IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Омилена пица - рецепти
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Омилена пица - рецепти

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 91011
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2014 во 12:15

Необични и неодоливи рецепти за пица


Сигурно и вие спаѓате во обожавателите на ова неодоливо италијанско јадење. Во прилог ви претставуваме неколку лесни рецепти кои ќе ве воодушеват!

БРЗА ПИЦА

Потребни состојки: 1 шолја кисела павлака, 1,5 шолји брашно, 1 лажичка прашок за печиво, кечап, шунка, кашкавал.

Подготовка: Помешајте ги брашното и прашокот за печиво, додадете ја павлаката и замесете го тестото. Доколку премногу се лепи, додадете уште малку брашно. Месете околу 5 минути па веднаш ставете го во подмачкано тавче, премачкајте го со малку масло и додадете кечап, шунка, кашкавал и останатите состојки кои ги сакате на пицата. Печете на 220 степени 10-12 минути.

ПИЦЕТИ СО ДОМАТИ



Потребни состојки - тесто: 250 гр бело брашно, 200 гр интегрално брашно, 4 лажици маслиново масло, 3 дл сок од домати, сол, квасец. 

Фил: сос од домати, 3 помали домати, 150 гр рендано моцарела сирење, оригано, маслинки.

Подготовка:

Сите состојки за тестото ставете ги во подлабок сад и замесете го тестото со сок од домати, така што треба да ви излезе меко. Оставете го да се подигне. Доматите и маслинките исечкајте ги на тенки кругчиња. Кога тестото ќе се подигне, премесете го уште еднаш и премачкајте го со маслиново масло да не ви се лепи за рацете и подлогата. Така, премачкано со масло, развлечете го и со чаша направете мали пицети. Извалкајте ги пицетите во брашно и од двете страни и наредете ги во тавче, па секоја премачкајте ја малку со сос од домати и одозгора ставете по едно кругче домат. Така подготвено ставете ги во рерна да се печат на 200 степени. Кога ќе бидат доволно испечени, извадете ги од рерната, попрскајте ги со оригано и на секоја пицета ставете по малку рендана моцарела и маслинки, па вратете ги накратко во рерната, колку да се растопи сирењето.

ПИЦА СЕНДВИЧ

Потребни состојки - тесто: 2 дл вода, 1 лажица масло, ¼ мала коцка квасец, малку сол, брашно колку што е потребно да добиете помеко тесто.

Фил: 2 дл кисела павлака, 100 гр шунка, 200 гр маринирани шампињони или свежи, но малку запржени, 150 гр рендан кашкавал или сирење, сос за пица, оригано.

Подготовка:

Состојките за тесто измесете ги еден ден порано за да добиете меко тесто, па потоа оставете го да порасне преку ноќ во фрижидер. Наредниот ден поделете го тестото на два дела и од нив направете две топки, па повторно вратете ги во фрижидер да пораснат уште малку. Потоа секоја развлечете ја во круг во големина на голема чинија, па ставете ги еден врз друг во тавче кое претходно сте го попрскале со брашно. Тавчето ставете го во рерна загреана загреана на 220 степени и печете додека не се подуе, а потоа веднаш извадете го и со нож одвојте го горниот дел од тестото. Тестото треба да биде бледо, за подоцна да не се препече. Долниот дел од тестото премачкајте го со сос за пица, а одозгора ставете ги павлаката , парчињата шунка, печурките и кашкавалот. Притиснете ги добро со отсечениот горен дел од тестото за и тој да се натопи за време на печењето и да биде мек. Печете додека сирењето не се истопи, а потоа исечете и послужете.

ПЧЕНКАРНИ ПИЦЕТИ

Потребни состојки - тесто: 600 гр пченкарно брашно, 400 гр пченично брашно, 1 свеж квасец, малку шеќер, 1 лажица сол, 1 дл маслиново масло, 6 дл млеко.

Фил: шунка, сирење, оригано, кечап, маслинки, шампињони.

Подготовка:

Пченкарното брашно прелијте го со 4 дл врело млеко. Во мала количина на млако млеко изматете ги квасецот и шеќерот и оставете го да нарасне. Останатите состојки измешајте ги со двата вида на брашно. Додадете го нараснатиот квасец и измесете го тестото. Покријте го и оставете го на топло за да нарасне. Растегнете го тестото рамномерно и направете кругчиња со помош на чаша или калап. Наредете ги кругчињата на тавче обложено со хартија за печење, премачкајте ги со кечап и попрскајте ги со оригано. Ставете лист шунка, малку исечкани маслинки, тенко исечени шампињони и завршете со изронето сирење . Печете на кратко на 180-200 степени. Пред послужување додадете уште малку кечап по желба.

ПАНЦЕРОТИ



Потребни состојки - тесто: 400 гр брашно, 2 дл млеко, 1 дл масло, 1 коцка квасец, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол.

Фил: 200 гр шунка, 100 гр сланина, 200 гр кечап, 150 гр кашкавал, 100 гр кисели краставички, оригано.

Подготовка:

Потопете го квасецот со шеќерот во малку млеко. Замесете го тестото па поделете го на 10 топчиња. Со сукало развлечете го тестото во големина на мала чинија. Ставете кечап во средината, малку оригано, ситно исечкана шунка и рендан кашкавал. Преклопете го на половина и краевите притиснете ги со виљушка да се залепат. Подмачкајте го тавчето, наредете ги панцеротите и ставете ги во рерна загреана на 200 степени, да се печат околу 20 минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 10:52

Чоколадна пица за обожавателите на благите задоволства


Ова е апсолутно совршено и креативно решение за сите чокохоличари, доколку го собирате друштвото за роденден или било каква забава. Вашите гости ќе бидат едноставно воодушевени!


Без разлика дали сте аматер кога станува збор кулинарските вештини или не, овој неодолив десерт може да го направи дури и мало дете. Состојките кои ќе ви бидат потребни се следните:

  • тесто за пица 

  • 20 гр путер 

  • ¼ шолја чоколаден крем 

  • пенасти бонбони 

  • сечкано црно чоколадо 

  • сечкано бело чоколадо 

  • 1 банана 

  • неколку мелени бисквити 

  • сечкани ореви/бадеми/лешници по желба

Подготовка:

Најпрво подгответе го тестото премачкувајќи го со растопениот путер, а потоа ставете го во добро загреана рерна на 230 степени да се потпече 5 минути. Извадете го и премачкајте го со чоколадниот намаз, а потоа наредете ги пенастите бонбони и сечканите чоколади и попрскајте со сечканите јатки (ореви, бадеми или лешници).

Вратете го во рерна на уште 5 минути, а кога ќе го извадите додадете ја сечканата банана и попрскајте ја чоколадната пица со мелените бисквити.

Вашиот вкусен десерт е подготвен за послужување!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 11:03

Совршената италијанска пица

СОСТОЈКИ

Тесто:

500gбрашно тип 500
10gквасец
2 ч.л.сол
½ ч.л.оригано
2 с.л.млеко
1жолчка од јајце
2 с.л.маслиново масло
250mlвода

Сос:

лупени домати од конзерва
зачини: сол, црн пипер, босилек, темјан

Горен дел:

сирење моцарела
свежи печурки
шунка (или друг вид на месо по избор)

ПРИГОТВУВАЊЕ НА ТЕСТОТО ЗА ПИЦА

Во длабок сад ставете го брашното, квасецот, солта и ориганото. Додајте ги млекото, жолчката од јајце и маслиновото масло. Бавно додавајте ја водата, притоа постојано мешајќи. Месете го тестото сè додека не почне да се одделува од ѕидовите на садот и од рацете (5-7 минути). Потоа прекријте го садот со крпа и оставете го да отстои 2-3 часа на собна температура. За ова време, тестото ќе го удвои својот волумен.

ПРИГОТВУВАЊЕ НА СОСОТ ЗА ПИЦА

Не користете свежи домати или кечап. За приготвување на сосот, испасирајте лупени домати од конзерва и зачинете ги со сол, црн пипер, свеж босилек и темјан (по вкус). Наместо домати од конзерва, можете да користите домашен доматен сос.

„РЕДЕЊЕ“ НА ПИЦАТА

Премачкајте го дното и страните на плехот за печење со малку масло. Земете дел од тестото во форма на топка, и не се обидувајте да го сукате, туку ставете го директно во центарот на плехот. Со прстите нежно притискајте го тестото, полека растегнувајќи го од центарот кон страните на плехот.

Тесто за пицаТесто за пицаТесто за пица

Важно: треба да добиете тенка кора. Иако состојките се предвидени за 2 пици, во зависност од големината на вашиот плех, можеби ќе треба да употребите помалку тесто.

Основна почетничка грешка при правењето на пица е ставање на преголема количина состојки. Овде важи правилото „колку помалку – толку повеќе“, т.е. треба да користите помалку состојки. Во спротивно, тестото нема да може да се испече и ќе биде живо, а пицата ќе биде „течна“.

Премачкајте го тестото со сосот од домати. Слојот треба да биде проѕирен, како на сликата. Врз сосот распоредете парчиња од моцарелата. На крајот распоредете ги свежите печурки и производ од месо по избор (шунка, чаен колбас, кулен итн.). Уште еднаш нагласуваме – не претерувајте со состојките!

Тесто за пица со доматен сосТесто за пица со доматен сос и моцарелаТесто за пица

Рерната треба да биде претходно загреана на максимална температура со вклучен горен и долен грејач. Ставете ја пицата да се пече. Времето на печење изнесува 5-10 минути. Ќе знаете дека пицата е готова кога тестото ќе добие златна боја.

Откако ќе ја извадите, врз пицата ставете неколку ливчиња свеж босилек и послужете ја. Добар апетит!

Тесто за пица со доматен сосТесто за пица со доматен сос и моцарелаТесто за пица

Дознајте повеќе...

  • Тестото за вистинската италијанска пица се прави со брашно тип 00. Тоа е висококвалитетно брашно кое што содржи повеќе белковини од обичното и е поскапо од него. Белковините дејствуваат како лепило и му даваат еластичност на тестото. Врвните италијански пица мајстори го користат овој тип на брашно за да добијат стабилно тесто кое лесно се растегнува без да се кине. Негова алтернатива кај нас е брашното тип 500.
  • Жолчката од јајце се става во тестото за да му даде златно-жолта боја и слободно можете да ја прескокнете.
  • По правило, пицата се пече 2 минути на 500°C, но домашните рерни не поддржуваат вакви температури. Дури постојат и пица мајстори кои што користат печки со многу повисока температура и кај нив времето на печење е 35-40 секунди. Краткото време на печење има за цел да спречи тестото да ги впие останатите состојки.
  • Ако сакате додатна арома, 1-2 минути пред да ја извадите пицата од рерната, можете во нејзиниот центар да скршите јајце, да додадете рендан пармезан или да ставите маслинка.
  • Ако состојките од горниот дел се препечени, а тестото останува живо, наредниот пат печете ја пицата на долната преграда во рерната. Ако и ова не успее, обидете се со потенок слој на тесто и помалку состојки.

Убавото кај пиците е што можете да експериментирате до бескрај. Не се ограничувајте и пронајдете ја вашата идеална пица.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2015 во 21:56

НАЈБРЗА ПИЦА – РЕЦЕПТ КОЈ ШТО ВООДУШЕВИ МНОГУМИНА

3
Ова е сигурно најбрзиот и едноставен начин за подготовка на тесто за пица. Испробан е безброј пати и воодушевил многу читатели.

Состојки за тесто:

1 чаша ( од 2 дл.) јогурт

2 чаши брашно

2 лажици масло

1/2 лажички сол

1/2 прашок за пециво

Подготовка:

Од брашното, солта, прашокот за пециво, маслото и јогуртот, замесете тесто.

Тестото веднаш растегнете го на побрашена подлога, па ставете го во тепсија. Погледнете онлајн мени од некоја пицерија и ѕирнете ги состојките од одредени пици, а потоа експериментирајте со вкусовите, по желба.

Печете во рерна загреана на 220 степени, околу 10-на минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2015 во 22:18

САКАТЕ ПИЦА? ПРОБАЈТЕ ГО ОВОЈ ОРГИНАЛЕН РЕЦЕПТ ОД ЕДНА ПИЦЕРИЈА!

4

Малкумина не сакаат да јадат пица, кралицата на брзата храна со стотици варијации. Но, доброто тесто е темел на се`.

Тестото за пица може да го подготвите на повеќе начини, а секој мајстор има свои трикови. Сепак, некои најмногу им веруваат на рецептите кои доаѓаат од самите пицерии. Еден таков ви пренесуваме и ние, рецепт кој за јавноста го откри еден пица мајстор.

Состојки:

– 1 кг брашно тип 400

– половина литар млака вода

– 1 лажица сол

– 2 лажици шеќер

– 10 грама квасец

Подготовка:

Половина од подготвената вода измешајте ја со лажица брашно, квасец и две лажици шеќер. Се` добро разматете и измешајте со остатокот од брашното и малку масло. Тестото месете го додека не почне да се одделува од садот. Потоа оставете го во сад да „нарасте“, околу еден час. Тестото разделете го во топчиња, а претходно ставете масло на рацете. Готовите топчиња исто така премачкајте ги со масло и оставете да отстојат 10 минути.

