|
Билингвализам – Предност или сепак не?! |
Внеси реплика |
Автор | |
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 06.Април.2014 во 03:50 |
Би сакала да продискутираме за тоа дали е паметно децата да изучуваат уште еден (странски) јазик на ниво на мајчин уште од најмали години. Сите знаеме дека додека се мали децата впиваат се како сунѓер, па се смета дека тоа е најдобрата возраст за изучување на нешто ново. Но голем дел од родителите со кои сум разговарала за жал сметаат дека тоа е само непотребно оптеретување на малото детско мозоче, што мислам дека е погрешно.
Билингвализам (двојазичност) – Подарок кој родителите можат да им го дадат на своите деца Билингвализмот или двојазичноста значи познавање и говорење на два мајчини јазика. Да се зборува уште еден јазик како мајчин јазик значи да се има флуентна и слободна комуникација, природен акцент, да се размислува на тој јазик и да се познава значењето на самиот јазик. Најчесто билингвализмот се развива уште од најмала возраст т.е бебиња. Колку порано се започне со изучување на втор јазик толку е подобро и полесно, бидејќи научно е докажано дека децата имаат способност да го апсорбираат јазикот доколку се најдат во друга јазична среднина, особено ако се позитивно стимулирани. Зборување два јазика, наместо еден има практична корист во се повеќе глобализираниот свет. Тоа значи развивање на широко гледни (open mind) деца способни да прифатат различни култури и начини на размислување. Билингвалните деца имаат поголем пристап до луѓе и ресурси со што имаат поголеми шанси за вработување, напредок и успех. Двојазичноста или билингвализмот значи познавање на втор јазик исто токлу добро како и мајчиниот јазик. Тоа значи да се знае и зборува втор јазик, да се размислува на тој јазик, да се има течна и лесна комуникација, и да се има природен акцент. Оваа може да се постигне единствено во раната возраст од детството т.е до 7 година. Тогаш се градат мозочните врски и најногу се искористува и развива мозочниот потенцијал. Во тој период на развој е возможно создавање на два јазични системи. Научните истражувања укажуваат на тоа дека билингвалноста (двојазичноста) има големо влијание врз менталниот развој на детето и развојот на когнитивните способности. Билингвалните деца се попаметни, а нивниот мозок побрз. Имаат поголема способност за фокус и внимание, за решавање покомплексни проблеми, пофлексибилни се и полесно се адаптираат на ситуации за разлика од нивните монолингвални врсници.
Изменето од evangeline - 06.Април.2014 во 03:50 |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За мене е паметно . Колку повеќе јазици знаеш толку подобро за во иднина .
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто да не е паметно? Точно во тие години децата најлесно учат друг јазик, освен мајчиниот. Ништо не им е на “малите детски мозочиња“ ако се истренираат да размислуваат на уште еден јазик. Може да им биде само од корист. И добро доаѓа како тренинг за мозочна флексибилност. Затоа што детето веќе размислува на еден јазик, па кога треба да се префрли на друг, ќе му биде многу полесен тој премин кога е истренирано уште од мало. Ќерка ми во прво одделение веќе учи и трет јазик (дополнително), другата е трето па учи и четврт јазик. Па ништо не им фали и не се пожалиле досега дека им се преоптеретени мозочињата. И тоа не поради некоја моја амбициозност, туку сами побараа да учат англиски (за да можеле да ги разбираат цртаните). |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знам, наводно според некое истражување голема била можноста детето подоцна да го развие својот говор доколку уште од мало се преоптеретува со два различни.
Затоа и реков дека јас сум ЗА, ама ме интересираше и мислењето од другите, особено од тие со деца
Изменето од evangeline - 08.Април.2014 во 15:55 |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас како дипломирам педагог за предучилишно воспитание (без ден стаж во таа област) исто така сум за тоа дека децата е пожелно да се образуваат на тој начин, бидејќи можностите што ги дава билингвализмот се незаменливи и корисни во текот на целиот живот....
моите се 1,5 и 3 години и се се таман за да ги образувам на тој начин... само незнам дали некоја градинка кај нас освен франкофонската и Јахја Кемал, нудат такви можности...а и во тие две се изучуваат францускиот во првата и турски и албански во втората и истите се изучуваат површно прилагодени како за таа возраст...
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колешкава сака во St.Paul да го пушти детево, инаку не е само франкофонската, иако кога би бирала за моето дете би ги избрала или оваа од погоре или франкофонската.
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |