IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - КУЛТОТ ЗА МАРИЈА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КУЛТОТ ЗА МАРИЈА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4445464748 60>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 01:15

Pravoslavie, а зошто Исус никаде во евангелијата не ја нарекол блажената Марија: "мајко"? Зошто ја нарекувал "жено"?

"Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час."
(Исус Христос во ев. Јован 2:4)
"А Исус, штом ја виде мајка си, и покрај неа, ученикот, кого го љубеше, и рече на мајка си: „Жено, ете ти син!"
(Исус Христос во ев. Јован 19:6)
 
И не само тоа, кога еден човек Му кажал на Исус дека мајка Му и браќата го чекаат надвор, Исус им одговорил:
 
"И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка."
(Исус Христос во ев. Матеј 12:47-50)
 
Од оваа изјава на Христос гледаме дека сите оние кои ја вршат Божјата воља, се Негова "мајка".
 
Се разбира, подоцна и блажената Марија станала Христова следбеничка (а со тоа и брат, сестра и мајка на Христос), но Христос никаде не ја воздигал неа над другите ученици.
Марија на пример никаде не е спомната во посланијата на апостолите. Во Делата на апостолите само еднаш е спомната како присутна меѓу учениците. Тоа е доказ дека таа воопшто не била фокусот (култ) на првите христијани, туку тој култ подоцна се развил во католичката црква, а потоа го наследила и православната.
 
Pravoslavie, а зошто не ги искоментираш и другите небиблиски титули на блажената Марија? трепкање
Што ќе кажеш на пример за титулите: Пресвета, Преблагословена, титули кои ниту Господ Бог ги нема во Светото Писмо?
Или пак што ќе кажеш на титулата: "слово и проповед на сите пророци"? среќа 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 01:44
Originally posted by izvoren izvoren напиша:


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:



Молитвата на праведникот е најделотворна и најугодна на Бога, така, што и да побараат светителите, а особено Мајката на Господ Исус Христос, ќе им биде дадено.
како што е напишано: „Нема никој праведен, нема ниту еден;Римјани 3-10


Ај прво вака:

Матеј: 10:41 Кој прима пророк во пророчко име, ќе добие пророчка награда; и кој прима праведник во праведничко име, ќе добие праведничка награда.

Јаков 5:16 Голема сила има усрдната молитва на праведникот.

2 Петар: 2:8 Зашто, кога живееше праведникот меѓу нив, гледајќи ги и слушајќи ги беззаконските дела, тој секојдневно ја измачуваше својата праведна душа;

1 Петар: 4:18 И кога праведникот одвај се спасува, тогаш што ќе стане од безбожниците и грешниците!?

Ај да не ги редам сите, ама не ми е јасно што е работава. Да не се збуниле апостолите кога велат дека имало праведници? Ќе ми објасниш ли, Изворен, или ќе може да ни кажеш како стои ова во динамичниот превод?

Исто и за Господ се вели дека е праведен:

1 Јован: 2:1 Чеда мои, ова ви го пишувам за да не грешите; и ако некој згреши, кај Отецот имаме Застапник, Исус Христос, Праведникот;

Ама чекај, што е сега работава? Нели ти и Евангелос тврдевте дека титулите на Господ не треба да се даваат и на смртен човек? А како тоа апостолите Божјата титула на праведност ја препишуваат на луѓе???? Имаш одговор на ова?



              
Originally posted by izvoren izvoren напиша:

  Праведни пред Бог се сите кои се исчистени преку крвта Христова.



Лелеее, абе нели сто пати ве советував, кога пишувате нешто, барем некоја смисла и логика да има тоа. Прво велиш дела никој не е праведен, сега овде дека сите кои се очистени со Христовата крв се праведни. Епа дај реши се, има или нема праведни?... да знаеме до кај ни е муабетот.

И друга работа, кои се исчистени со крвта Христова? Кои се тоа СИТЕ?


+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 01:59
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


И друга работа, кои се исчистени со крвта Христова? Кои се тоа СИТЕ?



Ова прашање мора да ти биде јасно за да можеш да се нарекуваш христијанин.

Преку жртвата Христова ние сме измирени со Бог.Бог им ги прости гревовите на сите што го прифатија Исус за спасител и Господ.
 За да се случи ова простување Христос плати за нас со Неговата крв.

Значи сите што веруваат во овој проект им се избришани гревовите.
А праведник може да се нарече само оној што нема грев.

Затоа неможеш да ги нарекуваш само  "светците" праведници туку во оваа група спаѓаат сите што се покајале и го прифатиле Исус за спасител.




Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 02:09
Originally posted by izvoren izvoren напиша:


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

И друга работа, кои се исчистени со крвта Христова? Кои се тоа СИТЕ?
Ова прашање мора да ти биде јасно за да можеш да се нарекуваш христијанин.Преку жртвата Христова ние сме измирени со Бог.Бог им ги прости гревовите на сите што го прифатија Исус за спасител и Господ. За да се случи ова простување Христос плати за нас со Неговата крв.Значи сите што веруваат во овој проект им се избришани гревовите.А праведник може да се нарече само оној што нема грев.Затоа неможеш да ги нарекуваш само  "светците" праведници туку во оваа група спаѓаат сите што се покајале и го прифатиле Исус за спасител.


Ајде пак:

1. Христос Го имаат прифатено и Православните Христијани, и Римо-католиците, и вие Баптистите, како и останатите протестантски организации. Дали сите тие се исчистени со Христовата крв?

2. Во претходниот коментар тврдеше дека воопшто праведници, а сега велиш дека сите кои поверувале во Христа се праведници. Ок, нејсе... нелогика, ама ај да речеме дека ќе ти прогледаме низ прсти. Ама, има едно прашање кое искрснува од ова што го велиш: Дали ти се сметаш себе си за праведник, затоа што си поверувал во Христа, и дали сметаш дека си без грев?

3. Не ми одговори - како тоа апостолите титулите на Господа ги препишуваат и на смртни луѓе, а ти и Евангелос тврдите дека не смее така?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 02:18
   Гревовите ке ми бидат простени преку покајанието и верата во Христос.

А далеку од тоа дека сум без грев. 



п.с. тоа со титулите и смртни луге не го разбрав.
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 02:27
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Pravoslavie, а зошто Исус никаде во евангелијата не ја нарекол блажената Марија: "мајко"? Зошто ја нарекувал "жено"?

"Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час."
(Исус Христос во ев. Јован 2:4)
"А Исус, штом ја виде мајка си, и покрај неа, ученикот, кого го љубеше, и рече на мајка си: „Жено, ете ти син!"
(Исус Христос во ев. Јован 19:6)
 
И не само тоа, кога еден човек Му кажал на Исус дека мајка Му и браќата го чекаат надвор, Исус им одговорил:
 
"И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка."
(Исус Христос во ев. Матеј 12:47-50)
 
Од оваа изјава на Христос гледаме дека сите оние кои ја вршат Божјата воља, се Негова "мајка".
 
Се разбира, подоцна и блажената Марија станала Христова следбеничка (а со тоа и брат, сестра и мајка на Христос), но Христос никаде не ја воздигал неа над другите ученици.
Марија на пример никаде не е спомната во посланијата на апостолите. Во Делата на апостолите само еднаш е спомната како присутна меѓу учениците. Тоа е доказ дека таа воопшто не била фокусот (култ) на првите христијани, туку тој култ подоцна се развил во католичката црква, а потоа го наследила и православната.
 
  
 
Не добив одговор на моето прашање. Зошто го изоставаш она што за неа Го кажал Светиот Дух? Сите овие нешта кои ги наведе не го негираат тоа. Не е белким да очекуваш да ти кажам дека “жено“ значи грубо и нељубовно именување на Својата Мајка од Негова страна.
 
Она што го наведуваш во пасусот кој го обоив со темна сина боја, значат нешто друго, но во никој случај не значат “Родителка“. Родителка е само една личност!
 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

 
Pravoslavie, а зошто не ги искоментираш и другите небиблиски титули на блажената Марија? трепкање
Што ќе кажеш на пример за титулите: Пресвета, Преблагословена, титули кои ниту Господ Бог ги нема во Светото Писмо?
Или пак што ќе кажеш на титулата: "слово и проповед на сите пророци"? среќа 
 
симболични изрази.
 
Факт е дека НИТУ ЕДЕН од нас - Православен Христијанин кој дообро ја познава Библијската Теологија не може да и’ оддаде преголемо почитување, бидејќи знаеме дека:
 
- БогоРодица не е спасителка во онаа смисла во која Спасител Е само Еден!
- ние не и’ се поклонуваме како божица
- не и’ оддаваме чест како на создателка на светот и животот и како одржувателка на животот
- не и’ оддаваме чест како на наша создателка
- не и’ се заблагодаруваме што од висините на Божественото совршенство и блаженство и совршено Божествено Постоење, слезе од небото, се отелотвори, стана човек и беше распната заради нас
- таа НЕ МУ Е РАМНА НА ГОСПОД и ниту приближно не е како Него!
- таа никому од нас не му значи ни оддалеку како што ни значи Господ
- неа никој од нас не ја сака ниту приближно од она што го љубиме Господ
- нејзе никој од нас не и’ принесува ни оддалеку онолку многу и онолку силни благодарствени зборови, славословења, ниту молитви, колку на Господ
 
 
- факт е дека во Светото Писмо не е споменато дека била Христова Проповедничка
 
Но,
факт е дека му искажала НАЈГОЛЕМА ЉУБОВ на Бога, бидејќи превземала мнооогу голема, т.е. најголема одговорност - да во својата утроба за да биде отелотворен (т.е. облечен во тело) Го прими Божјиот Збор, преку Кој Создателот создаваше.
 
Факт е дека во неа Неговото присуство подари / остави гооолема Благодат.
 
Тоа се некои од причините заради кои ја почитуваме


Изменето од Pravoslavie - 16.Септември.2009 во 02:28
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 02:32
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


како тоа апостолите титулите на Господа ги препишуваат и на смртни луѓе, а ти и Евангелос тврдите дека не смее така?
 
Ако мислиш на титулата "праведници", тоа е затоа што ние Христијаните сме оправдани преку крвта на Исус. Maran Ata, ти сега потврди дека не го познаваш евангелието на Исус Христос а се дрзнуваш да се нарекуваш христијанка.
Евангелието се соство во тоа што Исус доброволно и од љубов се согласи да биде наша застапничка жртва на Голготскиот крст, да ја заме нашата неправедност, а да ни ја подари својата праведност, да го земе нашето проклетство и да стане проклет за нас, за ние да можеме да станеме свети и праведни пред Бог. Ние сме оправдани не преку нашата "безгрешност", туку преку крвта на Исус која ги мие нашите гревови.
 
И да те поправам: православните го немаат прифатено Христос. Тие не го следат Неговото учење. Тие ги следат учењата на одредени ткн. "свети отци" и нивните традиции, црковни собири, кои, меѓу другото, ги учат на работи спротивни од учењето на Исус Христос.
 
Не се апостолите тие кои ја препишале таа Божја титула на смртните луѓе, туку Господ Бог е Тој Кој ни ја препиша таа титула миејќи ги нашите гревови преку Христовата крв. Ние сме оправдани преку вера во Христос, а не преку нашите "праведни дела".
 
"Како што и Авраам „му поверува на Бога и тоа му се засмета за праведност.” " (Галатјаните 3:6)
 
А сега ти објасни ни кој тоа и дал титули на блажената Марија кои дури ни Господ Бог ги нема во Светото Писмо? Кој ја нарекол Пресвета, Преблагословена? Кој тоа и дал титули поголеми од оние на Бог?
Кој и дал божествени титули на блажената Марија од типот: Господарка, Владичица, Царица, Спасителка, Застапничка на Судниот Ден, слово и проповед на сите пророци (со само едно пророштво кај пророците, наспроти предавникот Јуда со своите две среќа)
 
Кој и ги даде сите овие богохулни титули на блажената Марија? Господ или вие Маријанците?


