IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Интересни факти за фудбалот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Интересни факти за фудбалот

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Интересни факти за фудбалот
    Испратена: 15.Октомври.2013 во 21:11
Сите занимливости и факти поврзани со фудбалот споделувајте ги тука. да
Во продолжение неколку интересни факти за најважната споредна работа во светот - фудбалот кои можеби не сте ги знаеле:

1. Најстариот фудбалски клуб е формиран во 1857-ма година и го носи името ФК Шефилд.

2. Фудбалот е најгледаниот и најиграниот спорт на планетава.

3. Индиската репрезентација се повлекла од Светското првенство во фудбал во 1950-та година бидејќи не им било дозволено да играат боси.

4. Голманите не требало да носат различни дресови од своите соиграчи до 1913-та година.

5. Фудбалерите во просек трчаат по 9,5 километри на секој натпревар.

6. Повеќе од 1 милијарда луѓе го следат Светското првенство во фудбал на телевизија.

7. Првиот кошаркарски натпревар бил изигран со фудбалска топка.

8. Французинот Стефан Станис е човекот кој има постигнато најмногу голови на еден натпревар. Тој во декември, 1942 година постигнал 16 голови, кога неговиот клуб Ленс победил со 32:0 против еден нисколигаш во францускиот куп.

9. Само во две финалиња на Светското првенство не учествувала екипа од Европа (1930 и 1950 година).

10. Најмногу навивачи на еден фудбалски натпревар имало во јули, 1950 година, кога на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро, присуствувале 199.854 гледачи. Играле Бразил и Уругвај.

11. Најмалку гледачи на еден натпревар од Светско првенство во фудбал имало во Уругвај во 1930 година. На еден натпревар од тоа Светско првенство дошле само 300 луѓе, да го следат натпреварот во живо.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2013 во 12:44
  • Извикувањето “Оле Оле Оле” доаѓа од Шпанија, каде овој извик се користел во борбите со бикови или при танцувањето фламенко. Настанал со транформација на зборот Алах кој го користеле Арабите кои ја покориле Шпанија во 8-от век.
  • Хулио Иглезијас во младоста бил голман и играл за Реал Мадрид изненадувањесе додека на 20 годишна возраст не се повредил во сообраќајна несреќа и бил на лекување цели 3 години. Научил да свири гитара и подоцна станува еден од најпознатите музичари на денешницата.
  • За време на фудбалски натпревар во Бразил, силен ветар донесол падобрани на фудбалскиот терен. Еден од падобраните слетал пред голманот во моментот кога тој ја уфрлувал топката во игра, па така се нашла во голот. Судијата досудил гол иако играчите протестирале, а одлуката ја образложил со виша сила.смеење
  • Фудбалот официјално е забранет во неколку земји како што се Авганистан, Камбоџа и Гренланд. Интересно е тоа што во Јута, САД е дозволено да се игра фудбал само доколку теренот е оддалечен 1.5 милја од црквата, додека за безбол, рагби и голф растојанието е половина милја.
  • Најпроблематичниот меч во Велика Британија се одржал на 3 Ноември 1969 година помеѓу Surrey и Hunts, кога настанала жестока тепачка помеѓу сите 22 фудбалери при што имало еден посериозно повреден и повреден линиски судија. Главниот судија морал да ги казни сите 22 фудбалери.изненадување
  • Најдолгиот фудбалски меч се одиграл од 1 до 3 Август 1981 година помеѓу 2 ирски тима. Победникот бил познат после само 65 часа и 1 минута.
  • Националниот тим на Боцвана нема победено на официјален интернационален натпревар цели 28 години. Биле сменети повеќе од 50 тренери, од кои 4 биле поранешни советски атлетичари.
  • Италијанскиот голман Гросо за време на натпревар го советувал судијата да си стави наочари по што бил казнет и отстранет од игра. Во понатамошниот расплет на случајот се утврдило дека голманот поседувал ординација за оптика, а судијата навистина имал лош вид. Дисциплинскиот комитет одлучил дека тоа не било навреда туку добронамерен совет, по што судијата си купил наочари од неговата оптика.глупчо
  • Во 1891 година, ирски експерт за фудбалски правила предложил казнет удар за игра со рака или фаул во казнетиот простор. За прв пат такво нешто било воведено во ирската фудбалска лига. Денес овој казнет удар се нарекува пенал.
  • Поразот на Хондурас од Ел Салвадор во квалификациите во 1969 година бил директен повод за 6 дневна војна помеѓу нив.


Изменето од Schatzii7 - 16.Октомври.2013 во 12:49
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2014 во 11:41

1 – Босна и Херцеговина ќе дебитира на светските првенства, со што ќе стане 77-та репрезентација која учествувала на Мундијалите.

2 – Број на репрезентациите кои во Бразил ќе ги одиграат своите 100-ти натпревари на СП. Германија јубилејниот натпревар ќе го одигра против Португалија, додека Бразил 100-от меч на Мундијалите ќе го одигра против Камерун.

3 – Бројот на светските шампиони во Д групата. Имено, во оваа група се сместени Англија, Италија и Уругвај кои во минатото ја освојувале светската титула. Ова ќе биде прв пат во иста група да играат три поранешни светски шампиони.

4 – Бројот на одиграни светски првенства во Јужна Америка. Уругвај беше домаќин во 1930 година, Бразил во 1950, Чиле во 1962, а Аргентина во 1978 година.

5 – Бројот на држави кои по два пати биле домаќини на Мундијалите. Бразил (1950, 2014), Мексико (1970, 1986), Италија (1934, 1990), Франција (1938, 1998) и Германија (1974, 2006).

6 – Бројот на бразилските градови кои по втор пат ќе им бидат домаќини на најдобрите светски селекции. По 1950 година и во 2014 година домаќини ќе бидат Рио да Женеиро, Сао Паоло, Бело Хоризонте, Коритиба, Порто Алегре, Ресифе.

9 – Бројот на репрезентации кои играа во СП во 1950, а ќе бидат дел и од првенството во 2014 година. се работи за репрезентациите на Бразил, Чиле, Италија, Англија, Шпанија, Швајцарија, Мексико, Уругвај и САД.

10 – Толку титули на СП освоиле европските репрезентации, јужноамериканските селекции имаат една помалку.

16 – Пред 16 години Колумбија последен пат настапила на едно Светско првенство

20 – Светското првенство во Бразил ќе биде 20-то по ред, а Бразил е единствената репрезентација која настапила на сите досегашни првенства.

24 – Бројот на репрезентации кои играа на Мундијалот во 2010, а исто толку национални тимови ќе настапат и во Бразил.

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2015 во 15:26
1. Повеќе од 1 милијарда луѓе го следат Светското првенсто во фудбал на телевизија. 
2. Само во две финалиња на Светското првенство не учествувала екипа од Европа ( 1930 и 1950 година ). 
3. Најмногу навивачи на еден фудбалски натпревар имало во јули, 1950 година , кога на стадионот Маракана во Рио де Женеиро присуствувале 199.854 гледачи. Играле Бразил и Уругвај. 
4. Најмалку гледачи на еден натпревар од Светското првенство во фудбал имало во Уругвај во 1930 година. На еден натпревар дошле само 300 луѓе , да го следат натпреварот во живо. 
5. Голманите не требало да носат различни дресови од своите соиграчи до 1913-та година. 
6. Индиската репрезентација се повлекла од Светското првенство во фудбал во 1950-тата година бидејќи не им било дозволено да играат боси. 
7. Фудбалерите во просек трчаат по 9,5 километри на секој натпревар.


Изменето од Schatzii7 - 09.Јуни.2015 во 15:27
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2015 во 15:35

1. Осум од 12-те градови-домаќини на Мундијалот во Бразил спаѓаат во 50-те најнасилни градови во светот

2. Светското првенство во Катар 2022 година ќе однесе повеќе човечки животи од 11 Септември 2001 година поради изградбата на стадионите во небезбедни и несоодветни услови за работа

3. Лусеил градот домаќин во 2022 година сеуште не постои

4. 149-0 е највисокиот резултат кој некогаш е постигнат во фудбалот

5. Во 2013 година, фудбалерот Кристијано Роналдо отвори Музеј кој си го посвети на сам себе

6. Повеќе од една од 20 повреди фудбалерите ги добиваат кога прославуваат за дадениот гол

7. Дваесетмесечно бебе стана најмладиот професионален фудбалер откако беше забележан од еден белгиски клуб

8. Првиот фудбалски натпревар кој бил пуштен на телевизија бил меѓу првиот и вториот тим на Арсенал во 1937 година

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Mazak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 24.Мај.2015
Локација: YesImSupercool
Статус: Офлајн
Поени: 629
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mazak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2015 во 02:19
Корупцискиот скандал кој фрли сенка на легитимитетот на ФИФА го донесе прашањето пред целиот свет...
Дали ние сите само слепо верувавме со сето срце во искреноста и фер плејот на играта наречена фудбал?

Јас мислам дека многумина од нас доооолги години биле во заблуда за тоа додека се местело зад кулисите на највисоко административно ниво.

http://edition.cnn.com/2015/06/07/football/fifa-scandal/
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.