|
Историски погледи на црковните прашања |
Внеси реплика | страница <1 2223242526 37> |
Автор | ||||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Во 1156 година Охридскиот архиепископ Јован Комнин во соборниот акт на Цариградската патријаршија се потпишал како "смирениот монах по милост Божија и архиепископ на Прва Jyстиниjaна и на цела Бугарија Комнин". Ова предизвикало протестот на кипарскиот архиепископ, бидејќи Кипарската Црква претендирала дека е единствениот црковен орган, создаден од императорот Jустинијан I. Под притисок на крајот и кипарскиот архиепископ ја прифатил формулата на Комнин. Оваа идеја е спроведувана и од архиепископот Теофилакт Охридски. Детали за споредување на Прима Jустинијана на Охридската архиепископија се среќаваат при Вилхелм Тирски во 1168 година, во XIII век кај Димитар Хоматиан и кај цар Михаил Палеолог. Изменето од Македон - 15.Јануари.2010 во 17:28 |
||||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
“ Многу големи се добрина, со кои човекољубивиот Бог ја донираат во различни времиња на нашето царство и кои надминуваат секаков број, а најголем од сите е дека ромејската држава се прошири и дека државата на Бугарите мина под еден јарем [со неа] ... “. Василиј е Ерменец , не сакам да поставам дилема , што подразбирал под поимот “ нашето царство “. Истиот е од “ македонската династија “ , исто така не сакам да се запрашам што значело тоа “ нашето царство “ Полемика дали црквата која е оформена како припадник на “ македонската династија “ и на која е поставен домицилен раководител е бугараска , римска или македонска “ ромејската држава се прошири “ не е тема за полемика , ни најмалку . Изменето од Македон - 15.Јануари.2010 во 22:54 |
||||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Во 1156 година Охридскиот архиепископ Јован Комнин во соборниот акт на Цариградската патријаршија се потпишал како "смирениот монах по милост Божија и архиепископ на Прва Jyстиниjaна и на цела Бугарија Комнин". Ова предизвикало протестот на кипарскиот архиепископ, бидејќи Кипарската Црква претендирала дека е единствениот црковен орган, создаден од императорот Jустинијан I. Под притисок на крајот и кипарскиот архиепископ ја прифатил формулата на Комнин. Оваа идеја е спроведувана и од архиепископот Теофилакт Охридски. Детали за споредување на Прима Jустинијана на Охридската архиепископија се среќаваат при Вилхелм Тирски во 1168 година, во XIII век кај Димитар Хоматиан и кај цар Михаил Палеолог.[/QUOTE] Значи, Архиепископите се повикувале на Јустинијана. Има ли смисла понатаму да говори некој дека Охридската Црква потекнува од Бугарската Црква?! Јас мислам дека не. |
||||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Дали ќе дознаеме како реагирала Преславската , Плисковската или пак Трновската црква на таа “ аспирација “ ? 825 година од востанието на браќата Асен и Петар и основање на Трновската архиепископија / 1185 година / Јован Комнин пред 1143 - после 1157 Константин I пред 1160 - после 1170 Адриан пред 1183 - после 1183 Јован Каматир 1183 - 1215 Поточно , математички согледано , реакција требала да има Јустинијана Прима - Бугарската црква - “ на цела Бугарија “ кога е возобновена од Бугарите , во државата Бугарија , бугарската црква во градот Трново . Јас сум убеден дека нашите мили пријатели , бугарски воспитаници , нема ( а можеби и не сакаат ) да знаат , да одговорат на оваа чудна ситуација кога е во прашање “ Која црква е бугарска “ Изменето од eptendosadno - 15.Јануари.2010 во 23:35 |
||||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Е. Спространов публикувал едно писмо на Охриѓани со барања за возобновување на Јустинијана Прима и цела Бугарија.
Za podobro chitanje. http://img15.imageshack.us/img15/1377/justiniana1.png http://img62.imageshack.us/img62/2840/justiniana2.png Изменето од Каснакоски - 08.Март.2010 во 13:26 |
||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ајде бе Македоне, 8 часа (цел работен ден) те чекам да кажеш нешто на твојата омилена тема.
Дали го прочита писмото? Или и ти како Мунгос ќе кажеш - фалсификат? |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ти велиш си ме чекал 8 часа?! Јас што да кажам што чекам одговор на прашањата веќе цел месец, ако не и повеќе, а од тебе ни трага ни глас?! Додуша, веќе сфатив дека молчењето е потврдување на моите тези. Во однос на писмото, никој не негира дека Јустинијана Прима била и на цела Бугарија ( ама не Бугарија како што ти ја сфаќаш, затоа што тие епархии си биле грчки, тоа веќе го утврдивме ). Ама не била бугарска. Таа Црква се грижела за духовните потреби на повеќе народи. Што не е јасно сега пак? |
||||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Значи ако се грижела за потребите и на бугарите, тогаш нема да викаш дека макдонците си имале Охридската, а бугарите си jа сакале грчката црква!
Или сега ке речеш дека бугарите покраj Охридската си ги сакале грците? |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Јас погоре нагласив нешто ,а тоа нешто се однесува на сфаќањето на титулата "и на цела Бугарија" не од аспект на денешна Бугарија. А ако веќе толку инсистираш, да ќустендилската епархија, чинам и дел од други делови на денешна Бугарија биле дел од јуриздикцијата на Охридската Црква. Другите епархии си биле грчки, дел од јуриздикцијата на Грчката Црква. А Бугарите дека си биле дел од паствата на Грчката Црква ( нивната Мајка Црква ), тоа си е факт, колку и да не ти се допаѓа. |
||||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
И што ако се дел?
Никоj не сакал да биде дел од грчка црква, како што и никоj не сакал да биде во Османската империjа, макар и денеска некои и тоа го тврдат, дека ни било много убаво тие 500 години. Грчката црква требало да држи во покорство целото христиjанско население на Балканот и таа успешно го правела тоа со помошта на турците. Имало гркоманство и грчка асимилаторска политика, тоа се знае, ама не биле само бугарите. По твоjта логика сите народи, кои биле под власта на Цариградската патриаршиjа треба да ги обвиниш во "љубов" кон грците- а тоа биле и срби, молдовци, руси, финци, естонци...да не ги наброjувам сите. Значи од сите христиjански народи само македонците биле посебни? Нив гркоманството не им е познато? |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Македонците се побуниле само неколку десетици години по укинувањето на Охридската Црква, Бугарите неколку векови по укинување на нивната Црква. Ако никој не сакал, немало неколку векови ниту еден бунт да нема, па и оној кој го имало да е од економска природа. А за другите народи, не говорам, не знам колку се бунеле, дали воопшто се бунеле и на кој начин тоа го правеле. |
||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Сега си го корегирав постот со писмото на охриѓани до представниците на БУГАРСКИОТ НАРОД во Цариград. Изгледа е много ситно и не си го прочитал. Ако е така - види од линковите.
Дали охридските граѓани ги сфаќале работите како што ти ДЕНЕС. Види до кого е упатено писмото, што пишува. И што треба да им значи ЗА ЦЕЛИОТ НАШ БУГАРСКИ НАРОД? |
||||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Сега ако може да дознаеме- кои се првите тие, кои се побуниле, и какви биле нивните барања? |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Јас ги сфаќам работите онака како што и ги сфаќа Светата Православна Црква, долго време пред охриѓаните или некој друг, а дали некој ги сфаќа поинаку или не, не е мој проблем. Го погледнав писмото, пред да го корегираш. Не знам на кои претставници се мисли, можеби на оние кои отишле да бараат Црква од Султанот, можеби не. Ако тие што го потпишале писмото се сметале за дел од целиот бугарски народ, тоа не ја чини и Црквата бугарска. И денес има некои кои сметаат нешто дека не тоа што треба да биде, ама Православната Црква вели друго. Едното сфаќање е минливо, другото опстојало. |
||||
Внеси реплика | страница <1 2223242526 37> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |