IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Љубов
  Активни теми Активни теми RSS - Дали љубовта е поврзана со времето?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали љубовта е поврзана со времето?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2014 во 23:27
Апсолутно . Со тек на времето останува симпатијата , додека љубовта оди на задни позиции . А дури кој некои љубовта трае додека трае интересот .
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2014 во 23:34
Еве јас се сложувам со Емил дека љубовта ја одржува интересот. И тоа не мора да е оној интерес кој го има едниот од другиот партнер, туку целта и идеалите кон кои се стремат и двајцата среќа
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2014 во 23:50
 Еве еден пример за тоа колку може љубовта  да е поврзана со времето...

Една вечер пред неколку години се роди една љубов. Таа мирна и прекрсна вечер, случајно или поради игра на судбината две срца се споија. Во многуте луѓе од далеку го забележа, беше сладок, насмеан и привлечен. За една вечер нејзиниот свет се промени, во него сега се наоѓаше и тој. Единствено што сакаше беше само да го гледа, да биде во негова близина, секогаш кога ќе ја погледнеше таа се топеше, се засрамуваше, му бегаше со погледот и ненамерно се насмевнуваше. Секој негов поглед за неа претставуваше рај и пекол истовремено, подоцна истата вечер ја фати за рака, а таа посака никогаш да не ја пушти, да застане времето и вечерта никогаш да не заврши, тој да не замине да остане засекогаш до неа.Иако знаеше дека тоа чувство никогаш порано го немало, знаеше дека тоа нема да престане и ќе ја мачи долго, знаеше дека тој непознатиот што и го украде срцето ќе и недостига. Долго време таа вечер се држеа за раце и молчеа, се држеа се додека можеа бидејќи немаше потреба да зборуваат, нивните срца говореа место нив.Се посакуваа таа ноќ и не знаејќи ништо еден за друг се разделија.После долго време на истото место, поради истата причина пак се сретнаа, но овој пат не беше истото, и двајцата беа повозрасни но жарот меѓу нив се уште тлееше. Поради времето поминато без него таа го сакаше уште повеќе, секоја клетка од нејзиното тело трепереше и го посакуваше како онаа ноќ кога прв пат го виде. И повторно го посакуваше истото да остане со него, вечерта никогаш да не заврши, но овој пат тој не ја фати за рака. Овој пат во нивните животи имаше влезено други, без оглед на се таа го сакаше само него, судбината по втор пат решила да ги спои за една вечер која ќе ја минат заедно но сепак разделени. Сакаше да остане насамо со него ама не можеше, освен тоа премногу би привлекла внимание, и да останеа сами што би си кажале тој не беше нејзин, но во срцето секогаш беше.Најпосле се случи нешто подобро тој и проговори, се чувствуваше исполнета и го побара и бројот, а таа не можеше да го одбие и му го даде. Таа вечер повторно се раздели од него со тешко срце, го посакуваше повеќе од порано, го посакуваше со сето свое срце и душа.Кога прв пат го слушна откако се разделија беше пресреќна зошто тој не ја заборавил, минуваа ноќи разговарајќи, беа среќни во нивниот свет, толку блиски а толку далечни, го освои нејзиното срце, и покрај целата болка таа не зажали што му го даде.Помина долго време откако последен пат го слушна, одвреме навреме ќе го побараше, но никогаш не и одговори, не знаеше зошто но се молеше да не биде без одговор, барем да се однесува кон неа како со непозната но само да и пише или да се јави- било што, го бараше и ако изгуби надеж дека ќе и одговори, но еден ден тој ја изненади- ја побара. Го врати сонцето во нејзиниот живот, ги врати надежта и светлината во нејзиниот пропаднат свет, повторно ги насели нејзините мисли, тоа што тој сега беше сам ја направи посилна и похрабра.Но среќата не беше на нејзина страна и овој пат почна да го губи без да знае зошто, го сакаше, сакаше да го пушти да биде среќен но не можеше да се натера себе си да престане да го бара, беше себична го сакаше по секоја цена, беше подготвена на се за него но проблемот не беше во неа. Можеби тој не беше спремен на истото за да биде негова, можеби не сакаше таква љубов на далечина. Како и да е го сакаше, го сакаше повеќе од себеси, ако треба да се откаже од него за да биде среќен ќе се откаже и да е тоа последното нешто што ќе го направи во нејзиниот живот. 

Тој никогаш не разбра дека нејзиниот живот всушност е тој, и без него таа е ништо, па така одалечувањето од него полека и тивко ја убива со секој изминат ден без него, без неговиот глас и без неговата насмевка…


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.