IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Панакота
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Панакота

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2019 во 12:34
Панакота од јогурт и овошје



Состојки
1 белка
500 мл. јогурт
350 гр. малини
3 лажици мед
1 лажица сок од лимон
1 желатин

Кој вели дека во зима не треба да се освежиме?
Навистина за во лето ова е пожелно, но ништо не фали и во зима. Ова е малку поинаква панакота, да не речам домашно направен овошен јогурт, со додадена белка и желатин...

Подготовка
1. Најпрвин припремете го желатинот према упатстовото на самата кеса- да набубри.
2. Малините испасирајте ги да добиете кашеста смеса.
3. Со миксер изработете ја белката во цврст снег и спојте ја со смесата од малините.
3. Во јогуртот додадете ја смесата од малините, лимоновиот сок, медот, измешајте да се сето тоа спои.
4. На пареа ставете го садот со желатинот да се растопи, но не да зоврие, исипете во јогуртот притоа цело време мешајки ја целата смеса.
5. Во навлажнети модли распоредете ја добиената смеса, ставете во фрижидер најмалку 2 часа да одстои и можете да послужите.

Забелешка
- Јас правев и со јагоди и со малини - одлично.
- Немав доволно мед - ставив шеќер на вкус.
- Многупати знам и пократок пат, го загревам јогуртот нормално дека притоа треба да се внимава да не зоврие (ќе добиете урда ), а во јогуртот го ставам и желатинот и мешам со лажицата се додека желатинот не се растопи во јогуртот, по што ја додавам измешаната смеса добиена од пасираните малини или јагоди во која сум веке додала мед или шеќер и лимонот.

Совет
Познавам многу кои не сакаат ни да помислат на желатин, ова може да се спрема без желатин но под услов да одстои во замрзнувач најмалку еден ден, па се служи како сладолед. Вака го спремам ова освежување во летниот период - без желатин.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2019 во 12:35

Слаткиот вкус на Италија: Направете брза и лесна панакота

Има ли нешто послатко од италијанска панакота? Традиционалниот десерт со потекло од провинцијата Пиемонте е совршена идеја за десерт кој е сосема едноставен за правење и не одзема многу време.

slatkiot-vkus-na-italija-napravete-brza-i-lesna-panakota-01.jpg

Звучи сложено, но ќе ја подготвите побрзо отколку што мислите...

Потребни состојки:

  • 500 ml слатка павлака
  • 500 ml млеко
  • 3 лажици желатин
  • 50g шеќер

Прелив:

  • 175g шеќер
  • 175g вода
  • ликер од цреши
  • 350g малини

Подготовка:

1. Ставете го желатинот во ладна вода (на секое пакување желатин има упатство колку вода е потребна).

2. Ставете ги слатката павлака, млекото и шеќерот во сад и оставете да се загреат на умерена температура. Доколку смесата започне да врие намалете ја температурата и мешајте околу 10 минути. На крајот додадете го желатинот и убаво измешајте, тргајќи го тенџерето од оган.

3. Ставете ја смесата во навлажнети калапи или шолји и оставете ја фрижидер да се излади неколку часа (4-5).

4. За да го направите преливот ставете ги состојките во тенџере на оган и почекајте додека да зовријат. Оставете да вријат некое време додека не ја добиете посакуваната густина на сосот.

Сепак во поглед на сосот можете секогаш да експериментирате со овошјето кое вам ви се допаѓа повеќе или во моментот го имате дома.

5. Извадете ја изладената панакота и прелијте ја со преливот од малини, украсувајќи со ливчиња нане.




Изменето од Valerija - 16.Ноември.2019 во 12:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2021 во 10:26
Панакота торта со малини и чоколадо (без печење)

Панакота торта со малини и чоколадо (без печење)


Состојки
За кора
300гр мелени бисквити
100мл слатка павлака
50мл млеко
За бел фил
250мл слатка павлака
100гр кисела павлака (дополнително)
100гр бела чоколада
10гр (едн опакување) желатин во прав
За фил од малини
300гр малини (замрзнати)
4лажици шеќер
10гр желатин во прав
За чоколаден фил
300мл слатка павлака
100гр кисела павлака
 (дополнително)
100гр темна чоколада за готвење
10гр желатин во прав

За кора
Во сад загрејте ја слатката павлака заедно со млекото, доволно да стане млака.
Прелијте преку мелените бисквити и добро измешајте.Во калап 21 (тавата за чизкејк на делимано) обложете со хартија за печење и нанесете ја бисквитната смеса.

За белиот фил
потребно е да ја загрееете слатката павлака,додајте ја чоколадата и мешајте додека се растопи, во меѓувреме спремајте го желатинот според упатството и додајте го во слатката павлака. Откако ке се излади можете да додадете и кисела павлака.
Белиот фил прелијте го преку кората од бисквити и оставете во фрижидер да се стегне. (околу1-2часа)

За филот од малини
Желатинот спремете го според упатството.
Во сад ставете ги малинките, прелиј те ги со шеќер, и ставете ги на оган. Откако ке добиете смеса како мармалад, одприлика 10 мин, додајте го желатинот и мешајте додека се растопи. Оставете малку да се излади од прилика 20 мин и прелијте преку белиот фил и оставете да се стегне.

За чоколадниот фил
желатинот со 4 лажици вода оставете го да набубри.
Загрејте ја слатката павлака, додајте ја чоколадата и мешајте додека се растопи. По желба додајте екстракт од ванила.
Додајте го желатинот и мешајте додека и тој не се растопи.
Оставете малу да се излади околу 20мин и ставете кисела павлака.
Откако филот од малини ке се стегне додеајте врз него чоколадниот фил.

Ставете во фрижидерда се стегне.
Декорирајте во ваша желба, бонбони, слатка павлака..

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.