IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Велигденска трпеза
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Велигденска трпеза

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2018 во 10:14
Велигденски колачи
 Велигденски колачи

Изненадете ги најмалите во вашето семејство со овие прекрасни, слатки велигденски колачиња кои се топат во уста. Верувајте откако ќе ги сервирате на маса по празничниот ручек, веднаш сите ќе посегнат да ги пробаат и да ќе ве прашаат за рецепт.

Велигденски колачиња


INGREDIENTS

INSTRUCTIONS

  1. Тесто за колачиња1.Во пластичен сад, со мискер, изматете го путерот, шеќерот и ванилин шеќер. Додадете брашно, јајце и прашок за пецивои месете се додека не добиете мазно тесто. Завиткајте го во фолија и оставете во фрижидер барем половина час да се одмори.
  2. Сукано тесто2.Одмореното тесто, помеѓу две проѕирни филии, расукајте го со дебелина од околу 2мм.
  3. Вадење на форми од тестото3.Со помош на модли (велидгенски) вадете форми. Остатокот од тестото повторно расукајте го и повторно вадете форми.
  4. Колачиња спремни за печење4.Тавата за печење (доколку не е тефлонска) обложете ја со хартија за печење и врз неа ставете ги колачињата. Печете на 180 степени не повеќе од 10 минути. Внимавајте да не ви загорат.
  5. Фондан5.Фондан: желатинот се растовара во 50 мл вода и се остава да набабри (околу 2-3 минути). 100 г фруктоза (ја има во сите) се растопува, на оган, со 20 мл вода и постојано се меша.
  6. Шарање на колачињата6.Откако ќе зоврие, се остава уште 30 секунди на оган, се трга на страна, се меша со желатинот и се додава една голема лажица путер. Во сад, се меша 900 г шеќер во прав со смесата и се меси се додека не добиеш фина, хомогена смеса.
  7. Цветчиња од фондан7.Вака добиениот фондан, се витка во проѕирна фолија, се остава малку да се олади и може да се користи. Се бои со бои за храна (ако се во прав, се раствараат со малку алкохол) и се меси се додека не се добие подеднаква боја. Се сука врз мазна површина, врз шеќер во прав.
  8. Сервирани велигденски колачиња8.Испечените колачиња намачкајте ги со малку слатко или џем и врз нив ставете од фонданот. Бидете креативни, шарајте ги и ветуваме дека резултатот ќе биде одличен.


Изменето од Valerija - 01.Април.2018 во 11:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2018 во 11:55

Бомбици во форма на јајце

3-deserti-sovrsheni-za-veligden-1.jpg

Потребни состојки:

  • ½ шолја путер на собна температура
  • ¾ шолја кафеав шеќер
  • 2 шолји брашно
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 300ml кондензирано млеко
  • 1 шолја рендано чоколадо
  • Бело чоколадо и прехранбени бои за декорирање

Подготовка:

Во сад мешајте ги путерот и шеќерот додека не се соединат. Додадете ги екстрактот од ванила и брашното и продолжете со мешање.

Понатаму продолжете со додавање и на кондензираното млеко. Кога сите состојки ќе се соединат додадете го на смесата и ренданото чоколадо.

Од тестото формирајте мали топки од кои ќе направите овални форми на јајца. Преку ноќ замрзнете ги.

Наредниот ден стопете го белото чоколадо, одвојте делови и потоа на секој дел додадете различна прехранбена боја. Готовите колачиња потопете ги во белото чоколадо.

Од остатокот можете да нанесете и интересни линии. Оставете ги да се исушат.

3-deserti-sovrsheni-za-veligden-2.jpg

3-deserti-sovrsheni-za-veligden-3.jpg

Велигденски шарени мафини

3-deserti-sovrsheni-za-veligden4.jpg

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 1 шолја растително масло
  • ¼ шолја млеко
  • 2 шолји шеќер
  • 2 шолји брашно
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажички прашок за печиво
  • Шлаг пена
  • Прехранбена зелена боја
  • M&M бонбони или било кои други шарени бонбони

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и подгответе сад за печење на мафини.

Во голем зад ставете ги јајца, маслото и млекото и мешајте ги додека полека го ставате и шеќерот во смесата. Во истата полека додавајте ги и брашното, солта и прашокот за печиво сè додека не добиете добро соединета смеса.

Распоредете ја во малите вдлабнатини на садот и оставете да се пече 20 до 25 минути додека не забележите дека мафините нараснале и добиле златно-жолта боја.

На страна во сад изматете ја шлаг пената со малку млеко и боја. Откако ќе се оладат мафините, декорирајте ги со шлагот и бонбоните.

3-deserti-sovrsheni-za-veligden5.jpg

Велигденски чоколадни мафини

3-deserti-sovrsheni-za-veligden-6.jpg

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 1 шолја растително масло
  • ¾  шолја млеко
  • 2 шолји шеќер
  • 2 шолји брашно
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1 шолја какао во прав
  • Шлаг крем од чоколадо
  • Бонбони за декорација по желба
  • Чоколадни трошки

Подготовка:

Начинот на подготвување е ист како и за претходните мафини, загревате рерна на 180 степени, ги мешате сите состојки додека не добиете компактна смеса и печете. Со таа разлика, тука додавате какао за неверојатен чоколаден вкус.

На крајот, откако ќе се оладат мафините, ги декорирате со шлагот, трошките и бонбоните.

3-deserti-sovrsheni-za-veligden-7.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2018 во 10:11
Велигденски Делимано Колаци


Велигденски Делимано Колачи

Состојки
300 грама брашно
100 грама шеќер
200 грама путер
2 лажици какао
1 јајце
1 лажица канела

Ги мешаме брашното и шеќерот на работна површина и правиме мала дупка на средината од тестото во неа го стабаме јајцето и путерот, па 2 лајци какао и 1 лајца канела .
Го месиме тестото додека не стане мазно. Правиме топка и ја завиткуваме во фолија ја оставаме 30 тина минути во фрижидер. Потоа со помош на делимано калапите правиме разни фигури, декорираме по желба колаците ги печеме на 180 степени додека тестото не почне да ја менува бојата .


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2018 во 10:13
Козињак со суво грозје


Козињак со суво грозје

Состојки
За тесто
1кг. просеано брашно
прстофат сол
1 ванила
2 кесички шеќер со вкус на лимон или кора од 1 лимон
250гр. шеќер
1 пресен квасец
150мл. масло
300-350мл. топло млеко
3 јајца
1 жолчка
100гр. суво грозје
За премачкување
1 белка
по потреба шеќер

Вкусно и одлично за со чаша топло млекце во овие ладни утра. :)

Во садот кој ќе се меси се става брашното,  се додава солта, се прави вдлабнатинка и тука се активира квасецот со 1 лажиче шеќер и малку од млекото.
Јајцата се разматуваат со вилушка, се додаваат шеќерите и се убаво се меша.
Штом се активирал квасецот ги додаваме јајцата со шеќерите, маслото и со додавање на млекото замесуваме средно меко тесто кое не се лепи на дланки. Тестото треба убаво да се измеси едно 15 на минути. Го премачкуваме со масло, покриваме со најлонска фолија и уште некоја *покривка* и го оставаме на топло да го дуплира волуменот. Да напоменам дека овој процес е бавен, најмалку 2 часа.
Потоа тестото го истресуваме на намрсена работна површина, го расплескуваме со дланките, го додаваме сувото грозје, кратко го премесуваме. Го делиме на два дела.
Од секој дел правиме по три топчиња.
Секое топче го обликоваме во ваљак. Ги оставаме малку колку да се опуштат.
Уште малку ги издолжуваме и ги плетиме во плетенки. Од ова количина две плетенки.
Ги ставаме во правоаголни намрсени калапи со малку маргарин. Можи и во форма за куглоф.
Оставаме повторно да надојдат убаво, пак околу 2 часа.
Пред печење премачкуваме со благо разматена белка и наросуваме со кристален шеќер.
Ги печеме на 150 степени околу 50-60мин., (зависно од вашата рерна) во претходно загреана рерна.
После печење ги премачкуваме со малку путерче или маргаринче.
На здравје!



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2018 во 10:16

Денешниот ден го започнуваме со два вксуни предлози кои можат да се најдат на вашата Велигденска трпеза – Пилешко месо на алпски начин и Телешко месо со суви сливи. Едниот или двата предлози можете да ги приготвите како дополнување на нашата традиционална Велигденска трпеза.

Пилешко месо на алпски начин

СОСТОЈКИ
• 1 кг пилешко месо
• 300 мл павлака
• 250 гр комири
• 100 гр моцарела
• 100 гр рукола
• 100 гр вргањ (или други печурки)
• рузмарин
• 150 мл бело вино
• 4 пиперки
• 100 гр мали домати
• 1 главица кромид
• маслиново масло

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: исечете ги малите домати и моцарелата на парчиња. Измешајте ги со рукола и маслиново масло. Потоа, земете парче пилешко месо, направете отвор во средината и наполнете го со оваа смеса. Печете на скара, а ако немате услови за тоа, тогаш во рерна.

Чекор 2: во меѓувреме, подгответе го сосот. Пропржете ги печурките, додадете малку кромид, рузмарин, бело вино и продолжете со динстање. Кон крајот, додадете ги павлаката и рузмаринот.

Чекор 3: направете гарнир од потпечени компири и пиперки на скара. Сервирајте во празничен сервис. Најпрвин наредете ги компирите и пиперките во круг, во средина ставете го сосот и врз него наредете го пилешкото месо исечено на парчиња.

.

Телешко месо со суви сливи

СОСТОЈКИ
• 500 гр телешко месо
• 100 гр лешници
• 100 гр суви сливи
• млад лук
• 10 мл оцет балсамико
• сол, шеќер и масло
• малку густин

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: на загреано маслиново масло испечете ги парчињата телешко месо. Извадете го месото од садот и во истото масло пропржете ги и сувите сливи кои претходно сте ги пресекле на помали парчиња.

Чекор 2: во садот за печење додадете млад лук, балсамико, малку вода и оставете да се динста. На крајот додадете малку густин и лешници. Исечете го телешкото месо на парчиња и прелијте го со сосот.



Изменето од Valerija - 05.Март.2020 во 18:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2018 во 10:17

Првиот дел од статијата го посветуваме на две вкусни предјадења – зелен ролат и солени кифлички, со кои одлично можете да ја започнете Велигденската трпеза.

Солени кифлички

СОСТОЈКИ
• 800 гр брашно
• ¼ маргарин или путер
• 4 јајца (2 јајца за премачкување)
• 1 свеж квасец
• 300 мл млеко
• сол
• сусам или ким
• 200 гр сирење (гауда)

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: изматете го свежиот квасец со 100 мл млеко и една лажица шеќер. Оставете на топло за да се подигне. Во меѓувреме, брашното промешајте го со 2 јајца, сол и растопен путер. На крајот, додадете го и стасаниот квасец и по потреба малко топло млеко.

Чекор 2: мешајте ги сите состојки со помош на миксер. Миксирајте сè додека смесата не започне да се одвојува од садот. Потоа, садот покријте го со крпа и оставете го на топло за да стаса.

Чекор 3: откако тестото двојно ќе се зголеми, разделете го на неколку топки. Измесете ја секоја од топките и од неа сечете триаголници. На секој триаголник ставете малку гауда и затворете го. Наредете ги во тава за печење обложена со хартија за печење. Разматете две јајца со малку млеко и премачкајте ги кифличките. Попрскајте со ким или сусам. Печете во загреана рерна на 200℃, додека кифлите не добијат златна боја.

.

Зелен ролат

СОСТОЈКИ
• 4 јајца
• 4 лажици брашно
• 1 прашок за пециво
• сол
• 1 л јогурт
• 10 лажици спанаќ (пасиран)
• крем сир (по желба)

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: измиксирајте ги јајцата со јогурт и пасиран спанаќ. Потоа, полека додавајте го брашното помешано со прашокот за пециво.

Чекор 2: смесата излијте ја во сад за печење. Загрејте ја рерната и печете околу 20 минути на 180℃. Испечениот ролат веднаш завиткајте го во влажна крпа.

Чекор 3: кога ќе се излади, отворете го и намачкајте го со крем сирење. Повторно затворете го. Ставете го во фолија и оставете го на ладно. Се сече на парчиња и се служи како ладно предјадење или како прилог со месо.



Изменето од Valerija - 05.Март.2020 во 18:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2018 во 10:19

Велигденско мени: Салати

Салатите се дел од оброкот, без кои главното јадење нема да може никако да стане врвен специјалитет. Постојат безброј комбинации на продукти од кои може да се направат салати за сечиј вкус. За овогодинешното велигденско мени, ние одвоивме три салати кои може да бидат дел од главното мени.

Цезар салата со јагнешко месо

СОСТОЈКИ (за 5 лица)
• 500 гр јагнешко месо без коска, исечкано на ситни парчиња
• 5 листови зелена слата, исечкана
• 1 лименка грав
• 1 виолетов кромид, ситно исечкан
• 120 мл сос за Цезар салата
• 125 гр кравјо сирење, издробено

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната. Наредете го јагнешкото месо на хартија за печење и печете 8-12 минути (со едно вртење) на умерена температура. Потоа, оставете да се излади.

Во голем сад за салата, ставете ги парченцата месо, зелената салата, гравот, кромидот и сосот за салата. Добро измешајте и на крај покријте со ситно кравјо сирење.

.

Салата со јајца и мајонез

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 8 јајца
• 1 голема лажица мајонез
• 1 голема лажица сенф
• 1 мала лажица микс од зачини
• 1 мала лажица црвен пипер
• ½ виолетов кромид, ситно исечкан
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Сварете ги јајцата. Откако ќе се сварат, оставете ги да стојат во топлата вода 10-тина минути. Потоа, излупете ги и исечкајте ги јајцата.

Во голем сад за салата ставете ги сите состојки. Добро измешајте со дрвена лажица. Можете да ја служите на лебче како сендвич, или како салата нанесена на листови зелена салата.

.

Салата од спанаќ и јагоди

СОСТОЈКИ (за 8 лица)
• 1 кг спанаќ
• 650 гр јагоди, тенко исечкани
• 120 мл масло
• 60 мл бел оцет
• 100 гр шеќер
• 20 гр сусам
• 10 гр афион
• ½ мала лажица црвен пипер

ПОДГОТОВКА
Во голем сад, измешајте ги спанаќот и јагодите.

Во друг, помал сад, измешајте ги маслото, оцетот, шеќерот, црвениот пипер, сусамот и афионот. Оваа смеса прелијте ја преку спанаќот и јагодите.

Related Posts with Thumbnails


Изменето од Valerija - 05.Март.2020 во 18:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2020 во 18:04

Велигденски десерт од Сицилија

Рисо Неро, односно Црниот ориз е необично обичен десерт со потекло од Сицилија. Не станува збор за некој специјален вид на ориз, туку за десерт кој се прави со какао


Црниот ориз со својот состав и начинот на подготвување потсетува на арапските десерти богати со шеќер и со зашеќерено овошје. Начинот на подготвување се разликува од семејство до семејство па ова е само еден од начините за негово подготвување. Количината е голема па ако подготвувате десерт само за четиричлено семејство, преполовете ја количината на наведените намирници. Состојките можат да варираат и се лесно достапни, а резултатот е десерт со вкуден и раскошен изглед.

Состојки:

500 г ориз

1-1,5 л млеко

300 г шеќер

200 г чисто горчливо какао во прав

100 г црно чоколадо скршено на парчиња

200 г груби исечкани и излупени бадеми

100 г кандирано овошје (ситно исечкано)

Кора од 1 портокал

Цимет во прав

2 лажички ванилин шеќер

Прстофат сол

По желба за поросување:

Шеќерни трошки, кандирано овошје или препечени ливчиња бадеми.

Приготвување:

Оризот измијте го и ставете го да се вари во млекото, заедно со прстофат сол, шеќер и ванилин шеќер.

Кога е оризот речиси сварен, ал денте, полека, со постојано мешање додавајте го какаото и ситно изренданата кора од портокал.

Оризот не смее да се превари, ниту да се залепи за дното од садот. Ако е потребно, додадете малку врела вода (ако е оризот недоволно сварен, а смесата станала премногу густа.

Тргнете го од оган и додадете ги веднаш грубо исчеканите бадеми или почекајтесмесата малку да се олади, потоа додадете ги парченцата чоколадо.

Ставете ја смесата во садови за послужување и поросете со препржени ливчиња бадмеи, со кандирано овошје или шеќерни трошки и малку цимет во прав.

Напомена:

Количината на шеќер можете да ја намалите или зголемите според вкусот. Дел од млекото можете да го замените со вода.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2020 во 18:32

Велигденска чоколадна бомба




Состојки:

За кората:

4 јајца

100 г кафеав шеќер

1 ванилин шеќер

100 мл зејтин

70 г брашно

30 г какао

½ прашок за пециво

За кремот:

500 мл павлака за шлаг

300 г чоколадо за готвење

200 г млечно чоколадо

Приготвување:

  1. Помешајте ги сувите состојки за кората.
  2. Белките изматете ги со малку сол, а жолчките со шеќерот и со ванилиниот шеќер па додадете им го зејтинот, и наизменично додавајте по малку од изматените белки и по малку од сувите состојки и полека мешајте додека сите состојки не се соединат.
  3. Ставете хартија за печење на дното од калапот за печење па истурете ја смесата и печете околу 15-20 минути на 180° C. 4. Оставете го тестото во калапот 15-тина минути да се разлади и во меѓувреме пригответе го кремот.
  4. Ставете ја во тенџерче павлаката и искршеното чоколадо и загревајте на тивок оган додека чоколадото не се стопи. Прелијте го кремот преку млакото тесто.
  5. Тортата оладете ја до крај на собна температура а потоа во фрижидер, најдобро преку ноќта.
  6. Украсете со чоколадни зајчиња и јајца, а можете да ставите и малку зелен кокос (кокос обоен со зелена прехранбена боја за колачи, течна или во гел) како имитација на трева.


Изменето од Valerija - 05.Март.2020 во 18:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.