Мошти на свети Јован Кукузел пристигнаа во манастирот во Рајчица (16.01.2007)
На 15.01.2007 год., кога Светата Православна Црква ги слави св. Силвестер папа Римски и св. Серафим Саровски, во Бигорскиот манастир пристигнаа светите мошти на св. Јован Кукузел. Овој голем светител и автор на многу црковни химни бил Македонец по потекло од овие краишта. Моштите пристигнаа преку Големата Лавра (каде се чува целиот череп, и поголем дел од моштите), а од манастирот на Светото Преображение во Бостон. Поточно тие се подарок на братска љубов од старецот на манастирот о. Пантелејмон за молитвен спомен на архимандрит Партениј, а во чест на тоа што во родните краишта на св. Јован Кукузел му е подигнат параклис (во метохот на св. Георгиј Победоносец, во с. Рајчица, дебарско).
Веднаш
после пристигнувањето, моштите беа ставени во чист пчелин восок и
вградени во сребрена кутија и беа пренесени во метохот, во параклисот
посветен на овој наш голем светител.
За преносот беа задолжени бигорските свештеномонаси о. Доситеј и о. Јосиф. Со торжествено биење на камбаните, моштите беа пречекани од сестринството на манастирот и манастирските гости.
На многаја лета!
Свети Јован Кукузел моли се за нас!