IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најдобри и најдопирливи постови на вероисповед
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најдобри и најдопирливи постови на вероисповед

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Најдобри и најдопирливи постови на вероисповед
    Испратена: 02.Јуни.2011 во 23:59


Уште од поодамна имав желба да отворам една тема во вид на актовка, кадешто секој учесник на форумов ќе може да постира постови кои најповеќе му го додирнале срцето.

Досега тука сум прочитал доста умни и дирливи постови кои се наоѓаат “расфрлени“ по темите.
Затоа сега ја отворам оваа “тема“ (актовка) кадешто - независно од темите - ќе можеме да постираме дирливи постови.


Во надеж дека овој предлог и “тема“ ќе биде прифатена ...

Ве поздравувам најпријателски


спирос





Изменето од spiros - 13.Јуни.2011 во 10:36
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2011 во 00:02
Од темата : Гревот на вљубените во материјалното богатсво



Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Grevot na vljubenite vo materijalnoto bogatstvo se naogja isto onamu kade shto se naogja grevot na vljubuvanjeto vo bilo shto.

Grevot e vrzuvanjeto (attachment.) so minlivite neshta, so onie raboti koi nemaat vechna vrednost, neshta koi ne se nishto drugo tuku sostavni elementi na iluzijata (Maja) koja ja narekuvame materijalen (zemen) zhivot.

Eden den toa go osoznavaat site lugje...

Pred mesec dena dozhiveav toa da go vidam i slushnam i od sopstveniot tatko koga vo poslednite denovi od svojot zhivot razocharano mi reche deka zhivotot bil luk i voda. Chovekot, za kogo najvrednite raboti bea onie materijalnite, na krajot od svojot zhivot osozna deka bil niven sluga namesto gospodar, deka zhiveel za akumuluranje i chuvanje mrtvi raboti koi na krajot mora da gi ostavi i da se razdeli od niv gol i bos, onaka kako shto pristignal megju niv.

Na krajot osozna deka poradi toa ne si dozvolil da posveti povekje vnimanie na sebe si i na drugite okolu nego kako Bozhji duhovni bitija. Osozna deka onoa vistinski vrednoto go propushtil vrzuvajkji se za onoa shto e sporedno. Osozna deka namesto da se posvetil na glavnoto jadenje toj se oddal samo na zachinite.

Na krajot se razbudi... za da vidi deka spiel siot zhivot.   


Eden den toa go osoznavaat site lugje...





Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2011 во 00:30



Од темата: За законот и љубовта


Originally posted by kladence kladence напиша:



Љубовта треба да биде главно начело на животот.

Исус на своите следбеници им кажа:

Луѓето ќе ве познаат дека сте Мои ученици, ако се љубите еден со друг!

На друго место во Библијата ја наоѓаме изјавата на апостолот Јован:
   
Возљубени, да се сакаме еден со друг, зашто љубовта е од Бог,
и секој кој љуби, е роден од Бог и го познава Бога,
кој не љуби, тој не го познал Бога, зашто Бог е љубов.
Божјата љубов кон нас се покажа во тоа, што Бог го испрати во светот својот Eдинороден Син,
за да живееме преку Него.
Во тоа се состои љубовта, што НЕ ние го засакавме Бога,
туку Бог нас не' возљуби и го прати Синот свој, за да ги очисти гревовите наши


(1 послание на Апостолот Јован 4:7-10)

Љубовта не бара неопходно возвраќање со љубов. Ако Господ чекаше да му возвратиме со љубов пред да го испрати својот Син да не откупи, каде ќе бевме денес?

Од сите дарови што Господ им ги нуди на своите деца, љубовта е најголемиот дар. Од сите родови на Светиот Дух, љубовта е прва.


Како што е случај и со другите Божји атрибути, многумина што не ја читале Библијата, не можат да разберат кога таа вели Бог е љубов (1 Јованово послание 4:8)
Ни самите не сме секогаш сигурни што мислиме кога го користиме зборот љубов. Овој збор е еден од најзлоупотребуваните зборови во нашиот јазик.


Нашиот ограничен ум не може да разбере нешто толку големо, како што е Божјата љубов.

Али да не правиме грешка сега мислеќи си пошто Бог е Љубов, се ќе биде убаво, ќе бидеме среќни и гревот нема да се казни. Божјата Светост бара казна за грев, но Божјата Љубов пронаоѓа план и овозможува грешниот човек да биде избавен.




Изменето од spiros - 06.Јуни.2011 во 10:33
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2011 во 10:14


Од темата: Поуки од Светото Писмо


Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

 

   "А кога дојде Педесетница, сите беа собрани на едно место.

   И одненадеж се чу бучава од небото, како кога дува силен ветар и ја исполни целата куќа во која седеа.

   И им се појавија јазици како од пламен, кои се разделија и над секого од нив застана по еден.

   И тие сите се исполнија со Светиот Дух и почнаа да зборуваат на други јазици, како што Духот им даваше да говорат."

                                  ( Dela Apostolski 2:1-4)





ISUS HRISTOS  vo Propovedta na Gorata rece:  "Блажени се гладните и жедните за правда, оти ќе се наситат!"

Dali i nam pravednosta ni znaci tolku mnogu sto gladuvame i zednuvame za nea?

ISUS kaza deka onie sto gladuvaat i zednuvaat za pravednost kje bidat srekjni bidejki kje se nasitat, odnosno nivnata zelba za pravednost kje bide ispolneta.

Ova stanalo mozno po Pedesetnica vo 33 god od n.e. , koga bil izlean Svetiot Duh vrz ucenicite . Posle toj nastan, ovoj evrejski praznik koj se narekuva Pedesetnica ( Pentekost) kaj Hristijanite se narekuva Duhovden.

Ottogas, Svetiot Duh pocnal da mu pokazuva na svetot sto e pravednost (Jovan 16:8).

Preku Svetiot Duh  se vdahnoveni povekje mazi za da gi napisat Hristijanskite sveti knigi koi se naogjaat vo Noviot Zavet i koi se mnogu korisni za vospituvanje vo pravednosta ( 2 Timotej 3:16).


Bozjiot Duh ni ovozmozuva i da ja obleceme novata licnost, koja e sozdadena spored Bozja volja vo pravda i svetost vo vistinata ( Efesjanite 4:24).

Mnogu e utesno za nas koga znaeme deka BOG moze da gi proglasi za pravedni onie sto pokajnicki baraat proska za svoite grevovi na temel na otkupnata zrtva na ISUS.



Изменето од spiros - 11.Јуни.2011 во 10:22
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2011 во 22:48
Од темата: За законот и Љубовта

Originally posted by Македон Македон напиша:

Еден интересен поглед за љубовта, меѓу Бога и човекот, од Митрополитот Лимасолски Атанасиј, даден во одговор на прашање. Мислам дека ова прашање сите верници често си го поставувале и заслужува одговорт да се најде тука.



Ако Бог сите ги љуби исто, зошто во Евангелието пишува, дека Христос го љубел едниот ученик повеќе од другиот?


Христос го љубел Јован повеќе од другите, бидејќи Јован Го љубел Христа повеќе од другите. Ќе ви дадам пример за да разберете: Сите одиме кон еден извор. Секој со свој сад – еден со чаша, друг со кофа, трет со канистер. Од изворот тече вода. Ако отидеш со една чаша, ќе наполниш една чаша, ако имаш кофа, ќе наполниш една кофа. Водата си е една и иста. Водата не е виновна што ти се земал само една чаша. Твојот сад собира толку. Бог сите ги љуби исто, но сите не Го љубат на еден и ист начин.


Христос јасно кажал во Евангелието: „Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди“ (Јован 14, 15), како и: „Ако некој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме при него и живелиште во него ќе направиме“ (Јован 14, 23). Тој ни ја дал таа заповеде, тој пат. Пазењето на заповедите значи чистење на срцето и вселување на Бога. Едноставно е, бидејќи полесно е да Го љубиме Бога, отколку луѓето. На почеток тоа изгледа парадоксално. Ги гледаме луѓето, разговараме со нив. А Бог, Кого не Го гледаме, како да Го возљубиме? Затоа Црквата не го прифаќа и го одрекува учењето дека Бог е идеја (замисла). Треба да си малоумен, за да љубиш една идеја. Односно човекот, којшто љуби една идеја, се верил за една идеја. Не може да има такво нешто. Зарем можам да се вљубам во идејата за Бога? Како е возможно? Треба да сум шизофреничар, за да го направам тоа. За да се вљубам во нешто, треба да го допрам, да ми биде во рацете. Така е со Бог. Бог суштевствува, постои, Тој е вистински Сеприсутен, а ние сме Негов образ. Ако ние сме образ и постоиме, Тој, Кој е Првообразот, не постои ли? Тој е личност и го повикува човекот за лична врска со Него. Затоа денес има голем проблем помеѓу христијаните: Христос не се восприема како личност и Бог се претворил во идеја, во доктрина, во морализам, во добри дела, во сѐ што можеш да си замислиш, само не во личност. Затоа и денес не ги разбираме некои од светителите, коишто правеле чудесни нешта. Но, откако биле вљубени. Оди некој и живее на столб цел живот. Како ќе си го објасниш тоа со разумот? Сакам да кажам дека светителите го правеле тоа, зашто Го љубеле Бога, Го чувствувале и Го доживувале како личност. Затоа Црквата не се занимава со други појави. Тоа е делото на Црквата – да ни Го дава Христос во рацете, не само духовно, туку и да Го јадеме и пиеме.

Преземено од:Премин Портал








Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Interesno e da se vidi shto znachi zborot "ljubov" na hibru, jazikot na koj Bog im se obrakjal na evreite.

Imeno, "ljubov" na hibru e "ahava" koj e sostaven vo osnova od chetiri bukvi od koi onie dve vo sredinata se korenot na zborot, a tie znachat "da se dade".

Prvata bukva "alef" go modificira korenot na zborot i zaedno so poslednata mu dava znachenje "Jas davam".

Na hibru zborot "ljubov" ima isto znachenje kako zborot "jas davam". Ljubovta ne e nishto drugo tuku davanje i ushte povekje toa e samoto zbidnuvanje pri procesot na davanjeto so ko se sozdava vrskata megju bozhjite cheda.












Во темата: Давинчи и неговите (со) верници




Originally posted by Македон Македон напиша:


...

Пак ќе повторам, гностицизмот не може да ја бара вината во рамките на институционалното Христијанство. Христијанството во вториот век немало некоја држава која би му била сојузник, но надвладеало над гностицизмот мошне брзо, па затоа и пред Соборот во Никеја, никакви турбуленции не се забележани, а да може да се поврзат со гностиците. За разлика од тоа, такви се забележани со Аријанците, Донатистите и многу други. Одговорот на тоа е мошне едноставен. Вината треба да се бара пред се кај самите Гностици.

Мене лично, тоа ми е важно од историски аспект, од верски аспект не толку многу. Затоа и прашав дали некој можеби знае нешто, а би можел да го сподели со нас.






Изменето од spiros - 04.Јули.2011 во 00:06
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,137 секунди.