IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Електронски игри
  Активни теми Активни теми RSS - e-Sim Macedonia
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

e-Sim Macedonia

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Miniteck Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 28.Октомври.2011
Статус: Офлајн
Поени: 0
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miniteck Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: e-Sim Macedonia
    Испратена: 28.Октомври.2011 во 09:11
Се работи за browser game во која играчот се става во улога на граѓанин на една држава (си бира која). Почнувате така што си барате работа, се вработувате, треба да работите секој ден. Со секое работење се зголемува skill-от по што откако ќе достигне одредено ниво, може да се пријавите за повисоко работно место, што значи и повисока плата. Освен што може да работите, секој ден можете да тренирате со војската и со тоа да си зголемувате strength, што многу е битно во случај на војна.


Со секојдневно работење, тренирање и пукање во војните, вие станувате се посилни и посилни. Но тоа не се единствени работи кои можете да ги правите. Во играта можете да гласате за Конгресмани, за Партија, за Претседател, и тие избори се случуваат секој месец и со тоа се менува владата, и се во земјата, зависи од нив дали ке биде подобро или полошо.


За да успеете да бидете доста силни играчи, потребни се следниве работи кои треба да ги владеете: Економија и Бизнис, Снаодливост, Политика, Секојдневно работење и тренирање, да бидите пријателски настроени и да им помагате на луѓето. Но доколку не сте добри во овие работи сеуште, верувајте дека е многу лесно да научите.


Доколку сакате можете да пишувате статии во вашите Весници. Можете да пишувате за ситуациите, да објавувате кандидатури, да организирате акции, да презентирате планови и сл. Но исто така можете и да читате статии од целиот е-Свет и да сте во тек со случувањата.




Можете да поседувате ваши Компании и да вработувате и одпуштате работници, и да им одредувате плата. Производите кои ќе ги произведат може да ги продавате на Пазарот во државата каде што ке бидат купени со нивни валути, или на Светскиот пазар каде што преку договарање со купците ја одредувате цената која ви одговара и се наплајќа со Злато.
Но тоа не е единствен начин да дојдете до заработка, можете да купувате опрема која е потребна за борба, и ја купувате ефтино и покасно истата ја продавате за повејке пари или голд, и со тоа автоматски имате голема заработка.


Војните се главен дел од играва. За да учествувате во битка потребни ви се следните работи: Food, Gift и Weapons. Овие работи можете да ги купите или да ви бидат доделени доколку сте член на некоја воеана единица или во државната единица (АРМ), но мора да работите за минимална плата доколку сакате да ви биде доделена опрема за борба.


Моменталната состојба на Македонија во оваа игра не е баш најдобра. Главниот град и уште 4 дуги региони од Македонија се под окупација на Бугарија и Грција. Само Пелагонија е наша и се бориме најсилно што можеме да се ослободиме и да ги освиме другите држави, но ни требаат многу играци и тогаш ќе имаме незапирлива армија.



Исто така постојат Сојузи, каде што државините Преставници присуствуваат таму и сите стратешки, економски, и внатрешни работи ги разгледуваат, разговараат и одлучуваат што е најдобро за нивните Држави.



МАКЕДОНЦИ придужетени се во оваа Војна и да им покажеме на сите кои сме НИЕ!!!

Можете да се регистрирате тука e-SIM



Доколку имате прашања можете да не посетите на нашиот официјален CHAT и топло ќе ве пречекаме :)



Ќе се дружиме, забавуваме, играме и најважно од се КЕ ПОБЕДУВАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА !!!

Ве очекуваме!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.