![]() |
|
Власи |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5657585960 66> |
Автор | ||||||||||||||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Прочитајте „Стратегикон“ од Кекавмен (втората половина на 11 век.
Јасно разграничува Бугари, Власи, Срби. По темата за Власите има исклучително вредни сведочтва, тоа е од 11 век. Раскажува за востанието на Власи и Бугари, водено од Никулица Ларисејски. За Власите пишува Вам и на вашите чеда давам следните напатствија. Племето на Власите е совсем неверно и покварено и не пази вистинска верност ниту кон Бога, ниту кон императорот, ниту кон сродник или пријател, но има стремеж сите да ги измами, многу лаже и многу краде, како секој ден дава страшни клетви пред своите пријатели и лесно се одметнува од истите, заклучува побратимства и кумства и смета со такви да ги измами наивните. Никогаш немало верност кон никого, дури и кон некогашните римски императори. Против Власите војувал императорот Трајан, од кого тие биле подполно победени и однесени во плен, и нивниот цар, кој се викал Децебал, бил убиен, а клавата негова била ставена на копие посред градот Рим. Тоа се всушност така наречените ДАКИ и БЕСИ. Порано живејале близу до реката Дунав и до Саос, која река сега ја нарекуваме Сава, во природно укрепени и недостапни места, каде сега живејат СРБИТЕ. Власите пројавувале привидна преданост и покорност кон некогашните римски императори и како излегувале од тврдините ги пљачкале римските земји. Поради тоа Римјаните се вознемириле и ги уништиле. И Власите ги напуштиле речените места, се распрснале низ цел Епир и Македонија, а поголем дел се населиле во Елада..... |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Името на еден народ, не соодветствува секогаш со неговата етничка припадност и во такви случаи се вели дека тој народ го носи своето второ (политичко) име. Автономните кнежества на словените во западна Македонија и го дале новото име на оваа област. Византиските императори и писатели од средината на 6 век, западна Македонија ја нарекуваат со новото име - Славинија (Склавинија). Крстоносецот Вилардуен, третиот брат на Петар и Асан, го нарекол: "Јо-ван, кралот на Влахија" ("Бугарска воена уметност"... стр. 437). Роберт Кларк за нападите на Калојан во 1207 година пишува: "Не помина многу време, а Јован Влавот и Куманите навлегоа во земјата на солунскиот маркиз (Бонифациј Монфератски, з.м.)" (исто, стр. 420). Кларк ги дава и следниве податоци за владеењето на Калојан:"Значи, Влахија е земја која му припаѓа на императорот (византиски, з.м.)"(исто, стр. 479). Најневеројатно е тоа што некои византиски писатели (како, на пример, Македонецот Јован Кантакузин кој, откако доброволно се откажал од византискиот престол, ја напишал својата "Историја" во втората половина на 14. век, т.е. во последните децении од т.н. Втора бугарска држава) продолжиле Бугарија да ја нарекуваат Мизија, а нејзиниот народ - Мизи, иако таму веќе не живеел еден народ, туку шест засебни племиња: Печенези, Кумани, Татари, Власи, Трако - Словени и незначителен број Бугари. Така, на пример, кога Кантакузин ја спомнува смртта на бугарскиот цар Светослав, пишува: "Светослав, царот на Мизите, умрел од болест." (исто, стр. 433). Во врска со походот на Михаил Шишман, во 1323 година, овој писател, запишал: "Во тоа време, царот на Мизите Михаил, навлегол со целата своја војска во земјата на Ромеите" (исто, стр. 434). За последниот бугарски владетел, Кантакузин ги дава следните сведоштва: "Срацимир... води потекло од Мизи и од Кумани" (исто, стр. 443). Уште поинтересно е дека самите бугарски владетели од 13. век, себеси се претставувале како "господари на Власите". Така, на пример, архиерејот на тогашната Бугарска црква, епископот Василиј, во едно од своите писма до папата Инокентие Трети, откако настојува да му се задоволи желбата на Калојан да добие царска круна, пишува: "Тој (Калојан, з.м.) и целото негово царство, како наследници на римската крв, имаат добро чувство на преданост кон Римската црква." (ЛИБИ, т. 3., стр. 314). Врз основа на што епископот Василиј тврдел дека населението во т.н. "Втора бугарска држава" носело во своите вени римска крв, а освен тоа, видовме и дека западните хроничари ги нарекувале Калојан и неговиот народ Власи? |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Vlasi Ne um go upravuvale, zaedno upravuvale ![]() |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Ова е само докаэ дека веке Бугарите немаат врска како народ со кралството или царството - битно е дека власи управувале и го воделе царството
![]() |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Ne e falsifikat Vidi i toa. ![]() Coat of Arms of the Bulgarian-Wallachian Empire.jpg |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Ајдеееее и Власите станаа Бугари - ова веке е циркус во Бугарската историја + кој уште не е Бугар не е интересен
![]() |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Ova ke da e nekoj falsifikat ![]() Изменето од macedon_alex - 20.Јуни.2009 во 00:46 |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Бугарски, бугарски. Види сам ![]() |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
КАко Бугарски цар - зар не е Влашки
![]() |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
![]() Во однос на името. Види на сликата горе Јоан Асѣн. Во странски извори може да е Асан, но во домашните од тој период е Асѣнъ. Дали да мислиме дека странските автори подобро знаат како се изговара тоа име? Меѓу другото дали знаеш дека од 1257 до 1277 година бугарски цар е болјаринот од Скопје Константин Тих Асен? Значи кремот на бугарското општество е од Македонија уште од Средновековјето. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
А, кога ги опишува нападите на Асан во Тракија (1189 година) Хонијат им дава ново етничко име на народот од некогашна Бугарија. Тој пишува: "Значи, Власите откако се возгордеале од непрекинатите победи над Ромеите, тие се здобиле со големи богатства и секакви оружја од пљачкосувањето на Ромеите." (исто, стр. 404).
Друг византиски писател (Георги Скутариот), кој бил современик на Петар, Асан и Калојан, пишува за византискиот поход против нив во истата година. Тој пишува: "Откако работите на запад (од Константинопол, з.м.) станале лоши и Власите, заедно со Куманите, почнале да ја пљачкосуваат ромејската земја, императорот презел поход против нив." (ГИБИ, т. 8. стр. 230). Во врска со бегството на Иванко, кое се случило по убиството на Асан, Георги Скутариот соопштува: "И така Иванко кришум ја напуштил Мизија и отишол кај императорот." (исто, стр. 255). Да кажеме дека бугарските историчари денес името на владетелот на т.н. "Втора бугарска држава" - Асан, го пишуваат како "Асен", што не одговара на вистината, затоа што во византиските извори тој е запишан како "Асан", а не како "Асен". Но, не се само Византијците тие кои од 10 до 14 век го користеле политичкото име за сите народи од онаа страна на Стара Планина (Печенези, Кумани, Татари, Власи, Трако-Словени и неколку "островчиња" остатоци од Бугарите, главно во Провадиско, Варненско и Добричко), туку тоа го правеле и западните хроничари. Така, на пример, учесникот во Третата крстоносна војна презвитер Магнус кога раскажува за преговорите помеѓу бугарскиот цар Петар Втори и Фридрих Барбароса, пишува: "Власите се со нас!" (ЛИБИ, т. 3., стр. 215). Друг учесник во оваа крстоносна војна - Ансберг во својата "Историја на походот на императорот Фридрих Први" соопштува дека во дунавската рамнина: "... владееја со своите Власи некој си Калопетар, кој бил Влав, и брат му Асан (Assanis, з.м.)." (ЛИБИ, т. 3. стр. 257). Во врска со преговорите на Петар со Фридрих Барбароса (од кого барал царска круна), Ансберг потенцира: "Додека се вршеше сето тоа, Калопетар, господарот на Власите..." ветил четириесет илјадна војска, составена од "Власи и Кумани" (исто, стр. 279). |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Низ повеќе градови во Македонија каде живеат Власи, како и во соседните земји (за Грција сеуште не се знае) денеска Власите ке имаат свечаности по повод националниот празник- 23 Мај- ден кога Власите с епрогласени за посебен народ.
|
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Do kade ke odi grckata glupost. Od sto se plasi Grcija?
|
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Интересни данни за етничката припадност на жител от охридското село Ракита ни дава архиепископ Димитар Хоматиан. Тој пишува: “Јован, наречен Ирекар, зет на Вратин Раду од Власти, води потекло од Македонците.” Изучавајќи синодални документи од таа епоха, Д. Ангелов достигнува до извод, дека “втори по значење и по численост народностен елемент во границите на Епирското деспотство биле Македонците, за кои во актовите на Архиепископството многу често станува збор (повеќе од 50 спомнувања), т.е. Македонците во тоа време “составувале основното, преобладавачко население” [Д. Ангелов, Принос към народностните и поземлени отношения в Македония, с.11-12, 43, цит. по л.193].
Narodna Volja - pak Radule ![]() Дали не е село Ракита (денес Олимпиада), Кајљарско, ном КОЖАНИ (ОД КОЖАНИ Е МАРКУ КРАЈДА ОД ПИСМОТО НА ЛЕОПОЛД) Во истиот ном се наоѓа и селото Власти (Влашка Блаца), од Каде е еден познат „Македонец“ Изменето од cercetator - 07.Мај.2009 во 07:57 |
||||||||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5657585960 66> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |