IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Клеопатра
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Клеопатра

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Marijaa029 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Јануари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marijaa029 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Клеопатра
    Испратена: 20.Јануари.2013 во 19:32
Здраво. Ми требаат историски информации во врска со Клеопатра. Би можел ли некој да ми помогне ?
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2013 во 20:33

Клеопатра VII

Е-пошта Печати

Клеопатра VIIПрочуената египетска кралица од династијата Птоломеј е родена во 69. г.пр.н.е., а умрела во 30.г.пр.н.е. Владеела од 51.г.пр.н.е., најнапред како совладетел на својот брат и маж Птоломеј XIII кој наскоро завладеал сам, но мошне кратко. Имено, Јулиј Цезар го победува и ја враќа Клеопатра на престолот. Потоа таа се омажила за својот втор брат Птоломеј XIV, кому му го препуштила владеењето зашто во меѓувреме му станала љубовница на Цезар, кој ја повел во Рим (од 46.г.пр.н.е. до 44.г.пр.н.е.).

Враќајќи се во Египет, наредила да го убијат Птомолеј XIV за да го земе за совладетел својот син Цезарион, кому татко му бил, како што тврдела, Цезар.

Потоа му била љубовница на Марко Антониј, кому му родила три деца- близнаците Клеопатра Селена II и Александар Хелиос, како и синот Птомолеј.

Во војната помеѓу Октавијан и Антониј Клеопатра на страната на Антониј со египетска флота во битката кај Акциј (31.г.пр.н.е.), римска колонија на јонскиот брег на Грција. Пред да одлучи да го напушти боиштето и да избега во Александрија, не успевајќи да го придобие Октавијан, а кој и го убил Цезарион, како и од страв тој да не ја поведе како заробеничка  во триумфот во Рим, заедно со Антониј си го одзема животот со труење, според преданието со каснување на змија отровница. По смртта за децата се грижела жената на Марко Антониј, инаку сестра на Октавијан.

По Клеопатра изумрела династијата Птоломеј, а Египет станал римска провинција.

Клеопатра и нејзиниот живот се честа тема во ликовните уметности и литературата. Во европската книжевност влегла преку Плутарх, Хорациј, Проперциј и Вергилиј. Од ренесансната и барокната драма, која Клеопатра ја довела на сцената (Шекспировата „Клеопатра и Антониј"), нејзиниот лик се до денес во литературата е прототип на демонска жена која за мажите станува фатум („Ноќта на Клеопатра" од Т. Готје, „Цезар и Клеопатра" од Џ. Б. Шо, „Клеопатра" од В. Алфиери и др.). Музички таа тема ја обработиле, меѓу другите, Д. Кимарос и Ж. Масне во опери, како и Х. Берлиоз во ораториум, а сликарите (претежно драматскиот момент на смртта на Клеопатра) преку мајсторите од Ј. ван Скорел и Тицијан, Гверцино, Рение, Рубенс, Лорен и Тиепол, до Делакроа и Макарт. Сепак, најпознат е филмот од 1963. година, во кој Клеопатра и Антониј ги играат Елизабет Тејлор и Ричард Бартон.

Постојат непотврдени сознанија дека Клеопатра VII Филопатор, како што и било официјалното име, била роднина на Александар Велики, најголемиот војсководач во историјата на светот. Сигурно се знае дека нејзин далечен предок бил Птомолеј I, генерал на Александар и, како што веруваат многумина, полубрат по татко му Филип Македонски.

Прочуената убавина на Клеопатра најчесто се „врзува" за нејзиниот нос. Имено, според приказите сочувани до наши дни, очигледно е дека не и бил баш мал, но треба да се знае дека во древниот Египет изразениот нос се сметал за вредност, за верен знак на силен карактер и нескршлива волја.

Археолозите пред две години утврдија дека претставата за неа и Антониј како убав пар е лажна. Имено, по студијата на 2000 години стара египетска монета, на која се втиснати нивните ликови, тие се „откриени" со непријатна надворешност. Клеопатра имала шилеста брада, тенки усни и остар, орловски нос, а нејзиниот римски љубовник ококорени очи, дебел врат и свиткан нос. Малата монета е проучувана на универзитетот во Њукастл, а била од 32. година пред Христа и е дел од колекција во сопственост на Антикварното друштво во Њукастл.

„Популарниот изглед на Клеопатра е оној што ја прикажува убавата кралица која ја обожувале римските политичари и генерали. Најновите истражувања не се согласуваат со тој портрет", изјави Клер Пикерсгил, помошничка на директорот на универзитетските археолошки музеи. Линдси Аласон- Џонс објаснува дека римските писатели ја опишувале Клеопатра како интелигентна и харизматична и оти има заводлив глас, што не значело дека се работи за нејзина убавина.

На едната страна на монетата е втисната главата на Марко Антониј со натпис „Antoni Armenia devicta", што значи „За Антониј, Арменија покорена". Ликот на Клеопатра се наоѓа на другата страна со натпис „Cleopatra Reginae regum filiorumque regum", што значи „За Клеопатра, кралицата на сите кралеви и на децата на кралевите".

Најновата вест (април 2009.) е дека меѓународен тим на археолози верува оти во Египет, 50 километри западно од Александрија, ја пронашле гробницата на Клеопатра и Антониј. Ископувањата траат веќе три години и досега се пронајдени маската на Антониј, монети со ликови на љубовникот и кип на Клеопатра од алабастер.

„Веруваме дека тука се погребани Клеопатра и Марко Антониј. Знаеме уште од Плутарховите записи дека се погребани заедно", изјавил Захи Хавас, водач на археолошкиот тим. Месец дена со радари го истражувале тоа подрачје и пронашле три важни локации. Според него, ова откритие, доколку се докаже дека е во прашање нивната гробница, ќе биде најголемо во 21. век.

Под гробницата се пронајдени големи гробишта, што ги поттикнува тврдењата дека тука е погребано лице од највисок ранг, зашто во времето на фараоните бил обичај кралевите да се погребуваат во храм опкружен со гробови на блиски поданици.

Ископувањата ќе продолжат есенва, а летото беа одложени од безбедносни причини, зашто близу до наоѓалиштето се наоѓа резиденцијата на претгседателот на Египет, Хосни Мубарак.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2013 во 20:36
Se nadevam kje ti pomogne gorenavedeniot post:)
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Marijaa029 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Јануари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marijaa029 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2013 во 23:13
Благодарам многу :) Изворот е Википедија ?
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2013 во 23:32
Originally posted by Marijaa029 Marijaa029 напиша:

Благодарам многу :) Изворот е Википедија ?


не . Од дневникот на Александар Велики е информацијата .
Кон врв
Ташко Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2012
Локација: МАКЕДОНИЈА
Статус: Офлајн
Поени: 217
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ташко Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2013 во 11:11
Originally posted by емил емил напиша:



не . Од дневникот на Александар Велики е информацијата .


Јас па мислев да не е од тетратките на Аспарух...

Македонија вечна
Кон врв
gotgold5 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 16.Април.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gotgold5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2013 во 08:05
Ta nadev, kjer jih ljudje pomogne gorenavedeniot napisati-up
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,199 секунди.