Распоред на состојки – по ваша желба, со по некој детал

Кога ќе го растегнете тестото во саканата големина, на него прво ставете „база“, односно домати, малку маслиново масло и по желба зачини како оригано. На базата ставете рендан кашкавал, а потоа состојки по желба. На крај повторно ставете рендан кашкавал и оригано.

Дополнителен трик

За една пица ви треба околу 300 грама тесто. Кога ќе го заместите тестото, вклучете ја печката на висока температура добро да се загрее, а потоа почнете со додавање состојки.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2017 во 11:05
Најдобриот рецепт за совршена домашна пица!











Пицата е секогаш практично и вкусно јадење на кое ретко можеме да одолееме. Тоа е одлично решение ако немаме многу време за готвење, непланирано нѝ дојдат гости или едноставно сакаме да се почестиме со вкусна утеха за крајот на работниот ден.
Колку е пицата омилена, потврдува и модната библија – Vogue, кои успејаа да најдат совршен рецепт за пица според славниот готвач Simone Falco, од познатиот ресторан Rossopomodoro.


Главната состојка за доброто тесто, според Falco, е обична вода: тестото за пица треба да содржи околу 50% вода.

На квалитетот на пицата влијае и самата тава во која пицата се пече. Simone Falco препорачува печење на пицата на камена плоча, а доколку немате таква, овој њујоршки готвач има решение за Вас – превртете го тавчето во кое обично печете наопаку, а потоа загрејте го во рерна околу цел час. Пред печењето, загрејте ја рерната до максимум и задолжително користете хартија за печење.

Импресионирајте ги гостите со различни состојки како кавијар, црни тафтури или моцарела.

Состојки за тесто:

● 650 гр. брашно
● 350 мл. вода
● 18 гр. сол
● 5 гр. квасец

Подготовка:

Ставете ја солта во водата и оставете да се растопи. Потоа, додајте го квасецот и 4/5 од брашното. Мешајте околу три минути, додајте го преостанатото брашно и потоа мешајте уште 15 минути. Прекријте ја смесата и оставете да отстои околу половина час. Simone Falco вели дека тестото го дели на четири еднакви дела, а потоа го остава да отстои 8 часа, прекриено со влажна крпа или во пластична фолија. Вака, ќе имате тесто за четири пици.


Состојки за филот:

● 400 гр. сос од домати или излупени домати
● 1 топче моцарела
● сол, маслиново масло и неколку листови босилек

Загрејте ја рерната на 280 степени, а потоа размесете го тестото. Излупените домати иситнете ги и наредете ги врз тестото. Потоа, додајте ја моцарелата, исечкана на тенки кругови и додатете малку сол, маслиново масло и листови босилек. Вака приготвената пица печете ја 3 минути.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2020 во 19:43

Тајната за добро испечена пица е во еден трик кој Давор денес ќе ни го открие во својот рецепт. Направете две одлични пици – вегетаријанска и со чајна. Доколку имате други состојќи во фрижидерот, тогаш користете ја својата креативност и создадете своја верзија.

Dave`s Kitchen: Супер крцкава домашна пица



Потребни состојки:

  • 360 гр брашно
  • 200 мл. млака вода
  • 1 пакетче сув квасец (или половина коцка свеж квасец)
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 2-3 лажици маслиново масло

За филот:

  • Доматен сос
  • Тиквичка исечкана на тенки кругови
  • Свежи или маринирани шампињони
  • Суво оригано
  • Изрендан каршкавал
  • Исечкана чили пиперка
  • Парчиња кулен или чајна
  • Маслиново масло

Начин на подготовка:

Во длабок сад замесете тесто од сите состојки. Оставете го тестото да стаса на собна температура околу 1 час. Поделете го тестото на 4-5 делови, во зависност колкави сакате да бидат вашите пици. Растегнете го секој дел со помош на дланките (не го расукувајте тестото). Ставете доматен сос, тиквичка, кулен, шампињони, кашкавал и суво оригано.

Полејте малку маслиново масло и печете во добро загреана рерна на 190 степени. Штом го ставите тавчето во рерна испрскајте ја пицата со вода и веднаш затворете ја рерната.

Печете 12-15 минути додека кората не добие убава златно-кафена боја.



Изменето од Valerija - 10.Април.2020 во 19:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 91011
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.