![]() |
|
Што претставува монаштвото? |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7374757677 97> |
Автор | |||
Pravoslaven ![]() Сениор ![]() Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Точно така, BBC не зборува за проповедањето на монасите, туку за прошетката на принцот Чарлс кој отишол да го види туристичкото место "Света Гора" во Грција.
Пак ќе кажам: Монаси бегаат од светот, а христијани одат во светот и проповедаат евангелие на луѓе - онака како што Христос им заповеда.
|
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
![]() |
|||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ова нешто се поништи дискусијава до овој момент (цели 80 страници) или имам дежа-ву?!?!?!
![]() Објаснето е наназад по странициве - што точно монасите прават за ширењето на верата и проповедањето на Словото. Ако испишеме сега уште 80 страници, нема да се променат, ниту дополнат тие факти, само можеби ќе се дополнат примерите... (иако предоволно се искажаа до сега). |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
![]() |
|||
Pravoslaven ![]() Сениор ![]() Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
zidarski, ако ти здосади овој подфорум, иди на некој друг, а тука остави ги тие што сакаат да си дискутираат на теми кои тебе ти се "изживеани" и досадни.
|
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
![]() |
|||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Темата е одлична и воопшто не е изживеана... само не знам какви се очекувањата и како треба да се процесира - дали да се одговара со нови и нови примери на истите прашања од пред 80 страници, или треба да ги бараме наназад одговорите и да ги копираме повторно...
Дилема... |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
![]() |
|||
Pravoslaven ![]() Сениор ![]() Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Копирајте ги, но не барајте од новите членови да ги читаат сите предходни 80 страни за да можат да постираат на оваа тема.
|
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
![]() |
|||
makarios ![]() Сениор ![]() Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Изворче, принцот Чарлс не се прошетал на Света Гора, туку редовно секоја година оди таму и си го наоѓа својот мир. Тоа го потврдуваат сите печатени медиуми. А еве што вели, меѓудругото, ББС. ....both Prince Charles and Prince Philip are members of The Friends of Mount Athos, a society formed in 1990 by people with a shared interest in the monasteries of Mount Athos. Двајцата, и принц Чарлс и принцот Филип се членови на Пријателите на Света Гора, здружение формирано во 1990 год. од луѓе со заеднички инетереси во манастирите на Света Гора.
Епа, братче, затоа монаси има насекаде низ светот. Ако ти си од Македонија, а сакаш да појдеш в манстир ги имаш: Во Скопје: Матка, Марков манастир и Љубанци; Во Берово: два машки манастири и еден женски; Во Струмица: Вељуса, Водоча, Банско, Ново Село, Хамзали; Во Дојран: еден женски манастир; Во Дебар: Бигорски и Рајчица; Во близина на Штип, Кочани и Виница: Лесновски Манастир и Св. Спиридон; Во Крива Паланка: Осоговски манастир; Во Струга: Калишта; Во Охрид: Свети Наум, и уште еден машки на патот меѓу Струга и Охрид; Во Прилер: Зрзе, Трескавец и Варош; Во Ресен: Јанковец; Во Битола: Журче и Слепче и еден женски манастир; На патот меѓу Велес и Неготино: еден машки манастир; Во Кичево: Пречиста. Ова се живи манастири кои јас ги знам, а сигурно ги има уште. А велиш монасите не се достапни??? Епа еве ти последни информации: Божик во Бигорски и во Струмица и Богојавление во Бигорски на пример. Еве една убава слика од таму извадок – гледај само колку народ на литијата ![]() Еве ти пак во Струмица. Патем, вие во цела Македонија имате само 100 баптистички верници, а во Бигорски секое бдение има најмалку 500, и тоа секогаш различни луѓе. Во Банско на пример, секоја недела одат по неколку десетина, за да помагаат. А во Лесново пак, се збираат стотина од цела северо-источна Македонија (Виница, Кратово, Кочани, Делчево, Злетово, Пробиштип, Штип и тн.).
А ти знаеш ли во кое време апостолите проповедале? Знаеш ли зошто проповедале од град во град? Затоа што христијанството тогаш било нешто ново за народот и тие го ширеле. Народот не знаел за Христа, затоа тие го проповедале. Ама откога ќе стекнеле веници во секој од градовите, тие поставувале епископи на секој град и не се враќале веќе таму, освен по потреба. Епископот бил тој кој ја продолжувал грижата за паствата. И на секој град имало по еден епископ, така што немало потреба епикопот од Коринт да оди во Лаодикија или обратно. Така е до ден денеска. А не знам ти на кој начин го проповедаш Евангелието одејќи, кога, колку што гледаме, цело време пишуваш СЕДЕЈЌИ. Изменето од makarios - 23.Јануари.2009 во 10:44 |
|||
![]() |
|||
izvoren ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Aпостлите откако го рашириле христијанството отвориле преставништва надвор од секој град.И сега на кого му треба мир оди во монашко здружение и добива мир.
Макариос, Христос само може да ти подари мир, само преку Него се доаѓа до внатрешниот мир (барем така кажува Библијата). |
|||
![]() |
|||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Се согласувам со izvoren. Световните луѓе бараат мир во повлекување од светот, одење во манастир, подалеку од проблемите, од обврските, одговорностите и сл. Но Мирот што Христос го дава не е како световниот мир. Христос не живее само на планините, пештерите, манастирите итн. Хрисос е насекаде и нема место на планетава каде што не можеме да го повикаме во молитва и да го побараме Неговиот мир.
Христовиот мир се карактеризира по тоа што верникот може да го има и сред животните бури, и сред гужвите, во кулминација на проблемите, во незгодите, дури и во самата смрт. Еден сликар многу убаво го опишал овој божествен мир кога насликал една слика од Нијагарините водопади чија бучава од водите може да се слушне и на неколку километри. А зад тие водопади нацртал и едно врапче кои мирно си седи и си го остри клунот од карпата. Ете таков е Христовиот мир. За да се добие тој мир не треба да се оди од Англија до Грција, или пак до Русија. Тој мир може да се најде секаде. Кога самарјанката го праша Исус каде е вистинското место за поклонување, дали на планината или пак во Ерусалим, Христос и одговори: Исус и рече: „Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим. Вие не знаете на што му се поклонувате; ние знаеме на што му се поклонуваме, зашто Спасението доаѓа од Јудејците. Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници. Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.” (Исус Христос во евангелие по Јован 4:21-24) Затоа, имајќи го ова на ум, реков дека одењето на принцот Чарлс во туристичките места на Света Гора е само медиумска атракција, негова туристичка прошетка и освежување во природата, византиската уметност, добивање еден световен одмор и сл. Изменето од EvAngelos - 23.Јануари.2009 во 17:02 |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
![]() |
|||
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Јас не познавам некој кој успеал да го исчисти срцето од старстите во морето на стратите(светот) , да ја смирил неговата внатрешна борба во срцето и тоа да пребива во мир.
Ти сведочам дека нема човек во светот на кого срцето нема да му затрепери на некое искушение и соблазна во светот, а штом е така, тоа е знак дека во неговото срце не пребива Христовиот мир кој е константен. „Кој нема грев, прв нека фрли камен“ |
|||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||
![]() |
|||
bob ![]() Нов член ![]() Регистриран: 03.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 32 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
порака до сите кои не се православни христијани
брака и сести, сите вие кои доброволно сте се откажале од нашето православие, а и самите знаете вашите предци што ви биле, се наоѓате во една голема измама од страна на лукавиот, ви го кажувам ова од мое лично искуство, без никаква провокација. без разлика како и да се нарекувате дали(евангелисти, изворни , "православни", пентакосталци итн, итн), ја имате изгубено вистинската вера во вашите срца, се имате препуштено на вашето ЕГО, тоа да ве води а и сами знаете дека тоа е многу опасно за душата. од една страна, стварно ве разбирам, зашто (еден период од мојот живот) и јас го имав истото, негативно, ваше мислење за нашата православна црква, но, од срце, му БЛАГОДАРАМ на БОГА што ме запази да продолжам по својот ум на моето големо ЕГО, и ме задржа во Неговиот дом, кој никој неможе