IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - КУЛТОТ ЗА МАРИЈА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КУЛТОТ ЗА МАРИЈА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5556575859 60>
Автор
Порака
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 01:03

  1 Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Словото беше Бог.

  2 Тоа во почетокот беше во Бога.

  3 Се стана преку Него и без Него ништо не стана, од она што постана.

  4 Во Него беше Животот и Животот им беше светлина на луѓето.

  5 Светлината свети во темнината и темнината не ја опфати.

  6 Имаше еден човек по име Јован, испратен од Бога;

  7 тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него.

  8 Тој не беше Светлината, туку дојде да сведочи за Светлината.

  9 Беше Вистинска Светлина, Која го осветлува секој човек, што доаѓаше во светов.

10 Во светот беше и светот преку Него постана, но светот не Го позна.

11 Дојде кај Своите, но Своите не Го примија.

12 А на сите што Го примија - на сите што веруваа во Неговото име - им даде моќ да станат чеда Божји;

13 кои не по крв, ни по желба на телото, ни од похот машка, туку од Бога се родија.

14 И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.

15 Јован сведочеше за Него и велеше зборувајќи: „Ова е Тој за Кого реков: Оној, Кој иде по мене, Тој е пред мене, бидејќи постоеше порано од мене!”

16 И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат;

17 зашто Законот беше даден преку Мојсеј, а благодатта и вистината произлегоа од Исус Христос.

18 Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот - Тој Го објави.


Многу добро секој сам може да пресуди зашто Христос така се обраќа кон Својата мајка..., ако судиме според Јован.


Човек треба неколку пати да го прочита тоа - па сам нека изведе заклучок...

За другите лингвистички толкувања многу добро објасна Маран-ата... и за достоинството и честа на Богородица,,, - да не се повторуваме

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 01:29
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:


Многу добро секој сам може да пресуди зашто Христос така се обраќа кон Својата мајка..., ако судиме според Јован.


Ајде повели биди храбар и биди првиот што ќе пресуди среќа Зошто, согласнов цитатот што го наведе, Христос не и се обраќа на Марија со „мајко“, туку со „жено“?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 02:38
Па дека не и се обраќа со мајка така е зашто ОН постои уште пред да постои мајката и жената и целата твар затоа тоа е така... тој се обраќа така затоа што таа не е негова онтолошка а биолошка мајка... најсвета и најчиста меѓу жените, зашто таа се удостои да го роди спасението на нашите души...

едно е биолошка а друго “онтолошка мајка“ за второто судејки апофатички не знаеме ... тоа е по однос на суштината на Бог, а тоа да стане јасно треба да се разбере Тајната на Боговоплотувањето

Затоа тука имаш болдирани цитати за тоа

И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.

зашто Законот беше даден преку Мојсеј, а благодатта и вистината произлегоа од Исус Христос. 

Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот - Тој Го објави.

ке повторам -  предходно за етимологијата на зборот жено - мајко многу добро ти објасни Маран ата... и некои други членови - не е тешко да се вратиш еден лист поназад, нелизбунетост
 
а за осветувањето види на: Дали Бог се ограничува само во Библијата, пред малку дискутиравме за светоста и за тие работи...

или пак те замарам со философија?
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 03:32
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

тој се обраќа така затоа што таа не е негова онтолошка а биолошка мајка... најсвета и најчиста меѓу жените, зашто таа се удостои да го роди спасението на нашите души...

едно е биолошка а друго “онтолошка мајка“ за второто судејки апофатички не знаеме ...


Каква е таа „онтолошка мајка“ наспроти билошката мајка? Каков е тој „апофатички суд“? Дај те молам малку спушти го речникот на народно ниво за сите да те разбереме.
Дали тоа значи дека Марија не е мајка на Божеството Исус, туку само на човечката природа на Исус или погрешно те толкувам?


Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:


ке повторам -  предходно за етимологијата на зборот жено - мајко многу добро ти објасни Маран ата... и некои други членови - не е тешко да се вратиш еден лист поназад, нелизбунетост


Не знам зошто и ти и Мараната ми ја спомнувате етимологијата зборот „жено“? Јас никаде не реков дека зборот „жено“ е понижувачки збор со кој Исус ги ословувал жените. Напротив, жената е исто така Божјо создание созадено по Божјиот лик и подобие како и мажот.
Исус не ја понижувал Марија со тоа што ја нарекувал „жено“, исто така како што не ги понижувал и сите останати жени во евангелијата кои исто така ги ословувал со „жено“.

"Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено (блажената Марија)? Уште не дошол Мојот час.”" (Јован 2:4)
"Верувај Ми жено (самарјанката), дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим" (Јован 4:21)
"Исус се исправи и и рече: „Жено (блудницата), каде се? Ниеден ли не те осуди?”" (Јован 8:10)
"Исус и рече: „Жено (Марија Магдалена), зошто плачеш? Кого Го бараш?” " (Јован 20:15)
"Штом Исус ја виде, ја повика и и рече: „Жено (згрбавената), ослободена си од својата болест.”" (Лука 13:12)
"Тогаш Исус и одговори и и рече: „О жено (Ханенејката), голема е твојата вера; нека ти биде по твојата желба" (Матеј 15:28)

Оттука гледаме дека обраќањето на Исус кон Марија било исто како и кон сите останати жени на кои Тој им се обраќал во евангелијата, се разбира со почин и достоинство.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 03:41
ЕвАнгелосе, демек сакаш да кажеш дека доколку добиеш одговор на прашањето што го постави во однос на зборот „жено“, тогаш ти ќе одговориш на прашањето:

„Кога Господ ја добил Својата Божествена природа, ако Богордица ја родила само Неговата Човека природа? Во кој момент? За време обрезанието, за време крштението, за време распнувањето?“

...Или пак кукавички ќе бегаш?

Изменето од Maran Ata - 18.Ноември.2009 во 06:09
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 03:45
Мислам дека тоа погоре: специјално постирано за книжниците т.е. оние што се држат до библијата нема никакво значење?...

1 Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Словото беше Бог.

  2 Тоа во почетокот беше во Бога.

  3 Се стана преку Него и без Него ништо не стана, од она што постана.


Марија го роди “Ова“ но во тело!!! т.е. “Ова“ преку Марија стана плот (тело)

а што е “Ова“ се гледа од три цитати, јасно се гледа што е Логосот (Словото) т.е. Второто Лице на Света Троица...

Во тие 18 стиха од прологот на Јован, много добро е објаснато буквално се` - не од мене а од св. ап. и ев. Јован - не за џабе покасно наречен Богослов!!!

Тука се состои целото богослобие и целото учење Христово - но тоа го гледа и разбира само тој што сака да го види и разбере...

Евангелос - Јован многу пати ти има одговорено и ти одговара на твоите бесмислени прашања... само треба повнимателно да го читаш....


Изменето од Tetratka - 18.Ноември.2009 во 04:02
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 03:56
Евангелос - Она што е Неродено, Нестворено и постои пред сите векови - од човекољувие прима плот и е родено од Марија Дева и станува човек
...
Марија го раѓа истото тоа (што не е родено и створено и постои пред сите векови) како човек и затоа Тоа (Словото) бидејќи со раѓањето не ја променува суштинската онтологија на неговото Битие, а прима човечки образ, затоа е Богочовек... истовремено ги има сите својства и карактеристики на Бог и Човек..., ете Затоа преку утробата на Марија Дева се раѓа Богочовекот Христос!!!

Изменето од Tetratka - 18.Ноември.2009 во 03:58
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 06:13
Blagodaram Tetratka za dadenoto objasnuvanje.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 12:29
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

ЕвАнгелосе, демек сакаш да кажеш дека доколку добиеш одговор на прашањето што го постави во однос на зборот „жено“, тогаш ти ќе одговориш на прашањето:


Каде јас сум поставил прашање за зборот „жено“? збунетост (повели цитирај ме)
Моето прашање гласи:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:



Зошто Исус во Библијата и се обраќа на Марија со зборот „жено“, а не со „мајко“?

"Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час.”" (Јован 2:4)
"
А Исус, штом ја виде мајка си, и покрај неа, ученикот, кого го љубеше, и рече на мајка си: „Жено, ете ти син!”
" (Јован 19:26)

Значи моето прашање е зошто Исус ја нарекувал жено, а не мајко? Зошто никаде не читаме дека ја нарекол мајко?



И ако планираш да го одговараш, одговарај на даденото прашање, а не да го модифицираш истото.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 17:25
Добро сега не се разбравме ли предходно за тоа или гордоста и инаетот се над се?, да не кажам егото... 
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 06:04
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

ЕвАнгелосе, демек сакаш да кажеш дека доколку добиеш одговор на прашањето што го постави во однос на зборот „жено“, тогаш ти ќе одговориш на прашањето:

Каде јас сум поставил прашање за зборот „жено“? збунетост (повели цитирај ме)


Сега или се правиш на мутав, или навистина не разбираш македонски јазик, друго нема!

Во однос на зборот „жено“ значи што било што е поврзано со зборот „жено“, или во конкретниов случај, твоето прашање:


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Зошто Исус во Библијата и се обраќа на Марија со зборот „жено“, а не со „мајко“?"Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час.”" (Јован 2:4)"А Исус, штом ја виде мајка си, и покрај неа, ученикот, кого го љубеше, и рече на мајка си: „Жено, ете ти син!”" (Јован 19:26)Значи моето прашање е зошто Исус ја нарекувал жено, а не мајко? Зошто никаде не читаме дека ја нарекол мајко?


Ајде, има време, ќе научиш и македонски некогаш...

А моето прашање, за да не те буни, е:

Дали со ова што бараш одговор на прашањето „Зошто Исус ја нарекувал жено, а не мајко?“ ?(се однесува на Богородица), значи дека откако ќе го добиеш одговорот, потоа ти ќе одговориш на прашањето што Ахмар ти го постави пред месец и пол, a потоа јас го повторив неколку пати:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Кога Господ ја добил Својата Божествена природа, ако Богордица ја родила само Неговата Човека природа? Во кој момент? За време обрезанието, за време крштението, за време распнувањето?


And?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2009 во 14:00
Некој бега од прашања? Хммм, а кој е сега ?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2009 во 14:12
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Некој бега од прашања? Хммм, а кој е сега ?


Ајде да резимираме:
 
Јас велам дека ти бегаш од моите прашањата.
Ти велиш дека јас сум тој што бега од твоите.
Јас велам дека јас не ти ги одговарам затоа што ти не ги одговараш моите.
Ти... воопшто и не знам зошто не ми ги одговараш моите.
 
Зошто едноставно да не отвориме една тема каде што наизменично ќе си поставуваме прашања еден на друг и ќе си одговараме на истите без притоа да има забуна кој чии прашања скока? Доколку си сигурна во својата вера, не гледам причина зошто не би прифатила една таква фер дискусија со мене кога веќе и онака ми посветуваш часови, денови и месеци на моите коментари на форумов.
Што велиш на овој предлог хм? кокошкакокошкакокошкаголема%20насмевка

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2009 во 00:20
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Некој бега од прашања? Хммм, а кој е сега ?
Ајде да резимираме:

 

Јас велам дека ти бегаш од моите прашањата.

Ти велиш дека јас сум тој што бега од твоите.

Јас велам дека јас не ти ги одговарам затоа што ти не ги одговараш моите.

Ти... воопшто и не знам зошто не ми ги одговараш моите.

 

Зошто едноставно да не отвориме една тема каде што
наизменично ќе си поставуваме прашања еден на друг и ќе си одговараме
на истите без притоа да има забуна кој чии прашања скока? Доколку си
сигурна во својата вера, не гледам причина зошто не би прифатила една
таква фер дискусија со мене кога веќе и онака ми посветуваш часови,
денови и месеци на моите коментари на форумов.

Што велиш на овој предлог хм? кокошкакокошкакокошкаголема%20насмевка


Очигледно дека некој не може, а да не престане да спамира и да почне да го почитува тоа што веќе еднаш му е кажано од модераторот:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Temata e КУЛТОТ ЗА МАРИЈА, a ne EvAngelos vs Maran Ata.

Vekje na site aktivni temi se raspravate kako mali deca "ajde prvo ti odgovori mi mene, pa posle jas kje ti odgovoram tebe".

A toa ne e nishto drugo tuku spamiranje so lichni raspravii.

Drzhete se za temite i govorete za niv, A NE ZA VAS. Vash*te megjusebni dueli mozhete da gi pravite preku lichni poraki.



А за да не одам офф-топик, како што некој упорно тоа го прави само за да се докаже дека е некој и нешто:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:



Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Многу добро секој сам може да пресуди зашто Христос така се обраќа кон Својата мајка..., ако судиме според Јован.
Ајде повели биди храбар и биди првиот што ќе пресуди среќа Зошто, согласнов цитатот што го наведе, Христос не и се обраќа на Марија со „мајко“, туку со „жено“?


Едно е онтолошката причина, која ја наведе Тетратка, а другата причина поради која Господ не ја ословува Богородица со Мајко, е за да ја истакне не Неговата телесна врска со Богородица, туку Неговата духовна врска со неа.

Од стиховите Јован 2:1-8 јасно се гледа нивната ДУХОВНА врска:

Таа Му вели на Господ да направи нешто околу тоа што домаќините немаат вино. Во тоа време, Господ бил околу 30 години и тогаш ја започнал својата проповедничка дејност (Лука 3:23). Тој немал работа која би му носела приход. Дали Богородица очекувала Господ да купи вино за сите гости? Се разбира дека не. Значи, таа била сосема сигурна дека Тој може да направи чудо.Таа знаела дека Тој е Божји Син и дека е семоќен. Дури и на слугите им се обраќа и им вели да бидат послушни, да веруваат во Неговата сила. Таа прва, со својата вера, Го исповеда пред луѓето како Господ.

Господ и’ одговара дека сеуште не дошол Неговиот час, што значи дека не е време да се објави на светот како Спасител, но и покрај тоа, ја послушува Својата Мајка.

Иако Господ индиректно вели дека нема ништо со тоа што снемало вино, т.е. дека не сака да се објавува во тој момент пред луѓето, сепак таа знаела дека ќе ја послуша. Од ова се гледа нивниот длабок духовен однос, каде беспрекорно се разбираат меѓусебно, иако на почеток изгледа дека Господ ја одбива.

Како што Богородица Го дала Спасителот на светот преку раѓањето, така сега Го покажува на светот преку чудото кое Господ го прави од послушание кон неа.

А со стихот Јован 19:26 таа духовна врска неизменливо уште еднаш се потврдува.

Не само што Богородица од почеток знаелa дека нејзиниот роден по тело Син е Господ и Бог, Спасител, туку таа останала во својата вера засекогаш. Во моментот кога најомразениот меѓу Јудејците - Господ Исус Христос, бил распнат и јавно ставен на позор за исмевање, таа била под крстот. И покрај тоа што била во голема опасност бидејќи била Негова следбеничка, Негова Мајка по тело и го исповедала како Господ, таа седела под крстот, докажувајќи ја не само својата мајчинска љубов кон Него, туку пред се’, својот духовен однос кој го имала со Него. Како потврда на нивниот цврст духовен однос, кој е неспоредлив, Господ се грижи за неа и на својот смртен час, во момент на секосмичка мака, изразувајќи ја својата љубов кон неа и доверувајќи ја на апостол Јован.

А зарем има поголема љубов од духовната? Богородица не само што била телесна Мајка на нашиот Господ, таа Му била и најверна следбеничка, прва исповедничка, никогаш колеблива во својата вера во Него како во Бог. Затоа и Господ во сите свои обраќања кон неа, искажува тајна на еден прекрасен духовен однос, тајна која можат да ја видат само оние кои гледаат со духовни очи, а не со телесни. Тој цело време во прв план го става нејзиното духовно сродство со Него, за да не може некој да ја ограничи нејзината улога во домостројот Божји само на телесно сродство, кое не е толку важно колку духовното. Но, кога ќе се објави и телесното и духовното сродство, тоа станува посилно од било кое останато духовно сродство.

Фактот дека Господ ја одбрал токму неа за да се воплоти и да дојде во светот, е доказ дека таа не само што телесно била неосквернета, туку духовно најкомпетентна меѓу луѓето од цел свет, за да Го прими во својата утроба и да одгледа како свој телесен Син.


И како што претпоставувам, ЕвАнгелос, како и што е веќе познато, пак нема да знае да одговори на прашањето:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Кога Господ, ако Богородица ја родила само Човечката природа на Господ, ја примил Својата Божествена природа? Во кој момент? За време образанието, за време крштението, за време рапнувањето???


Нејсе, тоа е... кој знае во што верува - знае тоа и да го запише, кој не - само лепи цитати без да ја знае нивната суштина.

Изменето од Maran Ata - 23.Ноември.2009 во 00:29
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5556575859 60>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.