IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Макаронс
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Макаронс

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2018 во 22:28


Овие слатки мали лапни-голтни колачиња важат за тешки за правење. и точно е, може да не излезат мазни и подигнати, ама тоа не е причина да не пробате да ги направите. а и да распукаат по површината, секако ќе бидат вкусни.

macarons-10

Макаронс

Го следев овој рецепт и го прилагодив да бидат чоколадни.

115 g мелени бадеми*

230 g шеќер во прав

2 лажици какао во прав

144 g белки (од 3 или 4 јајца)

70 g шеќер

1  кесичка ванилин шеќер

малку сол

фил:

250 g маскарпоне

2 лажици мед

* обично за макаронси се користат лупени бадеми, ама јас сомлев нелупени, и тоа воопшто не влијаеше на вкусот или на текстурата на колачите. излегуваат околу 50 макаронси.

просејте ги мелените бадеми, а ако треба и шеќерот во прав и какаото. потоа помешајте ги.

ставете ги белките, шеќерот, ванилата и солта во вангла и почнете да ги матите со миксер, прво 3 минути на средна брзина, па 3 минути на малку поголема и уште 3 минути на најголема. јас правев кратки паузи на секои 3 минути матење. после сето тоа матење белките би требало да се многу цврсто изматени и да изгледаат суво.

додајте ја мешавината со бадеми и почнете да ја мешате со гумена шпатула. би требало сé да се измеша убаво со околу 40 движења, од доле, со префрлање, како да диплите. ако е смесата цврста и стојат врвови, треба уште да мешате. ако земете малку од смесата со лажица и ја истурите назад, кога е добро измешана истурениот дел прво стои, ама по неколку секунди полека се слева со останатиот дел. ако е потечна од тоа, смесата е премногу измешана и ќе биде тешко да се направат кругчиња.

јас го користев сетот за макаронс од карес. и слаткарската вреќичка и подлогата за печење се многу згодни.

наполнете ја слаткарската вреќичка со смесата за колачите и направете кругчиња на подлогата или врз хартија за печење. печете ги макаронсите во рерна загреана на 150°C околу 16-18 минути. би требало лесно да се одвојуваат кога се испечени. оставете ги да се оладат, па испечете ја втората тура.

а во меѓувреме, направете го филот. филот може да биде различен, комплициран слаткарски крем, стопено чоколадо или џем. јас решив да направам едноставен фил од маскарпоне и мед.

кога колачите ќе се оладат, спарете ги по големина и спојте ги со малку фил во средината. можат да се јадат веднаш, ама добри се и следниот ден, кога малку ќе омекнат. чувајте ги во фрижидер.



Изменето од Valerija - 02.Ноември.2018 во 22:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.