IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Трансцендентална Медитација
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Трансцендентална Медитација

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
stevesatriani Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Мај.2014
Статус: Офлајн
Поени: 264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stevesatriani Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Трансцендентална Медитација
    Испратена: 18.Јуни.2014 во 12:41
Што е Трансценденталната Медитација?

ТМ е ненапорна, едноставна, длабоко ефективна, уникатна форма на медитација која се практикува 20 минути два пати на ден, седејќи удобно со затворени очи. Секој може да практикува Трансцендентална Медитација.
Техниката дозволува активноста на умот да се смири на природен начин се додека не искуси мир, но истовремено е сосема буден. Тоа овозможува стресот и заморот природно да се елиминираат, резултирајќи со поголема енергија, јаснотија и уживање во животот.

Што не е ТМ

Тоа не е религија или филозофија и не бара промена во животниот стил. Не е концентрација, контемплација или набљудување на мислите – ниту пак е вообичаена медитација со мантра. Трансценденталната Медитација нема да ги попречи вашите постоечки верувања. Тоа е едноставна ментална техника. Праксата не доаѓа во конфликт со било кои верувања, религии или слично, а во исто време луѓето често изјавуваат дека редовната медитација дава јаснотија и перспектива на нивните највисоки стремежи.
Како функционира
Трансценденталната Медитација му овозможува на умот да се смири внатрешно и да премине преку мислата, да го искуси изворот на мислата – чистата свест, исто така позната како трансцендентална свест. Ова е најмирното и најтивкото ниво на свеста – вашето најдлабоко внатрешно Себство. Во оваа состојба на одморна будност, вашиот мозок функционира со значително поголема кохеренција и вашето тело добива длабок одмор.

Како ТМ се разликува од другите техники

За разлика од другите техники, ТМ техниката не вклучува концентрација, контемплација или контрола на вашиот ум. Таа е ненапорна и пријатна и може да се практикува удобно седејќи. ТМ техниката му овозможува на вашиот ум лесно да трансцендира, да се смири во внатрешноста, во изворот на мислата – а тоа претставува природна состојба на чистата свест и одморната будност. Ова автоматско само-трансцендирање е уникатна карактеристика на ТМ техниката. Другите форми на медитација може да предизвикаат ефекти во одредени области, но само ТМ-от, како што е докажано во стотици студии, резултира со моментални и долгорочни придобивки за здравјето на умот и телото.

Внатрешен мир: Доживување на умот и телото
Длабокиот одмор кој се доживува за време на Трансценденталната Медитација го релаксира телото и му овозможува да се ослободи од стресот и од хроничниот замор.
Кога вашиот нервен систем е помалку напнат, можете посмирено да реагирате на проблемите со кои се соочувате. Не е доволно да се утврдите во внатрешниот мир. Мора да го доживеете во вашата физиологија.
   

Доживејте природен мир

Со додавање на смирувачкото дејство од Трансценденталната Медитација во вашето секојдневие, внатрешниот мир лесно се зголемува. Умот има природна тенденција да оди во насока на поголема среќа и мир. Кога практикувате Трансцендентална Медитација, овој процес се случува природно и автоматски.
Додадете медитација во вашата дневна рутина
Вистинскиот внатрешен мир е чувство на смиреност и фокусираност (присебност) кои се потребни за да се биде ефективен во денешното напорно секојдневие. Во спортот, тоа го нарекуваат „Зоната", кога атлетите постигнуваат врвни резултати истовремено останувајќи смирени и со целосен преглед на ситуацијата. Не морате да се искачите на врвот на некоја планина за да најдете внатрешен мир. Само практикувајте Трансцендентална Медитација двапати на ден.
Со додавање на смирувачкото дејство од Трансценденталната Медитација во вашето секојдневие, внатрешниот мир лесно се зголемува. Тоа е слично со традиционалниот начин на боење на платно: наизменично се натопува во боја и се остава на сонце повеќе пати се додека не се добие поинтензивна боја. На истиот начин, наизменичното практикување на ТМ и на секојдневните активности, брзо нè доведува во состојба во која стресните искуства веќе не можат да ја пореметат нашата смиреност. Без разлика со какви проблеми се соочувате, истите ги решавате со силна и стабилна состојба на умот
Трансценденталната медитација го намалува стресот на природен начин
Стресот е дел од животот – но не мора да биде.
Секој од нас е свесен за негативните ефекти на стресот. Тој ги намалува нашите можности за ефективност, ги нарушува меѓучовечките односи и доведува до забрзано стареење. На кратко, стресот го намалува уживањето во животот. Уште повеќе, има тенденција на зацврстување во нашиот систем во текот на животот. Дури ни добриот сон, ни продолжениот одмор, не ни овозможуваат целосно да се опоравиме од стресот.

Хормони и однесување

Создавање на хармонизиран поглед на свет
Може да постојат или да не постојат нешта (работи) кои може да ги направиме за да ги реорганизираме нашите животи надворешно со цел да си помогнеме во намалувањето на стресот. Но без разлика дали имаме таква можност, Трансценденталната Медитација

Посмирено реагирање на стресот

Бидејќи секој поединец е различен, ефектите на хармонизација од Трансценденталната Медитација може да донесат различни придобивки кај различни луѓе, како што се поретки главоболки, подобар сон, зголемена енергија или подобрување на односите со другите. Како и да е, една придобивка која се јавува кај повеќето луѓе е подоброто справување со стресни ситуации по применувањето на Трансценденталната Медитација.
Закажете локално воведно предавање
закажете сега

Д-р Џон Хагелин,
Квантен Физичар
"Трансценденталната Медитација е најшироко истражуваната форма на медитација и нејзините придобивки за умот, телото и емоциите се потврдени од стотици различни студii

Трансценденталната Медитација и здравјето

Многу лекари и други професионалци од областа на здравјето и самите практикуваат Трансцендентална Медитација и ја препорачуваат на своите пациенти.
Наскоро ќе објавиме прашања и одговори од лекари поврзани со многу различни здравствени проблеми. Во многу истражувања во кои се споредува Трансценденталната Медитација со други техники, откриено е дека таа е многу поефективна во постигнувањето на одржлива и долгорочна релаксација и во намалувањето на хормоните кои предизвикуваат стрес во секојдневниот живот, како и во промовирањето на долг и здрав живот.
Повторно воспоставување на рамнотежа и нормално здравје
Најновите здравствени трендови постојано ни нудат нови решенија за здравствените проблеми. Но, постои еден многу едноставен клуч за целосна благосостојба: дозволете ѝ на внатрешната интелигенција на телото да направи најмногу што може за повторно да се воспостави рамнотежа и добро здравје.

Повеќе од релаксација. Од подобро здравје до личен развој

Трансценденталната Медитација е релаксирачка, но е и многу повеќе од тоа. Таа е уникатна комбинација на длабока релаксација и проширена свесност. Оваа состојба на „мирна будност" ја издвојува Трансценденталната Медитација од другите техники на релаксација и активности за ослободување од тензија, како што се телесното вежбање и музиката. По медитацијата, практикантите кажуваат дека се чувствуваат смирено, имаат јасен ум и полни се со енергија, како што се чувствуваме во нашите најдобри денови. Трансценденталната Медитација помага да се чувствуваме така во текот на целиот ден и тоа секој ден. Таа помага и при справувањето со широк спектар на здравствени состојби кои се често поврзани со стресот, како што се мигрена, чиреви, висок крвен притисок, ангина, астма, анксиозност, несоница, прекумерна употреба на алкохол, цигари и непрепишани лекови. Со секојдневно практикување на Трансценденталната Медитација, се развиваат убавите емоции, умственото и телесното здравје, а тоа води до поголемо уживање, среќа и успех.

Природно решение за анксиозност и депресија

Анксиозноста и депресијата се многу чести, а сепак можеби постои достапно и едноставно решение. Кај некои луѓе, стресните и обесхрабрувачките настани предизвикуваат краткотрајни симптоми, но кај некои други, анксиозноста и депресијата можат да бидат долготрајни и постојани, правејќи го нормалниот живот невозможен. Трансценденталната Медитација обезбедува природно решение за надминување на анксиозноста и депресијата.
TM го прекинува магичниот круг
Справувањето со анксиозноста и депресијата може да биде долготраен предизвик, па дури и магичен круг, во кој колку помалку може да се справиме со нив, толку поизразени стануваат.

Двојно поефективна од другите техники

Она што ја издвојува TM е нејзиниот холистички (сеопфатен) ефект. Тоа е како да одгледуваме растение само со негување на лисјата наместо редовно да го наводнуваме коренот. Научните истражувања покажаа дека длабоката релаксација која се добива со Трансценденталната Медитација ги смирува умот и телото така што нервозните реакции на стресот се намалуваат. Последователно, анксиозноста и депресијата се намалуваат, овозможувајќи ви да се справите и да надмините многу непријатни симптоми, а тука спаѓаат и нападите на паника, социјалната анксиозност и фобиите.
Анализата на сите 146 објавени студии за релаксација и анксиозност (видете го графиконот лево) покажа дека Трансценденталната Медитација е двојно поефективна во намалувањето на анксиозноста во споредба со другите техники вклучувајќи ги реактивната релаксација, медитацијата со концентрација, систематската мускулна релаксација и мускулниот биофидбек.
Интересно е тоа што луѓето, кои биле вклучени во истражувањата, колку подолго практикувале ТМ, толку поголемо било намалувањето на анксиозноста.помалку
Секогаш барајте совет од лекар
Ако чувствувате дека анксиозноста или депресијата сериозно ви го влошуваат животот, тогаш треба да го консултирате вашиот лекар. Трансценденталната Медитација е комплементарна со било кој медицински пристап за справување со анксиозност и депресија. Сепак никогаш не треба да го замените лекарскиот совет со практување на ТМ, и ...
•     Секогаш барајте совет од вашиот лекар.
•     Никогаш не ја намалувајте дозата на препишаните лекарства освен ако вашиот лекар не ве посоветувал да го направите тоа.

•     Трансцендирањето е основата за просветлување

•     Вообичаено во текот на денот, ние го доживуваме интензивното и активното секојдневно ниво на размислување. Кога практикуваме Трансцендентална Медитација, доживуваме состојба во која умот е целосно мирен, а сепак широко буден.
•     Трансцендира значи "оди преку", и трансцендентална состојба имаме кога умот оди, преминува преку секоја активност. Тоа е доживување на внатрешното Себство, искуство на совршен мир. Трансцендирањето е природно и универзално искуство, познато на сите култури, но сепак, тоа се случува ретко и најчесто...повеќе
•     
•     Просветлување

•     "Просветлувањето е нормална, природна состојба на здравје за телото и умот. Доаѓа како резултат на целосниот развој на свесноста и зависи од совршеното и хармонично функционирање на секој дел од телото и нервниот систем. Кога некој го користи целосниот потенцијал на умот и телото на овој начин, секоја мисла и акција е спонтано исправна и го поддржува животот. Тоа е живот ослободен од страдање, живот живеен во неговата целосна големина и смисла."
•     Махариши
•     Желбата да се спознаеш себе си
•     Желбата да се спознаеш себе си и да ја разбереш својата поврзаност со универзумот е природна. Со векови, таа ги инспирирала светците и мудреците да се свртат кон внатре барајќи просветлување. Кога повеќето луѓе се распрашуваат за Трансценденталната Медитација, тие ги бараат едноставните, практичните и секојдневните придобивки што се добиваат со практикување.
•     Сепак има и такви кои сакаат да научат Трансцендентална Медитација од причини кои тешко се изразуваат со зборови, како на пример, за себе-спознание, свесност за себе си, внатрешен мир, духовен развој и просветлување. Сите тие се еднакво важни причини за учење и се, во извесна смисла, точно тоа што Трансценденталната Медитација го обезбедува.
•     Трансценденталната Медитација обезбедува пристап до длабоката тишина на внатрешното Себство кое што е длабоко во секого. Со редовна практика, мирот и блаженството на тоа внатрешно искуство природно се интегрира во секојдневниот живот, а тоа води до просветлен живот со целосно развиено срце, ум и душа.
•     Закажете локално воведно предавање
•     закажете сега
•     
•     Д-р Џон Хагелин,
Квантен Физичар
•     "Трансценденталната Медитација е најшироко истражуваната форма на медитација и нејзините придобивки за умот, телото и емоциите се потврдени од стотици различни студии."
•     

Кон врв
stevesatriani Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Мај.2014
Статус: Офлајн
Поени: 264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stevesatriani Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2014 во 13:22
Kursot e vo vremetraenje od 5 dena po chas i polovina sekoj den. Potrebno da se prisustvuva na site denovi. Posle zavrshuvanje na kursot mozete da meditirate vo udobnosta na svojot dom do krajot na zivotot. Imame i programa za pratenje na vash*te iskustva so meditacija i davanje na proverka i poveke znaenje.
Naredniot kurs ke zapochne kraj na juli 2014. Kursot sega za sega moze da se zeme samo vo Skopje.
Vovednoto predavanje e besplatno.

Cenata za osnovnata TM tehnika iznesuva:

Za studenti: 70 evra ili 4400 den
za vraboteni: 140 evra ili 8700 den
za clenovi na familija(potesen krug): 210 evra ili 13000 den
za uchenici 30 evra ili 1850 den

za pogolemi grupi popustot zavisi od brojot na grupata.

Vo Amerika i nekoi evropski zemji mnogu doktori ja preporachuvaat meditacijata kako terapija za mnogu psihosomatski bolesti kako shto se: visok krven pritisok, dijabetis, hormonalno poremetuvanje, pad na imunitet, insomnija, depresija i ushte mnogu drugi.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,672 секунди.