IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - Оскари
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Оскари

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2010 во 09:42
Објавени номинациите за Оскар

„Аватар“ на Џејмс Камерун и воената драма Катанец за срцето на Кетрин Бигелоу предничат во трката за Оскар со по девет номинации, меѓу кои и номинација за најдобар филм во изминатата година.

За престижната награда на американската Филмска академија ќе се натпреваруваат уште осум филмови, пет повеќе отколку сега - Во воздухот, Слепа страна, Драгоцена, Дистрикт 9, анимираниот филм До небо, Проклетници, Образование и Сериозен човек.

Во категоријата за најдобра машка улога се номинирани Џеф Бриџис, Џорџ Клуни, Колин Фирт, Морган Фримен и Џереми Ренер.

За најдобра женска улога Оскар може да очекуваат Сандра Булок, Хелен Мирен, Кери Малиген, Габори Сидибе и Мерил Стрип. Булок е првата актерка која е биде номинирана за најдобро остварување, но истовремено и за најлошо актерско остварување - Златна малина.

Номинирани за најдобра споредна улога во машка категорија се Мет Дејмон, Вуди Харелсон, Кристофер, Стенли Тучи и Кристофер Волтс, а во женска - Пенелопе Круз, Вера фармига, Меги Гиленхал, Ана Кендрик и Мо'Ник.

За Оскар за најдобра режија може да се надеваат Џејмс Камерун (Аватар) и Кетрин Бигелоу (Катанец за срцето), но и Квентин Тарантино (Проклетници), Ли Дениелс (Драгоцена) и Џејмс Ритман (Во воздухот).

Ако сакате да ја видите целата листа на номинирани кликнете тука.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2010 во 12:59
Јас сакам Сандра Булок и Морган Фриман да добијат...Ги обожавамголема%20насмевка

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2010 во 16:42
Најинтересни факти за доделувањето на Оскарите

За време на 81-годишната историја на доделувањето на Оскарите се случувале различни и необични работи кои останаа забележани во историјата. Веројатно многу од вас се запрашале колку жени биле номинирани за Оскар за најдобра режија, или пак кој правел склекови на сцената и не се заблагодарил за Оскарот.

- Titanic, Ben Hur и The Lord of The Rings: Return of The King добиле по 11 Оскари и со тоа станаа епски популарни филмови. Titanic и All About Eve имаа по 14 номинации.

- Филмовите The Turning Point и The Colour Purple имале по 11 номинации, но не добиле ниту една златна статуетка, со што беа прогласени за најголеми губитници во историјата.

- Само два пара на актери биле номинирани за иста улога во ист филм. Кејт Винслет во Titanic ја играла Роус Дјуит, додека Глорија Стујард ја играла старата Роус. Кејт Винслет исто така биле номинирана за улогата на младата Ирис Мурдок во филмот Iris, во кој Џуди Денџ ја глумела старата Ирис.

- Walt Disney имал 64 номинации, а освоил вкупно 26 Оскари, што е најмногу од сите останати.

- Само четири жени биле номинирани во категоријата најдобар режисер во историјата на оваа церемонија. Тоа беа Лина Вермилер за филмот Seven Beauties, Џејн Кампион за The Piano, Софија Копола за Lost in Translation и режисерката Кетрин Бигалоу за филмот The Hurt Locker.

- Американскиот актер Боб Хоуп бил 18 пати домаќин на церемонијата за доделување на Оскари. Прв пат бил во 1939 година, а последен пат 1977 година. Актерот Били Кристал бил водител на програмата осум пати, а водителот и комичарот Џони Карсон пет пати.

- Единствен инцидент на доделувањата се случил во 1974 година кога форографот Роберт Опал истрачал на сцената. Тој во 1979 година бил убиен во кражба која се случила во секс шоп во Сан Франциско.

- Режисерот Френк Капра имал шанса да почувствува што значи кога ќе се помешаат идентитетите на луѓето. Имено, за време на доделувањето на Оскарите во 1934 година, на сцената по наградата излегол Френк, а вистинскиот добитник на наградата бил Френк Лојд за филмот Cavalcade.

- Том Хенкс за време на говорот го спомнал името на својот поранешен професор по драма, кој го окаректеризирал како најдобар хомосексуалец во САД. Тоа се се случило додека актерот ја подигнувал наградата за најдобар актер во филмот Philadelphia.

- Пејачот Фил Колинс добил Оскар, за најдобра песна You’ll Be In My Hart од филмот Tarzan.

- Актерот Џек Паланс го прифатил Оскарот во категоријата спореден актер во филмот City Stickers, но не се заблагодарил на сцената. Наместо тоа, овој 73-годишен актер направил склекови.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2010 во 14:06
Холивуд забрзано се подготвува за филмските награди

Една недела пред доделувањето на наградите Оскар, коктел забави се одржуваат на секој агол во Холивуд, како и многубројни ручеци и вечери во чест на номинираните.

 Всушност се во Холивуд е подредено за големиот неделен натпревар за Оскар. Во меѓувреме проби се одвиваат во Кодак Театарот.

Наместо да се вратат на своите места откако ќе го примат Оскарот, ѕвездите оваа година ќе можат да се опуштат во зелената соба во бекстејџот на Кодак Театарот, каде ќе можат да се напијат пијалак, да го гледаат шоуто на големите екрани како и својот одраз на бројните огледала.

Дизајнерот на ентериер Роџер Томас рече дека зелената соба е инспирирана од холивудскота златна доба. Црниот лакиран мебел е порабен во нијансите на крем и бела боја, додека на масите има орхидеи и големи кристали. Отворениот градинарски простор е поврзан со зелената соба и е наменет за „селебрити“ пушачи. А секаде има огледала.Освен што прават светлина и одраз внатре во собата, тие ќе им овозможи на ѕвездите да ја видат сцената од секој агол.

- Вие најдобро се чувствувате кога вашиот изглед е најдобар, рече Томас.

Затоа е тука и масата за шминкање, која се наоѓа над зелената соба. Надвор од Кодак Театарот, џиновски златен Оскар стои завиткан во пластика и го чека својот голем ден.

Костимите од филмовите номинирани за Оскар се изложени во историската Макс Фактор зграда. Тука се најде воената униформа од „Hurt Locker“, фустанот на Сандра Булок од „Blind Side, а на дисплеј е прикажан и костимот на Мерил Стрип од „Julie & Julia“.

Неколку блокови на најпознатата улица - Холивуд Булевар, се затвораат секоја година поради поставување на црвениот тепих, како и сцена надвор од Кодак Театарот.

Холивуд Булевар е затворен меѓу Хајленд Авенија и Оринџ Драјв се до 9 март.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2010 во 10:14
Доделени наградите на Американската филмска академија

Американската филмска академија по 82. пат ги додели наградите Оскар во преку 20 категории, а домаќини на церемонијата беа Стив Мартин и Алек Болдвин.

Оскар за надобар филм во изминатата година и припадна на нискобуџетната драма за војната во Ирак The Hurt Locker.

Оскар за најдобра режија доби Кетрин Бигелоу за "The Hurt Locker".

Најдобра женска улога освои Сандра Булок за улогата во филмот Мртов агол. Булок доби оваа година и Златна малина - награда за најлоша женска улога за остварувањето во филмот Се за Стив.

Оскар за најдобра машка улога доби Џеф Бриџис за улогата на остарениот пејач во филмот „Crazy Heart" (Лудо срце).

Оскар за најдобра споредна женска улога доби Мо'Ник за улогата во филмот „Precious".

Оскар за најдобра споредна улога му припадна на Кристоф Валц за остварувањето во филмот Inglourious Basterd.

Награда за остварување вон англиско говорно подрачје доби аргентинскиот филм „El secreto de sus ojos.

За најдобар анимиран филм е прогласен „Up".

Кон врв
Jovan.74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Декември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Jovan.74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2010 во 18:17
аватар е најдобар беее
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2010 во 18:32
srekja shto drugite vo svetov ne se kako makedoncive,..inache , bi izumrela produkcijata na filmovi za "golemoto platno"!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2010 во 20:57
му го земаа оскарот на џејмс камерон... пред носот голема%20насмевка сепак, според мене, многу му е гајле... колку пари заработи со аватар и самиот не е свесен изненадување
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2011 во 16:04
Во недела 83-то доделување на филмските награди Оскар

Во холивудскиот театар „Кодак“ во недела вечер ќе се одржи 83-тата церемонија на доделување на филмските награди Оскар.

Оваа гламурозна церемонија, која најдобро го симболизира сјајот на Холивуд, повторно на едно место ќе го собере кремот на светската кинематографија.

Домаќини на овогодишното доделување на Оскарите се младите актери Ен Хатавеј и Џејмс Франко, кои гостите ќе ги забавуваат не само со хумор, туку и со песна и танц. Во предавањето на златните статуетки ним ќе им помагаат и голем број ѕвезди, меѓу кои Хилари Свонк, Џош Бролин, Скарлет Јохансон, Расел Бранд, Роберт Дауни Џуниор, Хју Џекман, Анет Бенинг, Џад Ло, Рис Видерспун и Опра Винфри.

Според филмските критичари меѓу десетте одлични остварувања кои оваа година се во трката за Оскарите се издвојуваат два главни фаворити.

Првиот е британската историска драма „Говорот на кралот“, кој има 12 номинации за Оскар. Оваа трогателна приказна раскажува за односот меѓу идниот британски крал Џорџ Шести, кој се обидува да го надмине проблемот со пелтечењето, и еден обичен човек кој му помага во тоа. Овој филм веќе ја освои наградата на американското Здружение на режисери, продуценти и филмски актери, па важи за главен фаворит за Оскар во категоријата најдобар филм.

Речиси исти шанси критичарите и медиумите му даваат и на филмот „Социјална мрежа“ на Дејвид Финчер, кој исто така е снимен според вистински настан. Филмот раскажува за студентот на „Харвард“ Марк Цукерберг чии програмерски идеи се трансформираат во глобалната социјална мрежа „Facebook“, која за само шест години ќе го направи најмлад милијардер во историјата.

Во конк*ренцијата со најдобро филмско остварување се и психолошкиот трилер „Црн лебед“ на Дарен Аронофски, „127 часа“ на Дени Боил, спортската драма „Борец“ на Дејвид О. Расел и авантуристичкиот вестерн „Човекот наречен храброст“ на Џоел и Итан Коен.

Изненадување би можел да претставува научно-фантастичниот трилер „Почеток“ на Кристофер Нолан, кој говори за еден човек кој поседува моќ да манипулира со соновите, комедијата за лезбејското семејство „Децата се во ред“ на Лиза Чолоденко и драмата „Зима до коски“ на Дебра Гранит, која раскажува за една 17-годишната девојка која се грижи за болната мајка и двајцата помлади браќа во рурално и социјално деградирано опкружување. Како фаворит во сенка се смета и анимираниот филм „Приказна за играчките 3“, кој постигна извонредни рекорди на посетеност во кино салите.

Во трката за Оскар за најдобра режија се номинирани Дарен Аронофски за „Црниот лебед“, Дејвид О. Расел за „Борец“, Том Хупер за „Говорот на кралот“, браќата Коен за „Човекот наречен храброст“ и Дејвид Финчер за „Социјална мрежа“, кому критичарите му даваат најголеми шанси.

Речиси сите критичари и прогнозери се сигурни дека наградата за најдобра машка улога ќе ја добие Колин Фирт за улогата на Кралот Џорџ Шести во „Говорот на кралот“. Покрај него, за Оскар за најдобра машка улога се номинирани и Хавиер Барден за „Преубаво“, минатогодишниот добитник Џеф Бриџис за „Човекот наречен храброст“, Џеси Ајзенберг за „Социјална мрежа“ и Џејмс Франко за „127 часа“.

Во конк*ренција за Оскар за најдобра женска улога главен фаворит е Натали Портман за улогата на балерина во филмот „Црн лебед“. Покрај неа, за оваа награда номинирани се и Анет Бенинг за „Децата се во ред“, Никол Кидман за „Пат во непознато“, Мишел Вилијамс за „Blue Valentine“ и Џенифер Лоренс за „Зима до коски“.

Во конк*ренција за Оскар за епизодна женска улога се Мелиса Лео за „Борец“, 14-годишната Хејли Стејнфелд за „Човекот наречен храброст“, Хелена Бонам-Картер за „Говорот на кралот“, Ејни Адамс за „Борец“ и Џеки Вивер за „Животинско кралство“.

Кандидати пак за Оскар за споредна машка улога се Кристијан Бејл за „Борец“, Џефри Раш за „Говорот на кралот“, Џон Хоукс за „Зима до коски“, Марк Руфало за „Децата се во ред“ и Џереми Ренер за „Град на крадците“.

Во категоријата Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје номинирани се мексиканскиот „Преубаво“ на Алехандро Гонзалес Ињериту, данскиот „Во подобар свет“ на Сузане Бир, грчкиот „Очник“ на Јоргос Лантимос, канадскиот „Пожари“ на Дени Вилнев и алжирскиот „Hors la loi“ на Рашид Бушаребе.

За најдобар анимиран филм кандидати за Оскар се „Приказна за играчките 3“, „Илузионист“ и „Како да го тренирате змејот“.

Во светот на модата веќе на големо се шпекулира какви тоалети оваа година ќе носат актерките - златно или сребрено ламе, како она што лани го носеше оскаровката Сандра Булок или пак „воздушен“ кројка, како што некогаш носеа филмските ѕвезди.

Се шпекулира и со тоа дали оваа година филмските ѕвезди ќе се определат за водечките модни куќи како што се „Армани“, „Версаче“, „Диор“ или „Шанел“ или пак својата доверба ќе му ја дадат на некој помалку познат дизајнер.

Дали сите овие претпоставки и шпекулации ќе се остварат сепак ќе биде познато во недела вечер кога ѕвездите ќе почнат да пристигнуваат на црвениот тепих пред театарот „Кодак“ во очи почетокот на овогодишанта церемонија на доделување на Оскарите.
Кон врв
Liberation Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2011
Локација: Libya
Статус: Офлајн
Поени: 30
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Liberation Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2011 во 11:40
Гледани ми се само Социјална мрежа и Говорот на кралот. А ако овие филмови имаат најмногу номинации, тогаш слободно можам да кажам дека квалитетот е многу полош од минатата година.

Во Социјална мрежа целата фама ја прави популарноста на сајтот и финтата со која Цукерберг ги зафркнал колегите (рецепт а ла Бил Гејтс). Филмот, без тоа, би бил анонимус, таман колку што заслужува. Досадно, досадно, досадно...

Говорот на кралот не е ништо подобар. Единствено глумците со својата глума внесуваат живот во филмот. Сторијата се потпира на вистински настани, и е страшно досадна: таткото на Елизабета Втора, Џорџ Шести, води психолошка воја со својот проблем со пелтачење, додека Хитлер ги хипнотизира масите и ги подготвува за најстрашната војна во човечката историја.

Од друга страна, филмот ја демистифицира “сината крв“ како надчовечка, покажувајќи како “божјиот владетел на земјата“ едвај може да изусти збор-два пред нацијата.

Бетка, наводно, била трогната од филмот.
“Лондонските медиуми, повикувајќи се на извори во Бакингамската Палата, откриваат дека кралицата на една приватна проекција во кругот на нејзиното семејство, со задоволство го проследила филмот за настојувањето на нејзиниот татко да го надмине проблемот што го имал со пелтечењето за да може да одрзи кралски говор за време на крунисувањето во 1936 година, како и три години подоцна при обраќањето до нацијата по објавуванјето на војната меѓу Велика Британија и нацистичка Германија и почетокот на Втората светска војна.

Во филмот е прикажна и Кралицата Елизабета Втора, кој е постара ќерка на Џорџ Шести, која во времето што го обработва филмот била малечко девојче“.

Се’ на се’, Едвард Осми, братот на Џорџ Шести, е прав маж. Замисли, абдицира од кралскиот трон за да може да се ожени со жената што ја сака. Епски...
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2012 во 07:53

Оскари 2012 


Вечерва во центарот „Кодак“ се одржа 84-то доделување на Оскарите. И оваа година 9-ти пат по ред домаќин на Оскарите беше Били Кристал.
Меѓу ѕвездите кои се појавија како презентери на статуетките беа Том Хенкс, Том Круз, Хали Бери, Анџелина Џоли, Кристијан Бел, Сандра Булок, Крис Рок, Пенелопе Круз, Камерон Дијаз, Џенифер Лопез, Ема Стоун...
Како фаворити за освојување на златните статуетки оваа година беа филмот „The Artist “и актерите Џорџ Клуни за најдобра машка улога и Мерил Стрип која седумнаесет пати досега била номинирана за наградата најдобра женска улога а два пати ја има и добиено златната статуетка.
За наградата најдобар филм оваа година за првпат се натпреваруваа девет филмови, а најмногу номинации (11) имаше филмот „Hugo“ на Мартин Скорсезе. Веднаш по него со само една номинација помалку беше францускиот филм „The Artist“ на Мишел Азанависиус, кој беше главен фаворитна овогодинешните Оскари.
За најдобра режија во конкуренција се три големи режисерски имиња: Мартин Скорсезе за „Hugo“; Теренс Малик за „Tree of life“; Вуди Ален за „Midnight in Paris“ и два помлади режисери Александар Пејн за „The Descendants“ и Мишел Азанависиус за „The Artist“.

Еве некои од добитниците на Оскарите за 2012 година кои сигурно ќе ве интересираат:

Најдобра женска споредна улога за филмот „The Help“ ја освои Октавија Спенсер

Најдобра машка споредна улогата му припадна на Крисофер Пламер за филмот „Почетници“, на 82 години е најстариот актер кој некогаш добил Оскар.

За најдобра монтажа освои филмот „Девојката со тетоважа на змеј“; ова е втора статуетка на тимот, лани освоија за филмот „Социјална мрежа“.

За најдобар документарец беше прогласен филмот „Undefeated“.

Наградата за најдобар анимиран филм ја зема филмот „Rango“, честитки и до македонската екипа која работеше на овој филм.

За најдобра филмска музика беше прогласена музиката од филмот „The Artist “ со композиторот Лудовик Боурс.

Наградата за најдобро сценарио освои Вуди Ален за филмот „Midnight in Paris“.

Наградата за најдобар краткометажен филм му прирадна на филмот „The Shore“.

Статуетката за најдобра машка улога отиде во рацете на францускиот актер Жан Дежарден за улогата во филмот „The Artist“.

За најдобра женска улога беше прогласена Мерил Стрипза улогата во филмот „Iron Lady“, нејзина трета статуа од вкупно 17 номинации.

Најдобра режија освои „Мишел Азанабишес“за филмот „The Artist“.

Во главната категорија – најдобар филм на Оскарите 2012 победи филмот „The Artist“.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2012 во 08:59
koj se zanimava veke so oskarite,  za edna nedela nikoj na nisto nema da se sekava
taka barem  se pokaza kaj Amerikancive ,  vazno e da se bide viden na toj den na dodeluvanjeto da se pomine na crveniot tepih i tolku , nemat  ni vrednost ni vaznost  oskarite kako  porano ..!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2012 во 09:01

Оскари 2012: Триумф на The Artist и Hugo

Немиот филм „The Artist“ ги освои главните награди на овогодинешното доделување на  Оскар, а со ист број на награди (5) си замина  и филмот Hugo.

Црно-белиот филм „The Artist“ ги освои наградите во категориите најдобар режисер, Мишел Хазанавичиус, најдобар актер во главна улога, Жан Дужардан, а исто така и за најдобар филм.

Покрај овие две награди, филмот освои награда и за најдобра музика и најдобра  костимографија.

Мерил Стрип ја освои наградата за најдобра актерка за главната улога во „The Iron Lady“, Окатавија Спенсер за најдобра споредна улога во филмот „The Help“, а Кристофер Пламер триумфираше во споредната машка улога за филмот „Beginners“.

Вуди Ален го освои четвртиот Оскар во кариерата за најдобро оригинално сценарио за филмот „Midnight in Paris“, а за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје беше прогласен филмот „A Separation“ од Иран. Водител на Оскарите беше Били Кристал.

Најдобар филм: The Artist

Најдобар актер: Jean Dujardin, The Artist

Најдобра актерка: Meryl Streep, The Iron Lady

Најдобра актерка во споредна улога: Octavia Spencer, The Help

Најдобар актер во споредна улога: Christopher Plummer, Beginners

Најдобра режија: Michel Hazanavicius, The Artist

Кинематографија: Hugo

Костимографија: The Iron Lady

Филм од неанглиско подрачје: A Separation, Iran.

Монтажа: The Girl With the Dragon Tattoo

Звучна монтажа: Hugo

Документарец: Undefeated

Анимиран долгометражен филм: Rango

Визуелни ефекти: Hugo

Оригинална музика: The Artist

Оригинална песна: Man or Muppet from The Muppets

Адаптирано сценарио: Alexander Payne, Nat Faxon and Jim Rash, The Descendants

Оригинално сценарио: Woody Allen, Midnight in Paris

Краток филм: Saving Face

Анимиран краток филм: The Fantastic Flying Books of Mr Morris Lessmore



Изменето од Valerija - 28.Февруари.2012 во 09:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2013 во 09:53

Првата дама го прогласи победникот- Argo!

Првата дама на САД, Мишел Обама со специјално вклучување во Долби театарот во Лос Анџелес го прогласи победникот на овогодинешното доделување на наградите Оскар, Argo.



Life Of Pi, е севкупен победник со 4 освоени златни статуетки, вклучувајќи ја и таа за најдобра режија која отиде во рацете на Анг Ли, додека пак вкупно 3 оскари имаат Argo и Les Miserables.



Даниел Деј Луис ја освои наградата на најдобра главна машка улога, за неговото портретирање на американскиот претседател, Абрахам Линколн во филмот Lincoln, а Џенифер Лоренс се закити со наградата најдобра актерка во главна улога за улогата во Silver Linings Playbook.

Лоренс видно изненадена за победата, се сопна на скалите одејќи до бината за да го подигне својот Оскар, а Даниел деј Луис влезе во историјата како единствениот актер кој освоил 3 оскари во категоријата најдобра машка главна улога.

Кристоф Валц за Django Unchained и Ен Хатавеј за Les Miserables освоија Оскари во категориите споредни улоги, а австрискиот Amour на Михаел Ханеке го освои оскарот за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Англиската пејачка Адел го освои оскарот за најдобра песна наменета за филм, за одличната балада Skyfall, од последниот Бонд филм, Skyfall.

Водител на церемонијата беше комичарот, аниматор, режисер и гласовен актер Сет Мекфарланд, а овогодинешното доделување на Оскарите го одбележаа кратките говори на победниците, како и музичките точки на Џенифер Хадсон и Кетрин Зета Џонс.

- Најдобра машка споредна улога - Кристоф Волц
- Најдобар краток анимиран филм - Paperman (Џон Карс)
- Најдобар долгометражен анимиран филм - Brave (режија Марк Ендрус и Бренда Чепмен)
- Најдобра кинематографија - Животот на Пи (Клаудио Марендо)
- Најдобри визуелни ефекти - Животот на Пи (Бил Вестенхофер, Ерика-Јанд де Бур, Доналд Р. Елиот)
- Најдобра костимографија - Ана Каренина (Жаклин Дуран)
- Најдобра фризура и шминка - Клетници (Лиза Вескот и Џули Дартнел)
- Најдобар краткометражен филм - Полициски час (Шон Кристенсен)
- Најдобар краткометражен документарен филм - Inocente (Шон и Андреа Фајн)
- Најдобар долгометражен документарен филм - Во потрага по Шеќерниот човек
- Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје - Љубов (Михаел Ханеке)
- Најдобар звук - Клетници
- Најдобра монтажа на звучни ефекти - 00:30 Тајна Операција (Пол Отосон) и 007 Скајфол (Пер Халберг, Карен Ландерс)
- Најдобра женска споредна улога - Ен Хатавеј (Клетници)
- Најдобра монтажа на филм - Вилијам Голденберг (Арго)
- Најдобар продукциски дизајн - Линколн (Рик Картер и Џим Ериксон)
- Најдобра оригинална филмска музика - Животот на Пи (Мајкл Дана)
- Најдобра оригинална песна за филм - Скајфол - Адел (Скајфол)
- Најдоброто адаптирано сценарио - Крис Терио (Арго)
- Најдобро оригинално сценарио - Квентин Тарантино (Џанго Разузданиот)
- Најдобар режисер - Анг Ли (Животот на Пи)
- Најдобра актерка - Џенифер Лоренс (Во добро и во лошо)
- Најдобар актер - Даниел Деј Луис (Линколн)
- Најдобар филм - Арго
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.