IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - 10 нешта за работата кои не се учат на факултет
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

10 нешта за работата кои не се учат на факултет

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Great deal Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Јуни.2012
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Great deal Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: 10 нешта за работата кои не се учат на факултет
    Испратена: 21.Јуни.2012 во 21:49
10 нешта за работата кои не се учат на факултет

Дури и ако сте завршиле претприемништво или економски и сакате да почнете свој бизнис, мора да знаете некои работи кои не сте ги научиле на факултет. Но, вредат и за останатите. Ова се некои од работите кои би требало да ги знаете пред да се впуштете во деловни проекти, а кои не се учат на факултет.

Просечното не е доволно добро

Ако сакате да ги положите испитите и да го завршите факултетот успешно, можете да бидете и просечни. Не зависите од никој друг. Ако имате точно одговорено за зададените прашања, ќе положите. Но, кога станува збор за работата, просекот не е доволно добар. Понекогаш се пресудни потполно необичните работи, интереси или вештини. Ако на некој конкурс за работа се пријават и на разговор бидат повикани 300 кандидати кои имаат завршено економски факултет , работата нема да ја добиете ако сте просечни. Мора по нешто да се издвојувате и да бидете посебни. Можеби ви било важно да добиете диплома, но сега сте во конкуренција со многу други кои ја имаат добиено истата диплома.

Нема веднаш да живеете подобро отколку кога сте биле студенти

Кога ќе завршите факултет и ќе почнете да работите, без оглед на тоа што имате свои пари, нема да можете веднаш да уживате во нив. Подршката од родителите се намалува, а трошоците се зголемуваат. Нема повеќе хранење во студентските кујни во студентскиот дом.Трошоците растат побргу од платата.

Нема точни одговори

Голем дел од испитите на факултет се концепирани на тој начин да имаат точни и погрешни одговори, но во работа не е така. Нема точен одговор како да најдете работа, со што да се занимавате, дали сами да почнете бизнис и дали во нешто ќе успеете. Од експертите може да добиете некои совети, може да гледате како и другите работат, но ни едно правило не е универзално.



Паметењето информации и насочувањето кон тоа како да го положите испитот нема да ви користи

Ако сакате да успеете мора да имате повеќе од слушањето упатства на надредениот/та, или ако сакате сопствен бизнис не може само да гледате што ви советуваат другите, или што прави конкуренцијата.

Нема брзи резултати

Ако сте учеле за некој испит после тоа ќе добиете оценка како резултат за трудот. Но, ако сега сте се вработиле или почнале сопствен бизнис, резултатите ќе дојдат дури после неколку години. Во меѓувреме ќе има издигнувања и падови, и после се, ќе мора да продолжите со исто или побрзо темпо. Нема да добиете диплома за сработеното.Постојано мора да се трудите за да останете на местото на кое што сте за никој да не ве замени. Доколку сакате да напредувате, мора да се трудите уште повеќе.

Не е важен само степенот на образование, а ниту оцените

За да најдете добра работа, да напредувате или почнете успешен сопствен бизнис, ви треба нешто повеќе. Мора да имате среќа, да познавате луѓе, бидете друштвени, комуникативни, иновативни, креативни и добри во она со кое што се занимавате. Странски јазици, компјутерско знаење, превземање иницијатива, сето тоа станува поважно од степенот на образование.Можеби ќе употребите нешто што сте го слушнале на предавањето од професорот кај кого сте имале лош резултат, но речиси никогаш нема да го употребите нешто по кое сте имале добар резултат.

Сега сте препуштени сами на себе

На факултет можете да учете во групи, од некој друг може да го разберете или научите тоа што претходно не сте го знаеле или научиле, но на работа најчесто сами мора да барате решение, донесувате одлуки и напредувате.


Со многу пријатели/колеги нема да останете во контакт

Исто како што после завршувањето на средното училиште се разделивте за некои пријатели, истото ќе се случи и сега. Секој на различни страни, различниот стил на живот и напредувањето ќе бидат поважни од досегашните заеднички интереси.

Не може да ги поместите испитните рокови и да си земете слободен ден

Ако сте се одлучиле да пчнете приватен бизнис, најверојатно ќе треба нон-стоп да работите. Тешко ќе биде да земете слобооден ден или одмор. Но, дури и ако работите во некоја компанија ситуацијата не е ништо подобра. Секако, имате и годишен одмор, но тоа го имавте и на факултет. Сега не може да се разбудите и да одлучите дека денес ќе останете дома. Можеби само што сте почнале со работа, можеби имате проект кој треба да го завршите, можеби на некого му се брза,а можеби и колегата е на годишен одмор. Сега сте дел од тимот и одлуките не се само ваши.

Успехот не е пропорционален со вложениот труд

Вашата плата ќе зависи од профилот и функцијата која ќе ја работите, од компанијата, вашето одело, но и вашите преговарачки способности. Нема сите за еднаков труд да добиваат еднаква плата. Дури и нема да напредуваат еднакво. Вие можеби повеќе се трудите, се образувате дополнително, но ако немате начин тоа да го покажете ќе останете на пониска позиција од некој со помалку труд.
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2012 во 23:22
dete be... sto ne go napisa ova porano?
Incredible Blue
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2012 во 00:31
и уште нешто:
ретко се наоѓа професија по диплома намигнување
ако сакате да најдете работа во оваа држава, па макар и сте биле најголемиот генијалец во историјата, тогаш имам лоши вести за вас хи, хи...
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
vivi1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Легенда

Регистриран: 20.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 18941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vivi1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2013 во 01:00
da se samo 10забава
vivi
Кон врв
dejanpp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanpp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2013 во 19:19
od tie 10 nesta ima edna sto e najvazna
ako go gledame coveckoto telo kako    robot
procesite vo   teloto kako majvazni za funkcionirajne
i vnesuvanjeto   vo organizmot na potrebnite elementi za da se postigne i odrzi stabilno funkcionirajne na istiot
   

poradi   neznaejne na ovaa tajna   90 posto od neuspesnite lujdze doziveale unistuvajne ili neuspeh.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,218 секунди.