IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Крштевање
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Крштевање

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 13>
Автор
Порака
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 06:54
Вие што зборувате против крштевање на мали деца
Самите велите дека многу од учењето на Исус е Симболично
Значи има подлабоко значение
Вие велите дека буквално Он не е Врата, не е Пат
Кога Исус вели Ја сум Вратата, Ја сум Патот, Вистината и Животот

Следува дека има поголема тајна во зборовите за Крштевањето
Крштевање значи потопување во Словото на Отецот и Синот и Светиот Дух
Кој поверува во Исус, откако ќе поверува треба да се потопи во Словото, цел живот да се потопува
Да се бања во Словото на Радоста за Вечниот Живот

Нели Исус кажува, ... нека го земе својот крст и нека оди по Мене
Па сега никој од вас што не признавата крштевање мали деца си носи крст со себе

Тука е најголемото искушение кога некој ќе намисли да наклевети некоја друга црква и да си создаде нова

Ова е Буквално, а ова не е Буквално
Павле кога вика жени да носат шамија и да не зборат, тоа не е Буквално
Исус кога вели Ова е Моето Тело и Крв, тоа не е Буквално

Сега кога вели откако ќе поверува да се крсти, тоа е Буквално

Ете тука е најголемото искушение за човекот
АЈ да си направиме нова црква

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 12:25
Originally posted by Nikki Nikki напиша:


Вие велите дека буквално Он не е Врата, не е Пат
Кога Исус вели Ја сум Вратата, Ја сум Патот, Вистината и Животот
 
Зошто велиш "вие"? Зарем и ти не веруваш како нас христијаните дека Исус не е буквално пат или врата?
 
Originally posted by Nikki Nikki напиша:


Крштевање значи потопување во Словото на Отецот и Синот и Светиот Дух
Кој поверува во Исус, откако ќе поверува треба да се потопи во Словото,
 
Браво сестричќе, конечно јас и ти да се согласиме дека откако ќе поверуваме треба да се крштеваме, а не пред тоа големо%20гушкање

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2008 во 06:10
Алилуиа
Според учењето на повеќе православни отци
Тие деца што ќе умрат некрстени, ќе одат во Пеколот
Како и сите што ќе умрат некрстени
Затоа што со крштевањето се добива простување од наследниот грев, од Адам и Ева
А потоа за секој нареден грев, добиваме простување преку Верата
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2008 во 06:19
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Во Православието, на оние кои отстапиле од верата и повторно се враќаат кон неа, не се извршува повторно крштевање, туку само елео-помазание... Крштевањето се случува само еднаш и само еднаш стануваш едно со Светиот Дух - без разлика на која возраст тоа се случува.


Па зар Светиот Дух на заповедта на попот(- кога тој ќе рече: ,,ТЕ крштевам во Името на Отецот, Синот и Светиот Дух’’) влегува во човекот? Зар не доаѓа преку вера?
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2008 во 06:28
АлДра - различен поглед на работите. Јас сметам дека Светиот Дух влегува во човека при посветувањето во верата. И како што кажа Ники - со тоа се измива првородениот грев. А потоа - преку верата се постигнува духовната висина и измивање на жителските гревови...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2008 во 21:55
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Во Православието, на оние кои отстапиле од верата и повторно се враќаат кон неа, не се извршува повторно крштевање, туку само елео-помазание... Крштевањето се случува само еднаш и само еднаш стануваш едно со Светиот Дух - без разлика на која возраст тоа се случува.


Па зар Светиот Дух на заповедта на попот(- кога тој ќе рече: ,,ТЕ крштевам во Името на Отецот, Синот и Светиот Дух’’) влегува во човекот? Зар не доаѓа преку вера?


Формулацијата („те крштевам...“) која ја цитираш има римокатоличко потекло и поради сплет на околности делумно постои во современата православна литургиска традиција. Изворната православна формулација е „Се крштева чедото божјо (име) во името на Отецот (Амин!) и Синот (Амин!) и Светиот Дух (Амин!)“. Улогата на свештеникот тука има суштински поинаква смисла - свештеникот е пред се сведок (во поширока смисла - грч. мартир) на свештениот чин, чијшто прв и последен извршител е Христос.
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2008 во 22:08
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

АлДра - различен поглед на работите. Јас сметам дека Светиот Дух влегува во човека при посветувањето во верата. И како што кажа Ники - со тоа се измива првородениот грев. А потоа - преку верата се постигнува духовната висина и измивање на жителските гревови...


Неколку забелешки ид православна перспектива:
1. Една терминолошка - во православието вообичаено е да се зборува за „прародителски“ а не „за првороден“ грев, што е типично за западните христијански традиции, за кои гревот пред се се асоцира со поимите „вина-суд-казна-оправдување“...
2. Надоврзано на ова - на твој начин но сосема коректно склопено „...постигнува духовната висина (1) и измивање на жителските гревови (2)...“. Гревот во православната традиција (за неа можам да зборам, за другите некој друг) има основно значење на болест. Измивањето на гревот е пред се „лечење на болеста“, а не „чистење од вината“ (православието во суштина не си дозволува да зборува за „првородна вина“, туку попрво за „наследна болест“). Вториот апект на крштевањето е многу значаен (кај тебе е на прво место), иако многу често се испушта - „постигнување на духовната висина“, т.е. извишување кон Бога, постојано усовршување. Со други зборови - крштевањето не е крај на патот на човекот кон Бога, туку почеток на бескрајното уподобување („усличнување“, постигнување на сличност, подобност“) со Бога.

AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2008 во 23:03
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Алилуиа
Според учењето на повеќе православни отци
Тие деца што ќе умрат некрстени, ќе одат во Пеколот
Како и сите што ќе умрат некрстени
Затоа што со крштевањето се добива простување од наследниот грев, од Адам и Ева
А потоа за секој нареден грев, добиваме простување преку Верата
 
Можеби тоа е учењето на православието и неговите "отци", но тоа сигурно не е учењето на Христијанството, Библијата, на Христос и апостолите.
Според Библиското учење, бебињата наследуваат грешна телесна природа, но не е и вина, осуда и казна за родителскиот грев. Христијанството е лична вера и учи дека секој ќе си одговара за своите постапки, за своите одлуки, за својот личен и своеволно сторен грев.
 
"Оној кој ќе згреши, тој и ќе умре. Синот нема да го носи татковиот грев, ни таткото синовиот грев. Врз праведникот ќе биде неговата правда, а врз безбожникот неговата безбожност."
(Езекиел 18:20)
 
Библијата учи дека бебето наследува мртов грев т.е. грев кој не повлекува вина, одговорност и осуда од родителот на бебето. Се додека бебето/детето не направи личен и свесен грев тоа не е под Божјата осуда. Дури откако во детето ќе проработи совеста и тоа ќе го дознае Божјиот закон и ќе биде свесно за своите постапки, дека тоа што го прави е грев, дури потоа гревот оживува и ја добива силата да го осуди детето и да побара одговорност и казна од него.
 
"Имено, гревот беше во светот уште пред Законот, но гревот не се засметува кога нема Закон."
(Римјаните 5:13)
 
"И јас живеев некогаш без Законот; но кога дојде заповедта, гревот оживе, а јас умрев. "
(Римјаните 7:9)
 
"Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев."
(Јован 15:22)
 
Од сето ова следува дека доколку едно бебенце почине, тоа ни на сон не иде во пеколот, туку дирекно во прегратките на Бог големо%20гушкање
Да, нашиот Бог е праведен Бог и не дозволува невините бебенца да завршат во пеколните маки, заради гревот на нивните родители.
Уште една потврда на ова е примерот со бебето на царот Давид. Имено, царот Давид извршил прељуба со една жена и таа му родила дете. Но Бог, заради гревот, одлучил да му го одземе детето на Давид. Потоа читаме...
 
"Јас ќе отидам при него, но тоа нема да се врати кај мене!” "
(2 Самоил 12:23)
 
Светиот Дух му дал цврсто убедување на Давид дека тој, по смртта, ќе живее во рајот. Тоа го гледаме во неколку од неговите псалми..
 
"И јас ќе престојувам во Господовиот дом засекогаш."
(Псалм 23:6)
 
Така што кога Давид рекол "Јас ќе отидам при него", тој, иако индирекно, сепак јасно ни кажал дека неговото бебе е во Господовиот дом каде што он наскоро и му се придружил.
 
Поздрав!
 
п.с. SOLA SCRIPTURA!!! големо%20гушкање


Изменето од EvAngelos - 15.Јули.2008 во 23:24
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2008 во 23:12
Види Евангелос (Ване, ако не ти пречи) - има 2 проблеми во муабетиве:

1. Различни персективи. И тука многу тешко дека некој ќе успее некого да „убеди“ во „своето“.

2. Погрешни претстави едни за други - е тука има многу за што да се зборува и да се учи. Тука може да се решат пола од проблемите за кои се муабети по темиве. За тоа треба добра воља и повеќе желба за читање и учење отколку за критикување изградено врз основа на стереотипи и предубедувања.
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 07:41
Originally posted by Al_Masih_Qam Al_Masih_Qam напиша:


Неколку забелешки ид православна перспектива:
1. Една терминолошка - во православието вообичаено е да се зборува за „прародителски“ а не „за првороден“ грев, што е типично за западните христијански традиции, за кои гревот пред се се асоцира со поимите „вина-суд-казна-оправдување“...
2. Надоврзано на ова - на твој начин но сосема коректно склопено „...постигнува духовната висина (1) и измивање на жителските гревови (2)...“. Гревот во православната традиција (за неа можам да зборам, за другите некој друг) има основно значење на болест. Измивањето на гревот е пред се „лечење на болеста“, а не „чистење од вината“ (православието во суштина не си дозволува да зборува за „првородна вина“, туку попрво за „наследна болест“). Вториот апект на крштевањето е многу значаен (кај тебе е на прво место), иако многу често се испушта - „постигнување на духовната висина“, т.е. извишување кон Бога, постојано усовршување. Со други зборови - крштевањето не е крај на патот на човекот кон Бога, туку почеток на бескрајното уподобување („усличнување“, постигнување на сличност, подобност“) со Бога.


На брзина само, во одговор на коментарот на ЕвАнгелос - еве доволно добро објаснување за што станува збор. Да, во право си АлМасих - терминологијата што ја употребив е погрешна, затоа што се надоврзав на она што беше веќе спомнато.
Зборуваме за различна гледна точка во однос на Прародителскиот грев - односно Првородниот грев. Едната теза е ова што е објаснето од АлМасих, другата е она што е објаснето од ЕвАнгелос.
Не мислам дека има спорна ситуација, затоа што во крајна сметка се согласуваме (иако некои имаат различно мислење и сметаат дека и децата може да одат во пеколот), околу идејата, само реализацијата ни е доста различна...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 12:30
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

...иако некои имаат различно мислење и сметаат дека и децата може да одат во пеколот...


Малце иритира тоа што често на „оние другите“ (во дискусијава - на православните) им се припушуваат верувања и учења, кои немаат врска со нив, а се изграден врз тешки стереотипи, предрасуди и нивно суштинско непознавање. Значи, тука воопшто не станува збор за тоа дали ќе се оди во пеколот или не. Човек не се крштева за да не оди во пеколот! Човек во православната Црква се крштева за да биде полноправен член (дел) од црковниот организам, од телото Христово. Детето се крштева не „за да не отиде во пеколот“, туку за целосно да учествува во молитвено-литургискиот живот на Црквата.

Изменето од Al_Masih_Qam - 16.Јули.2008 во 12:34
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 16:52
Убаво објаснување...
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2008 во 14:18
,,1 Додека Аполос беше во Коринт, Павле патуваше низ внатрешноста, во околината на Ефес, а потоа се симна во градот. Таму најде неколку нови Христови следбеници,

2 и ги праша: „Го примивте ли Светиот Дух кога поверувавте?“ Тие му одговорија: „Ние и НЕ ЗНАЕМЕ дека постои Свет Дух!“

3 Тогаш Павле ги праша: „А како сте крстени?“ “Онака како што крштаваше Јован Крстител“ - му одговорија тие.

4 Павле им рече: „Јован ги крштаваше луѓето кои се каеја поради своите гревови. И самиот тој им велеше на луѓето дека НЕОПХОДНО Е ДА ВЕРУВААТ во Оној што доаѓа веднаш по него, а тоа беше Исус.“

5 Кога го слушнаа ова, одново се крстија, овојпат во името на Господ Исус.

6 Потоа Павле се помоли за нив, положувајќи ги над нив рацете и Светиот Дух слезе врз нив, па тие почнаа да зборуваат на други јазици и да пророкуваат.

7 Во таа група беа околу дванаесет мажи.’’

Мислам дека понатамошни коментари после ова би биле излишни.

Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2008 во 15:30
Ajde site zemete gi albumcinjata vasi familijarni i najdete gi slikite od vaseto krstevanje ... potoa prasajte gi vasite (ako imate smelost) zasto ve krstile a isto prasajte gi zasto sega se odnesuvate kako ne krsteni pa togas dojdete tuka na forum i osporuvajte go pravoslavnoto krstevanje koe se praktikuva so vekovi OK ????
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.