да го разруши... простете ми за се` ако со нешто ве навредив... сакам само да ви предложам нешто. ако имате некогаш можност да отидете во било кој православен манастир, со живи монаси, поседете малку таму, останете неколку дена и преноќевајте таму во конаците, и додека сте таму заборавете на се` што ве опкружува, оставете ги сите ваши проблеми од секојдневието и препуштете се на Божјата Волја и учествувајте во литургиите што ги прават монасите... мислам дека нема ништо лошо во ова што ви го кажувам, вие после пак продолжете со вашиот избор, немам против, секој сам си избира, затоа и ни е дадена слободната волја-нели... сакам само, да ја почувствувате Божјата Благодат и Љубов, што извира од ОЛТАРОТ, барем еднаш во вашиот живот, а преку монасите ни се пренесува на нас, ова, од се` срце ви го велам ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() п.с. само храбрите луѓе од овој свет, стануваат Христови јунаци (монаси), кои својот живот, вистински, му го предаваат на Христа... Господи Исусе Христе, помилуј не` Изменето од bob - 25.Јануари.2009 во 06:25 |
|||
![]() |
|||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Nasite pretci bile pagani. Dali balkancite pred povece vekovi bile izlazani od lukaviot pa go svrtile grbot na svoite predci prifacajci go hristijanstvoto? Ako nekoj smeta deka pravoslavieto znaci doslovno toa sto kazuva imeto i deka toa e najispravno, toa si e negovo pravo. No ne gi mesajte pretcite koi toa ne bile, a ponekoj od nasite pretci i ucestvuval vo progonuvanje na hristijanite. |
|||
![]() |
|||
bob ![]() Нов член ![]() Регистриран: 03.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 32 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
оф, бе братче и ти ли бе ![]() кога реков за предците, мислев на дедо и прадедо, за кои што можеме да тврдиме која вера тие ја исповедале а не за тие со илјадници години наназад... и мислам секој еден разумен може да ме свати што сакав да објаснам во мојата порака...верувам и ти ме разбираш само сакаш малку нешто да извртиш-нели ![]() п.с.залудно сите си го губиме ова наше неповторливо драгоцено време ако не сме во православната вера на нашиот Бог. |
|||
![]() |
|||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
|||
![]() |
|||
Pravoslaven ![]() Сениор ![]() Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Се согласувам со Majkl. Забелешката на bob е крајно нелогична, па дури и контрадикторна.
Предците на македонците не биле православци, ниту христијани, туку пагани. Еден од главните богови на кои се поклонувале нашите предци бил "богот на сонцето". Впрочем, оттаму и сонцето на штитовите на Александар Македонски, а оттаму и на нашето Македонско знаме.
А пак, откако му беше уочено ова на bob, тој почнува да се брани "ама јас мислев на дедо и прадедо, на тие "предци", а не на нивните дедо и прадедо
![]() А кој пак духовен авторитет се нашите "дедо и прадедо" за да ја следиме нивната вера?
Зошто да ја задржиме нивната вера, кога самите тие не ја задржале од нивните дедовци и прадедовци? Или пак ако и тие ја задржале, тогаш можеби тоа не е случај и со нивните прадедовци?
Зошто нашите предци-пагани од први век не ја задржале својата дедовска или прадедовска паганска вера и ја смениле истата со (исворното) христијанство? Па како не им е "срам", тие ја напуштиле татковската религија, традиција, обичаите, адетите итн. Каков "срам" е само тоа за Лидија која си ја "продала" верата од еден обичен муабет со апостол Павле
![]() И тоа не го направила само Лидија, туку тоа го направиле сите нашите предци од 1 век кои го прифатиле христијанството, сите до еден ја отфрлиле татковската вера, верата на своите "дедовци и прадедовци", сите до еден почнале да ги отфрлаат својта традиција, паганските обичаи, адети итн.
Ете каков пример ни оставиле нашите "предци", да ја отфрлиме нашата дедовска вера за Вистината. А вистината е во Светото Писмо. Тоа е е Божјиот Збор за христијаните. Тоа е критериумот за Вистина. Бог е тој што кажува што е право, а што лошо, а не нашиот дедо или прадедо.
Затоа, да го земеме во нашите раце Светото Писмо, да почнеме да го читаме и да го отфрлиме сето она што тоа го забранува (икони, молење кон починати луѓе-светци, клањање на светци, клањање на лешеви (мошти), обожавање на Марија, свети водички, свеќи, и други бизниси во православието), а да го извршуваме сето она што тоа го заповедува.
|
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7374757677 97> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |