Чантите и чевлите на политичарките
Ако чантите и чевлите се омилените модни парчиња речиси на секоја жена, тогаш зошто да не бидат и на македонските политичарки. По три дена поминати во Собранието, откривме дека на пратеничките, сепак, најубаво им одат женските муабети врзани за модата и за стилот. Една сака брендирани чанти, на друга најважно и е торбата да и собере се, третата решила никогаш да не се симне од високи потпетици... Ако политичките ставови ги раздвојуваат, она што ги спојува дамите од Собранието се, дефинитивно, најдобрите пријатели на жената - убавите чанти и чевли
КАТЕРИНА ДИМЕСКА (ВМРО-ДПМНЕ)
Не давам многу пари за чанти
На пратеничката Катерина Димеска од ВМРОДПМНЕ, чантите не и се фетиш. Таа повеќе внимание $ посветува на убавата гардероба.
"Сметам дека чантата не е толку важна за една жена. Многу поважно е таа да биде соодветно облечена, да има на себе некој моден детаљ, како марама, брош, бисерни обетки или бисерно синџирче. Гардеробата мора да биде соодветна за работата која ја работиме ние политичарите, и да дава впечаток на сериозност. Ние сме, сепак, презентери на граѓаните", ни рече Димеска.
Димеска вели дека најчесто купува чанти кои и се функционални. Додава оти не носи многу скапи брендирани чанти туку ги купува според нејзините финансиски можности.
"Не давам многу пари за чанти. Си купувам најчесто од 'Мона', но имам и чанти кои ми се допаднале од излогот, а не се никаков бренд. Имам само една чанта од познатиот бренд 'Гучи', која си ја купив од Турција, во бордо боја. Едно време барав и такви чевли, но сфатив дека не мора чантата да ја комбинирам со чевлите", ни открива Димеска.
Кога сме кај чевлите, за пратеничката Димеска обувките на висок потпетици и не се некој избор за во Собрание. Бидејќи секој ден патува од Прилеп за Скопје, мора да облече нешто што ќе $ биде комотно, а најчесто тоа се рамни чевли или на малку поткренати потпетици.
"Чевлите мора да имаат добар пад, за да се чувствува удобно. Ги купувам од тука, од 'Пеко' и од 'Баргала'", вели таа.
ЦВЕТАНКА ИВАНОВА ( СДСМ)
Високи потпетици носам само на примеи
За пратеничката на СДСМ Цветанка Иванова не може а да не се забележи дека кога доаѓа во Собранието, навистина е дотерана од глава до петици. Таа ни откри дека обожава убави чанти. Но потенцира дека не и се фетиш туку ги сака од практични причини.
"Мојата чанта секогаш мора да има преграда плус, за да можам во неа да ставам буквално сè што сум наумила да понесам. Искрено да ти кажам, сметам дека, на некој начин, убавата чанта како моден детаљ, ја дава сликата за жената, но, сепак, мене ми е најважно да може да ми го собере товарот кој го носам", ни открива Цветанка.
Вели дека пред да стане пратеничка, одамна, си купила една чанта од познатиот бренд "Прада", но сега веќе не ја носи затоа што $ поминала модата. Освен што купува чанти од тука, вели дека кога оди на патување, ако има слободно време, си купува и од странство.
И чевлите $ се омилени, ни открива пратеничката. Особено порано, пред да заплови во политичките води, кога носела, како што вели, "убави брендирани штиклици".
"Сега веќе не толку. Јас сум по цел ден на нозе во Собрание, па не можам да носам на многу високи потпетици. Не носам рамни, значи чевли со некоја пристојна висина. Кога има некои посебни пригоди - приеми, свечености, се разбира, дека тогаш носам на повисока потпетица, сепак, така изгледа поелегантно. Инаку, чевлите ги купувам од тука, од "Адамс шус" и од "Пеко", ни открива Иванова.
ФЛОРА КАДРИУ (пратеничка од Нова демократија)
Ништо не и фали ни на имитацијата "луј витон"
Пратеничката Флора Кадриу од Нова демократија важи за една од дамите со стил во Собранието. Таа е директна, па вели: "Мислам дека на секоја жена чантите и чевлите $ се фетиш. Па така и мене. А стилот се темели токму на тоа. Чантите и чевлите се неизбежни парчиња кои секоја жена ги сака". Ни открива дека најчесто чантите ги купува од странство, затоа што само така може да има уникатно парче, а да го нема некој друг. "Иако немам комплекс и да видам некој што носи иста чанта како мојата, ама, сепак, задоволството на една жена е да има нешто што нема некоја друга", искрена е Кадриу. Ни откри дека во нејзиниот плакар има по некоја брендирана чанта, но тоа не значи дека таа е подобра од некоја што не е брендирана или поевтина. "Пред четири години од Рим си купив чанта од 'Гучи', ама па затоа од Турција си купив фалсификат 'луј витон' и 'роко бароко', и токму тие две имитации ги износив повеќе од таа оригиналната. Имам и една од Бали на 'Гес', ама онаа на 'Манго' што ја купив од Малезија, ја износив повеќе од која било друга. Брендираните чанти не се функционални, а јас сум си задоволна кога носам и најобична чанта во која ќе ставам сè", вели Кадриу.
Не можевме да не забележиме дека Кадриу најчесто е на високи потпетици, за кои вели дека иако ги комбинира со чантата, знае да си даде слобода, па да избега од правилото каква чанта такви чевли. Кога сака да си купи поскапи чевли, тоа го прави во Турција каде што ја има продавницата "Деримод". Од Скопје си купува од "Шевињон" и од "Полини" .
РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА (СДСМ)
Не носи чанти со лого што се гледа
За пратеничката од СДСМ Радмила Шеќеринска не е тајна дека е љубител на убави и скапи чанти. Таа е една од ретките кај нас што на рамо го има ставено "лансел". Нејзините блиски ни велат дека таа не купувала многу чанти, ама оние што ги купувала, биле и убави и квалитетни, па ги носела дури по десетина години. Во Собранието, неодамна, на свечената седница ја забележавме со исклучително убава чанта од брендот "Етро", кој важи за еден од поскапите, но како што ни кажаа, пратеничката си ја купила на голем попуст. За неа велат дека не е од типот на жени што носат "Луј Витон". Никогаш не носела чанти на кои им се гледа логото. Но на оние што се разбираат, нема да им избега од вид дека таа носи навистина скапо парче. Дознавме и дека таа чантите ги купува од аеродром, додека чека меѓу летови, а најскапата чанта $ е од Киргистан. Во Скопје често може да ја видите пратеничката како се подновува со чанта во "Марела" или во "Фурла".
Што се однесува до чевлите, во последниве години Радмила е исклучително на високи потпетици. Ретко може да ја забележите во чизми, зашто не $ се омилени. Дознавме дека комбинацијата чанта - чевли кај Радмила е распар, таа со чантата секогаш сака да ја разбие монотонијата на комбинацијата, па речиси никогаш не ја комбинира со чевлите. Не ретко пратеничката може да се забележи во "Балдинини" на шопинг на чевли.
ЦЕНА МАТЕВСКА (ВМРО-ДПМНЕ)
Немам брендирани парчиња
Пратеничката од таборот на ВМРО-ДПМНЕ Цена Матевска скромно вели дека сака убави чанти, ама да не се скапи. Дома немала ниту една брендирана чанта, а оние што ги купува се од продавниците во Скопје, Крушево и во Битола. "Си го купувам она што ќе ми се допадне и онолку колку што ми дозволува џебот. Обично моите чанти се еднобојни и со нормални цени", ни открива Матевска. И чевлите кои ги носи, претежно ги купува од Македонија, најчесто од "Бијана шус". Вели дека многу внимава да носи каква чанта такви чевли. "Гледам така да се искомбинирам, црна чанта, црни чевли, кафена чанта, кафени чевли. Кога патувам во странство, многу ретко ми се случило да си купам нешто од таму", ни рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ.
ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА (ДОМ)
Чанти од Аеродром
Лилјана Поповска, пратеничката на ДОМ, вели дека нема никаков фетиш, па ниту чантите и чевлите. Иако, додава таа, сака да носи убава чанта која, во исто време, ќе $ биде и практична.
"Купувам чанти од тука, и тоа претежно од 'Мона', но најчесто чантите ми се од странство, и тоа кога сум на Аеродром. Не сум купила досега некој познат бренд, а оние кои ги имам, гледам да ми бидат практични да можам сè да ставам во нив, знаеш како е со женските чанти, пак никогаш не може сè да се собере во нив", ни рече Поповска.
И за чевлите вели дека сака да $ бидат функционални. Иако порано носела исклучително чевли на многу високи потпетици, сега веќе ретко, освен за некоја пригода, може да ја видите со такви обувки.
"Кога си на високи потпетици, тогаш телото не е во природна положба, а јас цел ден сум надвор, и не би можела да издржам. Чевлите ги купувам од тука, ги комбинирам со чантата, и не ми е важно дали се бренд. Не верувам во тоа дека оваа или онаа чанта е подобра од другата само затоа што е бренд. Квалитетот значи и висока цена, но не знам дали вреди да се даде за чанта толку многу пари", вели Поповска.
СИЛВАНА БОНЕВА (ВМРО-ДПМНЕ)
Чантата мора да ми собере сè
Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ ни открива дека иако сака убави чанти, за неа не е пресудна убавината. Кога избира чанта, внимава да $ биде практична за да може во неа да ги стави сите материјали, несесерот со козметиката, телефонот..."Ги купувам од тука, од 'Мона', но кога сум во странство, се случува, ако имам време, да си купам некоја и од таму, и тоа претежно на аеродром, меѓу летови. Но немам некоја чанта од познат дизајнер", вели Бонева.
И чевлите кои ги носи, вели дека не $ се со највисока потпетица туку малку поткренати. Ги комбинира најчесто со чантата, но кога ги купува, гледа да $ бидат, пред сè, комотни за да може цел ден да издржи во нив.
И за нив вели дека, освен оние од "Бата" и од "Пеко", нема купено од некој познат и скап бренд.
ВЕСНА БЕНДЕВСКА (СДСМ)
Прескокнете ме, јас сум конзервативна
Пратеничката Весна Бендевска не беше расположена да разговара со нас. Ни рече дека таа не била за весели теми, и ако може да ја прескокнеме. "Јас сум конзервативна личност, не сум за муабети за чанти и чевли", рече Бендевска.
Конзервативната Бендевска дента носеше црвена чанта, а следниот дена кога бевме повторно во Собранието носеше кусо здолниште над колена и чевли на високи потпетици во виолетова боја.