|
Вампири |
Внеси реплика | страница <1 111213 |
Автор | ||
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
социјален... |
||
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
||
Hedonistka
Сениор Shapeshifter Регистриран: 17.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
tocno e za R.P a jas se samo shto veke e dokazano Vampiri ne postojat:) Изменето од Hedonistka - 19.Јули.2010 во 20:58 |
||
If you are reading this, get a life!
|
||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
2. Вампири
Уште еден мит кој што е стар колку што е и времето е митот за вампирите. Овој мит е една од најстарите легенди кој што се јавува кај секоја култура на лицето на земјата. Се разбира, опишувањата на овие крвопијци си имаат свои различни верзии во секоја земја. Во југоисточна Азија на пример, има речиси бескрајни варијации на таа тема.Најчесто вампирите се претставени во форма на убава млада жена која што може да ја оддели главата од трупот и така да лета низ ноќното небо. Некои немаат очници, туку ја цицаат крвта на жртвата со помош на долгите коси. Други пак се служат со долг јазик со кој што ја локаат крвта, или дури и ги вшмукуваат фетусите од утробите на заспаните бремени жени. Дури и за Големото Стапало во северна Америка има еден таква легенда во која што тој е прикажан како крвопиец. Модерната претстава за вампирите се развила од најразновидните европски приказни за нив. На пример, нивната поврзаност со лилјаците е измислица на Брајан Стокер, авторот на Дракула, Во времето пред деветнаесеттиот век вампирите најчесто се престорувале во животни како мачки или кучиња и сл. Колец низ срцето не секогаш можело да ги убие вампирите. Во постарите европски легенди на тој начин само се приковувале вампирите за земјата, додека самото нивно конечно убивање се сметало за невозможно. Лукот исто така во тоа време не би ви бил од голема помош, бидејќи парчиња од лук биле ставани само во устите на мртовците за тие да не се повампируваат и да гризат луѓе. Покрај лукот, исто така ставале и кромид, но најефективниот начин се сметало дека е комплетното отстранување на главата пред закопувањето. Во тоа време вампирите и изгледале поинаку отколку во модерните легенди. Далеку од тоа дека биле бледи суштества, всушност, тие биле претставувани со темен надворешен изглед. Исто така ги немале ниту острите заби кои се денес нивен заштитен знак. И во нашиот фолклор исто така има бројни легенди за вампирите, какви што можете да прочитате на пример во собраните дела на Марко Цепенков. Како и да се развивале приказните за вампирите со текот на времето, јасно е дека се дел од долга традиција на која што е многу тешко да се одредат логичните почетоци. Ако има било каков показател за некаков вампир кој што живее денес меѓу нас, тоа доаѓа во формата на чупакабре. Чупакабре, или „крвопиецот на кози“ ги вознемирувал фармерите на Централна и Јужна Америка веќе долги декади со тоа што целосно им ја исисувале крвта на нивниот домашен добиток, Неколку звидувања, дури и видео снимка од чудните суштества во тој регион посочуваат на тоа дека се работи за некаков мутиран којот, или пак претходно непознато суштество кое наликува на некаков вид на куче. За други пак, тоа е сепак некакво демонско суштество кое што покрај во формата на куче, се јавува и во форма на човек. |
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Германски историчар тврди дека првите вампири се од Србија и ХрватскаИ покрај тоа што во светот постои мислење дека вампирите потекнуваат од Романија и Трансилванија, германскиот историчар доктор Петер Марио Кројтер тврди дека Србија и Хрватска се вистинската колевка на тие суштества, пишува весникот „Слободна Далмација“.Во својот докторат „Верувањата за вампири во Југоисточна Европа“ Кројтер изнесува аргументи според кои првите писмени документи за верувања во вампири, кои тој ги открил, не се од Романија, туку од Србија а подоцна и од Хрватска. Во својот труд Кројтер спомнува указ на српскиот цар Стефан Душан од 1342 година со кој на свештениците им се забранува да учествуваат во ископување и испитување на тела за кои се смета дека имаат волшебна сила. Како прв конкретен случај, научникот посочува расказ од 1720 година за Арнонт Павле од селото Медвеѓе во близина на Белград, кој бил следен од вампир. Павле се намачкал со крв од вампирот за да се ослободи од него, но очигледно не успеал затоа што набргу селаните го нашле телото на Арнонт и го изгореле, за секој случај. Доктор Кројтер тврди дека и Хрватска со векови била „заразена“ со митот за вампирите, што го докажува со легендите за постоење на таканаречените кршници во Далмација кои се бореле со вампири. Тоа биле луѓе кои се родени при посебни околности, на пример за време на голема бура. Душата на кршникот го напуштала телото кога било неопходно и тргнувала во борба против вампирите. Писмените документи за вампири во Романија се појавуваат многу подоцна и мислењето на Кројтер дека тврдењата за нивното трансилваниско потекло е заблуда, може да се смята за точно, изјави доктор Амир Музур поранешен градоначалник на хрватскиот град Опатија и голем познавач на локалната историја. |
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
FosterThePeople
Сениор Регистриран: 17.Декември.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Глупости.Сигурно "вампиркава" не е од крв волкава направена. Изменето од FosterThePeople - 11.Јуни.2014 во 06:06 |
||
I just wanna feel real love.
|
||
Внеси реплика | страница <1 111213 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |