![]() |
|
Третмани против брчки на лицето |
Внеси реплика ![]() |
Автор | |
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 23.Ноември.2019 во 10:12 |
Како старее вашата кожа? Постојат 4 типови на брчки и ние ви откриваме како да се справите со вашитеКолку и да се обидуваме да се спротиставиме на времето и стареењето, овие процеси се неизбежни, односно човекот сè уште не открил како истите да ги контролира. Стареењето, порано или подоцна, се случува кај секој, но истото настапува на различни начини. Врвните дерматолози истакнуваат дека постојат 4 типови на стареење на кожата и уште еден, кој се смета за комбиниран тип. Воедно, истите откриваат и една мала тајна- Да за козметичките процедури бидат ефикасни и ја обноват вашата кожа, најпрво треба да утврдите како старее вашата кожа, односно кој тип на брчки го имате. Денес ќе ви раскажеме малку подетално за различните типови и како правилно да се грижите за вашата кожа: 1. Уморен тип на стареењеСпоред козметичарите, овој тип се смета за најприродниот тип на стареење. Најчесто се среќава кај послабите дами со овална форма на лицето. Карактеристики: Спуштен тонус на меките ткива, кожата е сува и го губи својот сјај, назолабијалните брчки се лесно видливи, аглите на устата се надвиснати и при истите се појавуваат брчки. Овие промени го прават лицето да изгледа уморно. Како да се справите:
2. Стареење со фини брчкиЗа жените кај кои се појавуваат вакви промени, вообичаено се вели дека стареат убаво. Карактеристики: Впечатливо количество на фини брчки со тенка и сува кожа, која е склона кон вцрвенување и дразнење, а на зрела возраст се претвора во „пергаментска кожа“. Поткожните ткива се многу мали и мускулниот тонус останува активен долго време, при што структурата на лицето не се менува. Начин на подмладување:
3. Деформациски тип на стареењеОвој тип на стареење најчесто се појавува кај жените со прекумерена телесна тежина. Карактеристики: Контурите на лицето се видно дефомирани поради поткожен мастен слој. Надвисната кожа, појава на брчки по вратот и деколтето, надвиснати очни капаци. Начин на подмладување:
4. Мускулен типОвој прекрасен начин на стареење е карактеристичен за азискиот тип на лице. Овие луѓе имаат добри развиени фацијални мускули, но поткожните масти не се толку добри. Карактеристики: Нарушување на пигментацијата на кожата, надвиснување на кожата и очните капаци, истовремено формирање повеќе слоеви. Изразени назолабијални брчки. Но, кожата останува мазна долго време, а обликот на лицето не се деформира дури и на стари години. Начин на подмладување
5. Комбиниран типОвој тип на стареење најчесто се среќава кај жените со комбинирана кожа. Најчесто се комбинираат типовите со мали брчки и деформацискиот тип. Или пак останатите 2 типа. Карактеристики: Меки ткива, кои најчесто надвиснуваат во средниот и долниот дел од лицето, а изобилство од мали брчки се појавува околу очите и челото. Начин на подмладување
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Најпопуларниот домашен мелем против брчки, со траен затегнувачки ефект, кој се забележува по 3 третманиРецептот за најпопуларниот мелем против брчки, кој ја измазнува и затегнува кожата буквално преку ноќ, веќе им има помогнато на многу дами, а истиот се приготвува неверојатно лесно! Најдоброто од сè е тоа што составот на мелемот е целосно заснован на природни состојки и не вклучува никакви хемиски компоненти! Истиот ја измазнува кожата и ги прави брчките значително помалку видливи, а по само 3 дена од практикувањето на третманот ќе го забележите чудесниот ефект на мелемот, а се препорачува да го употребувате 2 недели за најдобри резултати. Чудесен мелем со затегнувачки ефектПотребни состојки
Начин на подготовкаИзмешајте ги добро сите состојки заедно до добивање на една хомогена и мазна смеса. Добро промешајте повторно, така што мелемот добие еднаква текстура. Добиениот мелем складирајте го во ладилникот. Начин на употребаСо лесно масирање, нанесете го мелемот на вашата кожа, а потоа оставете го да отстои 30 минути. Следно, отстранете ги остатоците од истиот, користејќи памучен туфер, претходно потопен во минерална вода. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Добрата стара маска е незаменлива. Имам 52 години, ниту една брчка и никој не ми верува дека сум на оваа возраст“Додека во летно време кожата е подложна на изгореници и дехидратација, во текот на зимата, пак, кожата станува почувствителна и притоа се лупи поради студеното време и недостатокот на витамини. За да ја запазите нејзината нежна и блескавата текстура во овој период, потребно е секојдневно да ја негувате истата. Некој за таа цел го избира козметичкиот салон, додека пак додека други со домашните третмани го постигнуваат истиот ефект. Денес со вас споделуваме докажан домашен рецепт на маска за лице, кој може да се натпреварува со скапите третмани во салоните за убавина. Домашна навлажнувачка маска за лице![]() Beautiful young woman at spa center Потребни состојки• 2 супени лажици цвет од камилица Начин на подготовкаСварете вода и налејте ја топлата вода врз камилицата. Оставете ја да отстои така 30 минути. За оваа цел, може да употребите и сушени цветови од камилица, кои се продаваат во аптеките. Добиената инфуција се прецедува преку ткаенина. А следно кон истата додадете затоплено масло за готвење. Начин на употреба![]() Aloe Vera use in spa for skin care Нанесете ја готвата маска за лицето, вратот и деколтето и оставете ја да отстои 20 минути, а потоа измијте ја вашата кожа со екстракт од камилица. Уживајте во резултатите на мека и хидратирана кожа! За совршени резултати, потребно е да ја нанесувате маската еднаш неделно и редовно да ја чистите вашата кожа, со што ќе ја подобрите циркулацијата на крвта и ќе ја спречите појавата на брчки и акни. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
„Пријателката на мајка ми има 54 години, а сите мислат дека има многу помлада- Нејзиното лице на божица се должи на оваа домашна маска“Домашната маска со нишесте е многу популарна меѓу дамите ширум светот, благодарение на која истите изгледаат значително помладо од нивната точна возраст. Нејзината подготовка и употреба е многу едноставна, а во продолжение откријте го рецептот за чудесната маска. Домашна маска од нишесте за помладување на лицетоПотребни состојки
Начин на подготовкаИзмешајте ги сите состојки заедно, до добивање на една соединета смеса. Нанесете ја маската врз претходно исчистено лице и оставете ја истата да отстои 30 минути. Користејќи памучен туфер, темелно отстранете ги остатоците од маската, а потоа измијте го вашето лице. Оваа маска ќе го затегне вашето лице, ќе го обнови неговите мускули и ќе го стимулира протокот на крвта, давајќи му свеж изглед на вашето лице. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јапонска маска за лице, која буквално ги брише годините и ја прави кожата мазна и свежа!За да ја зачувате вашата кожа во одлична состојба и да го избегнете предвременото стареење на кожата, обидете се со оваа маска, која Јапонките ја користат доста често. Таа е исклучително богата со витамин Б , кој ја стимулира регенерацијата на клетките, го забавува стареењето и го подобрува крвотокот на кожата – се што е потребно за блескав изглед на лицето. Оваа маска од ориз, мед и млеко ќе ви даде инстант резултати, ќе ја направи вашата кожа мека, нежна и мазна. Подготовка:Сварете 2-3 лажици ориз, на умерен оган. Кога оризот е готов, се цеди. Не фрлајте ја водата. Исплакнете го сварениот ориз со ладна вода и додадете 1 лажица топло млеко. Добро измешајте, додека не добиете мазна смеса. Додадете 1 лажица мед, а потоа промешајте уште малку. Употреба:Нанесете тенок слој од смесата врз чисто лице и врат и оставете ја да делува 30 минути. Потоа извадете ја маската и измијте го лицето и вратот со водата во која е варен оризот. Оризовата вода содржи многу антиоксиданси, таа ќе ја хидрира кожата и има неверојатна моќ за апсорпција на ултравиолетовите зраци. Ако Ви останала повеќе оризова вода отколку што е потребно, можете да ја чувате во фрижидер 4 дена и да ја користите како лосион за лице. Предлог: Замрзнете ја оризова вода и користете ја за да го масирате лицето. Тоа е идеално за освежување во жешките летни денови, ќе ја хидратира кожата и ќе го направи Вашето лице многу помеко. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Златна маска со златен ефект! 10 години помлади за само 5 минути – смрт за досадните брчки!Оваа маска веднаш ги отстранува трагите од умор! Рецептот ни доаѓа од Индија, каде К*ркумата се користи не само како зачин за подготовка на храна, туку и како ефективно средство за убавина. К*ркумата ја подмладува кожата. Благородната златна маска содржи сода – еден од најактивните компоненти кој стимулира циркулацијата на крвта во кожата и ја чисти. По употребата на оваа маска може да забележите благо црвенило, кое се јавува поради протокот на крв, но не грижете се, тоа ќе помине за еден час, а кожата ќе изгледа фантастично … Маска за кожата околу очите Потребно Ви е: 0,5 лажичка К*ркума 1 лажица сода бикарбона Неколку капки сок од лимон Подготовка: Подгответе суспензија од сите состојки. Ако имате чувствителна кожа на лицето, заменете сок од лимон со тоник или вода. Нанесете златната маска во зоната под очите и држете 15 минути. Измијте го лицето со млака вода. Нанесете крем. Доволно е да ја правите оваа маска еднаш на 3 дена, за да постигнете забележителен подмладувачки ефект! Малите брчки се измазнуваат, кожата се чисти, а темните кругови под очите едноставно исчезнуваат! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Се срамев од брчките на лицето, се додека една пријателка не ми ја даде оваа чудесна крема!Брчките се вообичаена појава на лицето, независно од што се предизвикани. Брчките на лицето можат да бидат предизвикани од самиот процес на стареење, но исто така можат да бидат предизвикани и од недоволна нега на кожата на лицето или пак едноставно од природата и видот на кожата.
Повеќето припаднички од понежниот пол би се сложиле дека тие се една непријатна појава, која предизвикува чувство на губење на убавината и на довербата во себе, иако тоа е природна појава. Покрај безбројните козметички третмани и препарати, за овој проблем постои едно алтернативно решение, а тоа е домашна крема против брчки.
Потребнни се овие состојки:
Во сад на оган сипете 200мл. вода и една лажица од сувата камилица. Потребно е да се вари 15 – 20 минути. Тргнете го садот од оган и додадете ги останатите состојки и мешајте додека смесата не се соедини. Така подготвената смеса поставете ја во фрижидер. Оладената смеса се користи како крема, се нанесува на лицето и се остава да делува 30 минути, по што се чисти со памук натопен во вода. Препорака: Не се користи најмалку 2 часа пред спиење. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Природна маска за лице со грозје за загетање на лицето и отстранување на брчкитеЛице без брчки е сон на секоја жена. Не мора да значи дека секогаш треба да трошите пари на скапи креми и маски за лице за да ја вратите убавината на вашата кожа. Понекогаш е доволно да се послужиме со едноставни и природни состојки кои можат да се најдат во секое домаќинство. Состојки
Исцедете го сокот од грозјето. Најлесно е да го згмечите со вилушка и да го ставите во газа. Откако ќе го притисне, грозјето ќе се ослободи од сокот, а семето и лушпата ќе останат во газата. Одделете ја белката. Измешајте ги двете состојки. Додадете маслиново масло. Ако при мешањето на состојките, маската стане ретка, додадете малку глина. Нанесете ја маската и оставете ја на вашето лице од 20 до 30 минути. Ќе почувствувате пријатно затегнување на кожата. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Домашна крема која ги брише брчките и го отстранува грдиот сивкав тенЛицето е највидливото подрачје на целото тело и затоа им е толку важно на многу луѓе да имаат совршено лице без брчки, но знаеме дека ова не е лесна задача. Поголем дел од кремите за брчки се скапи и затоа повеќето луѓе претпочитаат да прибегнуваат кон природни методи. Тие се уште поефикасни од креми и лосиони произведени од големи индустрии. Тие се исто така многу евтини и можат да бидат подготвени насекаде. Примената на овој серум нема никакви несакани ефекти и ги елиминира сите проблеми со лицето. Што ќе Ви биде потребно:
ПОДГОТОВКА И УПОТРЕБА:Првин сварете ја водата во помал сад. Веднаш додадете ленено семе и оставете да врие додека не стане како пенест гел. Потоа додадете зелен чај и мешајте 10 секунди. Додека врие. Тргнете го садот од плочата и продолжете да мешате. Исцедете ја смесата и префрлете ја во друг, стаклен сад. Откако ќе се излади, додадете 1 лажица гел од алое вера и екстракт од капсула на витамин Е. Потоа добро промешајте сè додека не добиеме хомогена супстанција. Конечно додадете капки есенцијално масло и промешајте повторно. Овој лосион може да се чува во фрижидер до 8 дена. Она што ви останува да го направите е првин добро да го исчистите лицето, а потоа нанесете го лосионот со деликатни кружни движења додека не се апсорбира. Веднаш ќе видите како кожата почнува да изгледа посветла и поздрава. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јапонска тајна со која вашето лице ќе изгледа мазно и без брчки и по 50-тата годинаНикој нема пронајдено еликсир за младост. Сепак, неодамна слушнавме за овој јапонски рецепт, кој се покажал како исклучително ефикасен дури и по само една недела користење. Затоа препорачуваме да ги испробате. Состојки
Подготвувањето на оваа маска е многу едноставно и лесно. За да го подготвите, прво мора да го готвите оризот околу 2 минути. Потоа мора да го процедите и да ја чувате водата во која оризот е подготвен за понатамошна употреба. Потоа во оризот треба да додадете една лажица топло млеко и една лажица мед. Измешајте ги сите состојки. Следното нешто што треба да направите е да ја ставите оваа маска на чиста кожа без влага. Мора да ја оставите оваа маска додека не се исуши. Потоа треба да го миете лицето со водата во која се подготвувал оризот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Природна маска за лице која ги отстранува брчките подеднакво ефикасно како и ботоксотДомашните маски за лице станаа едни од најдобрите лекови за подмладување на кожата и нејзина ревитализација. Подготвени со органски состојки и без агресивни хемикалии, овие производи се здрави и прифатливи алтернативи за да се спречи појавата на брчки. Состојки
Исечете ја јаболката на неколку парчиња, отстранете го семето, потоа ставете ги парчињата во блендер. Измијте го грозјето и исечете го на мали парчиња. Ставете ги во блендерот заедно со гелот од алое вера. Потоа ставете ја смесата во стаклена тегла и складирајте во фрижидер. Ставете ја маската на чисто лице и оставете ја да делува 20 до 30 минути. Потоа исплакнете со топла вода и исушете ја кожата со мека крпа. Чувајте го остатокот од производот во фрижидер во рок од три дена од подготовката. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Маска за лице со кисело млеко која ги брише брчките заедно со годинитеСите се запрашуваме како некои жени кои имаат околу 50 години изгледаат како да се во 30-тата година од животот. Иако голем дел од жените брчките ги отстрануваат со скапи креми и ботокс, сепак постои и евтина и здрава опција за отстранување на брчките за скромните дами. Состојки6 таблети аспирин ПодготовкаНајпрвин столчете го аспиринот додека не се претвори во прав. Потоа ставете го во чист сад и измешајте го со аспиринот и медот. Промешајте додека не се добие кремаста мешавина, потоа нанесете го на лицето. Како да ја применуватеВечерта веднаш штом ќе го измиете лицето и ќе ја отстраните шминка, ставете ја маската на погодените делови на лицето. можете да ставите во пределот на градите и вратот како превентивна мерка од знаци на стареење. Потоа оставете да отстои 20 минути и исплакнете со топла вода. По испирање, направете мали кружни движења на Вашата кожа за да ги отстраните мртвите клетки. Потоа нанесете навлажнувачки крем за да ги подобрите ефектите. Повторувајте барем 3 пати неделно. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
7 брзи маски против брчки кои може да ги направите домаКожата е нашиот најголем орган, а кога таа блеска, значи дека за истата сме се грижеле доволно добро. Сепак колку и да се негуваме, со текот на годините појавата на брчките е неизбежна. Но, еве како со неколку домашни трикови да ја стопираме нивната појава. Правилната исхрана, зголемената физичка активност, непушењето и пиењето повеќе течности и вода придонесуваат превентивно во одложувањето на предвременото појавување на брчките. Но, кога веќе истите ќе се појават, еве со кои природни состојки што сите ги имаме дома можеме да ја минимализираме нивната појава: 1. Ноќен крем од зејтинВо сад ставете 2 кафени лажици зејтин и додајте 3 таблети витамин Е. Измешајте добро и додајте ½ лажица вазелин. Растопете ја целата смеса на водена пареа. Пред да си легнете, нанесете на вратот и деколтето. 2. Цитрусна маскаИсцедете 1 лимон и додајте 2-3 супени лажици мед. Добро измешајте ја смесата и нанесете на лицето. Оставете ја маската да се исуши, а потоа измијте со ладна вода. Практикувајте го нејзиното користење еднаш неделно. 3. Маска од белкиОдделете ги белките од јајцата и измутете ги во цврста пена. Со врвот од прстите нанесете на зоните каде што се наоѓаат брчките. Оставете ја маската 15 минути на лицето, а потоа измијте се. 4. Масажа со зејтинНежно масирајте го лицето со зејтин. Кожата не само што ќе омекне, туку и ќе добие потребната влажност. 5. Маска од пчелин поленИзмешајте 2 супени лажици од пчелиниот полен во ¼ чаша полномасно млеко и додајте 1 супена лажица мед и половина чаша пасирано авокадо. Нанесете ја маската и истата нека стои на лицето 20 минути, а потоа измијте ја. 6. Маска од моркови и медАнтиоксидантите во морковот и чудотворните својства на медот се идеални партнери во борбата против брчките. Изблендирајте 1 морков, додека да го пушти својот сок, а потоа додадете 2 кафени лажици мед. Маската треба да стои на лицето 20 минути, а потоа измијте ја. Бонус: Вазелин за навлажнување на кожатаНанесете тенок слој на вазелин на лицето, вратот и деколтето пред спиење. Овој производ е природен лек за кожата.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Домашна маска со мед која значително која ги отстранува брчките како со гума за бришењеЧудесната домашна комбинација од мед и цимет е одлична за здравјето и изгледот на кожата на лицето. Медот ја омекнува и ревитализира кожата, а додавањето цимет ја зголемува циркулацијата на крвта и кислородот во кожата. Домашна маска од мед за лице без брчкиПотребни состојки
Начин на подготовка и употребаИзмешајте ги сите состојки заедно, а со цел смесата да биде што подобро соединета, може да додадете и малку топла вода. Добиената домашна маска нанесете ја на вашето лице и оставете ја да дејствува 10 минути, а потоа, на крај измијте го лицето со млака вода. Користете ја маската 3 пати неделно. Моќните природни состојки ќе ја зајакнат и негуваат вашата кожа, ќе ги отстранат мртвите клетки и ќе го направат лицето поотпорно на брчки. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
|
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |