IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 123124125126127 146>
Автор
Порака
alexbog Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alexbog Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2009 во 01:35
ТАЈНА ГРАДИНА

Од старите сме учеле дека љубовта е таму каде не води срцето,
нашите тела живеат во туѓи прегратки,
но нашите срца и души имаат една тајна градина.

Таму расте нашата љубов,
полевана со пола час насмевка,
минути нежности,два-три бакнежи
и бескраен копнеж за заеднички утра во кревет.

Секоја ноќ се искрадуваш од постела,
нежно и притаено твоето срце праќа пораки преплетени со грев и страсти,
се опростуваш за добра ноќ со насмевка и добар збор,
се до часот кога ќе се сретнеме во нашата тајна градина.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2009 во 15:24
Сакам кога врнат сончеви зраци
Сакам кога пагаат на твоите усни
Кога се множат како твоите бакнежи
во моите коси


Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2009 во 00:38

Од темната страна на животот

сурово гледајки кон светлината

-дали тоа е од завист?

 Од светлата страна на земјата

гледајки кон потемната

-дали тоа е од сочуство?

 А кога дожд паѓа?

-Дали чуствуваш солзи?

А кога сонце грее?

-Дали чуствуваш зрак?
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2009 во 00:45

Насмевни се, така сонце ке ме изгрее

Насмевни се, така сјај ке ме понесе

Насмевни се, така утрото да ми почне

 Насмевни се, за последен пат барем...
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2009 во 14:08

Гнило својство

на бабичка

Те достигнувам со
наезда од раце,
на места што ги знае летот
на памуково влакно.

Двоен од тебе со јата
пресушени недостигања,
се местам под боздоганот
на ноќта.

Ех, со каква верба го
дотеруваме мигот,
додека времиња и јаглики
ни се сушат на тремот...

Топотот на коњите
нечујно ми те краде
од безлична прегратка,
во која едниот отпушта.

Потрај,
ноќва универзумот ќе
испрати одговор,
на твоето прашање поставено
пред многу животи.

Смртта така брзоплето
не' витка во Бога,
што душите остануваат
да ни висат однадвор.

Нема утеха за
гнилото својство што
не' собира в час.

Не плаши се од смртта
преплашен до смрт, ти реков јас.



Изменето од Quentin - 07.Август.2009 во 14:09
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2009 во 20:23
Талкач

Сам среде другите,
во малиот ашрам
со врата од
премолчана заклетва.
Овој талкач по перници,
зборува со јазикот на облаците,
и собира ветрови во
џеб широк како детска насмевка.
Пушта некој да
му биде прегратка,
криејќи го
светот од прозорци,
ликот од огледала,
солзите од утеха.
Посакува да е твој,
знаејќи дека
секој е ничиј
а никој не е свој.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2009 во 09:27
Нема милост во суровиот
Има глас во немиот
Нема сјај во бедниот
Има жар во повреденииот

Нема слух за глупиот
Има слух за глувиот

Нема желба во срекниот
Има надеж во победуваниот.


Нема љубов во тебе
Има сонце во мене.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2009 во 12:06

Лажно...

Твоите јаболчници 
со мирис на мошус...
подготвени за 
истегната кожа
од еден неразбран смев.
Ти ли си љубовта што ме
наоѓа заспан врз 
пресушените солзи
на Тагоре?
Со тебе ли му ги
прераскажувам 
боите на мракот
и не си наоѓам лик,
па светот ме кити
со благослови и пцости?
Со тебе ли пијам апсинт
под лажни месечини
и одам несфатен и гол
кон смрт што другите 
ја преживуваат?
О, јас не разбирам како
е можно да се допираме...
и како заспиваме заедно,
кога не сонуваме исто?
Јас ѕемнам стуткан и сам
меѓу аглите на 
ова напуштено тело,
со надрвена смисла за хумор.
(Лажно се сакаме,
зошто така постоиме.)

Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2009 во 11:17
џаст мерид

зад мојот шевролет
тропаат весели лименки
велот ветрот ми го тегне
со пакост хулиганска
улични кучиња
ми се гневни сватови
им го фрлам букетот
од коски изглодани
пуштам радио
нема кој да каже
смени станица





Изменето од filmadzijka - 30.Август.2009 во 12:41
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2009 во 01:42
Otkorni mi gi dlabokite koreni
izmeni me od niv
zakolni se ke si posilen od vetrot
ti nezen zraku na temninata.
Tvojot odraz go gledam kako sjae i vo kalta
tvojot miris ne go nosi niedna bura
samo tvoite dobrini gi sees kako polen nad mene
samo ti si mi prijatel....
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2009 во 10:09
Размачкано (оригинално "рашмрљано")

Откога Бог почна
да се чува од човекот,
наместо човекот
од Него,
здолништата станаа
поотворени од очите,
а нозете пораширени
од рацете.
Се' е некако премногу,
а ништо не е доволно.
Срцата ни станаа размачкани точки
што им глумат љубов на дамарите,
а душите ги препарираме со слама
и ги ставаме наместо плашила
пред телата што и онака никој
вистински не ни ги посетува...

Езерска површина за една стапка,
приватно небо за капка дожд,
парче хоризонт за еден зрак зајдисонце...
Премногу ли барам?
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2009 во 19:12
Одрекување


По сите горчливи меридијани,
врати се овде...

Знаеш ли колку време
и' е потребно на судбината,
да собере зрнца од сите агли
на вселената,
за да те создаде...!?
Јас и ти
го шепотевме Енума Елиш,
под едно безимено небо
- дом на тивки богови.
Знаевме дека долго пред
да се појават облаците,
беше замислено нашето
чекорење по снег.
Не бегавме од вистината.
Само одрекувавме...
дека сме прашина...
дека сме ништо...
Кон врв
леа Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 10
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај леа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2009 во 21:51
Заборавена

Мисливе
како промаја
ми удираат
во глава.
Знам.
Не ме чекаш
на ниту еден прозорец
на светот
вечерва
кога се околу мене
добива облик
на твоите очи.


Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2009 во 22:16
It's all coming back to me

Се враќаат мириси во
еден напуштен кревет,
на подножјето од
моите очекувања...
Тие испарени ноќи
уште веруваат дека
твоите солзи се
разочарани ѕвезди.
Јас и ти знаевме...
пред да му се
покажеме на светот,
секогаш едногласно
да кажеме:
Oh, what the f***?


Детето со лижавче

Небото над глава му е сино,
зошто пред да дојде под него,
никој не праша дали
сака да биде поинакво...

Ширум отворена душа...
Детето со лижавче
учи да самува меѓу
води и возвишенија
што не му даваат закрила.
Чевлите му ги
надраснале нозете,
ракавите, предолги за рацете,
луѓето - предалечни за умот...
Во здивовите чува светови,
што мора да ги даде,
за да не се задуши...
Кого да мрази,
детето со лижавче,
кога не може да го
оддели јазикот од вкусови,
очите од бои, шаренила и птици...!?
Кому да простува,
кога уште не научило
да верува...!?
Ќе рече "па што ако"
на секое твое "но",
детето со лижавче,
што спие меѓу цветови
и зборува со штурци.

Изменето од Quentin - 18.Септември.2009 во 22:16
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 123124125126127 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,168 секунди.