|
Masons, Satanism, Child's Sacrifices & Re |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Маре - не ја имав видено темава...
Ама еве, со задоцнување... Конгресот во Македонија кој неодамна се одржа е во организација на Големиот Ориент на Франција, ложа која се смета за нерегуларна, односно не е дел од меѓународното масонско братство. Масонските организации не инсистираат на тајност, туку на приватност. Масонските згради се јавни, во повеќето земји дури се јавно одбележани и достапни за јавноста. Во повеќето земји, повеќето членови јавно се декларираат дека се масони (со носење на значка или прстен), но во земји каде масонството е нова појава, или каде има непријателски настроени фанатици - подобро е да се пази дискретност, за да не се доведе во опасност личниот, а и животот на семејството. Но, тоа не е тајност, туку е приватност. Повеќето политички партии истотака немаат јавен список со нивното членство. Дури и корпорациите, не ги кажуваат јавно сопствениците на акции - токму затоа што тоа е приватна работа. Да, масонски ритуали има, но за да се сфати поправилно тој термин, треба да се потенцира дека терминологијата потекнува од 17-тиот век. Односно, не станува збор за религиозни ритуали, туку за церемонија. Како што е церемонија примањето на нови војници, како што е церемонија примањето на нови студенти, или пак дипломирањето на студентите, со одредени правила, со одредена театралност, се со цел да се придаде посебна важност на настанот и да се создаде чувство кај новиот член дека е дел од нешто посебно. Поголемиот дел од масонскиот ритуал не е таен. И не - не наликува воопшто на опишаните во Кодот. Масонството е организација која држи на стриктен морал кај своите членови и не се дозволени било какви баханалии (дури и во приватниот живот - на пример, за изневера на сопругата, членот се исфрла од ложата). |
|
Do what is right, come what may...
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Благодарам зидарски.
ُЕве некои форми на секојдневно општење. http://www.ephesians5-11.org/handshakes.htm Се согласуваш ли зидарски, мислам, дали се такви поздравите при претставување на нов член на Ложата, односно, при меѓусебното општење? |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колку и да се обидува некој, речиси невозможно е да се прикаже масонскиот поздрав на фотографија, а уште помалку на цртеж .
Голем дел од текстот и називите се исто погрешни. Генерално - масони во јавност (особено пред камери и апарати) никогаш нема да се поздрават со некој од знаците. Поздравите се користат само доколку нема никој наоколу, а знаците само внатре во ложата, и никогаш не се користат надвор од неа. Така што - целата идеја дека некаде може да се видат тие знаци, освен внатре во самата ложа е бесмислена. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Масонскиот поздрав можеби неможе да се нацрта, но може да се почувствува, нели, оној специфичен стисок, некако бочно на дланката. Но, цитирам: “Поздравите се користат само доколку нема никој наоколу, а знаците само внатре во ложата, и никогаш не се користат надвор од неа.“-значи ли дека сепак симболите при комуникација горе долу се тие? |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Марија - истава дискусија ја водевме со Спирос на друг под-форум на кој си истотака модератор.
Коментарот кој го цитираш се однесува на тоа дека реално, никој не може да сними или фотографира масонски поздрав или знак, затоа што тоа не се случува во јавност. Те потсетив на муабетот со Спирос, затоа што и нему му реков - не сакам да коментирам вакви работи, од проста причина што сега можам слободно да ти кажам не, но следниот пат кога ќе објавиш слика или цртеж, што ако е вистинит, што ќе треба да направам тогаш...? Да излажам? Тоа не е во ред. Од друга страна, сум дал збор дека нема да ги кажам јавно, ни поздравите, ни знаците. Затоа - и тебе ќе ти речам, како што му реков и на Спирос - во иднина нема да коментирам на таа тема (знаците), затоа што не би сакал некогаш да се доведеме во некоректна ситуација еден кон друг. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во ред зидарски.
Го почитувам тоа што се држиш до зборот и нема да ги коментираш јавно знаците и поздравите, јас не знаев за твојот разговор со спирос. Но, сепак, просторот е отворен па можат други да коментираат. |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На форумов нема многу многу кој да коментира со реални познавања, освен уште само еден член, кој верувам ќе го има истиот одговор што го имав и јас. Има една многу интересна фама околу масонскиот поздрав и знаци... Луѓето отсекогаш сакале да ги дознаат, сметајќи дека со тоа ќе откријат некоја тајна или уште повеќе - дека знаејќи ги знаците, ќе им бидат отворени портите на ложата или на братството... За жал на сите нив - воопшто не е така. Масонските поздрави и знаци имаат значење само и единствено за масоните и за никој друг. Тоа што го ќе го знаеш поздравот или ќе го примениш, не значи дека другиот ќе те смета за масон. Напротив - тоа е само почеток на комуникацијата, но потоа следуваат еден куп детаљи, кои се познати само на членовите и кои колку и да читаш и да наоѓаш материјали (дури и автентични масонски материјали) - апсолутно не можеш да ги знаеш... Но, уште поважно е што - дури и да ги знаеш - нема да имаш апсолутно никаква корист од нив. Внатре во ложата не можеш да влезеш без да се изврши сериозна проверка за тебе, твоето членство, твојата матична ложа итн. Така било стотици години наназад, така ќе биде стотици години нанапред. Никогаш до сега не се случило некој кој е надворешен да влезе во ложа за време на состанок. Единствената причина заради која ние ги чуваме во тајност поздравите и знаците е пред се сентиментална, а не некаква тајност. Прво - затоа што е традиција да се чуваат тие елементи во тајност. Второ - затоа што тоа е проверка на карактерот на оној кој влегува во ложата - дали има морал, дали држи на својот збор, односно, дали е чесен човек, на кој можеш да сметаш во време на невоља (т.е. ако не е во состојба да зачува во тајност една банална работа како што е поздравувањето, како утре да очекувам дека ќе можам да му се доверам за лични и сериозни работи). |
|
Do what is right, come what may...
|
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |