![]() |
|
Кои сметки застаруваат за 1 година? |
Внеси реплика ![]() |
Автор | |
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 05.Април.2014 во 11:34 |
Според Законот за облигационите односи со застареноста престанува правото да се бара присилно исполнување на обврската. Обврската може да потекнува oд договорен однос, од еднострана изјава на волја, од причинување на штета, од стекнување без основ или од работоводство без налог, а може според својата содржина да се однесува на одредено давање, сторување, несторување или трпење. Застареноста настапува кога ќе истече определеното време со закон во кое доверителот можел да бара исполнување на обврската. Значи со застареноста по истекот на определеното време се губи правото да се бара присилно извршување на обврската. Всушност може да се побара судот да го задолжи должникот да ја исполни својата обврска, меѓутоа ако должникот - побарувањето на надомест за испорачана електрична и топлотна енергија, гас, вода, за оџачарски услуги и за одржување на чистота, кога испораката, односно услугата е извршена за потребите на домаќинството; - побарувањето на радиостаница и радио-телевизиска станица за употреба на радио-приемник и телевизиски приемник; - побарувањето на пошта, телеграф и телефон за употреба на телефон и на поштенски преградоци, како и другите нивни побарувања што се наплатуваат во тримесечни или во пократки рокови и - побарувањето на претплата на повремена публикација, сметајќи од истекот за времето за кое е нарачана публикацијата. Овај рок најчесто се однесува на побарувања произлезени од давање на комунални и други слични услуги од страна на јавните претпријатија на домаќинствата. Сите тие услуги се одвиваат континуирано со што побарувањата треба навремено да се реализираат од причина што граѓаните не можат за секој месец да водат сметка, за кој месец побарувањето го платиле, ниту пак се во можност трајно да ги чуваат сметките со кои тие ги платиле овие услуги. Причини кои имале влијание врз определувањето на ваков краток рок на застареност се : потребата од константна испорака; повремена наплата; големиот број на наплати; малите износи на тие наплати; да се избегне тие побарувања поради неактивност на доверителот да достигнат високи износи; избегнување на потребата примателите на испораките да водат домашна архива за извршените исплати; тешкотиите во докажувањето на извршените исплати и слично. Откако доверителот ќе подигне тужба против должникот и со настанувањето на прекин на рокот на застареност, застарувањето почнува да тече одново од денот кога спорот е окончан или завршен на некој друг начин. Често се случува на граѓаните да им стигне утужена сметка дури и од пред десеттина години, во вакви случаи треба да се внимава на датумот на утужување од страна на доверителот во однос на тоа дали е поминат рокот од 1 година за застареност на побарувањето. Доколу доверителот утужил во предвидениот рок од 1 година, не постојат услови за поднесување на приговор на застареност, бидејќи со самото утужување течењето на рокот на застареност се прекинува се до донесување на конечна одлука. Тука се поставува прашањето за одговорноста на државата во во врска со големите трошоци што се ствараат како резултат на неажурноста на судовите, а кои за жал неоправдано паѓаат на терет на должниците. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
|
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |