IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Некои од најубавите шуми низ светот,
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Некои од најубавите шуми низ светот,

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Некои од најубавите шуми низ светот,
    Испратена: 19.Април.2018 во 19:54

5 најубави шуми ширум светот


И покрај уништувањето на шумите насекаде низ светот, се’ уште има многу неверојатни зелени точки во кои може да уживате.

Од Канада до Полска, некои од најдобрите глетки кои треба да ги посетите се токму локалните дрва. Не е важно дали шумата е мала или голема. Неверојатната убавина може да биде содржана и во само неколку дрвца. Еве кои се најубавите шуми во светот.

1.Искривената шума, Полска

Полска има многу интересна шума составена целосно од сосема искривени борови дрва. Иако дрвата кои растат на чуден начин можеби имаат објаснување, сите борови дрва во оваа шума се искривени на идентичен начин. Целата шума содржи 400 или повеќе дрва, и постои од 1930-тите.


2.Амазонската дождовна шума, Јужна Америка

Некој не може, а да не помисли на Амазон кога ќе ги слушне зборовите „дождовна шума“. Џунглата е толку масивна, што се шири преку 9 различни земји, и покрива вкупно 5.500.000 квадратни километри. И покрај проблемите со уништувањето на шумите, Амазонската дождовна шума се’ уште е половина од светските дождовни шуми.


3.Долината Џуижагоу, Кина

Оваа долина е позната како долина на 9 села, и е популарна дестинација благодарение на нејзините светло обоени езера и неверојатни водопади. Земјата околу уникатните езера е покриена со дебела шума. Оваа област е прогласена за светско природно богатство во 1992 година, што треба да помогне да се зачуваат шумите во иднината.


4.Националната шума Коконино, САД

Лоцирана во Аризона, Коконино е шума на голема надморска височина, со дрва кои растат на планините и до 12.000 стапки. Повеќето дрва се бор или смрека. За секој кој ужива во планинарење, има многу интересни патеки кои треба да се истражат во оваа област.


5.Дождовната шума Голема Мечка, Канада и САД

Иако повеќето дождовни шуми се наоѓаат јужно од екваторот, оваа е малку подалеку. Големата Мечка е една од најголемите дождовни шуми во светот, и се протега од Британска Колумбија до Алјаска. Таа е дом на многу видови, како гризли мечки, црни мечки, рисови, лосос и волци.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2018 во 19:57

Прекрасни шуми низ светот кои некогаш морате да ги посетите



Шумите покриваат 31% од копното на Земјата и понекогаш се толку величестени, што едноставно ќе се запрашате како природата успеала да создаде таква убавина.

Еве дел од најубавите светски шуми кои доколку имате прилика морате да ги посетите:

1) Pa Phru Tha Pom Khlong Song Nam, Тајланд

Името на оваа шума значи „канал со две води“, а позната е по неверојатно сината вода – боја која се јавува кога морската вода се меша со свежата (слатката) во одредени точки во циклусот на плимата.

2) Tsingy de Bemaraha, Мадагаскар

Оваа „карпеста шума“ е покриена со терен карактеризиран со карстни формации (порозен варовник кој со тек на времето бил изделкан од дождовите).

Tsingy е прогласен за светско наследство на UNESCO и е дом на бројни ретки и загрозени видови животни, вклучувајќи 11 видови на лемури и некои други кои живеат само во резерватот, како што е црвениот шумски глушец.

3) Dragon's Blood Forest, Јемен

Лоцирана на островите на архипелагот Сокотра, оваа шума има навистина вонземски изглед. Триесет и седум проценти од нејзината флора ја нема на ниедно друго место во светот.

4) Бамбусова шума Сагано, Јапонија

Ова е една од најуникатните шуми во светот која е дел од листата од 100-те локации во Јапонија со најзначајни природни, културни и индустриски обележја.

5) Монтеверде „шумата во облаци“, Костарика

Оваа тропска шума се наоѓа на голема височина и е постојано опкружена со магла која наликува на облаци, по што го добила името. Монтеверде е и дом на неколку илјади видови животни и растенија, од кои 500 од нив се само разни видови на птици.

6) Taman Negara, Малазија

Taman Negara е една од најстарите дождовни шуми во светот, стара 130 милиони години.

7) Црна шума, Германија

Германската Црна шума која ги инспирирала мрачните бајки на браќата Грим го добила името од импресивно густите крошни на четинарите.

8) Секвоја, САД

Националниот парк Секвоја каде се наоѓа оваа шума, е познат и како „земја на џиновите“, бидејќи е дом на најголемите живи дрвја во светот.

Најголемо од нив е дрвото именувано според генералот Шерман (од граѓанската војна), широко 31m. и високо 83m. кое е живо скоро 2200 години. Шесттата  по ред најголема секвоја со дијаметар од 10m. и височина од 82m. е 2000 годишното дрво наречено Бул, според докторот кој му го „спасил животот„ во една дрвосечачка операција.

9) Халербос, Белгија

Позната и како „сината шума“ (поради цвеќињата кои ја покриваат секоја пролет), Халербос е една од последните остатоци на Silva Carbonaria („јагленосаната шума“), античка шума која претставувала природна граница меѓу две кралства во раниот среден век.

10) Свиткана шума, Полска

Една од најмистериозните шуми во светот е „свитканата шума“ (Krzywy Las) во Полска, чии 400 борови дрва се свиткани под агол од 90 степени. Теориите за тоа како ја добиле оваа форма се различни. Некои тврдат дека искривувањето го предизвикале гравитациските промени во регионот, некои дека причина за тоа се снеговите чии тешки наслаги ги свиткале, а некои пак велат дека причината за нивната форма е човечки фактор и дека тие биле рачно искривувани.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2018 во 19:58

Најубавите шуми во светот

Иако научниците предупредуваат на се поголемиот степен на сечење и уништување на светските шуми, таму некаде, се уште се издигнуваат прекрасни природни креации кои го одземаат здивот.

Додека дел од туристите сакаат да патуваат во срцето на туристичките дестинации, да ги разгледуваат последните достигнувања во светот на архитектурата и да се воодушевуваат на животот во главните центри, останатите сакаат да ги запознаат магичните креации на природата, односно местата каде што човековата рака не допрала ништо и местата каде што единствени "владетели" се животните. Токму такви места се "белите дробови" на планетата Земја, односно прекрасните шуми кои се издигнуваат ширум светот. 


Шумите претставуваат магични предели каде што живеат огромен број на живи суштества кои во ова свое царство ги градат своите домови и ги поставуваат "правилата на игра". Со оглед на огромниот број на дрва и други растенија, шумите се прекрасно место за посетување во било кој период од годината. 


Така, во текот на зимата крошните од дрвјата се скриени под снежната прекривка, во пролет целиот овој еко-систем се буди, во лето дебелите сенки им се спротивставуваат на топлите сончеви зраци, а во есента, целиот пејсаж се бои во црвени, портокалови и жолти тонови.


Токму затоа, сите оние авантуристи кои што сакаат да уживаат во убавините на природата, можат во секое време да се одлучат за нова авантура за истражување на дотогаш невидена шума, а во продолжение погледнете дел од најубавите шуми кои се простираат во светот. 

Национален парк Секвоја во Калифорнија 


Дождовната шума Амазон во Јужна Америка 


Дождовната шума Хох во Вашингтон 


Шумата Шервуд во Англија 


Шумата Дентри во Австралија 


Национален пар Тонгас на Алјаска 


Големата дождовна шума на мечките во Канада 


Шумски резерват Синхарја во Шри Ланка 


Шумата Монтеверде во Костарика 


Бамбусова шума во Киото, во Јапонија 


Националниот парк Писга во Северна Каролина 



Изменето од Valerija - 19.Април.2018 во 19:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2018 во 10:50
Image result for атрактивни шуми низ светот

Сагано,Јапонија
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2018 во 10:53

Дарк Хеџес, Северна Ирска



Изменето од Valerija - 20.Април.2018 во 10:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2018 во 10:56

Њу Форест,Англија




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2018 во 10:32
Related image


Хамелн,Германија
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2018 во 10:34
Image result for photos of  the beatiful woodsin the worls


Бретања,Франција
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2018 во 10:36
Related image

Дубаи
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2018 во 10:38
Image result for photos of  the beatiful woodsin the worls


Квебек,Канада
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2018 во 10:41
Image result for photos of  the beatiful woodsin the worls


Бамбусовата шума,Сагано,Јапонија
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2018 во 17:19




Шумата Отзарета во Шпанија
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,176 секунди.