Изменето од EvAngelos - 16.Септември.2009 во 02:34
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 02:53
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Но,
факт е дека му искажала НАЈГОЛЕМА ЉУБОВ на Бога, бидејќи превземала мнооогу голема, т.е. најголема одговорност - да во својата утроба за да биде отелотворен (т.е. облечен во тело) Го прими Божјиот Збор, преку Кој Создателот создаваше.
 
По чиј тоа критериум одредуваш дека таа Му искажала најголема љубов на Исус? Носењето на Исус во утробата и Неговото одгледуање не било никаква жртва, туку чест, уживање. Таа немало потреба да се грижи (барем не повеќе од другите мајки за своите деца) затоа што ангелите се грижеле за Христос многу повеќе од неа: "Зашто им заповеда на Своите ангели, да те чуваат на сите твои патишта. Ќе те носат на раце, за да не се сопнеш на камен." (Псалм 91:11-12) така што блажената Марија немала никакви екстра грижи или мака во одгледувањето на Исус, барем не повеќе од другите мајки од тоа време.
 
Понатаму, Христос кажа еден друг критериум за "најголемата љубов", очигледно драстично поразличен од православниов критериум:
 
"Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели."
(Исус Христос во ев. Јован 15:13)
 
Блажената Марија не го положила својот живот за Исус. Ако некој го положи животот за Исус, тоа се стотиците христијани кои биле живи спалувани на клади и фрлани на арени со лавови заради својата вера во Исус и заради нивното неоткажување од Него.
 
Но, неколку пати сум рекол и пак ќе повторам: не сме ние тие кои треба да го узурпираме местото на Бог и да кажуваме кој е поголем и кој каква позиција има на Небото. Немаме право тоа да го велиме ниту за себе, ниту за другите, ниту за апостолите, ниту за блажената Марија. Секој што се дрзнува да дава почесни титули на себе или другите (вклучувајќи ја и блажената Марија) тој/таа го узирпира местото и улогата на Бог и самиот се прави Бог.
 
п.с. Pravoslavie, не ми одговори за титулите:
На кој начин блажената Марија е пресвета наспроти светиот Бог?
На кој начин блажената Марија е преблагословена наспроти благословениот Бог?
На кој начин таа е слово и проповед на сите пророци кога за неа има само едно пророштво во книгата на пророкот Исаија, а дури и предавникот Јуда има две?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 03:09
Originally posted by Izvoren Izvoren напиша:

Значи сите што веруваат во овој проект им се избришани гревовите.
А праведник може да се нарече само оној што нема грев.


Originally posted by Izvoren Izvoren напиша:

Гревовите ке ми бидат простени преку покајанието и верата во Христос.
А далеку од тоа дека сум без грев. .


Од следниве твои изјави излегува дека:
1.     Не си се покајал за гревовите, што значи дека не ти се ни простени.
2.     Не веруваш во овој „проект“ (како што го нарекуваш)
3.     Следствено на тоа, докажуваш дека не секој може да се нарече праведник


Те прашав: Ти и Евангелос ТВРДИТЕ дека титулите кои се „накалемени“ на Богородица Му припаѓаат само на Бог, а од друга страна, во Светото Писмо гледаме дека апостолите Божјите титули ги „накалемувале“ и на светите луѓе. Што мислиш, кој е во право – ти и брат ти Ев, или апостолите?

И не ми одговори:

1. Христос Го имаат прифатено и Православните Христијани, и Римо-католиците, и вие Баптистите, како и останатите протестантски организации. Дали сите тие се исчистени со Христовата крв?



Изменето од Maran Ata - 16.Септември.2009 во 03:10
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 03:17
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Pravoslavie, а зошто Исус никаде во евангелијата не ја нарекол блажената Марија: "мајко"? Зошто ја нарекувал "жено"?

Чекај малку, на што алудираш овде? Дека Исус не си ја почитувал мајка си? Дека не правел разлика помеѓу Дева Марија и останатите жени?
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

И не само тоа, кога еден човек Му кажал на Исус дека мајка Му и браќата го чекаат надвор, Исус им одговорил:

"И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка."
(Исус Христос во ев. Матеј 12:47-50)

Од оваа изјава на Христос гледаме дека сите оние кои ја вршат Божјата воља, се Негова "мајка".


Оваа изјава воопшто не ја негира величината на Богородица, туку им дава пример на останатите кои слушале дека треба да ги исполнуваат Божјите заповеди и дека поважно е духовното сродство во заедница на Светиот Дух.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Се разбира, подоцна и блажената Марија станала Христова следбеничка (а со тоа и брат, сестра и мајка на Христос), но Христос никаде не ја воздигал неа над другите ученици.


Нелогичност до нелогичност! Мил мој, МАРИЈА Е ПРВАТА КОЈА ПОВЕРУВАЛА ДЕКА НЕЈЗИНИОТ СИН Е ГОСПОД И ДЕКА МОЖЕ ЧУДА ДА ПРАВИ, а ти велиш дека „подоцна“ станала Негова следбеничка? Алооооо, таа уште пред Господ да биде зачнат знаела дека е Свет! Аххх, неразумност!

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Марија на пример никаде не е спомната во посланијата на апостолите. Во Делата на апостолите само еднаш е спомната како присутна меѓу учениците. Тоа е доказ дека таа воопшто не била фокусот (култ) на првите христијани, туку тој култ подоцна се развил во католичката црква, а потоа го наследила и православната.


Во посланијата ниту евангелистот Матеј не се спомнува често, освен кога се набројуваат имињата на апостолите, а зарем тоа го прави незначаен или безвреден? Понатаму, не само што се инаетиш (што е сосема спротивно од христијанското однесување), туку и покрај тоа што сто пати ти е објаснето што е разликата меѓу католичка и римо-католичка црква и кога и како дошла поделбата помеѓу православните и римо-католиците, трескаш работи без врска.

А дај, те молам, некој доказ од 2-ри или 3-ти век дека Богородица не ја почитувале Христијаните! Имаш ли таков?

+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 03:20
   Православните го имаат прифатено Христос заедно со Марија св Петка, св Никола и уште многу други личности.Веројатно да им биде посигурно спасението па го бараат од повеке личности.

Католиците го имаат прифатено исто како и Марија.


Така да само изворните христијани го имаат прифатено Христос за спасител без никакво надополнување од страна на други личности.
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 03:31
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:



Нелогичност до нелогичност! Мил мој, МАРИЈА Е ПРВАТА КОЈА ПОВЕРУВАЛА ДЕКА НЕЈЗИНИОТ СИН Е ГОСПОД И ДЕКА МОЖЕ ЧУДА ДА ПРАВИ, а ти велиш дека „подоцна“ станала Негова следбеничка?



За да станеш нечиј следбеник треба Тој да постои пред тебе, практично да го слушнеш Неговото учење.


Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 03:36
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Евангелието се соство во тоа што Исус доброволно и од љубов се согласи да биде наша застапничка жртва на Голготскиот крст, да ја заме нашата неправедност, а да ни ја подари својата праведност, да го земе нашето проклетство и да стане проклет за нас, за ние да можеме да станеме свети и праведни пред Бог.


Застапничка жртва? Да не случајно беше измирувачка жртва, а?

Римјаните: 3:25 Него Бог Го постави со крвта Своја да биде жртва за помирување…

1 Јован: 2:2 а Тој е жртва за измирување…

Како тоа да стане проклет за нас? Што сакаш да кажеш? И зарем ти се сметаш себе си за свет и праведен пред Бога? Дали си таков?


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

И да те поправам: православните го немаат прифатено Христос.


И јас тебе да те поправам, баптистите го немаат прифатено Христос, затоа што да го имаа, тогаш на прашањето упатено каде се собира вашата заедница и на која деноминација припаѓате, до сега ќе имавме добиено одговор!

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Ние сме оправдани преку вера во Христос, а не преку нашите "праведни дела".

"Како што и Авраам „му поверува на Бога и тоа му се засмета за праведност.” " (Галатјаните 3:6)


Мил мој, а да ја препрочиташ Библијата од почеток, не ќе беше лошо!

Јаков глава 2
20 Не сакаш ли да разбереш, о суетен човеку, дека верата без дела е мртва?
21 Нели со дела беше оправдан Авраам, нашиот татко, откако врз жртвеникот го положи својот син Исак?
22 Гледаш ли дека верата дејствуваше заедно со делата негови, и дека преку делата, верата стана совршена?
23 И се изврши Писмото, кое вели: „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се сметаше за праведност”, и тој се нарече - пријател Божји.
24 Гледате ли дека човекот се оправдува со дела, а не само со вера?

Упс, вера без дела? Каква е таа вера?



Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Maran Ata, ти сега потврди дека не го познаваш евангелието на Исус Христос а се дрзнуваш да се нарекуваш христијанка.


EvAngelos, ти сега потврди дека не го познаваш евангелието на Исус Христос а се дрзнуваш да се нарекуваш христијанин.

Изменето од Maran Ata - 16.Септември.2009 во 03:38
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 11:50
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Застапничка жртва? Да не случајно беше измирувачка жртва, а?
 
Застапничка, измирувачка, пасхална, помирителна, благопријатна итн. сите овие се однесуваат на Христовата жртва, затоа што Хрситос наместо нас беше распнат (застапничка), затоа што преку Неговата смрт не измири со Бог, затоа што беше нашето Пасхално јагне врз Кого Бог ги вложи нашите гревови, затоа што не помири со Бог, затоа што таа жртва беше за Бог благопријатен мирис итн.
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Како тоа да стане проклет за нас? Што сакаш да кажеш? И зарем ти се сметаш себе си за свет и праведен пред Бога? Дали си таков?

"Христос нè откупи од проклетството на Законот, откако стана проклетство за нас, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој виси на дрво!"
(Галатјаните 3:13, Светото Писмо)
хи,%20хи...црвенеење
 
"Според таа волја осветени сме преку приносот на телото на Исуса Христа еднаш засекогаш." (Евреите 10:10, Светото Писмо)
"За нив се осветувам Себеси, за да бидат и тие осветени во вистината." (Исус Христос во ев. Јован 17:10, Светото Писмо)
 
"Сега, откако сме оправдани во Неговата крв, многу повеќе ќе се спасиме од гневот Божји преку Него." (Римјаните 5:9, Светото Писмо)
"И така, бидејќи оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ Исус Христос," (Римјаните 5:1, Светото Писмо)
 
Значи, како што што веќе неколку пати напоменав и пак ќе повторам: Христијаните не се осветени и оправдани преку својата светост и своите праведни дела, туку, како што читаш погоре, тие се осветени и оправдани преку верата во Исус Христос, преку Неговата крв, преку Неговиот принос на Голготскиот крст.
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Упс, вера без дела? Каква е таа вера?
 
Каде пишав јас вера без дела клеветнице мила?бакнеж Јаков погоре дискутира околу живата вера и мртвата вера, околу живата вера од која произлегуваат дела и околу мртвата вера од која не произлегуваат дела. Јаков не негира дека преку вера сме оправдани и спасени, туку само кажува каква треба да биде таа спасоносна вера т.е. дека од таквата вера треба да произлезат дела, но не и дека самите дела не спасуваат.
 
Еве ти доказ дека спасението не е преку делата, туку преку верата (живата вера од која произлегуваат дела):
 
"Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој."
(Ефешаните 2:8-9)
хи,%20хи...
 
Ај сега иди скриј се Маранатке под перница за да не ти се види срамот во твоето елементарно непознавање на Светото Писмо плазење
 


Изменето од EvAngelos - 16.Септември.2009 во 12:02
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4445464748 60>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,453 секунди.