|
За Светомир |
Внеси реплика |
Автор | |
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 16.Октомври.2011 во 15:14 |
(постот е од фејсбук, линк од каде што е превземен: http://www.facebook.com/notes/%D0%B3%D0%BE%D1%80%D1%98%D0%B0%D0%BD-%D1%98%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8/%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%80/10150352073928114) Враќајки се накај дома вчера во 12.30 навечер, здогледав човек чии опис се совпаѓаше со оној на човек без дом, без храна. Си реков, некако да му помогнам сакам. И порано тоа сум си го викал, али никогаш не сум постапил така...овој пат си дадов предизвик самиот себе си дека немам гз тоа да го направам (тоа пали кај мене :P). Тргнав кон најблиската продавница, бар една асална вечера да му земам на човекот, а додека се оддалечував до него забележав и едно маче (подоцна е многу важно ова). Купив 4 јаболка, 2 кроасани, еден листа густи сок, а од пекарата земав топол кроасан, знам дека тие се најубави толку касно. Рипнав на точакот и тргнав назад да го пресретнам. Но ко за инает човекот си беше отишол од таму. Ме стрефи една мака дека не се вратив доволно брзо, но позади една зграда здогледав нешто бело како се шмугна. Темници, кучиња, манијаци, али ја ко мува без глава тргнав да видам дали тоа белото е човекот што го барам. И навистина испадна така, тоа беше човекот од претходно. Отпрвин го набљудував од далеку, за да видам дали е безбедно да му придам, денес има секакви будали со дом, така да кога ќе го изгубат којзнае што може да настане. Кога решив да му придам, тој мислеше дека ќе го бркам од контејерите низ кои гледаше, и почна да се одалечува. „Пријателе!“ беше зборот кој го сврти назад. Му ја подадов кесата, објаснувајќи му дека е за него, нешто да касне убаво вечерта. Под неколкуте џемпери и дебела брада, веднаш се појави мала насмевка. Иако беше надвор грч ладно, иако беше веќе 1 часот по полноќ, најчовечки беше тогаш да направам некој муабет со човекот, достоинството да му го вратам, па и надежта дека има по некој арен тука. Тој се викаше Светомир, или Свето како надимак. Може имаше едно 50 години, и више. Излезе дека има некоја барака во Трнодол, но без струја само со вода (на ова ладно ја со клима се тресам дома, а тој?). Се зачудив кога почнавме да дискутираме на разни научни теми. Астрономија, економија, политика, биологија...па ова беше учен човек. Неговијот речник не доликуваше на некој необразован питач. Најголемиот шок беше кога дознав што работел: Доктор. Доктор во воена болница, човек со лице, со кариера, завршил на улица. Причината: Критикувал југословенски генерали во својот дневник. Поради тоа бил исфрлен, натепан неколку пати и кривично гонет. Низ муабетот неколкупати спомна колку му недостига Југославија, но во поарните времиња, а не после Тито, кога и сето тоа му се случило.Свето месечно има пензија од 15000 денари. За опстанок тоа е доволно. Ме зачуди зошто со 15000 тој оди по контејнери. Неговиот одговор беше: Ги имам тие 15 илјади на лист, но не и во рака. Никоја банка несака да ми ги исплати, сум немал правилна документација. Тој веќе долго време не ја зема таа пензија, а ако му се собере сето тоа што му должат нашиве, можам да замислам само која сума ќе дојде... Свето имаше голема верба во бог и во здравата исхрана. Ги проколна и НАТО што се мешаат во сите војни како и во 2001вата и во Либија (од што се гледа дека човекот си го оддржува достоинството и чита за нови настани). Тој велеше дека со правилна исхрана и со чесност, така до ден денес си е жив и си е среќен. Ми прераскажа дел од пасусите од Библијата што се соодветствуваат со денешни настани, и како се е веќе предвидено. Неколкупати ми се извини што ме гњавеше на разни теми, но иако смрзнав на ладното со едно јакниче само, немав ни грам сила во душата да го одбијам тој разговор кој нему му е толку потребен. На крајот Светомир ми се заблагодари уште еднаш за доброто дело, но и ме замоли нешто:
Си помислив, јас се нервирам дали утре за кола ќе положам, дали ќе имам лабараториски вежби на факс или дали интернетот ќе ми е брз или не. А тој се секира дали ќе има топли обувки? Па у пичку матер со нашиве измислени и нереални проблеми, кога светов има толку големи маки, само некој да го согледа треба. И врз сето тоа, Светомир ми кажува:
Бездомник кој скита по контејнери за храна, ги храни и животните. Нема придавки со кои може да се опише добрината на овој човек.
Можеби ова беше доста долго, но средбата со Светомир вчера навистина ме натера да размислувам дека доколку ние како луѓе не си помагаме заедно, кој ќе ни помогне? Па Светомир е некој што е најблизок за нас: Ем е човек, ем е Македонец, ем Скопјанец, па дури и во близина на моето маало живее. Зар не би му помогнал на твој комшија?
Затоа имам 3 молби за оние од вас кои стигнаа до крајов на тестов:
-------------- Дали некој од нас можеме да му помогнеме на човеков Светомир околу пензијата? Дали можеме да му помогнеме околу она што му е потребно за да ја презими зимава? Дали го знаете човеков? Дали сте го забележале некогаш? Ајде да се потрудиме да му помогнеме сите ние!! |
|
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
|
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Му пишав на авторот на текстот, токму за да се види дали може да се помогне за документите за пензија, но не ми одговори.
Пензијата е дефинитивно најголемата помош која би можела да се пружи во овој случај, но се зависи дали уште се чуваат било какви документи за увид. |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Постапка и потребна документација за остварување право на пензија
Потребните документи за пензија се наведени. Потребно е да се извади извод од матичната книга на родените, да ја најде работната книшка во која се внесени податоците за неговата работа и решението за престанок на рабониот однос и да се поднесе сета таа документација до ФПИОМ. Барањето за остварување право од пензиско и инвалидско осигурување се поднесува писмено на образец ЕП-10 (барање за остварување право од пензиско и инвалидско осигурување), прилог бр.1, и се поднесува до подрачната единица на Стручната служба на Фондот на ПИОМ на чие подрачје осигуреникот бил последен пат осигурен. Изменето од Македон - 16.Октомври.2011 во 21:46 |
|
mi treba pomos
Нов член Регистриран: 15.Октомври.2011 Статус: Офлајн Поени: 10 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mene ne mi e na cisto ovaa rabota so svetomir
kako prvo psihicki i fizicki zdrava licnost pred napolneti 64 godini starost ne moze da dobie penzija , ? ako toj ima i redovno mu isplakaat penzija a ima 50 godini , ne e zdrav , fizicki e verojtno zdrav stom moze da seta po kontejneri i sobira no dali i psihicki ? e sega ako dobiva penzija taa ke bide invalidska penzija , i sto mu treba drugo osven licna karta koja lesno ke ja izvadi ? a sigurno ima i rodnini koi bas cudno nikoj ne gi interesira da go cuvaat pokraj tolkava penzija ?! ne e ovde se cisto , izvinete ako sum malku gruba , no mozebi toj taka izbral da zivee , po kontejneri , normalen covek lesno ke se potrudi da izvadi dokumenti ako mu falat |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |