IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - Оскар 2020
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Оскар 2020

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Оскар 2020
    Испратена: 10.Февруари.2020 во 20:22

Хоакин Феникс, Бред Пит, „Паразит“, Рене Зелвегер... Добитниците на престижните награди Оскар 2020


• Понеделник, 10 Февруари 2020 11:36

Синоќа, во Долби театарот во Холивуд се одржа 92-рата по ред манифестација на доделување на престижните награди Оскар.Јужнокорејскиот филм „Parasite“ го приреди најголемото изненадување на вечерта, освојувајќи Оскар за Најдобар филм. Ова е првпат во историјата Академијата на филмски уметности и науки да му ја додели главната награда на филм од неанглиско говорно подрачје. „Parasite“ исто така победи и во категоријата Најдобар интернационален филм, во која беше номиниран и нашиот „Honeyland“, како и во категоријата Најоригинално сценарио.

Оскар 2020

Режисерот на „Parasite“, Бонг Џун-хо, ја присвои златната статуетка за Најдобар режисер.

Оскар 2020

Хоакин Феникс ја зазеде челната позиција во категоријата Најдобар актер за својата маестрална глума во филмот „Joker“. За Најдобра актерка беше прогласена Рене Зелвегер за улогата на Џуди Гарланд во биографската драма „Judy“.

Оскар 2020Оскар 2020

Бред Пит, за првпат по 30-годишна кариера, доби Оскар за неговото актерство. Во негови раце заврши наградата на Најдобар актер во споредна улога за „Once Upon A Time… In Hollywood“. Оскар за Најдобра актерка во споредна улога доби Лора Дерн за „Marriage Story“.

Оскар 2020Оскар 2020

Најдобар анимиран филм стана „Toy Story 4“, додека Hair Love“ беше прогласен за Најдобар краток анимиран филм. Статуетката за Најдобар документарец му беше доделена на „American Factory“.

Роџер Дикинс ја доби наградата за Најдобар кинематографер.

Оскар 2020



Изменето од Valerija - 10.Февруари.2020 во 20:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2020 во 21:15

Ѝ благодариме на Атиџе што ни дозволи да влеземе во нејзиниот прекрасен свет“: Медените со порака по Оскарите


• Понеделник, 10 Февруари 2020 14:25

Иако не освои Оскар, филмот „Медена земја“ ќе остане запаметен засекогаш по историскиот успех.Откако беа доделени златните статуетки, филмската екипа се огласи на социјалните мрежи со порака за да им се заблагодари на сите оние кои веруваа во нив и им даваа поддршка.

Медена земја

„Пред сѐ, сакаме да се заблагодариме на сите што нѐ бодреа и веруваа во нас.

Сепак, и покрај тоа што „Медена земја“ не доби Оскар, сосема сме свесни за големината на овој филм, за значењето на пораката што ја пренесува, за силата на бескрајните приказни што се кријат во оваа земја и за многуте наши талентирани уметници кои знаат како тие приказни да ѝ ги покажат на публиката. Почестени сме што бевме номинирани покрај овие одлични филмаџии со смели приказни кои им се обраќаат на луѓето од целиот свет, на универзалниот јазик на кинематографијата. Не можеше да се предвиди дека нашиот филм ќе влезе во историјата на Македонија и во историјата на номинациите за „Оскар“. „Медена земја“ истовремено беше номиниран во две категории, за најдобар документарен и за најдобар интернационален филм, затоа што универзалноста на приказната и јазикот на филмот ја даваат неговата компетентност и сила да се натпреварува со останатите номинирани. Кога го промовиравме филмот на фестивалот „Санданс“, пред повеќе од една година, не се ни надевавме дека ќе стигнеме толку далеку. Им се заблагодаруваме на сите што веруваа во нашиот мал филм и нè поддржуваа, а особено му се заблагодаруваме на дистрибутерот „Неон“ за вербата во моќта на кинематографијата и во смелото раскажување приказни. На крај, би сакале да ѝ се заблагодариме на нашата водечка ѕвезда, Атиџе Муртова што ни дозволи да влеземе во нејзиниот прекрасен свет. Филозофијата на Атиџе ‒ земи половина, остави половина ‒ е едноставна, но длабока. Тоа е порака во којашто може да се пронајде секоја публика. Горди сме што сме гласниците на таа порака.“

И главната протагонистка на документарецот, Атиџе Муртова, од Лос Анџелес ја упатува својата порака: Мојот живот по снимањето на филмот драстично се промени. Сега имам нова куќа, и сѐ станува подобро и подобро. Сакам публиката да извлече само една порака од филмот: како што јас споделувам со своите пчели, така сакам и сите луѓе да споделуваат едни со други.

Филмот „Медена земја“ (Honeyland) беше номиниран за Оскар во две категории – Најдобар документарец и Најдобар интернационален филм, но не успеа да освои награда.




Изменето од Valerija - 10.Февруари.2020 во 21:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2022 во 20:45
Не дека треба да се отвори тема и осврт за годишниов Оскар,
но вреди да се нотифицира!
Примија и ова америве од балканскиот менталитет.плазење
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.