнат од темнината кон светлината; од сатанската власт кон Бога, и преку верата во Мене да примат опростување на гревовите и наследство меѓу осветените.’ 2 Коринтјани: 10:8 Зашто, ако се пофалам и малку повеќе со нашата власт, што Господ ни ја даде за ваше издигање, а не за ваша пропаст, нема да се засрамам; Тит: 2:15 Зборувај го ова и опоменувај, и изобличувај со целосна власт. Никој да не те презира! Откровение: 2:26 И на оној, кој победува, и ги пази Моите дела до крај, нему ќе му дадам власт над народите, Еве еден дел. И онаму каде може да биде употребен зборот сила или способност не се употребени тие зборови туку е употребен зборот власт. Оној кој е од Бога овластен тој ќе може да врши исцелувања, проповед, свети тајни па и толкувањата од Утешителот Светиот Дух. Поимот власт, овластување е правен поим, затоа и на правниците ова толкување им разјаснува дека Господ НАГЛАСИЛ дека за се што се работи во име Божје потребно е овластување. Правото на вршење на црковните фунцкии ги имаа онаа христијанска деноминација која е овластена од Бога. Така што во конк*ренција остануваат само Православната Црква и Католиците. Јован 10:18 Никој не ми ја отима, туку Јас Сам од Себе ја давам. ИМАМ ВЛАСТ ДА ЈА ДАДАМ И ВЛАСТ ИМАМ ПАК ДА ЈА ПРИМАМ. ОВАА ЗАПОВЕД ЈА ПРИМИВ ОД СВОЈОТ ОТЕЦ.” Власта е спој на право и обврска. Бог и човек Исус Христос имал власт и заповед ПРИМЕНА од својот Отец. Од таму значи Утешителот ќе им биде од помош и ќе ги учи ЗА СЕ претодчени во ПРЕДАНИЕ оние на кои Бог им дал власт и овластување. Оние кои се негови како што на места ги нарекува. А оние кои не се негови и работат без негова дозвола според своите а не Божјите замисли важи следното. Матеј: 7:23 И тогаш Јас ќе им кажам: ‘Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела!.’ Законот е правило, законот ја дава власта. Затоа оние кои се надвор од власта и од законите на Бога тие се оние кои прават незаконски дела. Оние кои Бог ги овластил, тие го пренесуваат овластувањето. Впрочем и гревот е беззаконие. Одредени нешта кои во одредена ситуација се забранети во друга ситуација се дозволено доколку се под оној кој ги врши го има овластување. Така и покрај заповедта за неубивање, оние кои имаат легитимна власт имаат право да убиваат и тоа им е право дадено од Бога. Римјани 13:3 Затоа, началниците не се страшни за добрите дела, туку за лошите; сакаш ли, пак, да се боиш од власта, тогаш прави добри дела, па ќе добиеш и пофалба од неа; 4 оти таа е слугинка Божја, за твое добро. Ако, пак, правиш зло, тогаш страхувај, бидејќи тоа не носи залудно оружје; тој е служител Божји и со гнев се одмаздува на оној што прави зло. И покрај заповедта за неисцртување, оние кои се овластени под од Бога дадените правила имаат право да ги отсликуваат ликовите на Божјите угодници, или Господ Христос, но никогаш досега ниту е можно и отсликување на Бог Отец освен појавните форми низ кои се претставувал грмушката, огнот и слично. Исто може да се увиди дека Бог при давањето на овластувањата направил хиеархија на овластувањата едни најголеми овластуања на 12 Апостоли. Подоцна во Дела апостолски, апостолските овластувања се поделуваат на 1 епископи, 2 презвитери 3 ѓакони други за 70 ученици трети за секој христијанин (види Марково Евангели при крајот). Од таму од сознанието во Православната Црква дека послушанието е најголемата добродетел со која верникот несомнено ќе ја спаси својата душа независно од било која ситуација и од било што се случува околу него. Заклучок: Бог нагласува овластување, институционалност во она што се работи. Така што правото за толкување и одржување на преданието го имаат оние кои ги ОВЛАСТИЛ. Изменето од sard - 23.Октомври.2008 во 23:00 |
||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||
stevompc
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 275 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Tesko si na Bozjiot zbor, ako mu e potrebna covecka mudrost za da go napravat efektiven i delotvoren. tesko na Bozjiot zbor, ako toj samiot po sebe e nedovolen, nedelotvoren, nejasen, pa mu treba covekot i negovoto "predanie" za da go napravat jasen, celosen i delotvoren. Pod sekoe nivo na razumnost e da se spori deka Boziot zbor bez coveckiot zbor nema vrednost. |
||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тоа не се човечки зборови, туку преданието се собрани зборови на Утешителот кажувани на одделни луѓе дадени после Христовата проповед. Тоа Господ Христос го навестил и го ветил. Зарем не признавате Свет Дух и не тврдите дека ви ги разјаснува нештата? Е она кое ви го открива кога ќе го соберат оние кои имаат право да го филтрираат и оценат пак истото со помош на Светиот Дух го создава Преданието. |
||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||
Внеси реплика | страница 123 21> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |