IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб AS Roma
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб AS Roma

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2009 во 21:15

kako ne...sportskata sreka nekogas mozeda bide presudna...

pocnuvajki od zdrepkata na natprevarite na primer...ako imas poveke sreka ke dobies polesen protivnik, neli??
bev sportist znam sto znaci toa...среќа
 
a vie Roma nemase sreka iskreno koga ispadna na penali vo LS.
konkretno denes, Roma imase poveke sreka od Milan...
 
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2009 во 21:20
Jas sum seuste sportist

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2009 во 18:06
Бурдисо потпиша за Рома

Аргентинскиот дефанзивец Николас Бурдисо стана нов член на италијанскиот гигант Рома. По завршувањето на минатата сезона 28-годишниот фудбалер беше прогласен за вишок кај италијанскиот првак, па беше принуден под итно да си пронајде нов клуб.

"Се е готово, станав играч на Рома. Ги спакував куферите и заминав во главниот град", изјави Бурдисо.

Аргентинецот е отстапен на една година, а Рома ќе нема можност да го откупи неговиот договор.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2009 во 18:07
Одлично засилување за одбраната на Римјаните.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 16:34

Сегашниот стратег на Челзи изјави дека еден ден ќе седне на клупата на “римската волчица“.

 

Во изјавите во кои Карло Анчелоти негираше дека на крајот од сезона ќе ја превземе Рома, Италијанецот најави и дека планира еден ден да седне на клупата на римскиот калчолигаш. Посебно доколку работите не се одвиваат како што тој посакува на Стемфорд Бриџ.

Неговото име и понатаму се поврзува со клупата на Рома, на која сега како привремено решение до крајот на оваа сезона седи Винченцо Монтела.

Да бидам тренер на Рома отсекогаш било моја голема желба. Многу пати до сега сум го изјавувал тоа, нема што да кријам. Сепак, тоа не значи дека уште утре ќе ја превземам Рома. Се надевам дека ќе останам во Челзи со кого имам уште доста до крајот на договорот“ - изјави Анчелоти, кој добар дел од играчката кариера има поминато токму во клубот од Рим.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 16:03

Капитенот на Рома по постигнувањето на својот 200. гол во Серие А за следна цел си го постави рекордот на Роберто Баџо од 205 постигнати погодоци.

 

Можеби нерешениот исход од неделниот дуел со Фиорентина и не беше некоја причина за славје во редовите на Рома, но таа средба сепак одбележа голем момент во кариерата на капитенот на римјаните Франческо Тоти. Неговите два погодоци, од кои еден од пенал, го однесоа до бројката од 200 постигнати голови во Серие А.

Само пет други играчи во историјата на Серие А стигнале до таа бројка, а Тоти не планира да застане на тоа.

Нормално дека сум среќен, но не планирам да застанам на бројот 200. Сега сакам да го стигнам Баџо и неговите 205 погодоци, се надевам уште оваа сезона“ - рече Тоти.

Тој сега има 201 гол зад неговото име, секој постигнат во дресот на Рома со која се обидува и оваа сезона да се пласира на место кое води во Лигата на шампионите. Трка во која во моментов се наоѓаат зад Удинезе и Лацио.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2011 во 06:07
Енрике: Само уште потпис ме дели од Рома

"Се е веќе договорено, недостасува само уште потпис на мојот договор" - изјавил пред италијанските медиуми Луис Енрике, очигледно, новиот тренер на фудбалерите на Рома.

Таков расплет на преговорите меѓу италијанскиот прволигаш во нова американска сопственост и поранешнот тренер на Б тимот на Барселона веќе подолго време се јавуваше. а сега стигна и до сама завршница.

"Задоволен сум од донесената одлука и проектот кој Рома го најавува. Ми делува победнички, а јас сум амбициозен тренер победник. Практикувам напаѓачки фудбал, онаков каков што ги превлекува луѓето на стадионите. Луѓето во Италија сеуште не ме познаваат, па нормална е нивната недоверба, а на крајот на сезоната ќе говориме со факти" - вели Енрике.

Се шпекулираше дека Енрике во Рома ќе доведе некој од поранешните играчи кои ги водеше во досегашниот тим.

"Имам намера да работам со најдобрите играчи, оние од Рома и оние кои ќе успееме да ги доведе од Барселона" - одговорил Енрике.

Џефрен Суарез, Џонатан Сориано, Ориол Ромеу и Мартин Монтоја се споменуваат од Б тимот на Барса кои би можеле да се преселат во Рома.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2011 во 05:17
Вучинич сигурно ја напушта Рома

Голема заинтересираност владее за напаѓачот на Рома, Мирко Вучинич. Валтер Сабатини на Црногорецот му понуди нов договор , но од Рим стигнуваат приказни дека играчот тоа го одбил, што би значело дека сигурно го напушта "Олимпико". Тој моментално заработува 4 милиони евра по сезона и има договор на уште две години. Рома на него би можела да заработи, имаше лоша измината сезона, но некој великани веруваат дека е совршен играч. Прв во редот е Јувентус кој посакува да доведе еден напаѓач од светска класа ова лето. Манчестер Сити можеби не е великан, но ќе игра во Лигата на Шампионите следната сезона и ќе ја нападне титулата во Премиерлигата и што е најважно имаат пари колку што сакаат. Вучинич за Рома минатата сезона одигра 28 натпревари и постигна 10 погодоци, што е апсолутно под неговото реноме.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2011 во 05:54
Луис Енрике официјално во Рома

Управата на Рома го именуваше некогашниот шпански репрезентативец, Луис Енрике Мартинез за шеф на стручниот штаб.

Луис Енрике, кој во богата играчка кариера го носеше дресот на двата шпански гиганти, со раководството на "волчицата" потпишал двегодишен договор.

Тој во првата сезона ќе заработи 2,9 милиони евра, а доколку остане до летото 2013. година на клупата на трофејниот римски клуб ќе инкасира вкупно шест милиони евра.

Луис Енрике во кратката тренерска кариера го предводеше единствено Б тимот на Барселона, а во новата средина обврска ќе му биде да го подобри пласманот на Рома, која минатата сезона заврши на шестото место во италијанската Серија А.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2011 во 06:08
Бојан од следната недела во Рома

Трансферот на Бојан Кркиќ од Барселона во Рома е завршена работа, соопшти 'Радио Цаталуња'. Двата клуба се договориле за сите прашања и останува само официјално да го обликуваат преминувањето на напаѓачот во римскиот клуб. Римјаните ќе платат 10 милиони евра за правата на 20-годишниот напаѓач. Се очекува денеска од раководството на Барселона да објават дека преговорите за продажба на Кркиќ се финализирани успешно. Напаѓачот од српско потекло треба официјално да потпише со Рома следната недела. Во моментов тој е со репрезентацијата на Шпанија до 21 година на Европското првенство во Данска. Во Рома, Кркиќ ќе работи под водство на Луис Енрике, кој до минатата сезона беше на чело на вториот состав на Барселона

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2012 во 17:11

АНЧЕЛОТИ ЈА СОНУВА КЛУПАТА НА РОМА





Тренерот на Париз Сен Жермен, Карло Анчерлоти призна дека би сакал еден ден да стане шеф на стручниот штаб на Рома за која играл осум години.




Дали е мојата иднина во Рома? Да, но се надевам првенствено сегашниот тренер Луис Енрике ќе оствари добри резултати. На секој нов тренер кој не е од Италија му е тешко да се навикне на италјанскиот фудбал“. изјави Анчелоти.


Карло Анчелоти како играч на Рома освои титула шампион на Италија во 1983 година и четири национални Купови.


Екипата на Рома моментално го завзема шестото место на табелата во Серија А со 13 бодови помалку од водечкиот Милан.


Сегашниот клуб на Анчелоти, Париз Сен Жермен, е второ пласиран во француската лига со бод помалку од лидерот Монпелје.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2012 во 05:54

ЗДЕНЕК ЗЕМАН ОФИЦИЈАЛНО Е НОВ ТРЕНЕР НА РОМА






Зденек Земан официјално е нов тренер на Рома. Земан кој има 65 години во периодот од 1997 - 99 година  беше тренер на Рома а претходно и на Лацио. 

Во Италија како тренер  започна со младинскиот тим на Палермо 1981 година а во кариерата во Италија  беше тренер и во Ликата, Фоџа, Парма, Месина, Наполи, Салернитана, Авелино, Бреша и Пескара. 

Надвор од Италија работеше како тренер кај Фенербахче  и Црвена Звезда. Со Рома потпишал договор на две години  во вторник ќе им биде преставен на навивачите.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2014 во 00:45
Еден е Тоти ! По неговото пензионирање никој нема да ја облече десетката во Рома !

12

Би било одлично кога би можеле да направиме реплики на фудбалери какви што се Тоти, Де Роси, Флоренци. Без сомнение ‘десетката’ ќе ја повлечеме кога Тоти ќе реши да ја заврши кариерата”, рекол Палота.

Првиот човек на Рома потврдил дека Рома планира изградба на нов стадион кој ќе има капацитет од 52.000 места.

„Конструкцијата на стадионот е клуч за развојот на фудбалот во Италија, а верувам дека властите ќе го поддржат нашиот проект. Рим годишно го посетуваат 30 милиони туристи”, дополнил Палота.

Рома, оваа сезона, по неколку години стагнација се врати во врвот на италијанскиот фудбал, екипата која имаше брилијантен старт во првенството, во моментов се наоѓа на второто место во Серија А.


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,235 секунди.