IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Крштевање
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Крштевање

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 13>
Автор
Порака
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 06:20
АлДра - не навлегувај во личносни оценки непотребно...
Идејата дека радоста е својствена само на одредена возраст е доста дисутабилна. Но благодарам за објаснувањето за семејството, има смисла во целосниот контекст во кој е дадено.
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 06:49
Мислам дека многу добро ме разбра што сакав да кажам со тоа. Навистина возраста на која различните индивидуи почнуваат да сфаќаат сериозни работи варира од еден до друг човек. Но во овој пример кој ти го посочив јасно е едно: меѓу оние кои се радувале заради верата немало бебиња.
Еве ти уште еден пример, во кој повторно ќе ја согледаш поврзаноста меѓу проповедта, разбирањето, верата и крштевањето.

,,12 Но кога поверуваа во она што го зборуваше Филип, кој им проповедаше за Божјото царство и за Исус Христос, сите се крштаваа, и мажи и жени.’’(Дела 8:12)
Од овде јасно произлегува дека откога поверувале во она што им било проповедано се крстиле И МАЖИ И ЖЕНИ.

’’27 Филип веднаш замина. По пат сретна еден Етиопјанец, евнух, виден службеник кој раководел со целата ризница во дворецот на етиопската царица Кандакија. Тој бил на поклонение во Ерусалим,

28 па сега се враќаше во Етиопија. Седеше во својата кола и ја читаше книгата на пророкот Исаија.

29 Светиот Дух му рече на Филип: „Приближи се до колата и придружи му се на Етиопјанецот.“

30 Филип го стаса и кога слушна како го чита пророкот Исаија, го праша: „Го разбираш ли ова што го читаш?“

31 „Како би можел да го разберам, ако некој не ми го објасни?“ - одговори Етиопјанецот, па го покани да седне до него.

32 Тој го читаше следниов дел од Светото Писмо: “Беше одведен како овца на клање, молчеше како јагне на стрижење. Уста не отвори, иако беше

33 понижен и лишен од правда, кога му судеа. Кој ќе ја сфати неговата генерација која го лиши од живот на овој свет!?“

34 Потоа евнухот го праша Филипа: „За кого го кажува ова пророкот: за себе или за некоја друга личност?“

35 Тогаш Филип, почнувајќи од тоа место во Светото Писмо, му проповедаше за Исус.

36 Патувајќи така, дојдоа до една вода и евнухот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам!?“

37 Филип рече-,Ако веруваш со сето свое срце, можеш’. Евнухот одговори:,Верувам дека Исус Христос е Божји Син’(овој стих стои во некои ракописи)

38 Тогаш евнухот нареди колата да застане, па двајцата слегоа во водата и Филип го крсти.’’(Дела 8:27-38)

Значи во овој случај се работи за Етиопјанец кој бил службеник на висока позиција- што значи дека бил возрасен, или барем дека имал ,,деловна’’ способност. Тој човек читал дел од Стариот Завет. Филип го прашал дали разбира а овој му одговорил ,,Како да го разберам ако некој не ми го објасни’’. Па и нему Филип му ја проповедал Радосната вест. Евнухот му поставувал прашања за сето што му било нејасно да му се објасни. Откако бил убеден во тоа решил да се крсти. Во продолжението (стихот 39) се вели дека евнухот радосен си го продолжил патот.
Па да ве прашам: на кое бебе му било досега проповедано? Кое бебе читало од Библијата? Кое бебе поставувало прашања кои во него предизвикувале дилеми? Кое бебе ја сфатило пораката? Кое бебе изјавило дека верува и дека сака да биде крстено?   




Кон врв
Cult Buster Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 12.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Cult Buster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 08:09
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

,,30 Ги изведе надвор и им рече: „Господа, што треба да сторам, за да се спасам?“

31 Тие му одговорија: „Поверувај во Господ Исус и ќе бидете спасени ти и твоите домашни!“

32 Потоа тие нему и на сите што беа во неговиот дом им проповедаа за Господ,

33 а тој, уште ноќта, им ги изми раните и не чекајќи ниту миг беше крстен, и тој и сите негови домашни.

34 Ги одведе горе, во својата куќа, постави пред нив трпеза, па тој и сите негови домашни многу се радуваа што поверуваа во Бог.’’(Дела 16:30-34)

Еве го овде редоследот кој го бараш Зидарски:
Најпрвин на тие луѓе им било проповедано па биле крстени тој и ,,сите негови домашни’’ кои подоцна се ,,радуваа што поверуваа во Бог’’. Значи кои се тоа ,,сите’’? Оние кои ја слушале проповедта, ја сфатиле, поверувале во она што им било кажано и кои се израдувале затоа што поверувале. Од овде следува дека тоа биле луѓе на возраст на која можеле да разберат што значи сето тоа, биле способни да поверуваат и дури со причина се израдувале. Причината за радоста коренот го има во мисловната способност. Не може човек кој не е способен да сфати што му се случува да се израдува поради тоа. По сето ова заклучокот е: луѓето кои биле присутни во домот на чуварот биле на определена возраст кога можеле добро да размислат, да поверуваат и клучното овде- да се израдуваат поради тоа. Изведувањето заклучоци околу тоа за што треба а за што не треба да се радуваме е својствено на разумни луѓе.
Мислам дека го задоволив твојот интелект.    



"Site negovi domashni", ni najmalku ne znachi deka megju niv nemalo deca. Ne znam, kako li gi izveduvash tvoite zakluchoci?
Кон врв
Cult Buster Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 12.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Cult Buster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 08:13
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Ако некој е безгрешен и се крсти на 16 години, дали ќе треба да се покае? И ако треба, за што тоа ќе се покае?!
Освен тоа - зборуваш за несвесност... ментална, да. Но, душата е свесна и кај бебето и кај возрасниот човек.
Дури и да е (како што велиш ти) за спокојство на родителите - повторно не можам да најдам никаде забрана да се направи тоа... соодветно - не гледам причина да се воспостави како принцип, односно не е нелогично (едно од значењата на логос... )


Nema bezgreshni lugje. Eden bezgreshen (sovrshen chovek) e Hristos! Decata do sedum godini pominuvaat niz t.n. "angelska vozrast", no od 7 godini, koga se sposobni na rasuduvanje, sami ja nosat odgovornosta za sekoja svoja pogreshna postapka i misla, kako i za sekoj pogreshen zbor. Zatoa, od sedumgodishna vozrast potrebno e da gi ispoveduvaat svoite grevovi.

Изменето од Cult Buster - 12.Јули.2008 во 08:13
Кон врв
Cult Buster Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 12.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Cult Buster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 09:35
NIKADE VO SVETOTO PISMO HRISTOS NE ZABRANUVA DA SE KRSHTEVAAT DECA. Naprotiv, Toj veli: "Pushtete gi decata i ne zabranuvajte im da prijdat kon Mene..." (Matej, 19:14).

Na decata im e dadena ednakva mozhnost da zhiveat vo Carstvoto Nebesno, a roditelite i drugi vozrasni ne smeat da im ja odzemat (Gospod zabranuva), Znachi decata, isto kako vozrasnite, treba da uchestvuvaat vo Carstvoto Bozhje, preku Svetite Tainstva na krshtenie, miropomazanie, prichest, pokajanie i eleosveshtenie.


Изменето од zidarski - 12.Јули.2008 во 18:05
Кон врв
Cult Buster Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 12.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Cult Buster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 09:36
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Како е тоа возможно: верата да се пренесува од родител на дете? Има случаи на родители атеисти а децата стануваат Христијани, но и обратно- од верни Христијани произлегуваат деца-атеисти. Верата е лично прашање. Дали некој ќе поверува или не е само негова одлука. Со кое право јас би донел одлука за некој друг дали да верува или не? Како е возможно јас да сум одговорен ако некој друг не верува?
А каде е Библиската основа за ова? Пак немаш цитати? Кој си толкува сега на своја рака?


Pa, ako mozhesh, dostavi bibliski citat, kade Hristos zabranuva da se krstevaat deca ili veli deka mora prvo da porasnat za da ja primat verata!
Кон врв
Cult Buster Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 12.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Cult Buster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 10:00
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Мислам дека многу добро ме разбра што сакав да кажам со тоа. Навистина возраста на која различните индивидуи почнуваат да сфаќаат сериозни работи варира од еден до друг човек. Но во овој пример кој ти го посочив јасно е едно: меѓу оние кои се радувале заради верата немало бебиња.
Еве ти уште еден пример, во кој повторно ќе ја согледаш поврзаноста меѓу проповедта, разбирањето, верата и крштевањето.

,,12 Но кога поверуваа во она што го зборуваше Филип, кој им проповедаше за Божјото царство и за Исус Христос, сите се крштаваа, и мажи и жени.’’(Дела 8:12)
Од овде јасно произлегува дека откога поверувале во она што им било проповедано се крстиле И МАЖИ И ЖЕНИ.

’’27 Филип веднаш замина. По пат сретна еден Етиопјанец, евнух, виден службеник кој раководел со целата ризница во дворецот на етиопската царица Кандакија. Тој бил на поклонение во Ерусалим,

28 па сега се враќаше во Етиопија. Седеше во својата кола и ја читаше книгата на пророкот Исаија.

29 Светиот Дух му рече на Филип: „Приближи се до колата и придружи му се на Етиопјанецот.“

30 Филип го стаса и кога слушна како го чита пророкот Исаија, го праша: „Го разбираш ли ова што го читаш?“

31 „Како би можел да го разберам, ако некој не ми го објасни?“ - одговори Етиопјанецот, па го покани да седне до него.

32 Тој го читаше следниов дел од Светото Писмо: “Беше одведен како овца на клање, молчеше како јагне на стрижење. Уста не отвори, иако беше

33 понижен и лишен од правда, кога му судеа. Кој ќе ја сфати неговата генерација која го лиши од живот на овој свет!?“

34 Потоа евнухот го праша Филипа: „За кого го кажува ова пророкот: за себе или за некоја друга личност?“

35 Тогаш Филип, почнувајќи од тоа место во Светото Писмо, му проповедаше за Исус.

36 Патувајќи така, дојдоа до една вода и евнухот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам!?“

37 Филип рече-,Ако веруваш со сето свое срце, можеш’. Евнухот одговори:,Верувам дека Исус Христос е Божји Син’(овој стих стои во некои ракописи)

38 Тогаш евнухот нареди колата да застане, па двајцата слегоа во водата и Филип го крсти.’’(Дела 8:27-38)

Значи во овој случај се работи за Етиопјанец кој бил службеник на висока позиција- што значи дека бил возрасен, или барем дека имал ,,деловна’’ способност. Тој човек читал дел од Стариот Завет. Филип го прашал дали разбира а овој му одговорил ,,Како да го разберам ако некој не ми го објасни’’. Па и нему Филип му ја проповедал Радосната вест. Евнухот му поставувал прашања за сето што му било нејасно да му се објасни. Откако бил убеден во тоа решил да се крсти. Во продолжението (стихот 39) се вели дека евнухот радосен си го продолжил патот.
Па да ве прашам: на кое бебе му било досега проповедано? Кое бебе читало од Библијата? Кое бебе поставувало прашања кои во него предизвикувале дилеми? Кое бебе ја сфатило пораката? Кое бебе изјавило дека верува и дека сака да биде крстено?   






Faktot deka togash bile krsteni zheni i deca, ne znachi deka na decata im e zabraneto krstenieto.

Etipojaninot bil evnuh, shto znachi ne zhenet mazh, koj go primil judaizmot i celosno se posvetil na sluzhbata na Boga. Ti ja izostavash i voopshto ne ja sogleduvash silata na Svetiot Duh, koj ja izvrshuva efektivnata misija. No, kakva vrska ima ovoj Etioopjanin so nekakvo bebe? Tuku, rechi, koe bebe izjavilo deka e bolno i treba da se lechi? Koe bebe izjavilo deka mu treba neshto? Ti, kako od Mars da si padnal! Kako shto beboto ja poznava svojata majka, taka go poznava i Boga, ako roditelite mu go prinesuvaat. No, ako majkata go napushti svoeto dete i toa nema mozhnost da bide vo nejzina neposredna blizina, kako bi mozhelo da ja poznae?
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 10:11
Повторно без Библиска поткрепа. Мислам дека секој Христијанин треба да ги отфрли ваквите доктрини поради недостаток од докази и неприлични, нелогични споредби.
Болеста се лечи затоа што е во прашање здравјето и животот на пациентот. Крштевањето се спроведува со вера и доброволно.
Навистина Исус никаде не вели да не се крстат бебиња. Но затоа пак вели: ,,Одете по целиот свет и проповедајте им ја Радосната Вест на сите луѓе! Секој кој (1) ќе поверува и (2) ќе се крсти- ќе биде спасен. А секој што ќе одбие да поверува- ќе биде осуден.’’(Мк 16:15,16)
Кажи ми ЗОШТО би се крстил некој кој не верува? Евнухот во горниот пример ја декларирал својата вера.   
Кон врв
Cult Buster Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 12.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Cult Buster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 10:15
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Повторно без Библиска поткрепа. Мислам дека секој Христијанин треба да ги отфрли ваквите доктрини поради недостаток од докази и неприлични, нелогични споредби.
Болеста се лечи затоа што е во прашање здравјето и животот на пациентот. Крштевањето се спроведува со вера и доброволно.
Навистина Исус никаде не вели да не се крстат бебиња. Но затоа пак вели: ,,Одете по целиот свет и проповедајте им ја Радосната Вест на сите луѓе! Секој кој (1) ќе поверува и (2) ќе се крсти- ќе биде спасен. А секој што ќе одбие да поверува- ќе биде осуден.’’(Мк 16:15,16)
Кажи ми ЗОШТО би се крстил некој кој не верува? Евнухот во горниот пример ја декларирал својата вера.   


A KADE E TVOJATA BIBLISKA POTKREPA! PRVO DOSTAVI CITAT, KADE HRISTOS ZABRANUVA KRSHTEVANJE NA DECA!


Изменето од Cult Buster - 12.Јули.2008 во 10:16
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 10:23
Па сметам дека многу бев јасен. За луѓето кои не се толку навлезени во ова ставив и броеви. Пред ,,ќе поверува’’ ставив број 1 во загради, со што сакав да ја потенцирам верата. Само оној кој ќе го исполни првиот услов- да поверува, може да пристапи кон вториот- крштевањето. А кажи ми, може ли бебе старо само неколку месеци во нешто да верува? Па тоа ништо не разбира. И што означува она сечењето на косата од бебешката глава?Или тоа не се практикува повеќе? Мене такво нешто ми останало во сеќавање од некоја крштевка.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 16:10

Крштевање на бебиња. Да или Не?

 

Одговорот на ова прашање варира, како и повеќето тука на форумов, во зависност од тоа кого ќе прашате. Некои велат: да, христијаните треба да ги крштеваат своите бебиња, а други пак велат дека не треба да се крштеваат бебиња, туку откако тие ќе пораснат самите треба да си ја донесат таа одлука.

Крштевањето на бебињата е учење и пракса на повеќе цркви, како што се: католичката, методистичката, православната, англиканската, назаретската и уште неколку други слични цркви.

Додека скоро сите останати деноминации, воглавно библиските цркви, не го подржуваат ова учење.

Зошто едните велат Да, а другите Не, се надевам дека ќе биде откриено во вашите коментари тука на оваа тема на форумов. И затоа ве охрабрувам да ги изнесете вашите аргументи и својот став на ова прашање.

Се надевам дека ќе имаме добра и толерантно дискусија.

 

Мојот став, а верувам и библискиот, е дека бебињата не треба и не можат да бидат библиски крстени.

Има многу аргументи што го подржуваат овој став, но во интерес на времето и вашето трпение, ќе се сконцентрирам само на предусловите што му предходат на крштевањето и со тоа би сакал да докажам дека едно бебе не е можно да ги исполнува тие предуслови, за да биде библиски крстено.

 

Предуслови за крштавање

 
  • Примање на Словото на Евангелието
Откако Петар на првиот Духовден ја одржа неговата Евангелска проповед, оние кои ја прифатија таа порака, се крстија.
 
"И така се крстија оние кои го прифатија неговото слово."
(Дела 2:41)
 
Тука е добро да се забележи дека не се крстија сите кои биле присутни таму, туку само "оние кои го прифатија неговото слово." Се разбира, доволно сме паметни, возрасни и разумни за да веруваме дека и бебињата ја разбрале и прифатиле проповедта на Петар голема%20насмевка
  • Вера
"Етиопјанецот рече: Еве вода! Што ме спречува да се крстам? А Филип рече: Ако вервуаш од се срце, можеш.
(Дела 8:36,37)

Кој предуслов го забележувате тука? Филип е многу јасен и недвосмислен тука, вели: Ако вервуаш од се срце, можеш.

Прашање: Дале едно бебенце може од се срце да верува во Христос? Дали бебето знае кој е Христос за да може да верува во Него? Дали знае колку букви содржи зборот "Христос"? голема%20насмевка

"Ако веруваш од се срце, можеш."

Ова е условна реченица која го кажува условот, дали некој се квалификува да биде крстен или не. Негацијата на овој услов би била:

"Ако не веруваш од се срце, не можеш."

Значи, дали бебињата можат да веруваат од се срце? Не! Следствено дали можат да бидат крстени? Логиката вели исто така Не!

Исус рече: "Кој поверува и се крсти, ќе биде спасен. "
(Марко 16:16)

И тука, како и во многу други стихови (подолу се наведени) јасно е дека на крштевањето му предходи вера, и тоа лична и искрена вера во Христос.

 
  • Покајание
"Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исус Христос..."
(Дела 2:38)

Покајанието е исто така важен предуслов за крштевањето. Тоа не е ритуал. Тоа е лична одлука со која ние се каеме за нашите гревови, бараме прошка од Бог за истите и донесуваме одлука за промена, промена од внатре, која ќе резултира со промена и однадвор, во нашите дела, од кои ќе се види дека нашето покајание било искрено.

Прашање: Дали едно бебенце може да се покае? Дали бебенцето е свесно дека е грешно или дека направило грев за да се покае?

Еве неколку поучни примери за крштевањето, запишани во Библијата:

Првите обратеници, Дела 2:36-42

Самарјаните, Дела 8:5-13

Евнухот од Етиопија, Дела 8:26-40

Обраќањето на Савле/Павле, Дела 9:1-18; 22:16

Корнелиј, Дела 10:44-48

Лидија од Македонија, Дела 16:13-15

Стражарот на затворот, Дела 16:25-34

Верниците во Коринт, Дела 18:1-8

Верниците од Ефес, Дела 19:1-7

Петровата поука, 1 Петар 3:21

Доколку ги прочитате овие пасуси, ќе видите дека на крштевањето му предходи: проповедање на евангелието, покајание и вера во Исус Христос.

Нешта кои едно бебе не може да ги направи.

И уште нешто што ќе забележите доколку ги прочитате горните стихови, а тоа е дека сите, кои се крстиле, биле возрасни луѓе и со своја сопствена одлука решиле да бидат крстени.

А од друга страна пак, во Библијата нема да најдете ниту ЕДЕН ЕДИНСТВЕН пример за крштевање на бебе.

Епа ако тоа е пракса на некои цркви сега, зошто не било пракса тогаш? Зошто нема барем еден пример на кој би можеле да се повикаме, па да речеме: ете може да се крштеваат бебиња. Зарем немало бебиња тогаш? среќа



Изменето од EvAngelos - 12.Јули.2008 во 16:10
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 16:21
Originally posted by Cult Buster Cult Buster напиша:

NIKADE VO SVETOTO PISMO HRISTOS NE ZABRANUVA DA SE KRSHTEVAAT DECA. Naprotiv, Toj veli: "Pushtete gi decata i ne zabranuvajte im da prijdat kon Mene..." (Matej, 19:14).
 
Библијата учи дека на крштевањето мораат да му предходат покајание и вера во Исус Христос и согласно на овие есенцијални предуслови, бебињата не можат да бидат (библиски) крстени. Како што на едно бебе вие не можете да му дадете возачка дозвола, доколку предходно не научи да вози, така тоа бебе не може ни да биде крстено доколку предходно не ја запознае христијанската вера, не се покае и не поверува во Христос и пораката на евангелието.
 
Во врска со горниот стих што си го навел, да Исус ги прекорил учениците затоа што ги задржувале децата да доаѓаат при Него, но откако ги пуштиле Исус не ги крстил, а тоа е доказ дека тука Исус воопшто не збори за крштевање и се чудам јас зашто го земате овој пример како подршка за крштевањето на бебињата. Еве го целиот стих...
 
Тогаш доведоа дечиња при Него, за да ги положи рацете над нив и да се помоли; но учениците ги укорија. А Исус рече: „Оставете ги децата и не им пречете да дојдат при Мене, зашто на таквите им припаѓа небесното царство.”  ги положи рацете на нив, и си отиде оттаму. (Матеј 19:13-15)
 
Ако Исус со горната изјава мислел на крштевањето тогаш зошто не ги крстил децата? голема%20насмевка Туку стихот вели "ги положи рацете на нив, и си отиде оттаму".
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 18:24
ЕвАнгелос - во врска со погорниов пасус - Исус не крштевал, туку неговите ученици... Исус ги благословил децата.

Генерално во врска со крштевањето на деца - примерот што го даваш со Евнухот не е показен, затоа што станува збор за возрасен човек, кој претходно има друга утврдена вера.
Има еден факт... никаде не е забрането децата да се крштеваат. Не се спомнати изрични примери тоа да се прави, но не се спомнати никаде изрични забрани. Има аргументи како оваа ситуација со Евнухот, кои може да се толкуваат како против, но има и аргументи кои може да се толкуваат како за - на пример фактот што многу пати цели семејства биле крштевани. Не заборавајте дека низ целата Библија децата се ретко спомнувани, и за тоа има многу социолошки и културолошки фактори кај евреите, во кои не би навлегувал сега, така што многу пати децата "се подразбираат".
Во врска со спасението - апсолутно сум согласен - потребни се двата елемента - Вербата и Крштевањето.
Идејата дека една душа не може да верува во својот Создател, па макар тоа била и детска душа, едноставно не држи место.
Повторно се враќам тогаш на едно претходно прашање, кое во случај дека прифатиме дека децата не треба да се крштеваат, има огромно значење (поточно две прашања).
1. Кога треба да се крштеваат децата?
2. Кога треба да им се проповеда Словото?

Навистина сметам дека е чисто лицемерие да не крстиш дете, а да го носиш в црква секоја недела и тоа дете да учествува во црковни хорови и да пее молитви упатени кон Бога или да се моли на секое јадење и пред спиење... Значи - може да се моли, но не може да верува?! Тоа е лажно Богоугодништво тогаш и како такво грев...
Кај евреите, детето се смета за возрасен на 13 години. Погледнете ги децата околу вас на 13 години и ако се тие спремни да станат вистински верници...
Зарем дете на 7 или 8 години не е способно на грев? Зарем дете на 7 или 8 години не е способно да го разбере (во душата своја) Бога? Јас лично мислам дека децата се далеку повеќе Божји Чеда од сите нас заедно...
Но, како и да е - нека да се задржиме на овие две прашања.
Do what is right, come what may...
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 18:26
Кај евреите, детето се смета за возрасен на 13 години. Погледнете ги децата околу вас на 13 години и ако се тие спремни да станат вистински верници...

-Мил мој Зидарски. На 13 години сеуште мајка ми ми ја врзуваше косата.


Изменето од blueprayer - 12.Јули.2008 во 18:26
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.