![]() |
|
Не прави идол или слика на она што е горе |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1819202122 23> |
Автор | ||
deshad ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Можеби. Ама мене ми е повеќе од веродостојна информација фреската на куполата во Црквата на Манастирот Јован Бигорски,каде е насликан Отецот. И некако според она што го прочитав од месинџер,а и од вашето толкување на Библијата по ова прашање никако да разберам зошто некој отишол против јасната Библиска забрана: НЕ ПРАВИ ИДОЛ ИЛИ СЛИКА НА ОНА ШТО Е ГОРЕ! П.С. Твојов пост иако беше напишан во друга конотација,го зедов само како мотив на мојата реплика, затоа што и покрај јасната Библиска информација,имаме уште појасни Црковно-Манастирски дезинформации.Секако мислам на цртањето на Бога во човечки лик. |
||
![]() |
||
belichka ![]() Сениор ![]() Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
haha triagolnik piramida masonstvo a mesecina so zvezda-islam
![]() i sea mesecina nesmee da ima vo Crkva??? A na mn mesta vo kupolata e pretstavuvan shestodnevot pa i mesecinata so sonceto i zvezdite i sea toa e islamisticko obelezie... Se sto e sozdadeno e Bozjo Sozdanie..a ne na nekoi sekti dvizenja zaednici ako tie gi imat zemeno nekoi simboli toa si e nivno no nikako da se ograduva na nesto konkretno! |
||
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
||
![]() |
||
KINGDAVID ![]() Сениор ![]() ![]() Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9425 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Triagolnikot e isto taka star simbol na Hristijanstvoto i gi pretstavuva Otecot, Sinot i Svetiot Duh. |
||
![]() |
||
makarios ![]() Сениор ![]() Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Не секој извор на интернет е со точни информации.
|
||
![]() |
||
crystal ![]() Нов член ![]() Регистриран: 30.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Pobaraj malku na google i ke vidis samiot(triagolnici,piramidi,petokraki i sl.) kakvi simboli se ovie. eve ti i eden link http://altreligion.about.com/library/weekly/aa062003a.htm |
||
![]() |
||
makarios ![]() Сениор ![]() Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Не би рекол. |
||
![]() |
||
crystal ![]() Нов член ![]() Регистриран: 30.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
pokraj toa sto ne treba da se pravat sliki,na slikata e pretstaven bog so triagolnik nad glavata...eden od najpoznatite okultni i masonski simboli.
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Така е. Светците се молат на Бога за нас. Поздрав до тебе брате ![]() Изменето од macedon_alex - 02.Декември.2008 во 12:16 |
||
![]() |
||
Pentakostalec ![]() Сениор ![]() Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
moze da se molime na nekoj svetec za da on go moli tatkoto za nas:D
inaku ne sum pentakostalec vekje dve nedeli zs pred toa sum nejkel da gi vidam po realno rabotite inaku sea se mi e novo taka da ucam mn rab. |
||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
||
![]() |
||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Tochno! Crkvata e soborna, a ne individualna. No prosvetluvanjto e individualno, a ne soborno! Koga kje se razbere ova , ke se raschistat mnogu nedorazbiranja okolu odnosite i razlikite megju poedinecot vernik/sledbenik i soborot crkvata/teologija. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
![]() |
||
belichka ![]() Сениор ![]() Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() ![]() ![]() Pent, bratce citaj i rasuduvaj ![]() ![]() |
||
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
||
![]() |
||
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ова е исто така поврзано со проблемот на темата и тука се содржи одговорот на поголем дел од проблемите
И во Едниот Господ Исус Христос, Син Божји, Еднороден, Кој од Отецот е роден пред сите векови; Светлина од Светлина, Бог вистински од Бог вистински, роден, не створен, едносуштен на Отецот, Преку Кого сè настана.
Во Символот има очигледна непропорционалност: на единствениот член, што се однесува на Првото Лице на Пресвета Троица, доаѓаат шест (членови) кои се однесуваат на Второто Лице. Тоа лесно се објаснува: вероисповеданието на едниот семоќен Бог, Творец на вселената, било заедничко – како за јудаизмот, така и за христијанството, но поинаку стојат нештата кога станува збор за личноста и делото на нашиот Господ Исус Христос. Врската меѓу Бог Отецот со Синот, пред сè, го поставува прашањето за монотеизмот (еднобоштвото): Новиот Завет јавно го потврдува Божеството на Христос (Јн. 1, 1), но никако не го одрекува строгиот монотеизам. Отецот и Синот се едно/единствени – тоа го провозвестува Самиот Господ (Христос) (Јн. 17, 22), но различните пристапи кон оваа вистина предизвикале жестоки расправи. Биле предложени две лажни решенија на прашањето. Едното им припаѓа на т.н. модалисти, кои порекнувале секаква разлика меѓу Отецот и Синот. Второто е од – аријаните (еретици, следбеници на Ариј), кои на Синот Му ја порекнувале полнотата на Божеството. Од друга страна, совршената реалност на човечката природа во нашиот Господ Исус Христос го покренува прашањето за соодносот меѓу човечкото и Божественото во Неговото Суштество. Споровите по овој повод добиле широк замав во периодот што следел по редакцијата на нашиот Символ на верата, и било потребно Црквата со нови определби да го уточни – особено на Соборите во Ефес (431) и во Халкидон (451) – она што веќе се подразбирало во Никео-Цариградскиот Символ. Овде треба да се истакне, дека членовите од Символот на верата, кои се однесуваат на Личноста на нашиот Господ Исус Христос и Неговото дело, а исто така, и определбите на наредните Вселенски Собори, никако не може да се разгледуваат како неосновани размислувања, кои, така да се рече, ја заматиле чистотата на евангелското благовестие, бидејќи Црквата во тие догмати ја заштитува самата основа на новозаветното откровение – (основата на) благовестието за спасението што му е дадено на човештвото во Исуса Христа. Сепак, ако Христос не е Бог и Човек во сета реалност и полнота, бездната меѓу Божественото и човечкото не е надмината. Ние уште ќе се навратиме на ова прашање, кога ќе стигнеме до членот на Символот кој се однесува на Воплотувањето и Откупувањето. Од шесте членови на Символот на верата, кои се однесуваат на второто Лице на Пресвета Троица, првиот говори за онтолошката, а тоа значи и предвечната врска на Синот со Отецот; другите пет членови го објаснуваат Христовото дело за спасението на светот. Црквата во вториот член од својот Символ на верата Го исповеда, пред сè, едниот Син Божји. Со тоа се отфрла еретичкото учење за посинувањето, според кое Исус бил само човек посинет од Бога. Но, само Исус Христос според својата природа е – Син Божји. Синовството на христијаните кои преку Крштението стануваат во Христа чеда на Бога, никако не ја укинува суштинската разлика меѓу нествореното и створеното битие. Ние стануваме синови на Бога според благодатта. Христос пак, е Син на Бога според природата. И само затоа што Христос е Син Божји според природата, ние можеме да бидеме синови Божји според благодатта. Исповедајќи го Синот „од Отецот роден пред сите векови”, ние не велиме, дека тоа раѓање просто му претходи на создавањето, туку тврдиме,дека тоа е надвор од времето, бидејќи поимот „време” е сврзан со поимот „створеност.” Затоа читаме во Евангелието: „пред да биде Авраам, Јас сум” (Јн. 8, 58), а не се вели „Јас бев”, што би укажувало само на претходење во времето. Да забележиме, дека тоа тврдење за „раѓањето пред сите векови” било насочено против еретичките зборови на аријаните за Синот: „имало време, кога Тој (Синот Божји) не постоел”. Синот е „Светлина од Светлина, Бог вистински од Бог вистински” (1 Јн, 5. 20), бидејќи, покрај личното начело (то ест оние лични својства, по кои ги разликуваме Лицата на Пресвета Троица едно од друго), трите Божествени Лица се совршено истоветни, за што пишува св. Григориј од Ниса: „Иако ја исповедаме неизменливата природа на Бога, ние не ги порекнуваме разликите меѓу Причинителот и Причинетиот, и само во тоа доловуваме, дека Едниот е различен од другиот” (Quod non sint tres dei. Migne. PG, t.45, col.133). За да ја изрази таа совршена сличност на Отецот и Синот, апостолот Павле ни кажува, дека Христос е „образ/икона на Бога” (2 Кор. 4, 4). Во Посланието до Евреите односот на Синот кон Отецот е изразен во вакви зборови: “Сјаење на Неговата слава и печат на Неговата суштина” (Евр. 1, 3). Еден од отците од III век, св. Григориј Чудотворец епископ Неокесариски, прекрасно и збиено го изложил тоа богословие на образот во своето исповедање на верата: „Еден е Бог Отец на живото Слово, на ипостасната Премудрост и Сила и Образ на Оној што вечно-постои; Совршен е Родителот на Совршениот, Отец на Синот еднороден, еден е Господ, Еден од Едниот, Бог од Бога, Образ и Изобразување на Божеството, дејствено Слово, Мудрост што го опфаќа составот на сè, и Творечка Сила на сето создание, вистинит Син на вистинитиот Отец, Невидлив на Невидливиот, Непропадлив на Непропадливиот, Бесмртен на Бесмртниот, Вечнопостоечки на Вечнопостоечкиот” (PG, t.46, col.912). Уточнувајќи го прогласеното во првите зборови на вториот член на Символот, Црквата секогаш исповеда наспроти (еретикот) Ариј и неговите следбеници, дека: Синот е „роден, не створен”, бидејќи предвечното раѓање на Синот од Отецот, како и исходењето на Светиот Дух, е акт на Божествениот внатретроичен живот кој нема ништо заедничко со созданието. Не може да се направи дури ни аналогија меѓу раѓањето на Синот од Отецот и творењето (на светот) кое е акт на Пресвета Троици ad extra (кон надвор), бидејќи, како што прекрасно говори св. Григориј Неокесариски: „нема во Троица нешто створено или служителско; нема ништо внесено, што порано/некогаш не би постоело, а отпосле би настанало” (исто). За да расчистат засекогаш со секоја двосмисленост, отците на Вселенскиот Никејски Собор прогласиле, дека Синот е „едносуштен на Отецот.” Тоа било логичен заклучок од претходните тврдења: совечноста (заедничкото вечно постоење) и рамнобожественоста на Божествените Лица, нивното совршено суштинско единство. Силата на терминот се состоела во тоа дека тој ја исклучувал секоја неопределеност. Еретиците пак, аријани многу ползувале, или изрази од Св. Писмо, толкувајќи ги во интерес на своите теории, или пак, (употребувале) нејасни формулации, кои би можеле да се разберат со повеќе значења. Затоа, по неопходните разјаснувања, сите православни учители на Црквата, на крајот се сложиле токму за овој термин („едносуштен”). Едносуштноста на Божествените Лица – е еден од основните догмати на христијанското учење. Вториот член на Символот на верата завршува со тврдењето дека сè било создадено преку Синот. Тоа е одглас на учењето што јасно е изразено во Новиот Завет (Јн. 1, 3; Кол. 1, 16). Сè што е создадено е творба на трите Божествени Лица. Сепак, секое од тие лица е причина на битието на особен начин што му е својствен токму Нему (на Неговиот начин/образ). Ако Отецот е – првичната Причина, а Духот – усовршителна Причина, тогаш Словото може да се нарече – дејствувачка Причина. Символот не говори нашироко за тоа, туку само го потврдува вeрувањето што се установило во Преданието со прости зборови: „сè преку Него настана.” Таа краткост е лесно разбирлива: од една страна, тој догмат, откриен во Евангелието не бил оспорен меѓу христијаните, а од друга страна, Символот е исповедање на верата, и во него не требало да се воведуваат чисто умствени теории кои, колку и да биле правилни, не можеле да претендираат да станат правило на верата. В.Н. Лосский, еп. Петр (Л’юилье): Толкование на Символ веры
|
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
![]() |
||
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Pentakostalec, брате кој го исповеда Христа, факт е дека ти имаш различен пристап и разбирање на нештата - тоа е последица на фундаменталната јуриздикциска основа на пентакосталната црква (и воопшто протестантизмот) т.е. твоите теории за учењето на Христа Спасителот.
Факт е и дека сигурно имаш проблем со “вишата философска“ терминологија. Мене тоа не ми пречи, од таму доаѓаат и многу недоразбирања...
Сепак дијалогот во име на љубовта е пред се!!!
И како што кажа брат Меси
![]() Првиот факт психолошки и факт за вистината и спасението е верата.
Основите на Богословската наука, како и било која наука “не можат“ на човекот да му ја дадат верата! Верата е дар Божји! Но тоа ја укрепува верата и помага на човекот да ги надмине предрасудите (пречките) кои проникнале во сознанието на религијата и науката.
Како што напишал св. ев. Јован Богослов: Бог никој никогаш не го видел, единородниот Негов Син кој е во недрата на Отца, Он го откри (објави)... - п.с. извинете ме, пишувам по памет затоа го парафразирам цитатот... треба да е во првата глава на Евангелието по Јован.
Тоа е првиот факт зошто Словото (Христос) кој стана човек може да се изобрази како Образ (икона) на Идното Царство, која во себе ја содржи онаа нетварна светлина есхатолошка основа за вечниот живот... а Бог отец не може!!! Тоа како реалност на Црквата (ако се изразам етимолошки - “прва црква“, Црквата е Една Света Соборна и Апостолска - единствена основана од Христос Спасителот Кој е Глава на Црквата и светите Апостоли и нема прва, втора и т.н. значи Црквата е една!!!) тоа денес малкумина го разбираат. Од таму доаѓаат и разликите во реалниот живот на христијаните.
Индивидуализмот довел до такви заблуди! п.с. Мес ова е во врска со темата и тоа погоре и е една од основните причини за појавата на таквите икони.
И кога разговараме за егоизмот и индивидулизмот или како што би се изразил психологот Вилхем Вунд - интроспекција, значи говориме за единка а не за колектив. Црквата е соборна, а не индивидуална.
Таквите образи се осудени од Црквата, како противоканонски и се забранети. Единствена представа за св. Троица е иконата на св. Андреј Рубљов, каде на идентичен начин се изобразени Три идентични Ангели самата икона е богословски поткрепена.
![]() |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
![]() |
||
Pentakostalec ![]() Сениор ![]() Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Kaj BOG site se zivi koj u pekol koj u raj a toa deka site slusaat toes svetcite si mnogu greska za toa sto ceovek od koga kje pocine ne moze da slusa bez razlika da li bil petar,pavle, ili nekoj stoti samo BOG,SINOT I SVETIOT DUH BOG,moze da gi slusne molitvi. |
||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1819202122 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |