IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Македонски народни носии
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонски народни носии

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 16:50

Носија од Миравци
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2015 во 00:19
ПРИЛЕПСКО - БИТОЛСКО ПОЛЕ

Некогаш овој етнички предел имал исти карактеристики и се смета дека во цел регион се носела иста носија. Во поново време носијата е поделена на носија од Прилепско и носија од Битолско поле. Носијата е составена од: кошула, шајак, прегач, грло, цепениче, даркма, појас, ракушки, тресалиња, чорапи, калци, прцле, цела, кусале, фермеле, ќурдија, ракавчиња, крпи и шамивчиња, и соодветен накит (игли, чапрази, скопци, јадици). Отстапки меѓу двата региони се прават во однос на терминологијата.
Народната носија во пределот на Прилепско - Битолско поле, голем рамничарски предел во средниот дел на Брсјачката етничка област, е позната по тоа што во минатото била една од најдекоративните, и во исто време и најтешките носии што ги носеле жените во Македонија.

Платнените долги туниковидни кошули се украсени со густо извезени мотиви во разни бои, во кои најмногу доминира црвената во сите нијанси. Богатството и разновидноста на извезените мотиви, нивната складност и прецизност, ги карактеризираат везбените украси како едни од најубавите и најдекоративните во Македонија. Платнената летна саја и зимскиот волнен бел клашеник, украсени со извезени мотиви, срма и монистра, ткаената волнена, ситно орнаментирана скутина - опрегач, усогласени по боја, начин на украсување и орнаментика, чинат една целина со останатите делови на носијата.

Зимската облека е валанка, изработена е од дебела црна клашна, украсена со карактеристични украси од гајтани, ширити и монистра. Волнени, плетени, вкусно шарени чорапи и калци (волнени чорапи без стапало), со опинци, го оформуваат обувањето на нозете. Машката носија во Прилепско - Битолското Поле ја сочинуваат бројни облеки: аба - од бела тенка волнена ткаенина, кошула од платно со везени украси, џамадан од црна клашна, појас ткаен од темно црвена волна, како и ресачка - горна облека од црна клашна, долга до колена. Специфичност на носијата од овој регион е употребата на скутина - унечка, како составен дел на машката носија.

Зимската машка носија е сета од волнена валана ткаенина шаек, порано во бела, потоа во црна, а како моден тренд, особено за помладите, во темноцрвена боја. Бројните облеки што влегуваат во составот на оваа носија - минтан, елек, џамадан, бечви - украсени со црни оптоки, се дополнуваат со разнобојниот пругасто - шарен волнен појас. На нозете се носат волнени, плетени чорапи и кожни чевли, а на главата шубара од јагнешка кожа.

    

ГОРНИ БИТОЛСКИ СЕЛА И ЦАПАРСКО ПОЛЕ 

Кон крајот на XIX и почетокот на XX век во овој предел почнало нагло видоизменување на народната носија под политичко и економско влијание. Така се изменил визуелниот лик на носијата и таа од црвена се преобразила од т.н АЛСКА во црна. Овој нов тип на „црна“ носија е познат како Буковска мода, кој се раширил и во полските села. Носијата е составена од: кошула, шајак, даркма, грло, појас, фута, чорапи, ракавчиња, кусале и накит.

    


На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2015 во 00:34
МАРИОВО

Мариово претставува изолиран предел со сличности и карактеристики на полските села. Во поново време носијата значајно се изменила и почнале да се носат т.н ФУСТАНИ од волнени ткаенини. Носијата е составена од: кошула, сагија, прегач, грло, појас, чорапи, тулбен, орбус, префрлач, калци, шамија, коцел, нетоп, подкоцелник и накит.
   
Мариовска народна носија                                      Составни делови на носијата


ЖЕЛЕЗНИК И КИЧЕВИЈА СО ДЕБАРЦА

Помеѓу овие региони се согледуваат мали разлики па затоа се обработуваат како едно исто. Носијата е составена од: кошула, клашеник, скутина, грлинка, чорапи, појас, ќурдија, калци сокај, тулбен, урбус, гајтан и накит.
  
Кичевска народна носија                                         Кичевска народна носија

МАЛЕСИЈА

Женската носија од Малесија обилува со бројни облеки, украсени на поинаков начин од соседните предели. Облеките од невестинската носија наречени се големи, како и тие за првиот ден по свадбата кога невестата првпат оди на вода, означени се како помали.Воедно тие се најукрасените и најдекоративните - кошула голема - срамачка, везена на ракавите, елек - антерија, украсен со седефки, клашеник со срмени украси и џубе со гајтани. Сите овие облеки поврзани во една целина ја оформуваат носијата од пределот Малесија со посебни етнички карактеристики и естетски белези.

Посебно обележје на облеката е белото џубе, каде што доминантна е белата боја во клашнениот материјал од кој е направена, а и во гајтаните со кои е украсена. Оваа белина на облеката џубе има намена на траурен белег, а во носијата на изолираниот планински предел Малесија се јавува како остаток од зачувана трага на старословенскиот обичај, кога жалоста се одбележувала со носење на облека во бела боја.

  

носија од с.Локов-Малесија                                      Машка носија од Малесија


ОХРИДСКО-СТРУШКО ПОЛЕ

Носијата е составена од: кошула, клашеник, поманики, појас, скутник, џуница, џубе, кусак, чорапи, сокај, гајтан, марама, сокајници и накит.

  

                                              Охридска народна носија


ПРЕСПА

Носијата е составена од: кошула, грлинка, поманики, џуба, појас, џуница, елек, шегин, скутина, ресачка, кусаче, дулбен, забратки, чорапи, сокај и накит.

  

Народна носија од горна Преспа                              Преспанска народна носија


СТРУШКИ ДРИМКОЛ

Носијата е составена од: кошула, забун, грлка, елек, џубе, појас, чорапи, скутник, сокај, поманики, препашка, гајтан, марама и накит.

Народните носии од Струшки Дримкол биле носени во 16 села од овој регион. Машката носија е составена од бели клашнени облеки, украсени со црни гајтани, (бечви, џамадан), а младоженската носија, наречена зетоска, се дополнува со клашнена бела долама, долга до колена, тесна во горниот дел и широка, со многу набори, во долниот дел. Составен дел на носијата, исто така е богатиот карактеристичен машки накит - ќустек, со саат и старовремски пиштол.

За носијата на жените од Струшки Дримкол се карактеристични повеќе бели клашнени облеки, кои се разликуваат по возраст и намена (клашеник - со украси од чоја за невести, џубе - со црвени и бели оптоки за повозрасни жени, ресачка - со волнени рески од внатрешната страна, за зимскиот период). Овие клашнени облеки се носат преку долгата платнена кошула, украсена со волнен, или постарите со копринен вез, со ситна и префинета релјефна орнаментика, а се опашуваат со многу долг црн плетен волнен појас, а врз него ткаена декоративна препашка, џуница и пругасто шарена скутина бофча, со богати поткити од волнени и чојани реснати украси.

Во носијата на невестите во минатото била карактеристична везената невестинска покривка за глава, наречена сокај, масовно употребувана до крајот на XIX век. Сокајот, како еден од најдекоративните елементи од женската носија, со врвни естетски вредности, изразени преку везената орнаментика, укажува на дамнешни културно - историски врски и може да се поврзе со некои истоветни делови на народите од Поволжјето. По својата форма на високо издигната ќулафка дава можности за претпоставка за врската со далечни траги од некогашните еднороги шапки, кои потсетуваат на старите фригиски капи.Невестинската покривка за глава е марама од бело платно, украсена со разнобојни геометриски мотиви и густи волнени реснати поткити. На нозете се носат волнени плетени, ситно орнаментирани - чорапи и кожни чевли.

Во носијата од Струшки Дримкол е застапен разновиден накит (киска, тантурици,мангура, чапрази), во кои металот е дополнет со корални украси.

Денес женската носија од овој предел сè уште се одржува, но, ограничена е на одредени обредни и свечени функции, со значително изменета и редуцирана содржина - изоставени везбени украси, изменет начин на украсување, и некои клашнени облеки.

                                    

Ракав од невестинска кошула, везен со црвена и црна волна        вез на женска шамија за глава, со темноцрвена и црна свила


На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,265 секунди.