IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - Работа во Германија за студенти
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Работа во Германија за студенти

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Maleficent Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член

Регистриран: 01.Март.2015
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maleficent Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Работа во Германија за студенти
    Испратена: 01.Март.2015 во 11:37
Потребни ми се студенти за сезонска работа во Германија за на лето. Понудени се повеќе работни позиции и не е потребно познавање на јазикот. За подетални информации пишете ми порака
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2015 во 12:01
A shto bi rabotel bez nikakvo poznavanje na germanskiot?
Koj te laze (koja agencija) deka kje te vraboti bez da beknesh germanski?
I ova e forum, se se pishuva javno. Zatoa i postojat forumite.

Изменето од evangeline - 01.Март.2015 во 12:02
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.

Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Maleficent Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член

Регистриран: 01.Март.2015
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maleficent Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2015 во 13:41
Па добро, нема потреба одма да почнуваме со напаѓање. Се гледа дека воопшто не си информирана, можеш чоечки да прашаш место да критикуваш.
Работата е сезонска за студенти затоа што за нив работодавците плаќаат најниска стапка на данок. Мах може да се работи 3 месеци.
Апликациите му ги испраќам на работодавецот и тој ги носи во ЦАВ тоа е германско биро за вработување и тие мора да ги одобрат односно работна дозвола да дадат и после тоа се прават договори.
Понудени се неколку работни позиции: работа во фабрика за чоколада, работа во хотел, чистење на објекти, банки, бутици..
Единствениот услов за аплицирање е да бидете запишани на фах.
Доволно е добро познавање на англискиот јазик, а тие што знаат германски можат да добијат подобра работна позиција.
Јазикот не е број еден приоритет за аплицирање, на работодавецот потребна му е работна сила така да не прави проблем за јазикот. И работите се такви што не е потребна некоја си кузне колкава комуникација. Тие што ќе одат таму ќе бидат појдени за работење, а не за зборување.
Доколку има некои заинтересирани нека ме исконтактираат да им објаснам подобро за процедурата, плаќањето и слично.
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2015 во 14:20
Originally posted by Maleficent Maleficent напиша:

Па добро, нема потреба одма да почнуваме со напаѓање. Се гледа дека воопшто не си информирана, можеш чоечки да прашаш место да критикуваш.
Работата е сезонска за студенти затоа што за нив работодавците плаќаат најниска стапка на данок. Мах може да се работи 3 месеци.
Апликациите му ги испраќам на работодавецот и тој ги носи во ЦАВ тоа е германско биро за вработување и тие мора да ги одобрат односно работна дозвола да дадат и после тоа се прават договори.
Понудени се неколку работни позиции: работа во фабрика за чоколада, работа во хотел, чистење на објекти, банки, бутици..
Единствениот услов за аплицирање е да бидете запишани на фах.
Доволно е добро познавање на англискиот јазик, а тие што знаат германски можат да добијат подобра работна позиција.
Јазикот не е број еден приоритет за аплицирање, на работодавецот потребна му е работна сила така да не прави проблем за јазикот. И работите се такви што не е потребна некоја си кузне колкава комуникација. Тие што ќе одат таму ќе бидат појдени за работење, а не за зборување.
Доколку има некои заинтересирани нека ме исконтактираат да им објаснам подобро за процедурата, плаќањето и слично.

А кој те нападна?
Тебе ти се обратив, затоа што ти праша, инаку општо се однесува на било кој и да аплицира без да знае два збора да каже на германски.
Информирана сум доволно за да знам дека треба да имаш барем основно познавање на германскиот, а тие од агенција можат да ви продаваат убави приказни.
Знам за многу млади кои беа зезнати од страна на ЈК травел и нивниот препотентен газда Горан (кој за малку ќе си заработеше тужба од моја страна, среќа заврши со тоа што му пуштив инспекција!). Зезнаа и други студенти од некоја друга агенција, особено во 2012 година ако не се лажам. Над 30 студенти ги депортираа од  Германија, си ги дадоа парите и малку им е...
Но во секој случај, за тоа може да побараш на Google, ќе видиш кои критериуми треба да ги задоволиш.
А убаво би било да постираш тука од официјален извор, доказ дека германскиот не ти е потребен!
Многу нормално е дека ќе одиш да работиш, ама што мислиш, од толку илјади студенти со солиден германски, баш тебе работодавецот ќе те одбере? Италијанците, германците па до некаде и французите се приказна за себе. Најголемиот дел од нив англиски ниту знаат, ниту имаат намера да научат, особено италијанциве... Нив им е доволен мајчиниот. Па ти оди разбери се.

А со последната реченица (па дури и со воведот) кажа се, на форумов не треба да се дозволат вакви што си прават бесплатно рекламирање, господине Посредник. намигнување
Барем кога почна со рекламирањето, кажи и колку ти е провизијата. И кажи им на учесниците дека и сами (бесплатно) можеле да си најдат работа, ама сепак те одбрале тебе и ти платиле.

Изменето од evangeline - 01.Март.2015 во 14:25
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.

Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Maleficent Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член

Регистриран: 01.Март.2015
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maleficent Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2015 во 15:46
Епа не си баш доволно информирана. Тоа со познавањето на јазик зависи од работодавецот, има работодавци што бараат солидно познавање на јазик, а има и што не бараат. Сепак зависи од рабтоодавецот и за каква работна позиција аплицираш. Пример неможе да работеш на каса, а да не го знаеш германскиот јазик. За таква работна позиција никој работодавец не би се нафатил да земе студент без солидно познавање на јазикот. За чистење соби во хотел стварно не е потребно познавање на јазикот пошто би чистела додека нема гости, значи немаш никаков контакт со луѓе. Во секоја група ќе има студент што знае добро германски и до јули секој може да научи основни работи.
Инаку јас лично познавам студенти што воопшто не знаат германски и слабо го знаат англискиот али ете не биле сами и имале среќа и си одат секое лето на работа во Германија. Па како успеале тие? Нормално тоа е до работодавецот. Си работат, вредни се и секое лето си ги бара.
Да се вратиме сега на агенциите. Во секоја агенција бараат да го знаеш германски јазик, дури и интервју ти прават. Што си аплицирирала ти ако не го знаеш јазикот, па нормално дека ќе бидеш одбиена. За ЈК знаам доста работи имам познаничка што две лета оди преку нив. Ја крадеа на саатница пример 7.50 му пишеше во договорот, а земваше минимално 6.50 исто така и на смештајот.. Работодавецот идеше во МК да им прави на студентите интервју и до некаде што се тие криви доколку работодавецот не сакаше да ве земи.
Секаде постои ризик и тоа што го прават Јк не е во ред. Ако сакаш да аплицираш преку агенција, аплицирај во Контех.
Инаку за тие 30тина студенти долго време се слушаше по медиуми.Не знам каде тргнале тие без договори т.е му рекоја на граница дека ќе работат, а немаа договори и нормално кој ќе ги пушти нив.
Има мн случаеви што договорите не му се сеуште спремни, а на работодавецот му требаат работници и ќе ги викне да одат па таму ќе му ги даде договорите али на граница се прија вуваат како туристи и никому ништо.
Аплицирањето директно во ЦАВ е бесплатно и треба да имаш многу солидни познавања на јазикот, од оваа година на сите ќе му се јавувааат и ќе им прават интервју. Не сака секој да аплицира во ЦАВ и да го знае јазик, пошто нема да знае од каде ќе му се јават пример може ќе му се јават за некое село на север каде што би бил сам. Не се сите потготвени во друга држава скроз сами да одат.
И ти си можела да аплицираш директно во ЦАВ, па што си ги одбрала ЈК? Никој не ти е крив што сама си се зезна.
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2015 во 16:06

Болд број 1:
Ако секое лето одиш како студент, а притоа не научиш ич германски, значи си доволно глуп за некој оскар за глупавост.
Кога заминуваш на работа некаде во странство НЕ треба да се ослониш на среќата. Таа денес ја имаш, утре не. А кога ќе ја снемаш ќе останеш со прстето во устанамигнување
Втор болд: 
Каде спомнав дека ЈАС сум аплицирала? Јас ќе ги тужев за туристички аранжман, затоа и кажав дека Горан е тежок лажго и ТОЈ ќе заработеше тужба од мене, а не спомнав никаде дека сум аплицирала за студентска работа (за која што одамна не се квалификувам, благодарам за комплиментот - мислиш дека сум доволно млада за да сум студенткахи, хи...)
Трет болд:
Ако ја крадел работодавецот, а притоа таа била отидена ЛЕГАЛНО во Германија, требало да се обрати на соодветната институција. Ама ако била нелегално, односно туристички, е тогаш ќе работи и ќе ќути.
Четврти болд:
Ако на граница се пријавиле како туристи и биле вклучени во некаков работен ангажман, значи дека нелегално работеле и ако ги фателе претпоставувам и сам  знаеш како ќе поминеле!

И сам кажа дека е бесплатно и работната понуда можеш да ја прифатиш или да ја ОДБИЕШ.
Така да, те молам барај жртви на друг форум.
Тука сите се 30+ годинима ајде

И уште едно нешто да ти кажам.
Ако не си доволно способен САМ да си најдеш работа во одредена држава, веројатно нема ни да успееш да се снајдеш во таа средина. Така да, подобро да си останеш дома, отколку да си ги дадеш парите па да паѓаш во депресија...

Изменето од evangeline - 01.Март.2015 во 16:12
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.

Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Maleficent Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член

Регистриран: 01.Март.2015
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maleficent Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2015 во 17:16
Не образложи зошто си сакала да го тужиш али напишаа дека зезнаа и други студенти па затоа претпоставив дека и ти си си била во нив.
Има студенти што учат и слушаат со години англиски јазик па сепак неможат да сврзат една проста реценица. И да направиме сега споредба со некој што отишол две лета Германија да работи, а притоа сепак зборувал македонски зато што колегите му биле македонци и срби (нормално имало и германци али со нив не контактирал зато што неможел). Па, нека не те чуди и основно познавање на јазикот сепак да нема.
Германскиот јазик е многу потежок во однос на англискиот. ЗБорувам за личности што не се ни труделе да научат, туку така гледале само да поминат.

Доколку ЦАВ не им дадат работна дозвола, работодавците нема шанси да викнат некој да работи. Пошто високи се казните за нив. Меѓутоа ете му одобрил ЦАФ и дури да го направи договорот ќе ги викне студентите да одат, па после таму по две недели ќе им ги даде. Така да, во тој случај мора да кажат на граница дека се туристи.

Легално беше девојчето отидено да работи али неможeше ништо да преземи пошто ќе требаше дома да си оди и тие пари што ги заработи, ако се пожалеше ќе ги немаше.

Сериозно не разбирам кој ти е проблемот, алал да ти е штом одма почна со осудување и критикување. Ти си таа што жртви бараш очигледно за контрање.
Толку ти е досаден животот што имаш 30+ години и се замараш со работи кои не се наменети за тебе.
Така да, јас те молам тебе да не ми се мешаш во темата. Може треба да си направиш тема насловена "Што да правам со живот над 30+ год"
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2015 во 17:50
Па не образложив, затоа и не треба да претпоставуваш.
И не, нема студенти што учат со години англиски, тие можеби слушаат, но не учат. Учиш за да научиш, слушаш за колку да си присутен на некоја настава, без разлика дали е факултетска или вон универзитетска.
Германскиот не е многу потежок од англискиот, изговорот е потежок и тоа е тоа. Јас го учев и ако сакаш да го научиш не е тежок. Ако не сакаш, тешко ќе ти биде и што живееш...

Мене знаеш кој ми е проблемот?
Таквите како тебе и агенциите кои "посредуваат" при вработување во странство.
Им ветуваат на децата брда и долини за кога ќе отидат таму или воопшто да немаат работа или да работат за помала плата од пропишаната. А дури и за "консултантските услуги" наплаќаат провизија. А сето тоа е бесплатно, за жал или за среќа.
А децата се лажат, живееме во една неразвиена држава, па кога ќе слушнат некоја убава приказна за таму некаде, посакуваат да заминат и да си го остварат сонот, макар и само да е преку летото. 
Некои ќе успеат (тие што се поснаодливи и што го говорат јазикот), некои нема да успеат и ќе се вратат и без пари и со многу фрустрации. Некои ќе успеат да останат и за подолго, секоја чест.

И колку за твоја информација, кога веќе праша, можеби студентскава работа не е за мене, ама мое е да ги предупредам сите што заминуваат во што се впуштаат, а ти не си никој за да ми го забраниш тоа.

А ако твоите услуги се легални во РМ, те молам во темава претстави се со име на твојата фирма и број на лиценца за посредување издадена од Министерството за труд и социјална политика. 
Во спротивно, прекини со реклами. ИДИВИДИ има тарифник за истите и доколку ти е потребна реклама можам да ти го обезбедам мејлот за контакт.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.

Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.