IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Право
  Активни теми Активни теми RSS - КОДИФИКАЦИЈА НА ГРАЃАНСКОТО ПРАВО
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КОДИФИКАЦИЈА НА ГРАЃАНСКОТО ПРАВО

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: КОДИФИКАЦИЈА НА ГРАЃАНСКОТО ПРАВО
    Испратена: 29.Април.2011 во 18:58
Почна Кодификација на граѓанското право

Владата формираше Комисија за кодификација на граѓанското право која во наредните 5 години треба да го изготви Граѓанскиот кодекс. Адаптирајќи ја македонската регулатива со европската се наметнала потреба од поголема внатрешна хармонизација на македонските закони, нивно усогласување и прочистување на недоследностите во правниот систем.

-Започнуваме голем и комплексен процес за кој долго се зборуваше, но ништо не се преземаше. Со оваа кодификација ќе се верификува посветеноста на оваа Влада за демократско општество, владеење на правото и правната држава. Граѓанскиот кодекс очекуваме да помогне во јакнеење на правната сигурност не само во приватно- правната сфера туку и во другите домени од општественото живеење, истакна премиерот Никола Груевски.

-Кодификација на граѓанското законодавство е еден од факторите за правната и економската стабилност на државата. Се очекува да се обезбедат современи решенија компатибилни со меѓународниот правен поредок и ќе кореспондираат со најновите тенденции на ЕУ, рече министерот за правда Михајло Маневски.

-Денеска срцето ми е исполнето со радост и одговорност дека зрели сме да направиме еден Кодекс со кој утре ќе се гордееме, изјави Гале Галев, претседател на Комисијата за кодификација.


Извор: Канал 5

------------------------------------------------------------

Одличен проект. Време е да се изврши систематизација и кодификација на граѓанското право во Република Македонија, онака како што имаат извршено напредните демократски европски држави. Огромниот број закони, константните измени, непречистените текстови од закони само ја прават примената на правото потешка. Конечно, оваа мошне значајна материја, регулирана во безброј закони, ќе биде систематизирана, средена и кодификувана. А со Проф. д-р Гале Галев на чело на комисијата, без сомневање, оваа задача ќе биде достојно завршена.

Изменето од Македон - 29.Април.2011 во 19:04
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.